Сакам да читам бидејќи ме опушта и бидејќи со секоја прочитана книга учиме нови работи и сме интелектуално побогати.
... Сакам да читам затоа што ... тоа за мене е слатко задоволство кое ме исполнува и дополнува индивидуално и интелектуално ,ме носи во друга димензија и други светови ...
Затоа што ме смирува, ме носи во сосем друг свет. Обожувам книги и знам често да се најдам во ситуација малку да го запоставам учењето само за да прочитам нова книга . Сон ми е да имам домашна голема библиотека
имам мини библиотекичка дома ... само со книги што мии се допаѓаат , се надевам дека со текот на времето ќе имам гооолема библиотека ... Книгите ме исполнуваат и ме прават посреќна личност !!!
Секогаш,скоро секој ден читам книги.И веднаш штом ја прочитам едната купувам друга.Ме релаксираат и прават да се чувствувам како да сум во некој друг свет.Можам да кажам дека имаме средна библиотека дома.Читањето ни е наследно.И мама и јас обожаваме да читаме и често си позајмуваме книги. Мојата другарка порано не сакаше да чита книги.Но кога виде како на мене ми се појасни некои работи и како знам нови убави зборчиња почна и таа.Не сака да признае дека почнала да чита,ама кога бев кај неа видов 2/3 книгички под кревет
Ако ми барате причина зошто читам, не знам. Читам од кога знам за себе. Многу порано од прво одделение, благодарение на брат ми. Кога ќе ме прашате зошто читам е како да ме прашувате зошто дишам: Зошто не знам за поинаку и само така ќе го протуркам денот. Книгите ми се една од ретките константни, вистински љубови во животов. Не сакам чик-лит, ме заморуваат, ми го губат времето, просто не ги можам. Сакам книги кои ми влегуваат во мене, во мислите. Сакам книгата не да ме релаксира, туку да ме промени, да ми покаже друг свет, друго видување на константата околу мене. Сакам книгата да ја почувствувам, да ги опипам ликовите, да сонувам со нив. Само тогаш имам мир. Зошто навистина не знам за поинаку и навистина не сакам да знам.
Сакам да читам книги, бидејќи ме релаксираат, ме опуштаат,ми помагаат да се одалечам од секојдневието
Во последно време сакам да читам книги и тоа многу. Ме оддалечуваат од реалноста, заборавам на проблемите и живеам во светот на книгата. А го сакам и мирисот на книга.
Сакам да читам книги зошто така се релаксирам, се чувствувам поисполнето, повеќе можам да научам и секако да избегам на кратко од реалноста. Постојано читам дури сакам да прочитам што е можно повеќе книги за време на летниот распуст зошто единствено само тогаш имам време да читам. Тогаш ги читам книгите многу брзо за три дена, книгата сум ја прочитала и веднаш одам повторно во библиотека да земам друга, некоја нова. А па со библиотекарката станавме ко другарки, кога се гледаме на секој трет ден.. .. Лектирите ги читам во текот на учебната година а пак за време на летото читам други книги зошто сакам да имам прочитано што е можно повеќе.. Тоа ме прави среќна Иначе не читам книги кои имаат досаден почеток. Впрочем ако не ми се допадне почетокот не ја читам, веднаш земам друга
Сакам да читам зашто ми го одмора умот од што и да ме мачи. За момент се селам на непознати локации, патувам назад низ времето, и што ќе видам 3 часа сум поминала далеку од сегашноста, а не сум се ни поместила од креветот. Читам зашто сметам дека ми треба одмор од онаа стручна литература што ја читам на факултет, а од друга страна, одмор од таа литература не треба да биде стискање на пауза. Никогаш не треба да престане да се чита, зашто тоа е вежба за мозокот, а воедно и можност за лично надградување на сопствениот речник. Читам за да знам да гугнам нешто кога луѓето околу мене дискутираат за геј-бракови или за полова дискриминација, а не само да кажам дека Тоа мене не ме засега, за мене тоа се глупости и да си направам балонче од гумата за жвакање.
Читам секогаш кога имам слободно време,ме исполнува а и воедно го збогатувам мојот речник со се попаметни работи...Читањето на книгите многу влијае и врз однесувањето,зброувањето,почитувањето..едноставно учиме позитивно работи од книгите...Можеме да ги согледаме и негативните и позитивните страни во светот,на една личност..
обожавам да читам бидејќи ме смирува и ме оддалечува од реалноста,најчесто бегам али и го доживувам тој свет.
За да можам да опстанам,да не полудам.Кога ми е тешко,се вовлекувам до тајниот свет на лиетаратурата (во последно време на бестселерите) и се реобновувам.Талкам низ страниците во потрага по среќа,волја за живот.Ме исполнуваат,ме прават да се чуствувам поубаво.Ми помагаат.Ги обожавам книгите,и многу сум и благодарна. Посебно на некои кои успеале да ме препородат.Тие се единствените кои ми даваат утеха во моментите на слабост,затоа што луѓето се толку злобни што никогаш,и никој нема искрено да ти даде утеха,потпора.
Читав книги само за во школо кои ми беа задолжителни, колку да добијам повисока оцена. Инаку воопшто не сакам да читам книги. Подобро би изгледала еден филм отколку да читам книга.
Сакам да читам, ама никогаш не читам тоа што морам туку тоа што сакам. Книгите едноставно ми будат повеќе емоции од филмовите, на пример.