1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто (не) сакам да читам?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Паа...Зашто сакам.
    Од мала, предшколска возраст мајка ми ми земаше сликовници од библиотеката. Со нив се роди мојата љубов кон книгите. Се сеќавам дека првата книга која што ја прочитав беше во прво одделение, ја земав од школската библиотека и се вика „Касни - порасни“ :rofl: . Кога и’ седнав дома, ја прочитав, наредниот ден одма се вратив. Така читав многу книги, во библиотеката сите ме знае. :lol:
    Потоа се зачленив во градската затоа што бројот на книги во школската библиотека е многу мал.
    И никој не може да ме разбере дека сакам некои филозофски книги, а не „Хотели за кучиња“ или „Чарлиевата фарбрика за чоколади“...Како и да е. Имаше една библиотекарка која ми даваше супер книги, онакви какви што сакам, но сега ја нема на работа - причина, не знам.
    Значи, сакам да читам. Мислам дека така се надоградувам. Едноставно убаво ми е кога читам книга. Се релаксирам. Другарките не ми веруваат, ама стварно, јас кога сум изморена со книга се одмарам.

    Хм...Не знам дали ви кажав некоја причина поради која сакам да читам книги, но тука уствари нема причина. Едноставно љубовта кон книгите си го прави своето. :)
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Затоа што ништо не е толку убаво и привлечно, како мирисот на стари пожолтени листови од книгата постара од самиот ти. :)
    Ги читам коментарите на феминките низ групава и од тие што ми паднаа во око сите читаат од рана возраст. Епа јас започнав пред 14 години отприлика. Претходно се задоволив со неколку лектири, затоа што ниту тоа не читав, и по некоја книга на страна.
    Некаде околу четврто, многу пати ја прочитав книгата за Александар Македонски и уште една, ама навистина не ми текнува насловот. Таа ја читав буквално од ново на ново, и никако да ја дочитам. По 10 пати истиот дел.
    Љубовта ми е од мајка ми. Дома имав голема библиотека во собата, една кај мене, една кај сестра ми, ама отиде во подрум. Како мала омилена игра ми беше библиотекарка. Кога ја отворив пред 1 година Клетници (поточно книга со извадоци од Клетници) од внатре падна ливче на кое пишуваше наслов, автор и демек кој ја земал, кога ја вратил. :D
    Имам желба кога ќе имам свој стан, и доволно финансии да имаат посебна соба, со мека удобна фотеља, камин, и редови, редови книги. Такви стари, што мирисаат и ти ја будат фантазијата. :)
     
  3. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Читам нон стоп книги.Кога беф помала не можев да се замислам да читам книга која не ми е з ана училиште.Но потоа некако зависна станав од книгите..Ми го поплнуваат слободното време,наместо да седам пред компјутер си ја земам книгата и читам,пред спиење обожавам да читам.Читам секакви книги.Немам некој омилен стил.
     
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    и јас не сум за читање книги ... се разочарувам после кога ке гледам ФИЛМ направена после книгата...
    па така си ги скратувам маките за да не му се мислам мнн мннн и да му се нервирамм :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Навистина неможам да ги разберам луѓето кои не читаат книги. Имам некои другарки такви,абе пари да им даваш нема шанси. Залудно потрошено време. |(
    Глупости. Кај се разбираат они од воена музика... :lol:

    Шала настрана. Обожавам да читам,исто како и многу други верни љубители на пишаниот збор се пронаоѓам себеси во книгите. Радо би потрошила цела вечер со книга отколку да излегувам и демек best night last night in bla bla.. |( . Ги сакам книгите. Не читам се,одбирам,но сепак ги обожавам. Сакам да разговарам со луѓе кои читаат и многу ги почитувам истите. Секогаш запишувам добри мисли од книгата и секогаш ми потребувале истите. Си го збогатувам речникот,знам подобро да се изразам,не се губам како невиност на ексурзија.

    Лани и годинава,како и неколку наредни,си го сватив факултетот сериозно и немав време баш за книга. Понекогаш не ни сакам бидејќи знам дека ќе и посветам време на книгата,а имам друга задача. Не би се откажала од книгите никогаш. :)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ме порасна човек кој отсекогаш велел - Книгата никогаш не губи од вредноста.
    Јас никогаш немам фрлено или продадено книга, дури и да е учебник. Дома имаме домашна библиотека која татко ми ја градел низ годините. Од пред некоја година и јас земав учество во нејзиното надоградување. Покрај лектирите, читав книги соодветни на мојата возраст кои татко ми ги даваше.
    Денес, читањето за мене е бегство од реалноста, потонување во друг свет, активирање на имагинацијата и фантазијата при креирањето на ликовите и настаните. Читањето никогаш не може да биде залудно потрошено време, туку само збогатување на речникот, едуцирање и релаксирање од секојдневните обврски.
     
    На Annath, richgirl998 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Порано многу повеќе читав. Знам како дете колку пати ги прочитав приказните на Браќата Грим. И ден денес на некои од нив се сеќавам од збор до збор. Моите дома имаат огромна колекција на книги, па како дете постојано нешто читав.

    Кога завршив средно, се запишав на еден од техничките факултети и така со тек на време наместо книжевни дела почнав да читам техничка литература. Денес можам да кажам дека мојата страст кон техничката литература преволадува над книжевната литература. Од стандардните жанрови на литература најчесто читам криминалистички романи и научна фантастика. И јас го обожавам мирисот на книгите и хартијата, и мислам дека тоа е главната причина зошто и покрај тоа што иако мојата литература најчесто е достапна и во електронска верзија се уште обожавам ако ништо друго барем да ја испринтам па така да ја читам. :)
     
  8. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Најмногу од се сакам да читам.Читам зашто тоа ме носи во некој сосема поинкаво свет,си создавам слики и претстави,си создавам ликови и праам цели филмови.Буквално тие час два сум како во некој сосема друг свет.Од секогаш читав.Уште од многу мала уште пред да почнам со школо мајка ми ги земаше од библиотека Хајди скоро сите делови и ги имав сите исчитано.Уживам кога читам .Тоа е мое време во кое целосно се предавам на книгата.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.400
    Допаѓања:
    200.908
    Пол:
    Женски
    Научив да читам уште пред да тргнам на училиште, со помош на дедо ми и книгите „Сакам да читам“ и „Сакам да пишувам“. И тогаш како да открив цел нов свет за кој знаев дека постои, ама немав поим каков е. Откако знам за себе, моите купуваа книги, татко ми добар дел од платата на времето даваше за збогатување на домашната библиотека. И мене ми ја всади таа навика - колку само книги сум купила додека студирав - парите наместо за јадење ги давав за добра книга.

    Во основно училиште прочитав се' што можев да дофатам по дома така малечка, најчесто книги на српскохрватски - не разбирав на почетокот, но затоа перфектно го научив јазикот, сосе падежи и останата граматика. Така и со англискиот јазик уште во средно, па сега се токмам да почнам да читам на француски, кога ќе најдам малку време.

    Старата библиотека во Охрид беше поделена на дел за деца и дел за возрасни - во делот за возрасни се преминуваше кога почнуваш средно (најмногу поради книгите за лектира). Јас успеав да прочитам се' живо (добро, не баш се', ама најголем дел) од детскиот оддел и во петто одд. пробав да се запишам кај возрасните. Успеав кога татко ми дојде со мене, инаку не ме пуштаа ни под разно.
    Денес, не ми се допаѓа библиотеката - ми фалеше шетањето по рафтови и бирањето книги - како може некој што не ме познава да знае што би сакала јас да читам?! Овде во Скопје допрва планирам да се зачленувам, само малиов да потпорасне малку. Не сакам да купувам книги поради ужасните и нелекторирани преводи, мене книгата не ми значи ако е ужасно преведена.

    Сакам да читам и да учам нови работи и јазици, да си го збогатувам речникот и да откривам нови светови. Ги обожавам делата на старите мајстори на пишаниот збор со кои прв контакт ми беше преку лектирите во средно. Сакам класици, сакам историски книги. Никој од современиве автори не ми оставил огромен впечаток, освен можеби Умберто Еко - за него со право можам да речам дека е генијален.

    И малку офтопик - Марамке, зошто сте морале да ги фрлите книгите? :(
     
    На Theodora, LivingGlam и sesilija им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.885
    Допаѓања:
    25.951
    Внука сум на еден од првите професори по македонски јазик и литература во Македонија, и можете да замислите во каква средина израснав. Дедо, ме научи да читам кога имав 5 години и од тогаш цело време ми купуваше книги соодветни за возраста. Обожавав да одам во неговата огромна библиотека и да шетам со саати меѓу книгите, да ги редам и прередувам, па бев и билиотекарка и на сите книги им имав ставено дати кога сум ги прочитала. Ме воодушевуваше тој простор на стари книги а во средина маса и стара машина за чукање на која дедо пишуваше.
    Секако дека ми ја пренесе љубовта кон читањето и кон купувањето книги. Обожавам да купувам книги, да давам книги како подарок, да добивам книги на подарок. И така сега имам куп собрани книги кои немам каде да ги сместам, и затоа во план ми е целата соба да ја направам со полици и да имам цел ѕид со книги. Или со брат ми се договараме дневната да ја претвориме во библиотека , со полици и книги од сите страни, а во средина да има само кауч масичка и ламба. И ке ја оствариме желбава, не ни треба дневна :D
    Така што да, обожавам да читам и да купувам книги. Едноставно ми помагаат да избегам од реалноста и да се преродам во некој друг свет.
     
    На Acerola, Annath, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  11. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Зошто сакам да читам?
    Па има повеќе причина,прво бидејки со читање барем на момент се отргнувам од реалноста и завлегувам во онај пишан свет,второ бидејки сум многу љубопитна и сакам да дознавам нови и нови работи,потоа бидејки мајками е голем љубител на книги и уште како многу мала сум ја гледала како чита книги,бидејки дома имам голема домашна библиотека на која едноставно не можам да одолеам,бидејки ја сакам психологијата и со тоа и да читам психолошки книги иако сум малце мала за нив...
    Има милјарди причини зошто сакам да читам а ниедна зошто не сакам да читам и никогаш не ми стана јасно како на човек можат да му бидат досадни и глупи книгите,онај пишан свет,она едниство од реалното и имагинарното :)
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Освен што читањето книги го збогатува речникот и помага за поубав,покултурен,побогат разговор,читам затоа што книгите ме опуштаат.На момент се исклучувам од се и моите мисли се насочени само во приказната која што ја читам.Си создавам слика во главата и си ги замислувам ликовите.Јас сум љубител на љубовни книги,љубовни приказни кои ме прават да се чувствувам многу убаво одпосле,полна со љубов,со енергија.Книги кои ми оставиле впечаток се:Од Спаркс-Одлука,На прв поглед,Страници на нашата љубов,потоа Пет дена во Париз од Даниела Стил,Затоа што те љубам од Мисо,П.С. Те сакам од Сесилија,сите 4 дела Самрак од Стефани Маер,Скрупули (стари книги кои ги имам читано на српски јазик) од Џудит Крантц,сите 3 дела Принцезата Султана.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сакам да читам затоа што на тој начин го збогатувам речникот. Сакам убаво да се изразувам, а книгите за таа цел се навистина незаменливи.
    Книгите за мене се и бегство од реалноста. За неколку часа да си го одмориш мозокот од она што се случува околу нас, да откриеш нови светови, нови ликови и карактери. На пример, многу повеќе сакам да читам книга, отколку да гледам филм. Така самата си создавам слики, детали, и ми е многу поинтересно.
    Во секој случај, многу ги сакам книгите. :)
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Затоа што сакам.Од книгите дознавам нови работи и заборавам на проблемите додека читам,тоа ми е најважно.
    [​IMG] - Нешто преубаво кое на сите ни е потребно!
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Читам од многу малечка. Сама научив да читам и пишувам, се зачленив во градската библиотека во мојот град и оттогаш па натаму секоја година си го обновувам членството таму. Уживам во минутите кои ги поминувам меѓу полиците со книги, најчесто не барам книга од библиотекарката, туку се нурнувам, душкам, читам на задните корици од книгите и ако ме занема подолго, се довлечкува некоја од тетките по мене да ме праша што ми треба и да ми помогне во изборот, а не знае дека јас намерно го одолговлекувам моето присуство таму. Партибрејќерки бе :D
    Во текот на моето студирање имав неколку годишна стагнација, бидејќи обврските околу факултетот си го направија своето, меѓутоа сега се трудам да надокнадам колку-толку.
    Читањето отсекогаш ме исполнувало, ја продлабочува мојата мисла, аспектите на согледување на повеќето работи во животот, ми дава прибежиште од она кое што претставува реален живот,(а кое што во последно време едноставно sucks),па така јас одбирам книга и се одморам од ништожни и заморни луѓе и луѓенца и слични ми ти форми на истите :D
    Ме чудат креатури кои не можат да ја разберат големината и значењето на читањето.
    Во средно ме среќава мојата комшивка од 5ти како листам книга дури се качувам по скали и со потсмешлив тон ми вели- Ти па Тенна, почна и по влез да читаш- :^)
    А не дека не ја разбирам жената. Па нејзината ќерка има само основно образование во 21 век. За нив книгите,се истото што за мене нуклеарна физика или како и да се вика чудото :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам бидејќи книгите ми го исполнуваат животот и многу нешта учам од книгите .
     
  17. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Прво затоа што сум радознала и сакам да знам што ке се случи понатаму ... :$ Пота затоа што преку книгата си го релаксирам умот , и ја вадам целата нервоза ;) И некогаш од досада |-)
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Мислам дека ми е вродена љубовта кон книгите. Уште како мала ги сакав без некоја посебна причина. Премногу бев мала за да читам или за да сакам да знам што пишува внатре или што се случува во приказната. Секој ден се пикав во полицата (ме собираше, па можите да замислите колку бев малечка) и ги разгледував. Немаа слики. Ги гледав буквите, ги допирав, ги мирисав. Знаев да седам пред татко ми и да го гледам како чита во себе, како ги врти листовите. За мене тоа беше голем настан. Им се воодушевував. И ден денес така им пристапувам на книгите. Сеуште за мене читањето е голем настан.
    Подоцна кога научив да читам влегував во некој друг свет, се соживував и не сакав книгите да ги враќам во библиотека. Ги криев, на мајка ми и велев дека сум ја загубила, само за да не се разделам од книгата. Мајка ми секогаш ми велеше „Врати ја ќе ти ја купиме истата“. Јас секогаш велев „Нема да биди истата, јас ја сакам оваа. Таа ќе биди некоја друга книга, не мојата.“ Се приврзував многу за книгите.
    Седев до касно навечер, додека моите мислеа дека спијам и гледаа телевизија во дневната, јас се доближував до вратата и на таа минимална светлина читав.
    Сега читам постојано, секаде, додека седам на форумот паралелно си читкам, во автобус, на факултет, на кафе, во парк.
    Сон ми е да се најдам во некоја од оние стари, домашни, огромни библиотеки, со ѕидови од книги, празни, само една работна маса и удобно столче на средина и магичен мирис на стара хартија. :l:
     
    На Annath и crazylady им се допаѓа ова.
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Јас читам уште пред да тргнам на училиште, ги сакам, не не не ги сакам ги обожавам книгите, едно прекрасно искуство коеможат да го пружат само тие, сакам да читам и секогаш ќе сакам, од причина што кога читам се внесувам во книгата и не мислам на ништо друго, се изолирам од се и заборавам на се. Најмногу сакам да читам кога имам некој проблем затоа што на тој начин се исклучувам и го заборавам проблемот, потоа се смирувам и веќе подобро ми е, се внесувам во светот кој го нуди самата книга и навистина се соживувам си претставувам слика пред мене како тоа всушност би изгледало, многу повеќе сакам да читам отколку да гледам филм.
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Јас не се вљубив во книгите од прв поглед, не ги сакав. :)

    Научив да читам доста пред другите ( по огромниот вложен труд од страна на мајка ми :bow: ), го имав секој број од Ени Мени Сени и Решко, а секој први од месецот ми земаа нова басна + боенка. ( кои радостии беа само :D ). Ги сакав крстословките во списанијата, но мразев да читам. Кога требаше да прочитам нешто на врсниците од градинка ми се создаваше ужасна мачнина, се чувствував како виновник, одвоен од толпата, пратен на каменување. :|

    За да го искоренам тоа чувство на слабост забраздив по книги, преценувајќи ги своите способности. Летотот пред 1во од домашната библиотека на потфат ми дојде "Хајди", ми одеше бавно па домашните ми ја читаа секоја вечер пред заспивање. :) Знам дека премногу се сочувствував со Клара, ме облија емоции исто како и сега да земам да ја читам, некако таа книга ми го отвори тој свет, тие хоризонти..

    Во прво бев зачленета во училишната библиотека. Кутрата имаше ептен лош избор на книги ( претежно фантазии, митови и неповрзани настани) а јас упорно ги туркав низ главата, не оставајќи ги недочитани и обвинувајќи се за мојата одбивност кон нив.

    Како течеа годините поминував се на потешко.Некаде трето ја почнавОливер Твист и се престрашив од содржината а од Калеш Анѓа не разбирав ниту збор ко сосема туѓ јазик да читав... Детенце малечко :rofl:

    До сега поминав низ многу дејства, настани, воодушевувања, плачки и игри со книгите, но не ми претставува задоволство да читам. Ве уверувам дека ги впивам сите зборови, брзо, континуирано, обземено... но не сум стрпелива.. Би сакала да можев веќе да ги имам прочитано сите оние што сега ми се на ум, да ги знам тие работи на кои ќе ме научат, или барем времето да ме почека додека ги читам. Не сакам да пропуштам нешто поинтересно :D .