Јас еднаш се навредив од мојот бивши, нема да напишам што ми кажа... знам беше шега но се почувствував глупо и омаловажено. Инаку немам друга навреда претрпено само затоа што сум женско. Тие навреди доаѓаат од невоспитани, некултурни и очајни машки, секако и незрели, вистински маж не би навредил девојка, а ниту вистинска дама не би добила никаква навреда.
Навреда од било кој, не битно дали е партнер или познаник / чка ... било кој, според мене човек што знае прво кој е и што е тој нема потреба да навредува за да се издигне себе си, а ако дојде до таква ситуација, што неминовно доаѓа во животот, прво преќутувам, а потоа ладно сервирам има да голта се' што кажал, на нос да му излезе сето тоа ќе се кае што пат ми пресекол.
Откако се создал светот мажите се понашаат така.зошто?затоа што потсвесно дека ги иритира фактот дека жената зазема големо место во општеството.порано биле жените прогласувани за вештерки,спалувани на клада.да знаете дека зачетокот на цивилизацијата е започнат од жена,мисијата на Исус требало да ја продолжи жена,жената е таа која може да донесе живот на овој свет,ако сака и кога таа сака,мажот е само правател,жената раѓа и трпи болки кои мажот не може да истрпи.мажот е посилен пол само поради конструкцијата и физичката сила.за се друго,за сите перипетии и животни проблеми жената повеке може да издржи.жената не бара утеха во алкохол и во други мажи.жената многу успешно го носи товарот на животот,жената е таа која има најголема улога во подигнувањето на децата.жената може сама без партнер,борбена е,додека мажот полесно потклекнува пред животни предизвици.жената е психички посилна од мажот.дефакто сите војни се воделе поради жена.жената има клучна улога на многу полиња во животот.низ кариера жената ги носи децата со себе. Има уште многу работи....поради тоа мажите(конзервативните мажи и оние со малограѓански сваќања)се иритирани и си земаат за право да вреѓаат и да ставаат разно-разни епитети на жената
Постов е погрешен на толку многу нивоа ама барем ова ме насмеа. Си слушнала некогаш за голема буква после точка?
Имам запознаено и многу фини машки. Не се сите исти. Али тие што навредуваат се тешки копита што за ништо не ги бива. Патат од свои комплекси и ги лечат врз кого стигнат
Пошо немаат јазик ко папуча ко нас, да се караат со аргументи и факти него знаат едно те исто ко расипана плоча ,, сите жени се исти” ,,сите жени се курви” ,,курва” ,,сите ги сакате машките дур имаат пари”
Зависи од маж до маж, од моја перспектива, никогаш не сум рекол за бивша ни ваква ни таква, него драго ми е дека во тој дел од животот сме имале нешто заедничко и некогаш ми значела, али мислам дека све е домашно воспитање. Типс: За да знаеш каков ти е дечкото/девојката, запознај и му/и ги родителите
Знам гомна искочени од златни родители До степен да ги жалиш шо го напраиле Не е само до родителот И улицата си игра улога
Воспитани, прибрани, морални дечки со чисто срце никогаш не би навредиле ниту би повредиле некого, бидејќи и да сакаат не можат, не му дава душата од внатре. А има доста дечки кои се спротивно на овие карактеристики, спремни се на многу повеќе од само навреда. Истото е и кај женските т.е целокупно за човекот без разлика на полот, постојат само добри и злобни луѓе.