Никој не ме разбира зошто се уште го сакам и покрај се што ми направил. Го сакам и не барам ништо за возврат освен и он така да се чувствува за мене.. И зашто за да останам лојална на него ги одбивам сите кои ми понудуваат врска. А најтрагично е тоа што и ја не се разбирам!
Ако не можеш да се разбереш самата, како очекуваш другите да те разберат...??? Денешно време, сите луѓе си имаат свои проблеми, повеќето не знаат главата кај им е, така да не очекувај некој да се засекира многу за тебе. А, и ако те разберат, што дека...??? Ќе ти го вратат него со сила...??? Ако тој не те гледа, и не се грижи за тебе, како и ти за него, тогаш можеби не те ни заслужува...ќе си најдеш некој со кој обострано ќе се разбирате и грижите еден за друг.
Разбирањето е најбитно, а за тоа се потребни двајца. За да има хармонија, треба да се прави баланс, а за тоа треба да се вложи труд од двете страни. Ако некој не ве разбира, потрудете се да разговарате, ако повторно не наидувате на разбирање, размислете добро што понатаму.
Јас со моиве 23 години , сеуште се чувствувам како да не припаѓам во овој универзум . Од малечка чувствував дека не сум како другите . Знаев дека сум поразлична , поинтелигентна . Во маало не се дружев со никој , бидејќи бев " позрела " за разлика од останатите . Повозрасните комшии меѓу кои и сестра ми , не ме " примаа " бидејќи бев 6 годишно девојче , додека они сите беа +5 години од мене . Класот каде бев во основно , исто не ме сфаќаа , бидејќи моите ставови и мислења не се совпаѓаа со нивните . Ден - денес сум истата . Весела сум по природа , но , знам да размислувам до раните утрински часови - дали припаѓам во ова време ? Зошто никој не може да ме разбере ? Дали јас имам проблем со искажувањето , или оние околу мене со разбирањето ? Понекогаш , кажувам свое мислење за нешто , на најпрост можен начин , и пак не ме разбираат . Толку многу имам за кажување , а немам на кој .