Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. kirilovbe

    kirilovbe Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Луѓе не знам колку е вистина ова,ама...
    52410528_10218802627995976_1876174261878521856_o.jpg
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    90.620
    Пол:
    Женски
    Мене ова повеќе ми изгледа ко намерно дигање паника.Идат избори.
    Скопје има многу жители,нормално е и да исчезнат луѓе,и да се самоубијат.
    Незнам што е толку алармантно и се дига паника.
    Деца не се киднапираат,имаме два смртни случаи во неколку дена,можеби и двата се самоубиство.
    Од секогаш имало,се убивале луѓе поради семејни проблеми,откриени болести,долгови,коцка итд.
     
    На Someonespecial, Mr. Right, Animali и 11 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    124.259
    Пол:
    Женски
    Читаш ти дека МВР демантира и дека ќе го гони секој што шири дрзинформации?? Или само да се пише пост на форум? Ај оладете малку глави.
     
    На Someonespecial, crimson, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Да не ви враќам поединечно, ама не, семејството не е должно да излезе и на секој да му враќа све што ќе му текне да напише. И да излезе, следно ќе биде ете мажот лаже, тој ја тепал, имал швалерка, не таа имала швалер, децата не се негови, па зашто се самоубила, што проблем имала, па зашто во Вардар...
    Значи тоа се се прашања од љубопитност, а никому не помагаат. А вакви идиоти што од чула пренела муабети прават фама и паника по социјалниве мрежи не знам ни зошто ги пренесувате.
    Постојано се прават заговори за се во државава, и понекогаш толку многу се внесуваме во нив, што не прифаќаме било која друга опција или вистина.
     
    На Someonespecial, sparklie, T.e.d.d.y и 15 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.707
    Допаѓања:
    76.987
    Пол:
    Женски
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Искрено изјавата на МВР не ми значи буквално ништо.
    Никаде ги нема за да споделат некакви информации со јавноста во врска со настаните, ама за демантирање први се.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.900
    Допаѓања:
    203.104
    Пол:
    Женски
    А изјавите на фб од рандом лица, како таа Рада погоре ти значат? Од каде знае жената, таа ја правеше обдукцијата, ехо направи, што ли?
     
    На dragoneelz, Someonespecial, Snowflake97 и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто.
    Не заземам страна бидејќи не знам што е вистина а што не.
    Ама факт е дека од МВР не даваат никакви конкретни информации за случаите кои СЕ загрижувачки. Стојам позади тоа дека треба граѓаните да знаат што се случува во државата во која живеат. Со денови кружеше веста за Даниела и кога конечно ја пронајдоа - никакви информации. Доволно беше да излезат со кратка изјава за причината за смртта. На никој не му требаат детали, на семејството му е тешко и не е во ред да се нарушува приватноста и да се навлегува во случајот, ама една кратка реченица ќе ги запреше сите шпекулации по социјалните мрежи кои шират паника. И мене лично ми е страф и вакво демантирање без притоа никаква информација, не ми значи.
     
    На vaga95, Snowflake97, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, за се очекувате да ве информираат мвр, за секоја нивна акција - реакција? Остајте нека си ја бркаат работата ако има нешто да го решат, ако нема да откријат дека нема. Што би било ако секоја акција мвр и специјалните единици ја споделуваат по медиуми - знаете што би било? Би била несупешна. НЕ може за се нешто да ни кажуваат.
    Имаме еден проблем во денешницава, се ни е достапно медиумски и секој и паметен и будала може да пише што сака и да се крева паника.
    Нека почиваат луѓето во мир, најбитно е блиските нивни да си знаат дали се самоуубиле, дали се убиени и причините за тоа. И не се должни да се правдаат на јавноста.
     
    На Someonespecial, crimson, sanji4444 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.900
    Допаѓања:
    203.104
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, имаше изјава дека телото е најдено, дека самоубиство е во прашање. Тоа е сосема доволно објаснување. МВР си ја работи работата, не може до детал секој ден да известува за истрагата. Факт е дека исчезнуваат луѓе, ама не верувам дека киднапирање е во прашање. Ако беше за органи, што ќе им се органи од средовечни и стари лица? Им требаат здрави органи, не какви било. А кај возрасни помали се шансите да се 100% здрави органите.

    А најјаки ми се тврдењата дека имало сериски убиец, онака си прибира кој ќе му текне и ги убива (facepalm) пошто и такви небулози прочитав по социјалниве мрежи.
     
    На Someonespecial, Animali, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Не такви информации.
    "За жал, по обдукцијата, заклучено е дека станува збор за самоубиство"
    или
    "За жал, по обдукцијата, заклучено е дека станува збор за убиство, МВР работи на расветлување на случајот. Сите кои имате информации ве молиме да се обратите до МВР"

    оти, ако е самоубиство, нема што да разглабаме јавно зошто, тоа комшиите ќе си разглабаат, ама ако е убиство, да, треба да знаеме кога ќе се најде убиецот, и кога ќе биде осуден. Други детали не мора јавно да се кажуваат.

    Оти како инаку се стекнува доверба во полиција и правосудство?
     
    На Didi7, Someonespecial, Snowflake97 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не сум видела таква изјава но доколку постои - ете баш таква изјава е сосема доволна за да граѓаните знаат што се случува. На никој не му требаат детали, ниту секојдневни извештаи. Доволно е да знаеме за што се работи, за да не бидеме загрижени за сопствената безбедност, а и за да не се шират секакви дезинформации.

    По социјалните мрежи веќе се ќе се прочита |(
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Многу искрена ќе бидам али, кога има паника, последно нешто што сакам да правам е да читам ко прво соопштение од мвр. Треба да има прес. Второ, последно нешто што сакам е онаков заканувачки тон. Фокус нек ти е да смириш не да и мене ми створиш паника за, чек утре да не ме викнат у станица пошто пар страни наназад ги проѕвав и зборев за депресија. Едно е што ко граѓани сме неодговорни и не сфаќаме дека...ова е јавен простор. Не е другарка ви со која оговарате се' и сешто. Од тука или фб ко чума се шират информации. Да не би да не сте приметиле? :) Како може да ве води потреба да растегате локуми за нечија смрт. Ене дечкото вчера. Го најдоа, блиските одма реагирале да се тргне веста. Никој не споделува плус инфо оти, семејството ваљда нејќе детето да му биде зборено од луѓе. Ја не би моето што го немам. Вие се изналајавте. Чуму?
    А друго е што имаме институции кои ама многу озбилно не умеат и не знаат како со кризна комуникација. Гестапо стил по дома да си практикуваат. Трето, тие со муабети за органите, за глупости.. несозреана дечурлана. Со нив посебно, али нек не ни пафтаат со муабети за казни, затвори оти ако така, ќе го казнат..го казнија ли оној забеган пратеник што пиша статус за пријателите од странство како му рекле автобуската несреќа била намештаљка.
     
    Последна измена: 22 февруари 2019
    На M.B., Someonespecial, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Деновиве се изначитав многу неумесни коментари за исчезнувањава, и на социјалните мрежи, и на форумов.

    Пред некој да почне да шири шпекулации и да разглаба теории на заговор, треба прво да се запраша дали тоа ќе биде прочитано од некој близок на исчезнативе. Ставете се во таа ситуација за момент - сигурен сум дека ниту еден родител, дете, пријател, не би сакал да прочита дека личноста која најмногу им значи во животот и која веќе ја нема (или се’ уште не се знае каде е) е вмешана во криминал, е коцкар, наркоман, дека им биле извадени органите... Не знам од каде толкава потреба да се испадне најпаметен на интернет и како е тоа побитно од нечија мака или лична трагедија.

    За способноста на МВР нема да коментирам, но ќе кажам нешто за нашиот нездрав воајеризам. МВР, освен да даде известување дека некое лице е исчезнато и се бара, како и дека потоа било најдено, нема апсолутно никаква друга обврска да соопштува детали за случајот, само за да ја задоволи нашата болна љубопитност. И сигурен сум дека ни семејствата на овие луѓе не би сакале да се споделуваат детали за нивниот живот и прљавиот веш да се изнесува пред јавноста. Тие семејства чиј живот јавно го секцирате, анализирате и ставате на тапет утре треба да продолжат да живеат тука и да можат да ги погледнат другите луѓе во очи.

    Не наседнувајте на сензационалистички clickbait наслови и вести од портали - повеќе од очигледно е дека тоа се прави за кликови и нивен личен профит и не им придавајте на значење на непроверени шпекулации од индивидуи на социјални мрежи - јасно е дека тоа го прават за да бидат во центар на внимание.

    Не ширете непотребна паника, што не е добро за никого, и не додавајте сол на раните на семејствата погодени од вакви трагедии - невкусно е и, пред се’, не е човечки.
     
    На sparklie, JuLleE, Tan4ence и 21 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    13.639
    Пол:
    Женски
    Веруваш во изјави што ти одговараат односно во тоа што сакаш да веруваш.
    Тврдење дека е самоубиство си прочитала негде и веруваш, а некој што пишал дека има сериски убиец ти е небулоза?
     
  16. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.900
    Допаѓања:
    203.104
    Пол:
    Женски
    Значи не сум прочитала којзнае каде, соопштението беше од МВР, не од рандом лик на фб.
    И да, небулоза ми е дека има сериски убиец. Не дека е невозможно, ама е неверојатно. Оти сериските убијци најчесто имаат одредена шема, не убиваат без ред кој им текне.
     
    На Someonespecial, Snowflake97, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    13.639
    Пол:
    Женски
    Има официјално известување од мвр дека е самоубиство кај Даниела?
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.457
    Допаѓања:
    183.545
    Пол:
    Женски
    Ние што сме растени во Гостивар со - “ој ми љочка ела да те повозим со мој голф” А голфот светнат со милион фарови и чуда и надвор и внатре и да те киднапира ќе го видат и од месечината.
    И ова се дешава нон стоп. Девојчињата отрпнуваат и не реагираат повеќе, она.. знаете кога ненормалното нормално станува?
    Те следи со кола до дома, кружи околу тебе дур стигнеш, па не само на девојчиња и по жени одат. И на мајка ми дур се враќала од работа пред годиништа, некој со џип по неа бааам и отварал врата цело време. Џентлмен бре! А жената беше под седативи неколку дена. |(
    И сега некој што ќе побара моб да ѕврцне негде ќе ни е сумлив, а може човекот навистина има потреба од тоа.

    Факт е дека во време на паника, секој што ќе те погледне ти станува сомнителен. Тек да си анксиозен ко мене и цел филм ќе си направиш, целосна анализа на ментален склоп, а може и ќе отидеш поблиску зеници да провериш за да отфрлиш одредена можност. Се зезам за последново. :wasntme:

    Читав статистика дека во 2018 бил најмал бројот на исчезнати лица во Македонија, за разлика од 2014 кога бил најголем. Ефтиниве порталчиња си го напраија своето. Паника.

    Имаше случај лани есента, значи пред неколку месеци, тука во Грција, младо девојче отишло Албанија заби да поправа. И шибнале анестезија и се буди со сиромашко закрпен рез на стомак. Не памтам што од орган и фалеше, ама бизнисот со органи постои и е многу блиску до нас. Само што за истиот, претпочитаат млади деца. И во таков случај, родителите и семејствата се многу гласни.

    Верувам дека во случаевите кај исчезнатите кај нас повеќе се работи за депресија и матни бизниси, ама не ја исклучувам ниту веројатноста дека некој некаде е убиен и од чиста мира. Честопати покрај сировото и сувото знае да гори.
    Треба да се пазиме и не само сега, туку цело време.
     
    На GirlRose, Ники., sparklie и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.900
    Допаѓања:
    203.104
    Пол:
    Женски
    Да, имаше.
    Еве линк
    https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1407
    Ќе ја најдеш веста иако жената е со иницијали.

    Известено е дека после обдукцијата не се пронајдени траги на насилство и најверојатно се работи за самоубиство.
     
    На Animali, CameliaMiller и zhap4e им се допаѓа ова.