Абе, недостаток на култура. Не битно дали тој што навредува е машко или женско, дали баба или дедо. Си го покажува простатилукот и ништо друго. Да, се случило некој да ме навреди, и стварно не знам како е најпаметно да се изреагира, да вратам со навреда ми е простачки, а да си почутам и да наведнам глава шанса нема. Зависи од ситуацијата и колку сум инспирирана за вратка. Лепо фино,доволно му е супер доза на сарказам, ремет и онака чисто вистината ко што е в лице и чао пријатно. Шо има да се замарам со простаци. Или по прилепски : Шо сега, Че се врејџаме ко џупци на пазар.
Навредуваат зошто некои се за навредување. Други пак се за навредување, затоа што допуштиле некој да ги навредува и трпат. Јас не ни очекувам повеќе од безкичмењаци на кои животен сон им е женската да ја ословуваат со почесен надимак - пи*ка, ниту пак женскињите што меѓусебно “другарски“ се ословуваат со пичкицо, курво итн, имаат право да се лутат кога друг ги нарекол така. Не може јас сама ако не се почитувам, да очекувам друг да ме вика позлатена принцеза. А, за искомплексирани мажиња што не знаат да кажат други зборови, не знам. Штом зине и му ги видам предиспозициите за сељачење, одма го мавам на игнор листа, па не сум дошла до ситуација да се вреѓам со некој. Me and my big mouth would win anytime tho.
Од личен интерес.Мислат дека испаѓаат многу интересни или смешни ако без потреба те навредат пред нивните другари, имам еден таков што учи со мене, гад гадосан. Седам доаѓа , ми трупа милион навреди, и овие гадовиве позади него се смеат, а каква што сум си јас си јас си викам, аии не сум знаела колку си бил ти културен, и додека си размислував станувам и бега ко кокошка , си знае што му следува, ми се гади од него, абе не ги поднесувам, сите ми викаат, не се нервирај на такви, и така си научив, сите си имаат “спомен’’ од мене, погледни ги остро и се ке отиде, така ми кажувале блиски, ги послушав и не згрешив...Абе глупаци, вакви биле девојчињата, онакви биле , дебели, слаби нека се видат они па нека мрчат.. П.С - Без навреда не се однесува до сите, има стварно фини машки, а има и некои што не ги поднесувам
зашто им дозволувате...ете затоа...се затрескувате, свашта им дозволувате за да не ви се налути и остави, а после коа ќе ве шутне- рикате ги навредуваат оние кои немаат свое јас, карактер и доволно храброст за да се спротиставите и одбраните... Ете зашто не треба да читате љубовни романчиња, пепелашки, принцеви на бело магаре,и хепи енд филмчиња... јас може малце забегав, али многу ме нервираат вакви прашања.. пардон на реалноста
Машките не' навредуваат бидејќи имаат помалце култура од девојките.Мислам дека е ретко тоа машко кое има култура,односно што би се однесувал како ''џентлмен''.Таквите се многу ретки во денешно време и нормално е потешко да се најде таков.Ние девојчињата/жените сме чувствителни и им го дозволуваме тоа задоволство на нив.
Каков впечаток сме им оставиле за таква ќе не сметаат. Што значи сме ги испровоцирале или сл. па навредата е заслужена или пак се идиоти но не верувам дека некои онака за без врска би не вреѓале к*рва,ваква,онаква. Но доколку е таква незаслужена навреда мислам дека доволен е еден прекрасен шамар гратис игнорирање.
Мажите имаат едно убедување кое што е останато уште од турско, дека жената, треба да му биде подредена и дека мажот е тој кој се слуша и во врска и во брак. Но делумно сами сме си криви бидејки оние кои ги сметаат жените рамни на себе ги нарекуваме папучари. Неретко можете да сретнете девојки/жени кои викаат сакам маж кој ќе биде вистински маж и ќе удри во маса, а не да прави што јас ќе му кажам. А, мажите за модел ги земаат токму ваквите жени, кои во суштина сакаат насилни типови и мислат дека ако е тој строг, љубоморен, па и насилен дека е тоа знак на љубов. Има многу жени кои се жртви на насилници кои секојдневно се тепани, и пазете сето тоа додека се уште во врска. И, имаат една флоскула која нејчесто ја користат а тоа е: Ма нема он лоша душа само е многу нерозен и обично веднаш следува префрлање на вината: Ма и ја сум си виновна не е само тој крив. И, навистина не ми е јасно како мислат да се промени кога уште на почетоот е идиот. И, неможам да ги сватам жените кои мислат дека мажите имаат право да ги тепаат. Па дури и да направам било што ее да речеме да ме фати на дело со друг нема право да ме удри а камоли да ме тепа. Она што може е, да ми раскине или да се разведе а да ме удри е тогаш ќе зажали што воопшто се родил. Нема да знае каде му е газот а каде му е главата. А, и финансиската зависност на жените многу придонесува да мораат да трпат се и сешто па дури и неверството на партнерот неретко мора да се прават дека не го гледаат. А да не зборуваме за скрупулите во општетвото кое, кога мажот изневерува е фраер а кога жената е малку послободна е курва.Еве преиспитајте се себеси верувам дека секоја фтора биа удрена од својот партнер. И, што сте преземали? Ништо. Е, ега извлечете само заклучок кој е виновен дали мажите, или ние. Тка да навредувањето и не е она најлошото што им се случува на жените.
Зависи до мажот, има такви заостанати пловат низ времето и им се чини дека тие се главата на се. Искрено такви мажи не заслужуват жена, си мислат јас ја ранам под мој кров е мора да прави како што јас ке кажам. Проста работа , овде на западот не се гледат тие работи
Во право си за тоа што го имаш пишано.Не ги оправдувам воопшто луѓето што навредуваат .Но сакав само да напоменам што е со оние жени образовани но со мн лош речник и култура?Дали и таму мажте ке бидат виновни кога ке избие кавга и ке се употребат непирстојни зборови .Сепак мислам за некој да те навреди мора да има некаква причина (иако не е оправдување ) ... А мн често од шала и смеа испаѓаат навреди..
Тоа е како ти се поставиш така на пример јас на никој не му дозволувам да каже барем не пред мене дека жените се курви, можеби некои се, но секако не сите.Заради некои што се курви не значи дека треба да имаат и за добрите и мапетни жени такви предрасуди. Кога некое момче ке каже дека сите жени се курви,ова,она треба да се сети дека и неговата мајка е жена. Да кажам уште нешто денеска мажите се поголеми курви секако машки курви сакаат и пробуваат да бидат со сите девојки а зошто тоа никој не го коментира? Кога некое момче било со 5 или 10 девојки не е важно е “голем маж“ , а кога жената била со толку момчиња е курва ее неможе така.
Зависи кој.Не се сите машки исти во никој случај.А и како да се поставиш-тој нема право да те навредува.Едноставно си имаш твој живот и што сакаш ќе правиш.Ова навредување го прават оние не културните простаци што не знаат да почитуваат жена.
Не баш. Една фрустрација од минатото е доволна за „сите женски се исти“ состојба. Да знаеш, дека не треба да легнеш со сите, и да си му забодела нож во грб на тој што „најмногу“ те сакал, за во момент на нервоза да те нарече курва, или да ти опали 2-3 шамари. Потребно е само порано да поминал низ тешка љубовна врска, или пак да прави се, што тато и прави или не и прави на мама. Не се потценувајте себе си со вакви размислувања. Не знаете на каков може да налетате.