1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто жените се напаѓаат меѓу себе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mode-kristina, 8 септември 2020.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    А што ти смета таа во бикини?
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Изложбава е направена инспирирана од коментари ко твојов:
    "се соблекувате после се жалите"
    За да сфатиш дека тој што е манијак не му е потребно да се соблечеш.
    И облечена од главе до пете пак ќе е манијак. Пошо гледаш што носеле на изложбава дека ништо не е провокативно.
    А тој што е културен нема да направи да се осеќаш неудобно со никаква постапка и гола да му се соблечеш.
    Зборуваш за тоа дека жените треба да се штитат една со друга, а не си свесна дека со твоиве коментари всушност ги оправдуваш манијаците.
    Немале избор јадните, овие им се соблекле.
     
    На ku4ence, Celltica, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Па не ми смета. Реков во првото мислење што го напишав дека има и преубави слики во бикини кои изгледаат културно.
    Се правите како да не ги знаете машкиве.|(
     
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Боже сачувај, зошто мора да зависите од мислење на машко? Машкото може да најде еротика и од обична женска уста во фантазиите така да
     
    На ku4ence и Mantub им се допаѓа ова.
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Ставаат слики во кои се скоро голи, прифаќаат секакви да ги следат зошто животно достигнување им е да имаат повеќе машки(детско им е размислувањето, знам, ама сепак нивен живот) и каков коментар би очекувале од непознати? Што ти прават домашните или дедо ти редовно си ги пие лекарствата?
    Таман работа да ги оправдувам силувачите, секој има право на свој избор во животот ама сето тоа има и добри и лоши последици. Еве тука конкретно лоши последици би биле добивање вулгарни коментари.
     
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Кој рече дека зависам од мислењата на машките? Ти.

    Премногу оффтопик.
     
  7. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Абе и јас гледам мажиња што шетаат без маици со тесни , залепени за нив шорцеви завратени до горе, па не им свиркам по улица, и не дај боже не сум собрала некого во некој ќош по улица да го допирам, пошто сам си го бара чим е така облечен, да не речам соблечен.
    Зошто нема вакви коментари за мажите бе? Ако жена е ,,вулгарно" облечена доколку има истакнато деколте или кратко фустанче, и за мажите важи истото што се шетаат голи.
    Жени сме, какви коментари си даваме.
    Ама навистина сами си го бараме.
     
    На ku4ence, noteforself, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Да не се повторувам
    Кога го пишував мислењево за кое толку се дигна прашина и ви стана атракција, не ни прочитав во која тема е, само реплицирав на мислење од членка со која се согласувам.:)
     
    Последна измена: 9 септември 2020
  9. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Ако жена е на висока позиција на работа има коментари дека со врски стасала до таму или уште полошо дека била во врска со шефот. Од жени.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Тоа е честа појава кај нас. Ти познаваш некоја што се вработила без врски? Јас не.
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Прво, само првите две страни ги ти отворив од мислењата. Доволно ми беа, верувај дека имам многу попаметни работи од тоа да трошам време на тоа што си пишувала. 100% сум сигурна дека сите мислења ти се низ истиве тематики.

    По форумов освен за оргазми, времетраење на секс и сл, имаш и теми од областа на образование, наука, здравје, спорт и тн и тн. За почеток, ти препорачувам да отвориш темата каде се препорачуваат книги за читање, да прочиташ две-три, и верувај - ќе ти се отворат хоризонтите.

    Инаку, гомното што го какаме/какаат бебињата е и те како важно! Укажува на многу недостатоци и болести на телото. Но ова нема да го научиш во темата за Choking, туку ако читнеш и низ други теми/статии/книги.

    Btw, ми текна од каде си ми позната. Ти си таа што пишуваше дека Кандидата се „закачува“ :D:D

    Оф бре девојче. Се надевам дека ти е период што ти лета умот.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Па што. Жени се вработуваат со врски онолку колку што се вработуваат и мажи со врски.
     
    На candy.cane и mode-kristina им се допаѓа ова.
  13. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Точно е дека е честа појава кај нас, но и кај мажите е. Инаку да, познавам жени што се вработиле без врски и што се на високи позиции.
     
    На candy.cane и Mantub им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Јас само одговорив на девојчето. Она спомна за жени.

    Дали јас така мислам или љубомората најчесто доаѓа од оние девојки/жени кои немаат изразени облини, па им е криво што мајка природа ги дарила другите, па истите тие можат да облечат и поголем градник. :wasntme:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Во ред е, само маж не вели ништо за маж што се вработил со врски, ама ние меѓусебно очи ќе си извадиме.
     
    На ku4ence, Frosty! и KateKane им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    До напаѓање и осудување на 2 жени доаѓа кога едната има нешто а другава нема па првава ја провоцира пр."Не ти стои убаво блузава". За инат тоа и го вика пошто истакнува гради,стомачни и така натаму.
    Најчестата причина е љубомората.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ехеее, да си ми жива за темава.
    Ете тие што напаѓаа постојано за Малта една година ќе научат нешто. :D

    Од завист,љубомора,омраза,лицемерие.
    И наместо да го искоренат тоа уште повеќе се задлабочуваат стануваат опсесивни и токсични. Тоа се жени без цели и амбиции во животот.
     
    На mode-kristina и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Прво околу постирањето слики на социјалните мрежи да кажам, има огромна разлика и да не се лажеме без разлика дали некоја имала бујно деколте или мали гради тоа е сосема небитно, туку во начинот на кој го пласира тоа, има разлика од пристојно до непристојно и вулгарно. И да секој за себе си знае најдобро со која цел и зошто ги поставува фотографиите, ама најчеста причина е да би привлекле нечие внимание, лајкови, популарност, посакуваниот, дивење на тоа како изгледа и со тоа си го хранат егото, си ја подигаат самодовербата, и кога ќе стаса коментар дека изгледа како лесна девојка, тогаш се прашува зошто, (одговорот го дадов веќе погоре).

    Во врска со темата зошто жените етикетираат други жени: причини може да има милион, ама најчесто жените се "такви" сакаат се да искоментираат, и со тоа да се стават над другата особа.

    Нема да коментирам за ова и на темава да протегам друга тема како силување што веќе сте ја протегнале или добацување од страна, туку ќе се задржам на делот што ти го означи, и ќе се вратам на почетокот тоа што го напишав.
    Не секое кратко фустанче или деколте е вулгарно, туку е во начинот на коишто тоа самата жена го истакнува и го носи.

    Имав случка пред некој ден, бев во банка и во редот пред мене имаше девојче околу 18тина години беше, носеше кратки шорцеви што буквално пола задник и излегуваше од нив, и не можеш да ми кажеш дека ова е пристојно, можеби е во ред со тие шорцеви да оди на плажа ама не и да се шета низ град и да оди во банка така. Разбирам дека е топло и на сите ни е, ама има шорцеви што го покриваат целиот задник. И за мене тоа девојче беше баш вулгарно облечено, не искоментирав со никој или па слушнав некој да ја озборува, ама реално да гледаме малце, се си има пригода и време кога можеме нешто да облечеме.
     
    На BayernKa, tinka-mace, 6th sense и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Натпревар е...
    ...Заради патријархалната, дискриминирачка култура која се наметнува со векови.

    За да биде една жена 'вредна', треба да почитува одредени норми на однесување и одредени правила за да се заштити од насилници.

    А во основа, не е проблемот во почитување на нормативата, туку недостатокот на свесност кај жените дека самата норматива е проблем.

    Можеш да бидеш каква што сакаш, да живееш како што сакаш.
    Единствено што ти стои на патот е ти, самата.

    Воедно, при криминално дејствие, никој освен криминалецот не е виновен.
     
    На ku4ence, theowndemon, Ambrosia и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малку покомплексна е темава за да напишеме дека е само од чиста љубомора.

    Кога се работи за изглед, затоа што најпрво сме многу, многу некултурен народ и не знаеме да си гледаме работа. Жени што сакаат да се облекуваат конзервативно ги напаѓаат тие што се облекуваат провокативно и обратно. Бидејќи во земјава народот генерално е воспитан конзервативно и патријархално, често се што е различно одма се осудува. Па така и жени облечени провокативно ќе бидат осудувани. За да се одбранат, некои ќе осудуваат конзервативни жени, иако и тоа е погрешно. Секој има различен вкус, нормално е нешто да ни се допаѓа, а друго да не ни се допаѓа. Тоа што не е нормално е да се коментира нечиј изглед, затоа што како прво е елементарна некултура. Сите епитети што се даваат за изгледот е само за да се оправда нетолерантноста кон различност.

    Кога веќе се допре темата за мажите и машкото внимание, дел е од причината. Затоа што кај нас уште од мали често децата, генерално и машки и женски, се учат дека мора да стапат во брак и да имаат деца. Ако немаат таква желба веднаш ќе бидат класифицирани како себични, неморални и не знам веќе што се не прочитав во тие теми на форумов. Притисокот повеќе го чувствуваат жените, затоа што повеќе им се труби за раѓање деца, да не остарат и така натаму. Мислам дека често притисокот си го прави своето, па затоа се гледа на другите жени како на конкуренција. Има примери каде што другарка од повеќе години ќе им укаже дека дечкото ја вара, а оваа ќе се налути на другарката дека е љубоморна.

    Чист пример за влијанието на патријархалното воспитување:

    Ете, ти не си била толку патријархално воспитана па имаш други приоритети. Таа била, па затоа и е всадено тоа мислење. Да беше машко ќе те поддржуваа да градиш кариера, бар до одредена возраст, ама пошто си женско батали тоа. Мажи се и раѓај.

    Кога се работи за однесување, да, секогаш има коментари и од жени со "Сама си го барала, ако и е, убаво и направил". Тоа се коментари на интернализирана мизогинија. Одат рака под рака со отфрлање на феминизмот. Губење секаква емпатија за жртвата и поддршка за насилникот. Секој таков коментар, вклучително и оние со АмА Не СеКоЈ МаЖ или АмА И жЕнИтЕ, само оддалечуваат внимание од проблемот. Велат секако не поддржуваат силување, ама се дистанцираат од проблемот и наоѓаат оправдување за силувачот со тие коментари. Малку контрадикторно, а и зошто воопшто ја чувствуваат и потребата за тие коментари? Затоа што автоматски чувствуваат дека мажот бил во право.

    Постои и објектификација на жените. Не само од мажите, туку и од самите жени. Сами себе се објектифицираат.

    Ова е пример за тоа. Зарем е ок маж или било кој да ме слуша само ако изгледам соодветно на неговите стандарди? Зошто наместо да се бориме мажите да не гледаат како живо суштество, им се дава лесен изговор со "Маж е, такви се мажите"? Секогаш автоматски се напаѓа жената, за да му се угоди на мажот.

    За жал, не верувам дека се ова кај нас ќе се искорени во брзо време.
     
    На ku4ence, Biljarkata, f.girl и 5 други им се допаѓа ова.