Мнгоу се замарат жените за етикетите јас мислат дека и затоа се потиснати бират зборови за разлика од мажите кои зборат што сакат и вулгарно ис е и сешто, пример сите велат мажите имале повеке хумор што мислиш зошто е тоа така? Бидејки жената ако се шегува за некои озбилни теми може да биде вербално одма нападната.
Пример зошто е толку оговарана Мелиса на мк јавни личности? Што им згрешила? Што носи гучи и што шета и ужива по Дубаи не, не била добра мајка дете имала не требала тоа да праве мора да се запусте после дете дека тоа распуштеница..
Се мислев дали да ја ставам во феминизам или овде, но решив овде затоа што жена го напиша коментарот како што можеме да видиме. Коментарот се однесува на девојката на Џејсон Деруло.
Одсекогаш ми биле врвни овие со коментарите од типот “не е добра мајка“. Чекај бе малку, како па ти знаеш дали она е добра мајка или не? Каде ли е тој водич со критериуми за добри мајки те молам просветли ме ти Богу на мајчинството Иначе во контекст на темата искрено мислам и дека многу жени напаѓаат други жени онака рандом поради немањето храброст да преземат некаква иницијатива во својот живот, па кога гледаат дека некој друг го прави тоа (без разлика успешно или не) ги согорува одвнатре тоа чувство. И факт е дека не секоја критика е љубомора ама од друга страна ако не е од љубомора нема ни секогаш да биде искажано како критика.
Затоа што сите сме различни. Ако некоја нема убаво тело наместо да вежба ќе ја критикува и ќе и лепи етикети на некоја згодна. Затоа што на некоја и е криво што се запуштила откако станала мајка ќе ги критикува оние кои се средуваат. Оние што дојат до 5 години деца им е криво оти не знаат да ги одбијат малите и ај ќе ги осудуваат оние што даваат АД како отров да дале. Лошите ученици на добрите ќе им викаат бубалици. Оние згодните пак се осеќаат како Ким Кардашијан и се друго ќе омаловажуваат. Оние што се средуваат откако станале мајки другите ќе ги викаат запуштени и дека не се доволно жени. Оние кои не успеале да дојат ќе се правдаат на секој можен начин и ќе осудуваат доилки (ова го читав на инстаграм во коментари кај diline оваа што шие фустани). Успешните доилки пак бидејќи се изнамачиле и се скратиле од многу нешта за да дојат ќе станат поборници за доење и сите други мајки кои се мачат ќе ги осудат дека не се упорни, па мајки не биле, осетив на своја кожа и знам. Добрите ученици пак на лошите ќе им се смеат, ќе се подбиваат и сл. Мислам дека тоа е така бидејќи нема добро воспитување. Никој не ги научил на вистинските вредности во животот. Родителите ги прават децата такви. Ги тераат уште во градинка да се издвојуваат од другите деца, да се истакнуваат по било што. Дали со скапа облека, дали за оценки, дали за на учителки да се упикуваат и понатаму се така си добиваме такви луѓе. Секој гледа во нешто да се издигне и мисли дека тоа ќе го постигне ако ги спушта другите.
Имам приметено дека сите жени се за body positivity и girls supporting girls додека не се појави некоја бомба пуна со самодоверба. Тогаш следува омраза кон неа и ги нервира кога некоја е задоволна со својот изглед. На кратко кажано не можат да поднесат некоја е поубава од нив. За ова неам коментар. Ужас.