xaaxaxaxax da da lesno mozis da dojdes do sekoja so sakas ili sekoj so sakas za to tesko se zalubuvas ama neli i na to ima kraj ili mozi grska sum?
И јас тешко се заљубувам т.е. никогаш не се заљубувам.Има една личност во животов што ми значеше и што ми значи премногу,се останато е за забава-чисто спортски.На некој начин посигурно ми е вака што никој срце не ми освоил,ама пак и јас сакам да почувствувам како е кога ќе ти дојде од срце некому да му речеш ТЕ САКАМ.Али ајде имам само 16 години моето допрва доаѓа.
Истиот проблем и не губам надеж дека ќе се заљубам.. А и не ни треба во периодов .. Да заврши прво школо
А зашто боље не напишете тема Зашто неможам да се одљубам .Бреј кого лажете бе жити се или така мислите поинтересни ќе испаднете
Зависи од самите искуства што сме ги доживеале порано, мислењето дека нема да се заљубиме и мислиме дека тешко се заљубуваме се едни од бројните прашања што ги поставуваме на самите себеси. Мислиме дека доколку се заљубиме иако можеби пред тоа сме биле заљубени и знаеме да сакаме, дека таа личност која ние ќе ја љубиме ќе не повреди, и ние пак ќе бидеме тие што ќе паднеме на " љубовното дно " кое премногу боли додека се издигнеме повторно на врвот. Ние самите си ги внесуваме овие работи во потсвеста и мислиме дека тешко се заљубуваме и сл. но се додека не дојде тој што повторно ќе ни го освои нашето рането и мало срце кое е во потрага по љубов, е само тогаш ние нема да се плашиме пак да љубиме и светот на момент, односно нашата заљубеност светот на момент ќе ни го направи совршен.
Многу ме нервира кога пола од девојките тука се фолираат дека неможат да се заљубат .Мислите дека така покул ќе испаднете или?
зошто не си го нашла вистинскиот тип кој многу ке ти одговара според твојот карактер и ќе се сложувате многу добро. истиот проблем го имав и јас до пред некое време. со секој дечко што пробував да се заљубам не ми успеваше и секогаш ги откачував...можеби пред 2 месеци ми се деси нешто што никогаш неќам да заврши..најдов тип кој доста ми одговара, неможам да му најдам маани значи типот ми е совршен...мислам дека почнав да го сакам...така да треба само време и вистинскиот ќе ти затропа на врата...трпение
I jas neznaev sto e sakanje ili vljubenost,ama......Koga ke go najdes vistinskiot,e toa e nesto drugo.Ah ljubov
јас ретко некој да засвиѓам а за засакување пак никако финтата е што и никој не ми приоѓа па си фурам така јас соло секогаш а не дека сум грда или слично...сепак рано е имам 16 ‘надежта последна умира‘ нели........
хахаха сега ме насмеја, алооооооооо сеуште не си ни на почетокот, а и верувај ми подобро е за тебе да не се заљубуваш мала не ти требаат драми и шпански серии уште сега
Се согласувам со ова над мене! Не се врзувајте од мали, цел живот со дечковци ќе го поминете. Има време за се, убаво е да имате повремено по некоја врска, ама најубаво е сериозна врска од 21-22 години па нагоре. Изживејте се девојки, ќе ви се плаче еден ден за годините да се вратат како што ми е мене 4 врски од по една година имав, тоа е страшно се чудам кај ми бил паметот на 15-16 години
16??? Јас тогаш не знаев што е тоа љубов. Не ни размислував. Тоа беа најубавите средношколски денови кога дружењето ми беше пред се. Тинејџерски години кога секој има идеали, кога сите бевме бунтовници и кревавме револуција за се и сешто. Имавме симпатии и сето тоа беше толку наивно и симпатично. Излегувавме по старки и фармерки, слушавме рок и имавме постери низ целата соба. Сега сето ова е изместено. Младиве едвај чекаат да влезат во штикли и да личат на турбо фолк певаљки. Јас не можам да го сфатам тоа. Уживај во овие години, зошто еден ден ќе ги бараш. Знам дека муабетов е бабински, ама верувај дека тоа што сега го живееш нема реприза.
Заљубена сум до уши.. ама не се брзам, кога тогаш ке дојдат и моите 5 минути.. Јас сум таков карактер што ке се затрескам во еден и не се знае крајот (хух веке 2 години, мака ми е) .. Кога правам со некој муабет на оваа тема одма ми викаат 'де бре ти па како може толку да се затрескаш понего, а не ни ојте ни ништо.. Јас ако сум во врска па не го сакам.. не се замарам' не свакам!
Јас и завидувам на авторката. Барем не трпиш разни разочарувања. Јас лесно се заљубувам, и верувај лошо е. И не се нервирај, се ќе си дојде на свое место во свое време.
Исто.Еднаш сум сакала до сега и уште неможам да го заборавам Чудна работа никогаш нема да го сфатам тоа.Не е дека лесно ги освојувам,па затоа го губам интересот,едноставно незнам...Not interested
Годините не одредуваат кога ќе се заљубиш. Уживај си, биди со кој сакаш, сврти ги сите кои имаш желба да се твои, журкај се и крши срца После тоа друго ќе е.
и јас спаѓам во групава... незнам зошто ама многу тешко се заљубувам.т.е. сум била заљубена само еднаш а уште потешко се одљубувам