1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто машките нè навредуваат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Maja85, 20 јануари 2010.

  1. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Зошто машките не навредуваат?

    Јас имам другарка која што дечкои секогаш кога ке седнат во друштво ја пцуе и ја навредува таа си молчи и нормално дека тој така ке си прави
     
  2. noskirT

    noskirT Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Зошто машките не навредуваат?

    ...па неглеам и тука некое машко да вреѓа...
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Зошто машките не навредуваат?

    Дечко ми да ме пцуе? :o Па ако он ме пцуе и ако он не ме почитува, кој тогаш?

    А со другарка ти дефинитвно нешто не е во ред штом дозволила дечко и така да се понаша со неа.
    Ако сеа како дечко ја пцуе, па неќам ни да замислама што ја очекува во иднина :x
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Зошто машките не навредуваат?

    A што е со секоја кавга, кога задолжително следи (од женска страна): Те сакам/мразам, и вол/кретен/идиот/сељак/гад/морон/педер... си. Треба секогаш да ги земам тие навреди здраво за готово, и да не и’ зборувам со денови? Или кога во налив на бес ќе ми удри шлаканица, на што нормално се насмевнувам, и и’ го вртам и другиот образ (за да види дека јас НИКОГАШ не би ја удрил и да се покае :)), тогаш што треба, да и’ раскинам? Нема потреба од машка генерализација, ниту станува збор за машки навреди, туку прашање е како вие, девојките, ќе се поставите во врската. Сум имал девојка која ја викав мочла/кучка, а она мене смрдле/мрсулко, па тоа си го кажувавме од љубов. :)))
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Зошто машките не навредуваат?

    Nightwalker ти барем ме знаеш мене и знаеш дека јас дечко ми го викам идиот/смотан и не знам уште како коа крајно ќе ме изнервира (а и сам ми имаш кажано дека џабе зборам така коа го сакам :D )
    едно е да го кажеш тоа во афектна состојба, друго е да го кажуваш од шала (како ти и ... што си се викавте, претпоставувам за кој станува збор). трето е коа го кажуваш тоа само за да повредиш личноста, или да се истакнеш како авторитетна личност во врската!.
    Значи не зборам за тоа дека ние девојќите сме светици па ај ке го навредиме за да ни помине лутината, него некад стварно си заслужувате , а и некад стварно си заслужуваме :)
    А јавно ако ме навреди!? нека ме отпише, т.е ќе го отпишам јас него од мојот живот! Кратко и јасно :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Зошто машките не навредуваат?

    Ете така другарке, токму ова и сакав да го посочам. Затоа од некои мислења, човек би добил впечаток дека делот со заслужувањето важи само за нас, дечковците. :)
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Зошто машките не навредуваат?

    Затоа што тие се посилниот пол или пак така се чувствуваат некои :) појаки, мажишта , бре , бре , додека не наидат на некоја влакнеста невеста па да видат што ги снашло.
    Ако им дозволиш ќе те згазат - од пцовки де, не секои зависи кој колку има култура
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Зошто машките не навредуваат?

    Мене единствена работа што ме навредува е некој да ми рече дека немам потенцијал за нешто, т.е. да ми ја навреди интелигенцијата. Навреди кажани во стил на „ми се може зошто сум посилен пол“ (курва, кучка ,ороспија, опутина, што ти не) се продукт на фрустрација, и ниту ми се навредливи, ниту реагирам на простотилак.

    А тоа дека самите ние како жени си лепиме такви грди етикети не е далеку од вистината. И тоа обично го прават чаршиски тетки чие најголемо достигнување во животот е тоа што ја фатиле комшиката како се клеца со поштарот.

    Не сум дозволила машко да ме навреди, значи тука правам муабет за дечко, а не некој јурук на кој сум му акнала корпа па ми враќа со тоа што ќе пушти некоја ниска навреда. Многу внимавам со кого се дружам, па затоа и сум немала проблеми со дечко да ми рече некој погрден збор. Не можам да разберам како некои можат да трпат некој постојано да ги навредува, и да речат дека истиот тој ги сака. Ако нема почит, пиши пропало.
     
  9. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Зошто машките не навредуваат?

    Никој нема право да ме навредува, а за тоа каква сум и што сум сама си знам, немора никој да ми кажува, а кој и да е ако ме сака таква каква што сум треба да ме почитува, ако не, нека си замине од мојот живот .. А и не треба да си дозволиме некој да не навредува, во животот секогаш треба да си имаме свое ЈАС и достоинство.
     
  10. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Зошто машките не навредуваат?

    Машките што навредуваат општо ,а посебно женски,не заслужуваат да се нарекуваат машки.
    Тие се од оние индивидуи кои што сопствените фрустрации и неспособност во животот ги "лечат" со такви работи.
    Такви едноставно немаат пристап во мојот живот.
    Отпишани се уште пред да пробаат да пристапат.
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Зошто машките не навредуваат?

    Синдромот being а сељак , мислам дека ја објаснува оваа ПОЈАВА :rofl:
    Е така , несоцијализирани МАЖИШТА , силни на збор. Секој збор е излишен..
    Уствари има и девојки кои сами ги предизвикуваат навредите , да сме начисто со тоа.
    Или ако не ги предизвикаат, ги прифаќаат ..демит!
    Не се само машките виновни.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. noskirT

    noskirT Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Зошто машките не навредуваат?

    ...зашто машките, -не- , навредуваат...ние само вракаме на навредите... :D

    ...море одбиј некоја жена за секс па да видиш шо е навредување...нема по пис од таква жена... :lol: :rofl:
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Зошто машките не навредуваат?

    не се сите исти,али тој што навредува женско тој е прост не знае подалеку од носот а мисли кој знае кој е :fubar:
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Зошто машките не` навредуваат?

    Ако си машко и имаш повеќе тогаш си „фраер“ а ако си женско и имаш повеќе тогаш си „к*рва“. :fubar:
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. shorthairandblueeyes

    shorthairandblueeyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Зошто машките не` навредуваат?

    Некој наведуваат некој не. :) Меѓутоа што пак мора женското да се навреди ако машкото навредува,женското неможе да навредува? нека врати со иста мера :) сепак нема ралика машки/женски сите сме од месо и крв и најдобро е да си женско со машко срце само така можеш да ги резбереш машките.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Зошто машките не` навредуваат?

    за жал тоа кај нас е така :?:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Зошто машките не` навредуваат?

    Навредите се многу чувствителна тема, меѓутоа не се машките како пол специјализирани за давање на истите, како што и ние не сме само примачи т.е. и овде постои некое правило на реципроцитет.
    За да дадам издржан одговор на прашањево едно треба да ги познавам сите машки на планетава т.е. едно неколку милијарди, за би бил одговорот сеопфатен,накратко ама воопшто не почитувам генерализации.

    Друго, не сум ни прекрасен цвет кој опојно ширел само прекрасна арома околу себе :wasntme: значи и сама сум упатила навреди кон машки примероци дали на саркастичен или директен начин зависно од моментот на инспирација, па со самото тоа не би јас да судам за упатување навреди, кога не сум останала сама ни имуна ни изземена од истите. Најчесто машки сум ги издржала навредите упатени на моја сметка пред да упатам супериорен рафал кон упатувачот. Постојат луѓе и ситуации во кои само со навреда се враќа на навреда и овде три извичници додавам!!! Друг пристап кон нив е фејл и само вака ќе ја сфатат поентата.

    Трето имаме и ние емотивно мазохистички насочени женски примероци кои сакаат да глумат жртви и светот да ги вреднува во суперлатив бидејќи толку пожртвувано и трпеливо се однесуваат кон нивните партнери-грубијани. Јас за вакви немам ни жал ни почит |( .

    А во однос на етикетирањето кога знам дека мене совеста ми е чиста како памучна бела постелнина испрана со Ариел ни мува ме лази ни па ветре ми изместува влакно од бујната ми коса :emo: .
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Зошто машките не` навредуваат?

    Јас мислам дека колку им дозволуваме они толку сами си зимаат право да направат нешто. Од страв дека ќе ги загубиме дозволуваме се. И кога ќе осетат дека сме нивни на некој начин, тие имаат сила да напраат се, зошто се сигурни дека ќе преќутиме и трпиме.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    бидејќи не биле вистински машки ја да ви кажам ! па кое е тоа машко што ќе навреди девојче? е тоа се машките што споредн мене се најголемите простаци ! на шти личи тоа си идел со некоја си и кажувал дека ја сакаш и наеднаш оп ку*ва е за тебе? ма ајде бе тоа пошто мислат дека цел свет се врти околу нив ма ајде бе :swear: респект за оние кои не се такви бидејќи не се сите исти
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    све што може ОН може и ОНА! ;)
     
    На srcekrsacka и Alanna им се допаѓа ова.