Или некоја што не се труди да биде подобра верзија од себе, па затоа напаѓа некоја што е поуспешна, подобра од неа.
Нели имате забележано повеке етикетираат тие жени кои седат по дворови и најголемо хоби им е кафе да пијат кај комшивка и да оговараат други жени која бива домаќинка која била разведена на која детето од втора братучетка бутало година, ама искрено ги жалам, бидејки се свесни дека подалеко од таму неможат заради самиот притисок што го имаат и границите од маж и етикетираат слободни и жени кои живеат со полн здив.
Најчесто се оние кои седат во заедница и на кои им е криво кога некој ужива сам, без некој да му виси над глава. Во стилот.....се шета во двор по гаќи и маица, цел ден ручек не зготвила. И др. Е па, кога сум сама ми се може. Ако сакам денес нема да готвам. Да не треба нив да ги прашувам. Има и такви кои мажот ги држи под контрола и се нервираат кога некоја сама си шета, а они за грев не смеат да мрднат никаде без мажот.
Темата е убава и оκеј е што неκој се сетил да ја отвоρи. Жените на тој начин се натпρеваρуваат меѓу себе. Неκоја се облеκува убаво за да биде убава, втоρа за да му биде убава на мажот а, тρета за да биде поубава од дρугите жени. Дали на тоа мислите деκа жените се напаѓаат меѓусебно? И веρбално и невеρбално?
Се мисли и за успехот, на пример ако жена е на висока позиција на работа, тогаш добива коментари од други жени дека легнала со шефот на пример. Ако некоја се разведе, ја нарекуваат распуштеница. И многу други примери.
Тоа деκа легнала со шефот да ја оговаρаат е најноρмална ρабота. Тоа е местопложбата на жената во општественото уρедување. Аκо се ρазведе се наведуваат точните пρичини за ρазвод и тоа само аκо сте сигуρни и само сигуρни.. За да одиме чеκоρ понатаму во општеството, тρеба да почнеме да си даваме κомлименти меѓусебно те. κомплименти од спρотивниот пол. Вистинсκиот κомлимент е добиен од жена и е исκρен..
1. Дигање на егото. Со тоа што се етикетираат помалку згодните со прости, сељанки, рамни како даски и сл. коментари. 2. Психичка заштита Со кои се напаѓаат позгодните дека се курви, лесни...
Една жена за друга е зло. Конкуренција и загрозеност. Тргам од себе, најголеми сукоби на работа сум имала со жени. Доаѓа нов лик, помлад и поинтересен (пошто нов нели), постариве (не мора по години, нека е со искуство и стаж во истата таа фирма), се претвараат у ѕверови. Згора на се’, ако зачиниме со малку внимание од машките колеги, добитна комбинација за главоболки на работно место. Па оговарање, па кланови, па чуда. Беспотребно, али чиста реалност. Затоа одбегнувам да се зближувам со колешки, колегите можда сакаат да ме еб”т, али муабетот ќе се сведе на тоа каков гз имам меѓу нив. Обожавам убави и средени девојки, често давам комплименти, не може да ме загрози некој кој не го познавам, а ми е убав за око. Се дешава да искоментирам кога нешто е ултра вулгарно, ама никогаш не користам термини кои се прости, тоа првенствено збори за мене. Еднаш у животов сум се осеќала јас ‘загрозена’ од друга жена, но на крајот сфатив дека мажот до мене напраил така да се осетам, не ми е она апсолутно за ништо крива. Кога на тој до тебе очите му шараат, не ти обраќа пажња и глеа у тебе али кроз тебе као Каспер да си, не може друга девојка да е крива. Љубоморна сум била кога сум била помлада, сега не. Дај боже сите да сме убави, да работиме на себе и помалце да се замараме со тревата на комшијата.
Од што им завидуваат... Пример некоја жена која има две деца дома, трудна е со трето, цел ден седи дома и не искочила од дома ќе зборува за некоја друга исто така жена која завршила факултет, си има добра работа, стан ,кола, добри приходи, си се шета во секоја можна прилика низ светот дека додека не се омажи и не роди се и е џабе и така.... Значи се е од љубомора....
Шо запнавте сите за тие дома што седат??? Еве и јас сум дома, со две деца, па кога ќе ми дојдат на кафе пријателки и отворат тема за оговарање, секогаш ги прекинувам и им кажувам дека не сакам такви разговори. Се е до човекот. Сум била етикетирана уште од мала (5 одд), ме викаа шмизла и самата и ден денес се прашувам зошто. Секогаш бев весела и држељубива, не сум етикетирала дури ни во кавга некого ама секогаш сум била искрена, па може ради тоа... А најмалку им љубоморам на оние жени кои постигнале нешто самите без помош, баш им се восхитувам и се гордеам кога ќе слушнам дека жена постигнала поголем успех од маж. Гледајте си го својот живот, не се замарајте со туѓ. Работете на себе, на самодовербата. Секоја жена е убава на свој начин. Некоја има добар задник, некоја гради, некоја очи, насмевка, кожа... Не пресудувајте според изгледот.
Во сите теми за брак што се она е прва анти брак и деца, и мисли дека мажените и мајките се робови што само дома седат, а она како слободна личност ужива во животот и шета постојано. Сакав и јас да ја цитирам ама немам намера да се објаснувам, џабе се објаснуваш.
за физички изглед не сум нападнала никогаш, а до вербална или физичка расправија доаѓа кога ќе ми прелее чашата. Женски другарки имам се помалце и помалце бидејќи сфаќам дека се сите идиотки. Машки другари повеќе ми одговараат.Не оговараат, не издаваат тајни, не се депресивни со депресивни муабети итн. А дека рандом ќе седнам да одговарам некоја или да се карам со нејзе не.
Се согласувам дека машките се најдобри другари се додека на некој не му дојде нагон Имам другари од детство тие ми се баш бест френд , но сега машко женско пријателство е ретко бидејќи машките знаат да го расипат пријателството бидејки мислат со долната глава Ретки се такви пријателства ,но ги има
И јас сум мажена, па не сум роб. Кој како ќе си ја нареди. Ми коментираат - Тебе ти е супер. Имаш големи гради и задник........ Што ако имам? Се утепаа мажи лепејќи се за мене. Демек само по цицлестите и газлестите трчаат маживе. Нека проработат тие жени/девојки на својата самодоверба.
Неа ја цитирав, но имаше и повеќе што ги прокоментираа тие мажените што се дома со деца. Море има и од нив што оговараат повеќе и од женски.
И во оваа тема почнаа да се напаѓаат некои членки. Напаѓањето најмногу е од некои жени со пониска самодоверба. Јас во животот немам видено жена со среден живот да оговара или да љубомори на некоја друга жена. Често таквите се групираат и ја напаѓаат подобрата од нив. Едноставно е од комплекси и љубомора. Или ти го сакаат мажот, или парите, или убавината. Оф топик: Знам и мажи шо оговараат и се потсмеваат на жени. Најмногу е затоа шо не можат да се во нејзина близина.
Љ у б о м о р а! И крај на дискусија. Сум зборувала со многу жени на оваа тема и секогаш, ама секогаш љубомората е причина. Жените, се гледаат како конкуренција и секогаш се натпреваруваат една со друга.
Од љубомора и тоа највеќе се осеќа на работа. Никоја не е идеална, ама бар кога се почнува со напад прво секоја да си се погледне. Многу ми е бедно кога се закача некоја рандом и си бара проблем кај што не треба.