И јас расмислував така како тебе, се додека не го најдов вистинскиот. Не грижи се животот е пред тебе. Ќе се појави некој многу подобар, запомни се се случува со причина.
Зошто ми е тешко?! Не ми е тешко, така делува на другите... Едноставно.. Затоа што не сакам да се заљубам.. Добро си ги контролирам емоциите до сега... ..се надевам и понатаму
@Dust @Vitaly Вие двајца, не се откажувајте туку така Лошите поглавја не значат дека цела приказна е лоша, јес итс клише, бат итс тру
Ама јас немам лоши поглавја Баш ми е убаво.. Само што не ми треба љубов во моментов, имам поприоритетни работи од љубовта Кога ќе ми треба, знам да се препуштам на емоциите
Не дека се откажав, ако се случи пак нека се случи ако е посилно од тоа во мене. Кажувам што чувствувам и баш ми одговара онака најнормално.
@Vitaly @Dust Одговорите ви се како еден за друг Шала на страна, сдк тоа не е нешто што туку така може да го контролирате и не треба, нити пак треба да се форсира, ама сакав да речам, не го избегнувајте кога ќе дојде на врата
Истото ми го кажаа барем 5-6 души. Но од каде да знам дека нема да ме повреди како првиот пат кога ќе дојде на врата? Па си велам и вака е добро не ми фали ништо, жив здрав до некаде, храна има, вода има, кров над глава има па зошто со сила пак да барам да доживувам иста болка? А ако е посилно од мене па нека се деси пак, нека боли пак, што друго да кажам.
@Vitaly Болело бидејќи не било она вистинското Чим те повредило, ондак било погрешно, зар не? Но, тоа не треба да те спречува, во иднина, да креваш заштитен ѕид или да ти биде страв да ги искажеш чувствата Јес да без истото се може, ама пак животот е далеку поубав со љубовта
@Summerlover Јас не реков дека ја избегнувам.. Само се дистанцирам за да не и дадам да затропа на врата Затоа што и без љубов, јас сум на 7мо небо.. ..имам јака дрога до мене
Така велиш дека си сега повреден.но кога ќе сретнеш некоја друга особа повторно ќе видеш дека не е се така црно во љубовта
Две години се немам заљубено во никој, иако веќе се сомневам дали и тоа беше вистинска љубов или само слепа заљубеност. Иако во овие две години како да ја барав љубовта со сила и се прашував зошто упорно не ме наоѓа, сега сум во некој период кога апсолутно не ми треба никој. Се сакам самата себе си, уживам потполно во свое друштво, што во моментот ми е најважно. Дури со текот на времето се си мислам дека сум створена да бидам сама, така подобро си се снаоѓам, и најискрено не ми требаат љубоболки ,сакам да си се посветам на други работи во животот, додека тој некој ќе го чувствувам како обврска/работа што треба да ја завршам. А тоа не е љубов, нели.
Аууу тешко мене. Ја прв пат дечко кога си фатив на 17год, се надевав со него ќе бидам до крај на животот, али ништо не бидна, одтогаш 5-6год више немам емоции иако имам излагано со др, исто така и со двајца па и со тројца но ништо .. Изгледа јас никогаш нема да се заљубам
Зошто девојки што ги знам се безобразни многу и скоро сите други бараат убавина а не добар човек и искрен