1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто жените се напаѓаат меѓу себе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mode-kristina, 8 септември 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не треба да ви е гајле што мислат и што зборуваат другите.
    На крајот од денот, вие ќе легнете со вашите проблеми и вашите успеси.
    Другите нема да се тука да споделат со вас... ни едно-ни друго.

    Мој е животот.
    Ќе го живеам јас како што сакам.
     
    На edna_malecka, TashSefton, Justicija и 6 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не секое напаѓање/критика е заради тоа што се работи за женско. Некогаш се критикува самиот човек.

    Да, често е заради љубомора,конкуренција, несигурност, завист... Ама некогаш имам чувство како секоја критика да ја гледате како напад кон жена.

    Не викам дека треба воопшто да постои напаѓањето, ама како и секаде и тука на форумот постои контрирање што ескалира во расправија и напади.

    Не е се основано на фактот дека 2 жени се караат.

    Ако мене ме изнервира жена, ако јас имам лошо мислење за жена или ако едноставно дадам критика на некоја жена за некоја постапка, нема да го спречам тоа само заради женска солидарност.

    Среќа па доволно сум зрела и свесна се од наведеното да не го правам со навреди и јавни напади со цел да ја омаловажам другата женска личност, како што често се случува.

    Дури и можам да кажам дека истите работи што ги имам помислено и кажано за жена, ги имам и за маж.

    Така да, Види ја оваа, цела фирма ја помина со цел да стигне на висока позиција, ми има исто значење и со овој наместо оваа. И да, познавам многу жени што успеале во кариерата и животот со своја мака и труд, а не со секс и врски. Мислењата дека секоја жена само со туѓа помош успеала, се грешни и грозни, подеднакво како што би биле и за маж.
     
    На Someonespecial, TashSefton, Frosty! и 7 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Проста причина. Во крвта ни е да оговараме, да бидеме секогаш во право, да ги наметнуваме своите мислења врз некого. Нема жена на планетава која не ги прави овие работи, освен ако не се заколне на животен молк и живее во манастир.
    Ќе земам примери како Сораја, Мелита, Накова и ред други старлети. Зад себе немаат кариера која донела екстремно богатство и сите потајно знаеме на кој начин се стекнале со луксузен живот. Така и се губи вредноста на феминистичкото постоење. А дека и чести се случаите кога некоја салон ќе отвори, истиот да биде потпомогнат од sugar daddy. Сведок сум на многу такви.
    Проблемот е што како нација сме зајадливи, љубоморни и секогаш знаеме што е најдобро за другиот, а не за себе.
     
    На edna_malecka, Justicija и mode-kristina им се допаѓа ова.
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    888
    Затоа што жена на жена е жена - аналогно на Хобсовата "човек на човека е волк".
     
    На TashSefton му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Затоа што, веројатно, нечии животи се премногу празни и неинтересни, па мора да се пополнуваат со елаборирање на туѓите.
    Исполнет и среќен човек не се меша во туѓи животи, без разлика дали е маж или жена.
     
    На edna_malecka, KateKane, 6th sense и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Зошто жените се напаѓаат меѓу себе?

    Па.. можеби заради некоја лично незадоволство.
    Друго не би знаела што е
    Ако јас сум незадоволна со својот изглед ајде ќе плукам по се што е убаво и згодно
    Ако јас немам некое остварување на професионален план, сите оние кои успеале - успеале затоа што легнале со некој надреден
    Ако јас не излегувам од дома - тогаш сите оние кои шетаат се спонзоруши
    Мислам...
    Љубомора е. Чисто и едноставно

    И убаво е кажано погоре од @candy.cane Не секоја критика е љубомора :)
    Mоже да се даваат многу критики кои истите треба да бидат сфатени како водич за подобрување, а не со лутење како што тоа го прават многу. И тука на форумов и јавни фацки и останати
     
    На candy.cane, Mantub и mode-kristina им се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Јас носам наочари од 1ва средно и секогаш сум била одлична па етикетата што ми беше лепена беше бубалица од учење оќорела, еден лош пример на етикетирање кој сум го слушнала за себе.
    Сум била мета на напади од женски и една ми призна зошто, затоа што мајка и постојано и велела дека јас сум била пример и требала да се се огледува на мене и ете во нејзината глава тоа и создало завидливост и одбивност спрема мене што го компензирала со навреди.
    Сум етикетирала и јас, не сум светица признавам, ама мојата цел била на тие што ме етикетирале да им вратам на ист начин да видат како делуваат кога го прават тоа.
     
    На SummerGirl, noteforself, Роберт 7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    Ах, и јас бев малтретирана за тоа што бев одлична и носев очила, а носам од четврто/петто одделение. Бев нарекувана бубалица, слепец и да не набројувам.

    На таа што ти призна, мајка и' лошо и' влијаела. Споредување на децата со други деца може да создаде завист. И мене мајка ми ме споредуваше со други и можам до некаде да се ставам во кожата на таа што те етикетирала, ама јас никому лошо не сум правела намерно за да не си наштетам себе.
     
    На KateKane, SummerGirl, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Има луѓе со кои не можеш да се разбереш културно освен да се спуштиш на нивно ниво и на нивни јазик да им објасниш како делува тоа нивното, некои разбираат па се повлекуваат, а некои не, е тогаш јас се повлекувам за да не си наштетувам понатаму на себе си. Со таквите ни на културно ни на некултурно нема разбирачка:D
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со твоето мислење, нема зошто некој некому да му угодува или да се потчинува за да биде почитуван. Така почит нема. Но, мисла дека лошо го разбра моето мислење или јас доволно не се објаснив, па затоа ќе те прашам: Да речеме доаѓам кај тебе на интервју за работа облечена во розев минич, дреч зелена блуза, плаб топук, црвена тапрана пунџа со зелени прамени, бидејќи јас така сметам дека сум добро облечена, дали повеќе ќе ме гледаш (и чудиш) или слушаш, еве женско си?
    И исто така, дали можеме да се бориме против тоа крокодилот да не не гледа како парче месо, со тоа што ќе протестираме барајќи од него да биде вегетаријанец, и трчкајќи му пред уста така без никаква заштита?
    Зборот ми беше дека некогаш претеруваме со нашите вкусови на облекување, па можеби затоа некоја би укажала на претеризмот.
    Искрено не сфаќам зошто љубомора, секоја си има своја убавина своја среќа свој стил и за сите има, нема потреба да се тепаме...но, ете тука читам низ какви работи поминале девојчиња и немам коментар за таквата глупост од исфрустрирани девојки/жени. Затоа реков ако ние не се почитуваме меѓу себе, не можеме да очекуваме друг да не почитува.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе те слушам. Ќе посочам во интервјуто дали има одреден дрес код, но интервјуто би одело нормално. Затоа што јас барам способен работник, да ја заврши работата. Вработени не планирам да манијачам на работно место.

    Дали мажите се на исто ниво со животни? Јас па мислев човекот свест и разум има. А за тие што се од глава до пети покриени и пак силувани, што правиме?

    Точно, ама тргни од себе. Наместо да ја ставиш вината на силувачот, знаеш...оној кој го извршува злоделото (мажот), ти ја ставаш вината на силуваната жртва (жената).

    Чекам сега да се јават коментарите дека и жените силувале.
     
    На mode-kristina, TashSefton и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Неее јас не обвинувам жена затоа што некој пореметен ум ја силувал, со тоа што зборувам за соодветно облекување. Пореметен ум си е пореметен ум. Тој ќе силува и облечена во бурка, скафандер, и дете и животно. Нема тука вина жртвата. Зборувам за нормални луѓе, наше секојдневие.
    И да сигурна сум дека би ти сметала несоодветна облека, однесување и сл, не те познавам но верувам дека не би купила ни бурек ако видиш дека е месен од некој со црно под ноктите или со надградба на ноктите.
    И за крај се трудам да се изразам а да не навредам, да не бидам разбрана дека омаловажувам хомосексуалци, ама нели приметуваш дека мажите еволуираат во хомосексуалци. Јас сметам баш поради тоа што очекуваме од нив да бидат исти да гледаат исто како жените. Сепак не сме исти, немаме иста природа. Не сме исти пол. Поради ери на патријахат мажите останале такви какви што се.
     
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Тие навидум нормални луѓе се истите тие кои силуваат. Да се препознаваа силувачи лесно ќе беше.

    Но, обвинуваш. Велиш провоцирала. Како некоја може да провоцира да е силувана?
    Чим му е тоа во природа значи дека мажот нема вина? Може комотно да го оставиме на слобода? Или и двајцата се виновни? Штом провоцирала да му се прости пола казна.

    Нормално дека не би купила, ама тоа е нехигиена. Да го прави бурекот во одело, маица, фармерка, пижама, би ми било сеедно.

    Ова нема ни да коментирам колку е навредливо од повеќе аспекти, затоа што е веќе тотално офф топик.
     
    На theowndemon и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Сепак ова е твое гледање на моето произнесување, твое право си е. Се потрудив да се објаснам, но моментот кога гледам дека поентата се губи односно не е да се разбереме, да делиме ставови слични или различни туку да си контрираме, јас се повлекувам.
    Според тебе нема ништо не пристојно во тоа ете пример да гледаме некоја дебата на тв, каде новинарите и гостите се облечени во синдикалки и бермуди. Според мене тоа не ми е убаво вкусно на око, едноставно колку и да се способни луѓето кои ќе ја терааѕ дебатата би ги сфатила ко несериозни.
    За последното се извинувам, не наидов на соодветни зборови во моментов, за да ја изразам природата на нештата.
     
  15. Emma@

    Emma@ Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ех колку сум малтретирана од 3 жени комшиски и тоа возрасни имаат керки постари од мене .што се ми правеа. какви се гадотии измислуваат им се чудев од каде им е таа болна фантазија, знаете често повторува лага станува вистина,ме обележаа засекогаш ,животот ми го уништија буквално, а тоа траеше со години.Еднста од нив е чисто зло син и полицаец е ,колку пати само ги пријавув и ништо.
    Не е ко што велите што ми е гајле, нека зборуваат ,не сте осетиле на своја кожа
    Се преселив само да избегам од нив
    Но си останаа последици ,никогаш веќе нема да бидам онаа што само се смееше, и бев весела, сега сум само сенка
    И никогаш не сватив зошто
    Ништо им немам направено
    Ама знам сега да ме закачат право ќе мавам со се штом што ми е при рака па макар завршила во затвор
     
    Последна измена: 10 септември 2020
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.786
    Етикетираат и жени и мажи, генерално не не бива како луѓе. Не ми се верува дека во 21ви век од млади луѓе слушам изрази како "рамна како даска", "гради на изволте", "шетале вакви такви", звучите како баби искрено.

    Навредете се колку сакате, ама да користиш вакви изрази по мене е стварно или немате речник за да се изразите на убав начин, или сте полни со стереотипи и ограничени во сфаќањата.

    Инаку секогаш за нешто ќе ве етикетираат или напаѓаат. Кога човек ќе се помири со тоа и ќе се убеди во сопствената вредност, станува небитно што кажале Петко, Станко, Рајка и Митра. И убаво ви пишала една членка погоре, ограничете си ги следачите на социјалните мрежи на тие што не ви ствараат токсична енергија. Што очекувате од некој што цел живот му е скролање по социјални мрежи? Тој/таа за сеир е на социјалната мрежа, оти друга работа си нема.
     
    На Someonespecial, KateKane, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.422
    Пол:
    Женски
    Жените се напаѓаат меѓу себе зошто така не научиле. :D

    Инаку, ќе претпоставам фрустрации. Од мали нозе сме учени шо смејме да прајме и шо не смејме. Од мали нозе сме учени на потешкиот пат за кој не се спремаат мажите и многу работи шо за нив се океј, за нас не се. И кога некоја жена ќе ужива во тие „забранети“ работи е етикетирана и тоа најчесто од друга жена шо смета дека не можи да го напрај истото/ да си го дозволи/ или пак се убедила дека е грешно. Али сега ќе видам шо сте пишеле другите пошто во ова влегов ептен слепо за разлика од други теми зошто немам размислено за ова.
     
    На Justicija, KateKane, flawless. и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    Ни мене не ми се верува, но и помлади од мене ги користат овие изрази.

    Не дека мажите не етикетираат, ама маж многу поретко етикетира друг маж, а кај жените оваа појава е речиси секојдневие.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.786
    Мислам дека и повеќето жени дозволуваат да им влијаат тие коментари, најверојатно зошто постои тој притисок дека треба секоја жена да исполнува некои критериуми. Не ми е поентата да генерализирам, сакам да укажам дека притисокот постои.

    Мислам, видете само која индустрија е таа потрагата по совршенство. Преголеми гради - намали ги. Премали гради - зголеми ги. Усни како од калап. Целулит никако. Влакненце некое, никако. Стрии, боже пази. Па преголемо деколте, лесна е. Во фармерки и маица, не личела на женско.

    Сѐ додека дозволуваме лично да ни влијаат овие работи, ништо нема да смениме. Мене ми требаше време ама сега си прифатив и целулит и стрии и косата со 5 влакна, не ми е гајле дали на некој му се свиѓа или не. Си го носам целулитот на плажа, не ни забележувам дали некој ме гледа, а не ми е ни гајле дали му смета.

    Инаку настрана од тоа, сум за почитување дрес кодови. Не е во ред секаде да се појавиш исто. Нормално дека облеката за на работа или за службени настани ќе ми е поформална од таа за излегување. Како што не се иде ни на планина со штикли.
     
    На Idedemja, Someonespecial, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Бидејки нема храброст да биде како неа јас мислам дека заради тоа се етикетите, нема слобода и ајде на таа што има слобода и што е тоа што е секогаш е етикетирана.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.