1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто кај нас се промовираат луѓе без таленти?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 29 јануари 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Во последно време по медиумите гледам личност која е актуелна, а при тоа воопшто нема дарба за тоа што го промовира. Уметност која не е уметност. Пишување на некој дијалект, со србизми внатре, и на секои 2 збора кои се литературни има уште 12 нелитературни. И тоа се претставува како уметност. Едноставно на такви работи не треба да се придава значење, а не па да се фали такво нешто и да се споделува. Зошто кај нас се форсираат работи кои се неквалитетни, па дури и смешни?Значи ли тоа дека сме генерално неписмена раја која не знае да оцени што вреди, а што не?
     
    На Actualized, Troi, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Да се работеше за една таква личност, добро ќе беше. „Писателите“ се дно на дното, ама, за среќа, најмалку налетувам на нив. Што правиме со пејачи кои не се никакви музичари, не компонирале ниту една своја песна, уште помалку добра; актери со ужасна, одвратна дикција и кривоговор... Убавина слабо, манири нула, харизмата кај сите под нула, појава која служи да те онерасположи наместо да те забавува, што би требало да и биде намената. По ѓаволите.
     
    Последна измена: 29 јануари 2018
    На PaLaVa, LadyInTheDark, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    По кој пат ќе се докажуваме, па и со истата особа дури, дека пишување и говорење на дијалект не е неписменост?

    Неписменост е на пример започнување на реченица со мала буква, која нејверојатно е прашална, али не знам оти нема прашалник на крај, а и истата гласи цитирам ,, што кај нас се промовираат луѓе со квази таленти ,,.

    А па да не зборам за воведот на темата без вовед, главен дел и заклучок, без пасуси, па и со користење на србизми и странски зборови.

    Можеби и треба некој да прочита нешто од првите Македонски творители, кои пишувале на дијалект, па да се лупа у гради со писменост, по којзнае кој пат...

    А за темава, немам што да прокоментирам, оти не знам за која особа се работи, и за кое дело, оти нема пример за да проценам, а и онака сум неписмена оти зборам на Скопски дијалект, бе брат.

    Ае поздрав и се глеаме, иам нешо работа сеа.

    Фмп.
     
    На Ava.84, PaLaVa, kikin и 36 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не дека не постојат многу такви квази таленти, ги има како печурки после дожд - ама си ја утнала ептен поентата со тоа што акцент ставаш на дијалектот и го изедначуваш со неквалитет.
    Нелитературни (скопски жаргонски) зборови користи и една моја универзитетска професорка во своите раскази кои имаат и тоа како општествена поента, дијалект (обично прилепски) има и во песните и Ана Бунтеска... иии со скопски жаргонизми (а ла шмизла стајл) „цепа“ и Лајла Грејс. Е, ама меѓу овие три има огромна разлика, т.е. првите две би било богохулие да ги споредиш со Лајлица.
    Дијалектите и жаргонот се сосема океј кога се користат умерено и во склоп на добар стил од други аспекти бе луѓе, аман, токму без нив т.е. со стриктно литературен јазик би изгледало многу неприродно пренесувањето на секојдневни дијалози. Не е само во Македонија, и во британски книжевни дела/филмови/серии имате cockney дијалект на пример, и во американските - афро-американски говор итн. Само што не го приметувате дека не ви е мајчин јазик :)
    Други фактори се тие што ги прават новокомпонираниве фб/блог-писател(к)и неталентирани и неквалитетни од литературен критички аспект.
    Инаку, наслов се почнува со голема буква, треба да биде оформена реченица и на крај да се стави прашалник ако е истата прашална :)
     
    На PaLaVa, kikin, Asistentkа и 10 други им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Не го разбирам насловот на темата. И добра формулација на реченица е дел од писменост.
     
    На Asistentkа, YoungandBeautiful, JollyGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Ако се употребуваат зборови кои во македонски јазик не постојат, тогаш тоа за мене е неписменост. Ако вртиш пет збора пример во секоја втора реченица значи неначитан си. Ете по тие критериуми ценам. Плус има луѓе кои пцујат во поезија па името им стана звучно, мислиш Нобелова награда ќе и донесат на Македонија.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Некои луѓе знаат да те отераат "у пичку матер" на таков начин што одвај чекаш да почне патувањето.
    Други пак, се занимаваат со самоубедување на анонимен форум дека тие се најдобри, а целото општество околу нив е труло.
     
    На LUCI 99, x.Daisy.x, Asistentkа и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Aaa за насловот сега гледам ми се испуштиле букви. Ок. прифаќам грешка, но сепак ова е форум, не е книга што ќе оди на печатење. Инаку во Македонија најдобриот автор никој на тв на интеврју не го викнал, ама за квази уметници има простор секаде. Имаме уметник кој ја промовира Македонија во светот, ама овде ретко кој го знае. Лајлица, Ана, ги имам читано. Тоа се дела кои онака за релаксација се добри за читање, но не се врвни уметнички дела кои ќе се сметаат за ГОЛЕМА придобивка за нацијата, државата, за книжевноста. И Коста Петров е продаван, и ок е, интересно е за читање, но тоа не е одраз на некој талент, тоа е комерцијално и поминува на пазар. За ценење според мене е „Тело во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски. Не знам дали сте го читале, но прекрасно е, а го напишал млад автор.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Што ти значи ова?Што сакаш да кажеш?Труло е да.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Се додека со пари може да се купи :
    -диплома
    -статус ,и
    -луѓе
    на пиедестал ќе бидат неписмените:)

    Ако имам пари во џеб, ќе имам и талент:)
     
    На kikin, LadyInTheDark, piglet1 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Точно така. МНогу работи кај нас се купуваат со пари, па и угледот и имиџот се прави со пари.
     
    На LadyInTheDark, Asistentkа и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Еве пример ќе кажам.

    Кога беше мал еден од синовите беше многу талентиран за фудбал.
    Тренираше во јуниорска екипа на Вардар, па после и во Работнички, па дојде и тренер на Црвена Звезда за да го види дали да го земат во нивната јуниорска школа.

    Но, сепак го одбраа дебелкото дете кое се тркалаше на теренот, чии мајка и татко се познати и имоќни во Скопје, зашто таткото на детето почна да го финансира Вардар (купи дресови , копачки и штуцни за децата).

    Од дебелкото дете НИШТО не стана:)
     
    На Dr.Zzz, Indiegurl, piglet1 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. bubi75

    bubi75 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Тоа правило важи изгледа само кај нас, талент да се купува со пари. Затоа се ни оди наопаку во државама. Почнувајки од образоване, култура, здравство, спорт и т.н. Ние Македонците имаме таква звезда некој друг да не откријат како таленти. Има безброј случаи каде наши деца таленти потребно е да отидат во Београд во ѕвездите на Гранд или на пинкови ѕвезди и тамо да ги покажуваат нивните таленти. Млади таленти на пр. лекари који не можеле да дојдат до израз во нашето труло општество, заминале во странство и тамо системот ги прифатил и го цени нивниот талент и значење. Млади спортисти, уметници, инжинери и т.н. треба некој друг да ни ги открие. Е затоа вака ни оди.
     
    На Lolo5, Feminka192 и supergirlmb им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    А која е личноста?
     
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    Кое тешење, вау. Не е битно шо сум неписменa, на форум сум. Не дека ќе ме прочитаат повеќе луѓе него ли што ќе ја прочитаат книгата на дотичниот.

    Али битно анонимна сум, па ќе се спасам.

    Епа мало morgen.
    Поздрав.
     
    На Asistentkа, blackwave и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Оти оние што треба да одлучуваат и поставуваат критериуми се просек или под просек, и што да очекуваш понатаму? Колку генерации треба да поминат, свест да се смени, па да се види мала промена. После треба народот да е задоволен од многу работи па на уметноста или шоубизнисот да гледа озбилно а не само како можност за добра заработка а тука првенствено мислам на мито и корупција. На кој да му текне дека од вистински квалитети може да се дојде и до поголем профит ама кој ќе мисли и вложува време и пари кога може инстант под маса да добиеш. И кога ќе ги искомбинираш овие две работи, алчност и простотилок, добиваш тоа што добиваш.
     
    На Asistentkа, Feminka192, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ја сфаќам смислата на темата, ама не разбирам од каде употребата на дијалект е неписменост?
    И тоа во темава баш нагласен е дијалектот како главна неписменост.

    Едно од основните уметнички права за уметникот е слобода на изразување.
    Како сака може да се изразува, а тоа не значи дека мора да му го читаш делото.
    Има милиони и милиони дела на литературен јазик (македонски, англиски, руски, германски).

    Значи заклучивме дека тие што пишуваат на дијалект се неписмени.
    А тие што сликаат цртежи со голи луѓе се манијаци?
    Или тие што создаваат скулптури со голи гради или гол маж, се безобразни и неписмени?

    Во сите учебници по македонски јазик има приказни напишани на дијалект. Зошто ги вметнале во програма? За учениците да станат неписмени?

    Поголема неписменост е да мислиш дека употреба на дијалект е неписменост.

    И секако дека имало и ќе има луѓе што мислат дека ако имаат пари за се ги бива.
    Нека создаваат дела, сепак на крај се гледа кој ги чита тие дела и кој го прогласува за уметник човекот што ги пишува.
     
    На piglet1, Asistentkа, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Зошто??
    Па имаат пари, дебели врски..и ќеиф да станат познати, да бидат видени....и оти се шупливи во главите, ете затоа.
     
    На LadyInTheDark, Asistentkа, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.240
    Сите се фативте за дијалектот. Ок, само пример наведов. Ако се пишува на дијалект, ок, ама да не биде два збора на дијалект, па три литературни, па два жаргони, и уште два србизми. Тоа на што личи? Сакав да кажам дека многу неквалитет ни се сервира како нешто што е одлично, а вистинските таленти во земјава се некаде во позадина, и ќе се чека или да остарат или да починат за да им се даде заслуженото место во општеството. Кај нас многу често и квалитетни луѓе се деградирани. Мое мислење е дека неквалитетот го угушува квалитетот.
     
    На Asistentkа, Feminka192 и bubi75 им се допаѓа ова.