Сaкaм дaчитaм. Нo нaјверoјaтнo не ги пoгoдувaм пo вкус. Читaм дo пoлa и oстaвaм сo причинa не ми е интереснa.
Сакам да читам бидејќи со книгата патувам на места кои немам можност да ги посетам, се соживувам со ликовите, се ставам во нивна улога, и така. Убаво ми е кога сум сама, со добра книга во рака, која откако ќе ја прочитам, ме остава да размислувам за нови светови, подобри времиња, времиња во кои живеат херои.
Сакам да читам. Пред мене се отвара нов свет. Од книгите може да се извлечат важни поуки. Го збогатуваат речникот.
Сакам да читам бидејќи тоа ме опушта и едноставно уживам во тоа ... ги замислувам ликовите како разговараат , дејствуваат пред мене едноставно се внесувам
Сакам да читам бидејќи така сум научен од најмали години. Морам да се држам до тој столб. Да отворам хоризонти, да го држам умот зафатен со нешто што те само надградува како личност.
За разлика од повеќето луѓе кои започнале да читаат од рана возраст, јас не секогаш ја имав таа страст кон пишаниот збор. Книгите ги гледав како училишна обврска која беше неопходна да се исполни и нетрпеливо ги броев страниците додека да стигнам до крајот на самата книга. Но, со текот на времето се сменив. Ако тогаш сум чувствувала одбивност да читам, сега постојано сум покрај рафтовите со книги по маркетиве или во библиотека, и со душа чекам да имам слободно време за да се изгубам во свој свет и во длабочината која ја нуди книгата. Понекогаш намерно полека читам затоа што лесно за приврзувам и после ми е тешко кога ќе ја завршам, иако е само предмет. Затоа можам да кажам дека сакам да читам книги затоа што во нив пронаоѓам мир, инспирација, си дозволувам да се соживувам и да ги анализирам ликовите. Освен тоа, со секое читање го издигнувам својот речник на едно повисоко скалило. Пишаниот збор ми овозможува да се изгубам од суровиот свет во кој живеам и да ги пронајдам оние нешта кои ретко се наоѓаат во реалноста.
Веќе со години читам книги и нема ништо поубаво од тоа да читам книги. Некако ме релаксираат книгите, потонувам во тој свет којшто е запишан во книгата. Се задлабочувам во нив и се исклучувам од реалниот свет додека читам и се околу мене исченува. И за крај можам да кажам дека книгите ми се најдобри пријатели.
Сакам да читам затоа што тоа ми е еден начин да избегам од реалноста и да влезам во мој свет. Како балон во кој сум јас и приказната која се прикажува во мојата глава.
Сакам да читам за да си го занимавам мозокот, да го одржам вокабуларот на ниво, да не ми закржлават странските јазици, да дојдам до некое сознание или да ги обновам старите. Не сакам да читам затоа што ми одзема време за кое ми е мака што не сум го искористила некаде надвор, повеќето нешта кои ги среќавам во книгите се непрактични и оние денови кога читам книга сум поуморна, повеќе ми се спие.
Сакам да читам поради многу причини. Еве неколку од нив... -Бидејќи не се дружам многу со луѓе, има денови кога тие ми претставуваат многу голем дел од мојот живот. Позадоволна сум во нивниот свет, наместо во овој реалниот. -Нова перспектива. -По некој нов збор -Среќавање на всушност интересни, генијални ликови. -Вежбање мозок. Се прашувам што и требало да направи ликот или како јас би постапила или соодветно на него, ако реакцијата ме изненади како не сум увидела претходно, значи анализа. -Уживам да бидам во времеплов, на некој начин. -Ми будат емоции што луѓето не ми будат. ...Со секоја наредна исчитана, јас сум се подалеку од земскиот свет, ме затвараат, очекувањата од светот што ме опкружува ми се судира со оној од книгите. Но нема да престанам.
Сакам да читам и читам... Читањето е процес на лично интелектуално надоградување, умствена терапија и проширување на животните видици. Низ страниците на книгите светот е достојно место за живеење. Моќта на пишаниот збор ја открива човечката димензија, филозофијата на постоењето, емотивната комплексност, историската хронологија на настаните, временската дистанца, судирот и разликите на различните култури... Секој прочитан наслов е духовно богатство, допир со нова приказна низ компаративни постапки и анализа на постоечката реалност. Изборот на книжевната уметност за најдобар пријател е вистинско решение од многу причини.
Читам да ама само кога ми останат вишок пари и си купам нејкам библиотеки да ги вракам мое си е мое, сталажичката ми е пуна неможат секакви да читам, ме исполнуваат, некако бегам од реалноста, проблемите, и учам нови работи.
Обожувам да читам.Знам дека има луѓе што читаат секаков жанр ама јас тоа го не можам.Читам затоа што за момент можам да си дозволам да не сум тука туку на некои друго место,други култури...Научувам по некој нов збор или пак читам на некој друг јазик и така полесно научувам.Една од омилените работи ми е да дискутирам за некоја книга со некој друг кој ја прочитал истата таа книга...Исто така доаѓам до знаења од различни теми и така можам да се приспособам кон секој разговор...
Сакам да читам... ама морам да признаам дека и читањето, како и секое друго хоби кое го имам, ме фаќа на фази. Има периоди од месеци-година, кога само читам. Има периоди од месеци-година, кога книга нема да опулам.
А одлично се изразуваш во пишана форма, значи читањето како хоби нема врска со тоа, единствено потребен е бистар и одморен ум. Јас периодов многу читам и сум исцрпена, се чувствувам како да функционирам под рокови. Годинава ќе ја истерам така, после ќе намалам или прекратам.
Не сум љубител на книгите. Во средно коса ми се креваше кога требаше да читам. А и немам време. Премногу обврски.
Јас тогаш сакав да читам, после се заситив. Сега читам барајќи нешто корисно во книгата, да ми се најде, а не оти ја возвишувам литературната уметност. Мајка ми ме навикна да читам, на 3-4 години ми купуваше книги.
Сакам да читам за да се исклучам од реалноста и затоа што премногу ми се подобрува концентрацијата. Исто така колку и да сум исцрпена, кога читам ми се релаксира мозокот