Сакам да кажам дека тие што имаат квалитет седат дома и им се затворени вратите во било која област и да се пробаат. Штом во cv стои таа ставка вооопшто не те зимаат во предвид. А тие што имаат помалку знаење просперираат на повисоки функции, имавме неписмени доктори,новинари,полицајци со многу фалш и купени дипломи,но нивното знаење не е квалитет. Појасно ви е сега?
Квантитет..... број на лајкови, шерови, пријатели. Тоа ги прави „инфлуенсери“ луѓето. Не се мисли на суштината - дали некој воопшто ја прочитал информацијата што инфлуенсерот ја споделил, се едуцирал, предизвикала било каква промена во неговото размислување, поведение... имала некаков импакт таа информација. Не се мери колку се они навистина некакви си инфлуенсери - влијаат/манипулираат со општото мнението на јавноста, диктираат трендови..дрн дрн. остајте го Бубачето раат веќе со тој квантитет и квалитет. Заборавив шо сакав да кажам на темата.
Епа со низок импакт фактор се нит за во списанија со висок ваков фактор не се,за фб,инста,форум...за билдање квантитет.
Бубаче, освен со врски во администрација, никој во приватна фирма не е толку будала да прими вработен што не го бива, па колку сака нека има врски, купени дипломи, едноставно, ниеден работодавец не сака да ризикува и да троши време и пари ако не е фасциниран од CV-то на вработениот. Ништо лично за муабетот за квантитетот, само нејасно беше.
http://www.dedabor.com/tu-sam/kvalitet-ili-kvantitet/ Еве убаво е објаснето тука. Зборувам за образование. Како вие ќе работите некаде а немате познавање? Како работите во област каде не знаете ништо ама сепак работите. Знаењето од средно школо што го носите не е квалитет туку е квантитет. На пример. Фемина е квалитет форум ама квалитетни членови,ако нема квалитетни членови фемина ќе премине во квантитет. Ако нема добар кадар за да го одржи сајтот нема да има квалитет ниту пак заинтересираност за посета. Потоа завршил средно медицинско школо станал хирург преку ноќ неговото знаење не е квалитет туку квантитет( нема доволно познавање од областа хирург) ама просперира високо. Завршил факултет за медицина за хирург има квалитетно знаење, нема работа не може да просперира, знаењето му е означено како квантитет (немаш искуство во ниту една др област) бидејќи има факултет. Квантитетот во образованието расте, а квалитетот се намалува. @crimson јас гледам дека ти не ме разбираш па не ти се обраќам така, не викам таа не знае, си ќутам. А за администрација само ќе кажам отварај очи има и будали.
Приватна фирма? Не примале со врски? Ар ју шур? Приватни се и T-mobile, Vip, EVN, Алкалоид, приватни се и банките, па сепак со дебели врски се прима на работа. Е сеа, ако мислиш на приватни, кои бараат работник за робување за 10 000 (максимум 12 000). Тоа е друга приказна, тука се бара квалитетна, а сепак ефтина работна сила.
Да, за да те примат. Ама пробај ништо не работи, забушавај и види што ќе ти се случи. Кој сака да работи со загуба поради вработен? И за 10 илјади и за 200 илјади, секој со здрав разум попрво би одбрал добар работник, отколку да плаќа некој неспособен.
Мислиш се убиваат од работа, иако се примени со вакви-онакви конекции? Голем дел од нив, обврските ги извршуваат half-arsed. Јас ти кажувам дека нема здрав разум, затоа и нема развој на економски план. @Asistentkа имаше добро образложено како иде вработувањето, ме мрзи сега да барам мислење.
Плаќаат и неспособни. Ок е не си видела, јас имам видено. Јас знам што се прави со способните, а што со неспособните.
Завршил средно и преку ноќ станал хирург? Сега видов си ме цитирала, не ќе да сум само јас што не те разбира.
Точно е, си имале некој неисплатен долг со родителите на дотичната особа. Па мора сега да се гледа низ прсти.
Епа не сте виделе затоа. Јас имам видено и можам да утре сабајле да раскажувам примери. Ама не е тоа тоа, затоа и го ставив линкот за да си разберете. За знаењето зборуваме. Знаењето се мери.
Такво работно место, со тој начин на вработување и работење, секако не е место за некој со квалитети. Нема врска, одамна кажав што мислам, муабетов отиде во друг правец
Големите приватни фирми се преполни со ликови кои не знаат каде треба да се потпишат. Не се ништо подобри од вработените во државна администрација. Полоши се, зашто земаат поголема плата, и би требало повеќе да се трудат, ама тоа е, кога немаш осет во животот.
^ И администрација вработува неспособни и нормално нема да приметиш дека се такви. Мили се ко јагниња,нежни и фини од такви да ти е страв. Ти носиш некој документ пример знаеш тој е, нежно ти вика нешто ти фали, некоја ставка и така во круг 20 пати се додека не прашаш некој со поголем квалитет во знаењето и не сфатиш дека те мота. Еве пример ќе земам од мој личен аспект. Аплицирав во мала фирма преку врска од еден познаник. Бев на интервју доставив документи потребно, на интервјуто ме прашуваа глупости и ми рекоа дека ќе ми се јават. После 1 ден ми се јавуваат дека вработиле со искуство и дека таа имала поголем квалитет од мене. Во ред. После месец дена истава фирма пушта оглас и не знам како успеале да ми го зачуваат бројот ми се јавуваат да ми кажат дека ме примиле. Секако не прифатив. Ова беше приватна фирма. Жив хаос.
Во друга тема реков ја дека без знаење и корист, никој не вработува никого, вие рековте дека со минич можело. Ја велам не може и до сега не сум сретнала таков вработен/ вработена, ама ајде. Добро ја разбирам @crimson што сака да каже. Небитно дали се 12000 или 20000 денари во прашање, газда на приватна фирма сака работник кој ке му ја води работата, работник од кој ке има корист за што помала плата, ниту врските се битни, ниту деколтето и миничот. А промовирањето и вработувањето кое вие го дискутирање, јас едноставно не можам да ги поврзам. Промовирање е шерување на статуси на Драган, купување книга од Лајла, па во тој кош е и Кардашијан. Луѓево немаат никаков талент и квалитет а заработуваат пари.
Зошто деколте и минич? Тоа е демоде, се бараат што е можно помлади и понеискусни, за да стариот, засмрден шеф, може да врши сексуално вознемирување. Не е еден случај, не на едно место. Кој си искусил на своја кожа знае, тој што не знае филозофира дека не е можно. Сепак, секој со своето животно искуство. Бесцелно се врти во круг, цело време се негира туѓото мислење. Тој што работел за 12 000 знае, тој што присуствувал на наместен оглас знае уште повеќе.
Каква врска имаат годините со сексуално вознемирување? Па штом е рапотоспособна, значи личноста има способност да резонира и да си даде одговор на одредени прашања. Не велам ја дека не е можно, не ми е логично, знаејќи какви се газдите кај нас. Сакаат максимално да го искористат работникот за што е можно помала плата. Во ова општество на прво место се парите и финансиска корист од работникот. На крајот на краиштата, не сите жени и девојки кои биле жртви на сексуално насилство се убави и згодни. И каква врска имаат наместените огласи воопшто? Еве ја не сум била на ниту едно интервју за работа, ама јасно ми е како стојат работите со огласите.