Веројатно проблемот кај вас е во тоа што реално не знаете ни сами што всушност сакате, иако нема ниедна да се сложи со мене, ова сепак го имам забележано кај многу девојки
Браос шо си го немате тој проблем, има време за се, не брзајте не сте ко мене Јас во 3ца си сум заљубена!. аа има место и за уште.. Идајте кај мене ке ве научам како брзо лесно и едноставно да се заљубите.....Верувајте Интересно Ке Ви биде.
Значи сите коментари и мислења ги прочитав и можам комотно да речам дека СИТЕ СТЕ ВО ГОЛЕМА ЗАБЛУДА. Мешате два сосема различни поими, две сосема поинакви ситуации...едно е ЗАЉУБУВАЊЕ, а сосема друго е ЗАТРЕСКУВАЊЕ. Затрескувањето е тоа инстантно „вљубување“, тие искри што ги има на почетокот, таа хемија....НО, знаете зашто е сето тоа минливо? Бидејќи ние жените по природа сме големи фантазери. Уште во првиот момент кога ќе го здогледате дечкото, инстинктивно си правите во главата посебна слика за него, си го идеализирате за да ви се совпадне во идеалниот свет во вашата глава, односно со сите карактерни критериуми што си ги имате поставено ако ништо друго барем потсвесно. И сега, што се случува таа недела, две, до месец дена? Вие го осознавате човекот, неговите несовршености, маани и слабости, фактички ОТСТАПУВАЊЕТО од тој совршен дечко со кој сте го помешале во вашата глава. Е тоа е затрескувањето. Кога збориме за заљубувањето пак, е тоа е сосема поинаку...Како прво или сте доста добри во проценка на карактер (или сте надарени ете, со некои предвидувачки способности ) или пак едноставно сте имале голема среќа да не го смените мислењето за човекот и по неговото запознавање. Бидејќи како што гледам во темава сите зборите зашто одма се „одљубувате“ од типци што ги знаете многу кратко време....Епа дами, љубовта не може да ја осетите спрема личност што ја знаете толку малку...Треба да го запознаеш човекот доста добро, да ги знаеш сите негови добри и лоши страни, тоа е љубов, кога хемијата се спојува со емоциите и општо со заемното добро функционирање, почитта и разбирањето...Иако на повеќето ова ќе ви звучи многу lame и неинтересно бидејќи сите сте во потрага по некој мистериозен тип, на крајот на краиштата, сигурната љубов е таа што ќе ви остави белег на срце колку и да нејќете... Најскапоценото нешто е љубов створена од едно најобично пријателство
Имам 16 години и никогаш не сум се вљубила само онака ми се свиѓале. Незнам страв ми е да се заљубам зошто можеби ќе ме повреди, изневери т.н.
И подобро ќе ти биде да не се заљубуваш.Може подоцна да бидеш разочарана.Машкиве колку повеќе ги сакаш толку повеќе си ја креваат цената.Камо и јас тешко да се заљубував
исто и јас ама немај гајле или ќе го сретнеме г-дин "идеален" кој ќе ни го уништи стравот или ќе си останиме сами
Лесно се заљубив.... еднаш. Во моите 22 години, искрено само еднаш сум била вистински заљубена. Не сме веќе заедно, ама после него некако немам ни потреба да сакам некого, а тоа е толку тажно, знам.. Не дека не им давам шанса на луѓето, едноставно кога ќе видам дека се заинтересирани за мене, инстантно го губам интересот за нив, ако воопшто постоел на прво место... Ама што да правам, тоа е, не дека сакам да сум ваква никаква. Се надевам дека ова е само фаза и ќе најдам нова љубов. Т.е. се надевам дека ЌЕ САКАМ да најдам нова љубов.
За да се заљубиш не треба да се напрегаш и да се трудиш. Самите мисли ке ти бегаат накај таа личност, нозете ке ти чекорат во негов правец. Ќе се восхитуваш на секој кажан збор на секоја ситница и глупост што ќе ја направи ќе мислиш со денови. Едвај ќе чекаш да ти зазвони телефнот. Ќе ми простуваш и кога не треба. Ќе бидеш постојано во негова близина, а кога не си ке се проектираш со мислите во неговите раце. Кога си заљубен не ти е важно дали има 10 или 1000 денари во џебот. Не ти е важно дали носи најк или апостолки. Кога си заљубен си вистински среќен. Само тогаш си среќен затоа што си живо суштество. Тој кого ке го засакаш можеби во реалноста е спротивно на тоа што си го замислувала во 5то одделение. Тој во реалноста можеби или 1000 недостатоци, но за тебе е совршен. Тоа чувство не се бара, ќе те преплави и кога ќе сакаш да го избркаш.
Ми треба време за да се одљубам,зависи од личноста...А брзо не се заљубувам,досега сум за затрескувала 2 пати сум била заљубена премногу.Едниот е избришан,а 2иот сеуште е во моето срце.
Душо и јас сум ист случај, ми велат убава си ама скоро никогаш не ми приоѓаат. А и немам некоја потреба такви сењандуришта да м иприоѓаат, без општа култура. Подобро еден ама вреден
Незнам.. и јас сум таква Досега имав понуди за врски,мување...ми симнуваа ѕвезди од небо,а јас не засакав ниеден од нив. Пред две години се сакавме со еден(не се мувавме,баш ништо само се гледавме и толку) од генерацијата три месеци,после него никој не засакав и не засвиѓав. Во што е проблемот незнам.
Значи незнам зошто ама неможам да ве разберам... како е можно да не можете да се заљубите? и јас сакам да сум како вас.. а јас баш напротив сум..секогаш заљубена.. !! блазесиви вас.. да си ви кажам штом немаш љубов немаш проблеми.. ете тоа е тоа! Позз.. има време за се..
зоштоо? здраво дечки.. во последно време нешто ми се случува немам чуства..не сум заљубена и неможам да сакам зошто такаа? глупаво ми е имав дечко но му раскинав бидејки не го сакав т.е го засакав како другар помошш.. зошто ми е вака?
Можеби ти треба време да си дадеш на самата себе и да си фатиш дечко кога ти се чувствуваш спремна за тоа. Не е финтава само да имаш дечко до тебе, треба и да го сакаш, и да сакаш да бидиш со него. Не се чувствувај глупаво, се во свое време без брзање
Зошто после него ... ништо не е исто ? зошто после него неможам да најдам нормален човек кој ке го свиѓам .. а може и да се заљубам во него? зошто секогаш кога ке го видам .. ми се насолзуваат очите иако знаем дека пак е мој .. дека нема да биде нечив барем во градов ? зошто секоја споредба ја правам со него ? што се дешава со мене
Што е тоа љубов? поим немам! многу пати повредена, невозвратена љубов. Несреќна. Губење желба за нов почеток. Па и подобро е некогаш кога не се замараме. Она што е наше ќе си дојде !
Леле литл грл мислам дека се пронаоѓам самата себе во она што го имаш напишано.... Тоа е само затоа што многу го сакаш, и постојано мислиш на него, и постојано се убедуваш самата себе дека друг како него нема.Сега јас ти давам совети тебе, а токму јас минувам низ истиот период. Пробај да не мислиш на него.