Сакам да читам затоа што ги отворам вратите на еден неоткриен, нов свет. Го збогатувам речникот и фантазијата. Сакам онака, да легнам на кревет, до мене некој фин пијалок и убава книга. И тогаш се губам на некое време. Тонам во некој свет на имагинација, каде и неможното е возможно. Се околу мене е сосем неважно, важни се само начкртаните црни буквички. Не, не сакам да читам, јас обожавам да читам.
Сакам да читам многу, али досега бев зафатена и од тие причини неможев, но сега летниот период се надевам ќе прочитам многу,.. инаку имам прочитано доста многу книги
Сакам да читам затоа што си ја тепам досадата , си го збогатувам мојот речник и дознавам нешто плус. Секогаш од книгите го влечам она што е најпозитивно и ја влечам пораката на авторот. Никогаш не ми останува како спомен од читањето тоа што е негативно и сл. Иначе не сакам да читам затоа што ме мрзи и затоа што немам многу време за тоа. Сега на распустов како и да е ќе читнам нешто
Зошто секоја книга носи некоја скреина нова порака, а јас сакам да учам нови пораки кои ќе ми помогнат во животов.
Може е клише, но стварно бегам од реалноста кога читам, бидејќи се исклучувам од светот околу мене, заборавам и на добро и лошо и си живеам во тој од книгата, плус никогаш не ми е досадно и исполнето ми е времето со нешто што знам дека е корисно.
Премногу читам едноставно ми влегло во навика...сакам да читам затоа што си го збогатувам фонтот и дознавам многу нови работи.
Најдов нешто интересно, па сметав дека би било најсоодветно на оваа тема: http://www.idividi.com.mk/stil/woman/818367/index.html Отворете и прочитајте, мене баш ми се допадна
Затоа што кога читам целосно се исклучувам од реалниот свет. и живеам во едно друго време каде што секогаш јас сум главната улога Кое чуство е тоа ...не се опишува
Сакам да читам бидејќи во скоро секој книга пронаоѓам еден дел од мојот живот! Книгата е мојот најдобар другар.
Затоа што ми помага да заборавам на своите проблеми, ме опушта и ми овозможува да влезам во еден свет каде знам дека секој проблем ќе се среди и каде работите „ќе си легнат“ на своето место
Затоа што ме смирува,затоа што ми помага да избегам од реалноста,го збогатувам речникот,учам нови нешта.
Читам ако морам, или ако ептен ме заинтересирало нешто. Не дека не сакам,но очигледно немам доволно желба. Бидејќи многу пати кога сум зела да читам после 3 страни заспивам-и тоа секогаш. Дефинитивно јас читањето можам да го користам како лек за заспивање. ама затоа мама и дадичка не заспиваат додека не дочитаат. поготово сестра ми-луда е по книги.
Едноставно сакам да читам зашто самата книга ме поттикнува.. Со прочитаната книга се осеќаш нахрането, со искуства и поуки кои на друг начин не можат да се доловат..
Обожавам да читам. Едноставно ме релаксира, како да си во друг свет и било која книга да ја читаш. Многу сакам.
Обожавам да читам.Секој ден сум над некоја книга и тоа не претставува за мене губење време,туку уживанција и опуштање.Најмногу читам љубовни и авантуристички романи.Тие ми се омилени и кога ги читам се внесувам во самата книга и се заборавам.
Не читам, не можам, немам навика, а искрено и не сакам. Само ептен ако морам читам и тоа лектири за во школо ништо друго. Ќе кажете мрза, глупава... ама кога нешто човек не сака, не сака.