1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто никој не ме разбира??

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s1a1n1d1r1a1, 21 октомври 2010.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Извинете ако ја имало ова тема нова сум на форумот...
    Јас по природа сум многу чувствителна и необична во чувствата...
    Постојат кај мене 10392043403430 чувства сите различни, за се... Некогаш неможам ни да се искажам како ми е, зошто сум тажна, фрустрирана итн...

    Никој не ме сваќа...Ни родителите, ни брат ми , ни другарките...И со сите се карам нон стоп...Неможам да му објаснам за да ме сватат...Сама сум на светот ...



    Моментално се осеќам никако... :(
    На мајтап кажвам многу работи оти то ме вади од мислењето за многу работи....
    И сум праела многу забелешки -.- шо всушност е мајтап, муабет обичен...

    Не припаѓам во ова место ни на ова време... :(
     
    На Kikiccc и peterpan30 им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    На 16 години јас ги имав истите чувства.
    Чувствував и гнев и бес и фрустрација, некако пораснав предвреме, созреав брзо (за жал) и наместо да се опседнувам со типични тинјеџерски работи, јас барав правда, си го заморував мозокот со глупости и го оправав светот.
    И јас се чувствувам сама на светот, потполно сама, неразбрана, редовно си плачев секоја вечер и ретко кога се отварав некому.

    Значи прво, ова ти се случува затоа што си во пубертет.
    Второ, научи како да се отвориш кон луѓето, пронајди начин на кој ќе комуницираш. Кога веќе ќе им објасниш, ако не те сфатат пак, барем ќе пробаат.
    Вака, се' додека не најдеш начин да се поврзеш со некој, никој не умее да чита мисли и да ти помогне.
    Трето, не заборавај дека пред се' друго, треба ти да си помогнеш сама на себе, т.е. да се анализираш и да се пронајдеш, па дури потоа да ти е пријатно во сопствената кожа.
    Четврто, никој не се пронашол на 16 години. Некои луѓе целиот свој живот не знаат кои се и што се, што сакаат, ниту пак се заморуваат околу тоа.
    Петто - не си го оптоварувај мозокот со сериозни работи. Тебе можеби ти изгледаат глупаво сите тинејџерски работи типични за денешно време (зашто јас секако мислев така и мислев дека сум попаметна од сите), ама на крај сфатив дека животот си се живее етапно и сега е време за несериозност и глупости и уживање.

    Не знам какви проблеми те мачат, какви и да се, пробај да не се преоптеретуваш, насочи ги мислите кон позитивни работи и тоа што го сакаш, СМЕЈ СЕ, радувај се на малите нешта и не заборавај дека - животот е кус, и не ни е подарен да се жалиме, да кукаме и кукумјавчиме.
    И што и да е... Ќе помине. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски

    Значи пред се фала шо ми помагаш... Знам ама и јас мислам дека сум многу поразлична од мојте врсници...Мислам на многу поголеми работи од то шо треба да го мислам...Се замарам со многу неважни работи...Дури и ко ќе спијам размислувам..:Знам дека е лошо ама имав многу проблеми во раното детство и ми оставија рани кои никогаш нема да се излечат... најверојатно...

    Иначе се смеам постојано и сум среќна во глобала само сакам некој да ме сфати и прифати со мојте сваќања и навики....На крајот...Сите сме сами :worried:

    Се надевам дека ќе помини а ако не... то е ...
    И се надевам дека ќе ги остварам амбиците шо ги имам оти не се некој невозможни тинејџерски срања туку се можни реални соништа...

    позз :*
     
  4. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    како мене да ме опишуваш.. потполно иста ситуација.. се доверувам секому со надеж да ми помогнат а тие ме прекоруваат и ја бараат вината во мене. Никако да ме сватат.. мило ми е што не сум единсвена :$
     
    На peterpan30 и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    ко ќе си најдиш вистински другари-ки ке се осетиш прифатено, а за то дека си различна ок, ама сите на некој начин сме уникатни, а за плановите дали ке ти успеат или не зависи од тебе, колку ке се потрудиш. среќноо :*
     
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Не, грижи се, ќе помине и тоа. И јас така се осеќам на одредени моменти, но пробав со сите да најдам заеднички јазик и донекаде успевам. Со мајками се снаоѓам донекаде, освен кога не и е денот па се караме како снаа и свекрва. :D Со татко ми несе ни обидувам да најдам заеднички јазик, затоа што тој и да сака неможе да ме свати па затоа и го одбегнувам разговорот со него. Понекогаш кога нешто не ми одговара, едноставно премолчувам и си терам по свое. Целта е да не бидеш разбран од сите, бидејќи ако сите те разбираат нема да бидеш интересен :) Пробај најди некоја другарка која има исти сваќања како твоите, и ќе видиш колку ќе се чувствуваш по позитивно.
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не, не си сама.
    Вакви проблеми не снаоѓаат сите на оваа возраст, и секако никој не не разбира.
    Нормална појава додека си се уште во пубертет, а за чудо мајките како да забораваат дека и тие поминале низ истото. Созреваш, се градиш како личност и треба и самата сега да си бидеш од корист. Да не се противиш, и да осознаеш повеќе за себе.
    Не паничи, и не си ги поминувај годините затворајќи се во соба, вриштејќи и плачејќи. :)
     
    На peterpan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    миличка оваа војна ти против целиот свет ке трае уште малку додека не излезеш од пубертетот би ти препорачала да си најдеш филтер како побзо да го надминеш тоа пр јас тоа го правев со пишување на дневник
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    пубертетот е голем фактор мила во ова не се грижи
    има и вакви периоди ќе поминат све ќе биди ок ништо страшно ;)
     
  10. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    И јас сум се наоѓала во вакви ситуации, тешко е ептен. Дури и сега, на мои 19 години ми се случува да имам хаос со емоциите и со се. Нормално е... Не се замарајте, ќе помине, само со ладна глава
     
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    И јас се чувствувам така,потполно исто, додека другите пиштат по пејачи, плачат по симпатии, мене воопшто не ми е така, никој не ме разбира, мислам на сосема други работи ме интересираат други работи кои на типичните тинејџери не им се ни дојдени на ум... Се чувствувам како чудак кој никој не го разбира потполно сама во се... И не можам вака повеќе не знам како пребрзо да пораснав, други би рекле леле како мислење за млада девојка како тебе,но тоа не ми е нешто убаво туку ми е ужасно немам некој муабет со другите, јас мислам поинаку, се грижам за различни работи кои на другите им се глупости... Од дома не ме разбираат, скарана сум со другарките и чувствувам како светот да ми се урива... Пубертет или не јас сепак се чувствувам тажна и тоа што сум во пубертет и ќе помине не ми дава ништо... Се чувствувам како да сум прескокнала дел од животот како пребрзо да сум пораснала... Речиси секој ден ми се плаче и едвај ги драт солзите како да имам грутка во грлово која не можам да ја проголтам. Никој не ме сфаќа, се чувствувам потполно сама. :x
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Сите сме поминувале низ такви периоди кога сме биле во пубертет, тоа е нешто најнормално и пред се треба да знаеш дека е само период и дека ќе помине. И јас сум се чувствувала празно, тажно, изгубено, баш како да не ме разбира никој и како да сум сама на светот. Понекогаш пак си имам такви денови. Не е ништо страшно, ќе помине. Само пробај да не бидеш толку избувлива за да не се караш со сите, а можеш да пишуваш дневник за да се чувствуваш посмирено, или разговарај за тоа што те мачи со некоја личност во која имаш доверба. :)
     
  13. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Хихихи мојата реченица т.е. прашање :D
    Кое одамна не сум го поставила фала богу
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е ајде де, постојано тоа се прашувам. Абе бог да чува, нема одговор :tmi:
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не те разбираат затоа што имаат различен начин на размислување од твојот. :)
     
  16. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    никој никогаш не ме разбира во потесниот круг и нон стоп се карам расправам никој за мене ништо нема направено добро освен самиот за моите нејкам ни да чујам дека ме сакаат или дека се мои ми се уништи здравјето расправајки се т.с во македонија малце си поразличен конкурентен харизматичен крај си од љубомора не кинаат наоколу не дека не не разбират преголема конкуренција сме им
     
  17. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    и не мрзат затоа што неможат да бидат како нас затоа сме ние такви неразбирливи т с сите да ги разбериш а тебе никој да не те разбере и без љубов нон стоп расправии на нервна база
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Како некој би можел да ме разбира,кога ни самата себе не се разбирам?
     
    На simonna.a и Emotional123 им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Јас те рабирам, затоа што знам како е понекогаш ни самата себе да не се разбираш :)
     
    На simonna.a и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    Баш истото и со мене ;)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.