Леле само мислењата ги прочитав и се надоврзав без да го прочитам насловот. Простете. Инаку, стварно е нејасно зошто се напаѓаат жените меѓу себе, наместо да бидеме силни заедно и да се штитиме. Најверојатно од љубомора и немање широк видик кон светот.
Па јас мислам дека повеке девојки своето мислење го потискаат внатре во себе и се во улога на светица само за да остават убав впечаток на луѓе, пример имаш ли храброст да кажеш кога и со кој си имала најубав секс, омилена поза, што ти смета у секс? Остај сеа интима ова она и машките зборат па не кажуват интима е тоа не е за кажување.
Темава е доста комплицирана. Вистинските жени не ги понижуваат другите жени. Се додека вие се осеќате загрозено пошто некој искоментирал за вашите бујни гради, а притоа, слабите девојки ги етикетирате како „даски“ нема да ве биде. Како очекувате емпатија кога прво не ја поседувате? Жените се напаѓаат меѓу себе од различни причини, пример лични. Самото зависи од карактерот на жената. Има жени што се доста опсесивни, љубоморни, се осеќаат загрозени, несигурни. Сепак, во прашање се некои лични недостатоци кои ги презентираат на другите жени. Има убави и не толку убави жени за мене. Првиот впечаток е доста важен, некоја ќе ми се допадне, друга не. Но, важно е мислењето да остане во вас, а не да се шират разни муабети. Жена ко жена, секоја за себе си е нај. Најмајка, најжена, најкраЉица, најмногу чисти по дома, најмногу готви, најмногу се погања со мажот итн. Кога ќе види некоја друга дека е подобра од неа, се активира некое чувство на загрозеност и штитење. Ова почесто го имам забележано кај жени кои се во позрели години, кај тинејџерки е присутно, но сепак тоа е резултат на незрелост и неискусност. Постарите жени се некако повеќе загреани за овие теми.
Мислам дека малку скривнав од темата. Поентата ми беше дека за да не почитуваат, треба да се почитуваме меѓу себе, а не очи да си вадиме. Женска солидарност е за мене да ме вреѓа етикетирањето на некоја девојка поради икс причини, како да е наменето за мене. Од таа причина и би укажала на тоа што сметам дека не е во ред кај одредена х девојка. Како и да е мажите не гледаат сите исто, само кога сме на само велат "ти не си како другите"
Баш е нејасно навистина, еве и мене не ми е. Пред пола саат пиша како си ги ставале цицките на изволте па после се жалеле од манијаци, хм баш е нејасно зошто жените се напаѓале место да бидат силни и да се штитат меѓу себе
Никој не рече дека си љубоморна, туку темата беше зошто жена напаѓа жена, а твоето мислење ме инспирираше да ја отворам темава. Лесни девојки, за жал, не се сметаат само оние што имаат истакнати облини, туку секоја која што ќе облече нешто кратко, било да има истакнати облини, било да ги нема истите. Жално, ама вистинито. И не, не ми е досадно, туку отворив тема за нормална дискусија без да се навредуваме. Тоа "рамни како даски" навреда ти беше, извини и тоа ти го посочија и други членки, не само јас овде. На други теми те имам приметено дека секоја дискусија ја сведуваш на карање. Затоа те молам немој и овде да се расправаш. Сакам да те прашам едно нешто. Зошто се лутиш за тоа што ти лепат етикети, а го критикуваш феминизмот во други теми? За првото си во право, но зошто го правиш второто? Љубезно ќе те замолам да ми одговориш без да се расправаш.
Хахаха јас тоа не го сметам за напад и не ми беше целта да нападнам било која девојка. Е сега како изгледало мислењето кога ти си го прочитал не знам. Не е напад ако жени со жени кажеме како изгледаат нашите женски постапки и што чини и што не чини во нив. Мое мислење.
Полош коментар од твојава "одбрана на женските права" не може да има. Цицки на изволте и дека ако си провокативно облечена си го бараш е чиста небулоза, што не ги осуди манијаците што одвај чекаат некоја да покаже "месо" па да ја испозамараат. Ама не она е крива, чим прикачи слика у бикини значи си го бара. 90% од муабетите за лесни/ тешки девојки си ги вадите вие самите, тоа е реалноста.
Ти измеша се и сешто и го тупна во едно мислење сето тоа. Препрочитај го моето мислење уште еднаш па можеби овој пат ќе сфатиш дека во него ниту сум поддржала ако е некоја во бикини дека си го бара ниту ништо од ова што го напиша. Дека постојан манијаци постојат. Ама и дека девојките сами прават вулгарни фотографии и им даваат пристап до нив, ајде кажи ми дека не е точно? Сепак, секој си има свој живот, свој профил, свои слики, свое тело и со нив може да си прави што сака. Сигурно нема на некоја да и се смени мислењето ако го прочита моето или твоето мислење.
О боже. Колку пати ми свиркале по улица, а една деколтирана блуза не поседувам. Во тренерки сум шетала. Мое е како ќе се облечам. Некој и да ме види и да му пројде мисла дека сум згодна, не смее со неговото понашање да си дозволи да ми направи да се осеќам неудобно.
Доволно ми беше да го прочитам делот "се сликате со цицки на изволте па после се жалите" и да ми е јасно. Едно е дали некој е прикладно облечен или не а сосема друго е да оправдуваш нечиво спамање само затоа што цурата покажала деколте.
Да кажеш на некоја рамна си ко даска е исто ко на некоја со облини да и кажеш дебела си. Боље да си ќутите. И тоа и тоа е убаво ствар вкус е глејте си за вас
Баш за такви теми се имам зачленето на форумов, а не за теми што имате јадено вчера, ајде да изброие до милион, какво гомце какате, хороскоп и слични глупости. Ти не си таа што треба да ми кажеш на кои теми да су активна и какви аватари да ставам. Пола форум има провокативна слика на аватар, ај тоа па и пентаграми ставаат и сатанистички симболи. Од вакви трачарки како тебе ми се гади, се ќе ти копаат да видат што си пишувала каков аватар имаш и слично, па уште и ќе кажува каква слика тоа ти давало за мене. Сите грешиме, си ја разбрав грешката само немаше волку потреба од спамање па дури и цела тема отварање. Навреда меѓу себе човече омг, ај да се тужиме.
Не оправдувам, не ми ставај зборови во уста. Никој не треба и не смее да вознемирува, ама сите знаеме во каков свет живееме и какви манијаци шетаат по светов.
"Те силувале, е зошто се жалиш којзнае што си носела." Изложба на облека која ја носеле во моментот луѓе кои биле силувани. Ти изгледа нешто од ова провокативно? Мене не.
За мене ова е доста незрело однесување безразлика на полот на личноста. Никогаш нема да разберам зошто би гледале некој како конкуренција кој ги нема истите цели, истото мислење, истиот памет кои вие го имате. Тоа дека секоја жена е уникат сама за себе не е мит, туку вистина. Самодовербата ја има главната улога во ова, а добро знаеме и дека социјалните мрежи и оние "стандарди на убавина" мешаат прсти во ова. Темава на разговот е долга а дефиницијата кратка. Не грдете некоја жена, ако не го поддржувате нејзиниот начин на живот или однесување.
Не знам како стигна до силување, ама океј, редовно се извртуваат зборови на форумов така да не е ништо ново ова. Споредуваш силување со ставање на слика во бикини или слика со деколте и еве на пример порака секси си. Ти изгледа ова како исто? Мене не.
Мислам дека немаше потреба моето мислење да стои како демек и било инспирација пошто поради тоа добив милион цитирања и приватни пораки. Можеше само темата без да го прикачи моето мислење. Нема потреба цел форум да ме цитира за глупости. Имам право и ја да кажа што мислам како и секој човек, неможе никој никому да кажува што да мислиме и кажуваме. Јас пишав мислење од револт и смислата беше друга а не навреда и напад кон други жени. Па уште и буричкаат да видат на кои теми сум била активна....