1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто ми е толку тешко да се заљубам?

Дискусија во 'Сингл' започната од StoryOfAGirl, 26 декември 2009.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас имам проблем и точно знам кој е. Се поставувам другарски и тоа во секоја врска. Наоѓам разбирање за се’, но никогаш не сум почувствувала вистинска љубов или поврзаност спрема некого. Е тоа е проблемот !!!
     
    На La.Reina.Del.Sur, miss-bootylicius и Blondydevil им се допаѓа ова.
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Леле и јас :( Никогаш ја немам почуствуваноо љубовта на моја кожа ....
    На почетокот ми се допаѓаа дечкото само но со тек на времето и тоа ми поминува,преминува во навика,но ониее вистинските чувства ги немаа ....... :(
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ако се вратам наназад , ќе ви кажам дека само двапати сум била вистински заљубена.
    Сето останато - купи ден,помини. Додека да го бакнам ,после губам интерес...
     
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Еднаш сум се заљубила и фала Богу со него сум...го сакам најмногу.
    Но како и се друго и ова треба да се причека за да дојде,
     
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Верувај, не е тешко да се заљубиш.
    Тоа доаѓа само од себе.
    И јас пред да се заљубам, важно ми беше само да знам дека жрвата е моја, и толку, после губев интерес, но ако се заљубиш, ќе видиш дека не е толку лесно да се одљубиш... :)
    Trust me, I know ;)
     
  6. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Леле и јас го имам истиот проблем
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Не е тешко да се заљубиш, само треба да ја најдеш правата личност. Кога ќе ја најдеш и ќе се заљубиш ќе сакаш се што е поврзано со неа :) И нема да биде така лесно да се одлљубиш, ќе ти фали кога нема да е тука.. Што е ваше ќе си дојде и нема да сакате да си оди никогаш ;)
     
  8. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    132
    Мислам дека знам што ми е проблемот,ама сепак не се решава туку така.Или барам совршенство,а тоа тешко дека ќе го добијам барем од типциве што сум имала шанса да ги запознаам,или тоа што тешко стекнувам доверба во некој па не дозволувам да ми се приближи,а може и тоа што се по кратко време ми се здосадува па и тој или пак што се плашам да ме повреди.Или се заедно со што кога читам вака може и не ни сакам да се заљубам зошто според мене не постои љубов кава што јас барам.А не помага ни фактот што си поставив високи критериуми и ретко кој би можел да ги исполни иако дефинитивно ако го најдам нема да биде со мене ќе биде со некоја друга совршена принцеза...i suck!!!!so it's totally my fault spending the rest of my miserable life all alone :fubar:
     
    На blue.jeans му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не, туку проблемот е многу поситен и порешлив отколку што мислиш, односно се’ што треба е да дозволиш да влезат дечковци во твојот живот без однапред да им ги поставиш критериумите...
    Aко однапред бираш што сакаш и бараш, влегуваш во загубена битка.
    Едноставно, дозволи им нив да покажат што умеат и знаат... Па од кај знаеш, можеби некој од нив ќе „понуди“ нешто подобро и од она што ти си го замислувала. ;)
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Се заљубуваш кога се опушташ доволно за на една личност и дозволиш да ти го скрши срцето, потајно во тебе не го очекуваш тоа ;)
     
  11. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Можам да го сакам под еден услов , да ги сакам неговите маани и неговите добри страни а тоа ретко кај кој можам .
     
  12. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    па и јас искрено тешко се заљубувам ама когаќе се заљубам знам да сакам мн искрено без лаги превари и слични раб ама па ако ми згреши нешто или ако ме повреди можам за брзо да не се ни сеќавам на него :D
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас многу тешко се заљубувам и за да дојде до тоа прво морам да расчистам некои работи со самата себе.
    Понекогаш многу се сомневам во луѓето и се плашам дека ќе бидам повредена, колку и да не сакам се сеќавам на некои случки од минатото и се плашам да не се случи истото...
    Но кога ќе се заљубам, тоа тешко ми поминува и трае долго време. :)
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    И мене ми е одкако се разочарав сега сеедно ми е мислам дека повеќе нема да се заљубам :o
     
  15. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Никогаш нема да се заљубам... ко шо ми тргнало . . . многу брзо ми поминува интересот, вака бре нема ни да се омажам
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Teшко ми е да се заљубам, затоа што не сум подготвена да му се отворам некому целосно. Кога ќе почувствувам дека некој е вреден за да го добие моето внимание, посветеност и љубов, кога некој ќе го заслужи сето тоа, кога во него ќе го најдам сето што ми е потребно а го немам, ќе се откажам и од овој живот ергенски :)
     
  17. EleonoraGomez

    EleonoraGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    3
    Не си единствена,и јас кога и да запознаам некој,или само ќе го засвиѓам,или заборавам на него :/
    Им се чудам на моите другарки,сите имаат некој во кој се заљубени а само јас несакам никој :(
     
  18. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Биди опуштена, што е твое ке си дојде, не се замарај :)
    Едноставно уживај. На светов имаш некоја половикна што е твоја. Ке си дојде со време, а со неа и чувствата :)
    Немора да значи еден ке најдеш и последен, но уживај во секој миг, флертувај, зезај се.. мажите сакаат такви особини кај жената :)
     
  19. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Како себеси да се слушам! Ќе ми се засвиѓа некој, ќе преземам нешто и оп! не ми се свиѓе веќе. Никогаш не сум била заљубена. Мислам дека потсвесно си мислиме дека никој не е доволно добар за нас или едноставно ни треба некој динамичен од кој нема да ни се здосади и повеќе ќе не предизвикува. Кај мене е проблемот што секогаш го гледам најдоброто во луѓето и кога ќе дознаам за нивната лоша страна се разочарувам.
     
  20. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    И јас сум иста,брзо го губам интересот, ама ако засакам неможам да се откажам па неможам...