Јас обожавам книги,додека помалку претпочитам да седам пред компјутер или гледам филм... Книгата е најдобриот пријател на човекот..кога сум тажна или слично,едноставно да земам книга в раце и како да сум во друг свет,се сочувствувам со книгата,како и јас да сум дел од ликовите во неа..можеби не е баш карактеристично за моја возраст да велам КНИГАТА,а не КОМПЈУТЕРОТ или пак ФИЛМОТ. Гледам филмови ова-она,компјутер и сите тие работи..ама не е то то..ништо не може да ја замени книгата...јас така мислам
Затоа што книгата е најскапоцен подарок некогаш даден.Исполнета со приказни кои не оддалечуваат од реалност барем за момент,а кои не внесуваат во свет на имагинација.Сакам да читам бидејќи секој прочитан збор ми го збогатува речникот на различен начин,а секоја реченица е ме научува по нешто,без разлика добро или лошо. Сакам да читам,а исто толку сакам и да дискутирам за прочитаното,да разменам мислење,да развијам дискусија.
Сакам да читам. Има премногу причини. Едноставно сакам да се внесам во светот кој ни го претставува писателот. Сакам да си создадам свои филмчина низ главата. Сакам да ги замислувам главните ликови јас. Сакам да читам бидејќи знам дек правилно и убаво сум си го употребила слободното време. Бидејќи за време на учебна година имам многу за учење а премалко време за слободни активности, навистина ги ценам моментите кога можам да си легнам и да читам книга. Сакам да читам книги бидејќи во нив секогаш има среќен крај. Секој лик колку и да е изгубен, осамен пронајдува некој кој ќе го цени и сака. Сакам да верувам во тоа. Сакам да верувам дека тоа ќе ми се случи и мене. Го сакам секој заплет. Секој романтичен момент. Секој афоризам. Секое лично размислување на некој лик. Секој опис. Секоја кулминација. Секој расплет. Се. Секоја прочитана книга ми остава впечаток. Секоја книга се врежува во мене. Секој цитат го запишувам. Кога читам знам дека го збогатувам својот речник и се изградувам себе си како личност. Книгите, посебно оние прочитаните како да ме прават да се чувстувам посамоуверено.
Под прашањето зошто сакам да читам, можам да напишам илјада ако не и две илјади зборови... но зошто кога можам да објаснам со една реченица. Сакам да читам, зошто тоа ми помага да побегнам од реалноста која и не е секогаш Д БЕСТ ... хахахаха
Сакам да читам бидејќи ме освежува, учам нешто ново, убава е за тепање време, нови зборови, внесување во некој свет што го замислуваме со нашата имагинација и се доградуваме, зголемен фонд,нови теми за разговор, па уште ако е во комбинација со шоља чај додека надвор врне уфффф
Започнав да читам првенствено сликовници,бајки уште од 6 годиники,и од тогаш па натаму во слободно време секогаш читам. Бегам од реалноста и живеам во еден сосема поинаков свет од овој.
Јас сакам да читам книги но некако повеќе ги сакам љубовните. Како„Девојката со зелени очи“лелел бе луѓе се заљубив во книгава . Мразам да читам кога некој ме тера да читам и тоа да биди некоја глупа книга ццц... . Затоа многу се нервирам,ама кога ќе седнам да читам никоја интересна како да сум во некој друг свет.
Многу сакааам да читам книги зошто е преубаво чувството!! ах ама мразам коа немам време од учење и такви некои активности па ќе ја оставам недочитана книгата ..
Книгата е моето бегство од реалниот свет. Кога читам книга се опуштам,но истовремено и уживам. Читам од кога сум ги научила буквите. Дури ме има на касети, како сите деца си играат а јас седната во ќош и внесена во некоја сликовница, книга или нешто што ми дошло при рака. Книгата е мој најдобар пријател.
Сакам да читам затоа што кога читам, особено новели, си го споредувам мојот живот, мојот начин на живеење, моите мисли, мојот начин на однесување, донесување одлуки, размислување во даден момент и слично за разлика со ликовите. Освен тоа, читам за да збогатам речник, да научам нешто ново, да изгубам време во корисно нешто, забавно е, интересно е...се внесувам..
Затоа што јас се соживувам со ликовите од книгите и бидејќи мојата омилена игра се вика: How many chapters can I read in one night
Сакам да читам... И тоа многу!!! Додека читам една книга обавезно мора на шкафчето да стои следната книга за читање!!! Ако немам резервна книга „ме фаќа паника“!!! Ова некако како зависност личи !!! Но, ако непрочитам нешто во денот, па макар и пред спиење, чувствувам дека нешто ми „фали“ !!!
За жал не сум од оние кои се вљубеници во пишаниот збор. Не сакам да читам бидејќи и во основно и во средно училиште имав наставничка и професорка кои ми ги згадија книгите за цел живот. Сурови суштества кои само те форсираат и форсираат и никогаш не се задоволни од твојот резултат. Те навредуваат суптилно или директно, само даваат повеќе и повеќе за читање, а потоа се задржуваат на непотребните детали, без осврнување кон суштината и идејата на книгата. Напорни и стресни ми беа нивните часови и иако ми предаваа по 2 години (во средно дури три професори ми се сменија по македонски), успеаја да ми создадат аверзија кон читањето. Но македонски јазик секогаш имав одлична оцена и писмените работи ми беа меѓу најдобрите. Од друга страна, кога ќе седнам да читам - веднаш заспивам. Ова често ми се случувало дури и кога ќе седнам пред учебник. Не знам, ме заморуваат буквите, ме заболуваат очи, почнува глава да ме боли. Можеби на сугестивна основа, не знам. Па уште кога ќе видам огромно книгиште... Веднаш губам желба. Од трета страна, иако сакав да се запишам на англиски јазик, преведувач и толкувач, сепак се одлучив за сосема друг факултет. Таму си се изначитав стручна литература и наставата беше толку интензивна (се работи за природни науки), што немав време ни да учам, па не да седнам и да читам рекреативно. Кога на тоа ќе се додаде редовното работење преку лето и инцидентното работење во текот на годината - немав време за книга. Никогаш не се пронајдов во ниту еден жанр, ниту еден писател, ништо... Се нервирам затоа што кога ќе седнам било што да прочитам, го паметам само за кратко. Потоа заборавам. Можеби е тоа една од причините зошто не сакам да читам. Не сакам да читам книга која потоа нема ни да се сеќавам што ми понудила. Ми изгледа како залудно потрошено време. Се надевам дека грешам и имам голема надеж дека еден ден ќе ми се роди љубов кон читањето, затоа што мислам дека за некои работи во животот никогаш не е доцна, а сметам дека ова е една од нив. Ова не значи дека буквално ништо не сум се обидела на оваа тема: една од поубавите книги кои сум ги прочитала во животот, без да ми биде наметната од професор, е на Јован Дучиќ - „Благо цара Радована“ и таму ги прочитав најубавите мисли. (Едно извинување за долгиот пост, мислам дека не можев на покус начин да се искажам. )
Сакам да читам бидејќи неспоредливо е чувството на релаксација, преминување и внесување од секојдневната реалност во нова добра приказна. Кога фантазијата те носи на местото на случувањата, за кое си создаваш целосна слика како и ти да се наоѓаш таму, внесувањето во чувствата на ликовите и желбата да им дадеш некаков совет кога би биле пред тебе. Ги сакам и моментите на двоумење меѓу искушението да ѕирнеш на некоја од крајните страници од љубопитност и желбата да ја продолжиш неизвесноста до крај...