Таквите машки немаат основно ниво на култура, ако веќе си дозволат да навредат женско. За мене тоа е неприфатливо, одвратно ми е и тоа не е карактеристика на вистинско машко. Се разбира, не се сите исти, но крајно примитивно е машко да навредува женско.
A зошто не би не навредувале кога ние самите го правиме истото едни за други без мотив, па и за машките дури? Не е малку чудно да бараме почит од друга страна кога ние самите не го нудиме тоа? Машките...Кај нив веќе, од нивна гледна точка работите се вратат од друг аспект, а ние сме жени и нашиот начин на размислување и нашите барања, се нели, несфатливи, затоа и ова прашање, да не бидеме навредувани. Кога веќе го бараме тоа, можеме и да го пружиме на останатите.
оти немаат култура,имаат комплекси на нижа вредност и немаат говор се прости.Криви се и женските ако му го дозволуваат тоа,затоа што тие така можат да си ги вреѓат домашните а не мене оти јас не сум најдена на улица и имам вредност а не некој да ме понижава,па на јавно место има да го убијам ејјј
Зошто ние самите им го дозволуваме тоа.Треба да имате свое ЈАС и да не го дозволувате тоа.Во школо слушам секакви зборови што машките им ги кажуваат на женските.Јас досега такви проблеми немам и се надевам нема да имам.
Каква слика ќе си претставиш сама за себе, така и ќе бидеш третирана. Зошто некои женски добиваат епитет 'ку*ва' и сите така ги викаат, а други не? Еве ви чист пример што им се случило на мои познаници: Спојлер -Седат во друштво собрани сите, машки и женски... Во друштвото имаат една таква распуштена. Машкото и вика: "Ку*во!" Она се смее и го гушка, а тој се смее и додава: "И викам ку*ва дека е и пак ме гушка!" Епа нормално дека тој ќе си дозволува така да и се обраќа. Спојлер -Друг пример, исто машко му се обраќа на женско со тој збор. Само што тој сега не добива гушкање, туку добива шамар каков што никогаш не добил во својот живот. И од тогаш никогаш повеќе не ја навредил, туку ја почитува, а и често знае да каже: "Јас може добив шамар, ама го заслужив и не се срамам, а браво за неа, таа е права девојка! Да се брани, па макар и со шамари, и навистина ми ги отвори очите, затоа што сега ја почитувам повеќе од било кога!" Тоа е тоа, додека дозволувате така да ве третираат, немате право да се буните, зошто, што и како... Кој како си ја наредил
1. Зошто си заслужила. 2. Зошто е арогантно, исфрустрирано копиле. 3. Си го испровоцирала, врати се на точка 1.
јас ке бидам ужасен идиот, нарцис, егоист и ке го изјавам следново па вие демантирајте-како сакате.... Во нашата ни мила земја од 100% жени, 70% се симпатични, а од тие 70%- 60% се убави жени , и не постои странец кој не го рекол тоа, сите се средени, претставителни, дружељубиви....за разлика од жените, ... од 100% мажи, 40% се симпатични ,а од тие 40% само 20% се убави и претставителни. нашите жени ги сакаат секаде а нашите мажи никаде...ја знаете клетвата една србинка што и ја фрла на друга србинка-дај боже да земиш маж од македонија па кој не би се исфрустрирал и не би навредувал
Ама зошто толку генерално зборувате,не само во оваа тема туку и во сите. Ако едно машко навредило едно женско,не значи дека сите навредуваат и обратно.Според мене некои машки навредуваат поради тоа што си имаат некаков комплекс или некаков проблем самите со себе па тоа го исфрлаат преку навредување без причина. Еднаш ми се има случено да ме навреди машко,затоа што не сум сакала да излезам со него.Ме молеше,ме молеше и на крај кога виде дека навистина не сакам удри на навредувања и јас тогаш бев исфрустрирана затоа што ме навредил некој таму кој не го ни познавам .Да сум го имала овој памет тогаш,немаше воопшто да се замарам за тоа . Затоа кога некој така без причина ќе ве навреди само скролајте,не е до вас туку очигледно некој си има некоја фрустрација во себе.
Мене ме интересира како реагирате на тоа? Возвраќате во иста мера, или едноставно игнорирате? Но долколку една девојка игнорира момче кое ја невредува, во туѓи очи изгледа како слаба, како да го дозволува тоа... Има ситуации и кога девојката знае да опали шамар за тоа (што и можите го заслужуваат во таквите ситуации ) но некои од нив знаат и да вратат на тоа... Како е правилно да постапуваме???
Кај мене нема трте-мрте тој на мене и јас на него ... и еднаш беше нервозен ми кажа крава(знам дека ми се испушти ) кога го запцував такви луѓе неможам да ги поднасам уфф ми се еже кожата можеби поради тоа што израснав со татко кој постојано пцуваше сепак тој може и јас можам
Вистина..се прает важни демек тие се поважни од женски но ги вракаме ахам ахам ке ги покажиме и со заби. не навредуваат ко че сакаме нешто ние а тие одбивуваат за да не добиеме ние нешто баш ми е гајле. xD
Самите жени сме си криви..Како ќе си се поставиш така ќе почитуваат...Ако ти му дозволиш на дечко/маж еднаш да те навреди без да му одвратиш со иста мера или пак му се налутиш,тогаш тоа и ќе се повтори..А да не зборам надвор.. Ако си малце по кратко и летно облечена,одма си КУ*ВА (без да те знаат каде одиш така облечена,зашто одиш така облечена)...
еднаш му плачев на татко ми дека ме навредуваат машките и тој ми вика: што се замараш тоа го прават за да сокријат и никој да не дознае дека им се допаѓаш- нз колку е вистина ова ама јас си се тешам со ова
уште на првиот состанок со сегашниов се договоривме дека нема ни повишување тон-јас знам малку да подвикнам,ама се обидувам да се контролирам и да разговарам смирено баш и во една книга прочитам-колку посмирено зборуваш ти, толку тој повеке ке те слуша, ако викаш нешто ко пчела да му зуи во увото е и ми кажа дека никогаш ниту кренал ниту ке крене рака на женско, а кога би ме навредил, би му рекла зошто си уште со мене, или секоја чест на културата што ја имаш-ако ме изнервира , тие порцелански забчиња би добиле поинаква форма-да ме запамети
Јас како женско никогаш не сум дозволила да ме навредуваат ,ниту пак навредувам тоа е нешто најдолно ! Сега на пример си се сакал па раскинуваш и те нарекува КУРВА зошто ??? Тоа е непотребно ! Од страна да гледаш изгледа премногу сељачки и гадно , одлик на недобро воспитување , примитивни сваќања и лошо однесување.