Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Срамота насмеано смајли што намигнува стави.
    Зарем ти дошло до намигнување и смеење на оваа тема:worried:
    Ај чао ми здосади, а и немам батерија, чао тути бидете ми поздравени и помалку да гледате фокс крајм филмчиња бидејќи може да се добие мислење дека имате работено нешто такво па да се докажувате по форуми дека исто е кај нас како на филмовите.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Мислиш ми кажуваат? Или сум видела може? :)
     
    На Sexybaby86, Yowannty и Animali им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.585
    Пол:
    Женски
    Остај Камелија, човек ќе направи подлабок разговор и со 15 годишњаци.
     
    На sparklie, Someonespecial, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Не терај инает, ти кажуваат луѓе кои поминале низ тие врати, и @CameliaMiller ти кажа, исто и @Yowannty , @Annath , можеби некој и пропуштам.

    Јас барем гледам да сум објективна, кај што е за критика да критикувам, кај е за пофалба да се пофали. Слободно побарај извештај и прочитај, ќе видиш дека знаат неколку страни да се долги.

    А критиката не значи негативно, туку предлог за промена. Не сфаќајте се толку лично
     
    На Someonespecial, Animali, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Еве ова од темата 40+- да го споделам и тука.. Мислам дека е соодветно.
    Место да се натегате 'што било'.. ова би требало да биде, задача на секој од нас:

    Секој пат кога ќе видам сомнително однесување, пријавувам во полиција.

    Последното што го пријавив, пред зграда се случи.
    Еден маж, се расправаше со една девојка.
    Таа си продолжи сама, а тој се врати на 10тина метра поназад, влезе во автомобил (внатре имаше уште еден), и тргнаа по нејзе. Ја пресретнаа на 100 метра подолу, и ја пикнаа в кола, на сила.
    Единствено што мислев додека се случуваше ова е: Детали! Памти детали!
    Колку што можев да видам од тараса (а ме предизвика да гледам, тоа што се слушаше викотница).

    И запамтив се: Кој како беше облечен, каква коса имаше, на која возраст од прилика, како беше возилото, регистрацијата делумно ја видов.
    И се јавив во полиција. Одма кога видов како ја ставаат в кола.
    Веднаш полицијата испрати службено лице, да ми земе изјава.
    Дома..

    Проблем е што кај нас ретко кој пријавува.
    Кражба во зграда кај што живеев и полицаец ми вика: Сите се' за секој во зградата знаат, ама кога беше кражбата, никој -ништо не видел!
    Абе комшии имам пријавувано ако слушнам викотници, удирање, плачење!
    Од кај знам дека некој-некого, не крши од ќотек дома???

    Очекувам, и мене некој ако ме тепа, или пикне в кола на сила, некој друг совесен граѓанин, да пријави!!
     
    Последна измена: 22 февруари 2019
    На Didi7, sparklie, oblace1 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Настрана од судска, и кога не се прави обдукција кај починат во болница, извештајот на тој што го прави отпустот и спроводната листа за труп е поприлично обемна, како и цела документација која се чува трајно.
    Во болниците умираат луѓе после сообраќајки/напади, настрана кај нив обдукција што мора, него и пред на судска да се предадат додека се живи и до моментот на смрт, како и причината за смртта од аспект на тие ки го реанимирале, се опишани детално.

    Сите се трудиме да не навлегуваме во поединости оти не зборуваме општо туку за конкретни лица со име и презиме, ама некои луѓе просто не можат да разберат. Или не сакаат, поверојатно.

    @WildMk јас пред некоја година кога пријавив за сомнителната жена со бебе, за кое до ден денес ме копка душава и сум сигурна дека нешто “смрдеше“ како што викаш запамтив детали сѐ што можев, облека, опис на жената, на бебето, автобус во кој се возат и правец на движење... за жал едвај телефонски ме ислушаа, а па за изјава на очевидец да не зборам.

    Во други ситуации ај пак доаѓале, ама полиција дефинитивно ни е млитава. А за бебево само се надевам дека инстинктот не ми беше во право. Оти ако ми бил...

    Од друга страна исчезнато бебе во тој период немаше... па не знам ни што да мислам. Ај, ваљда сум погрешила.
     
    На WildMk, JuLleE, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На Snowflake97, Someonespecial, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.264
    Допаѓања:
    50.861
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    На Someonespecial, Animali, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Таман и одговор има зошто уште никој не излегол и не рекол "самоубиство е". Ама не, не и не. Што знаат тие. ФБ CSI есперти повеќе знаат.
     
    На Animali и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.156
    Пол:
    Женски
    Луѓе, нема логика да ги киднапираат за трговија со органи. Тоа е комплексна процедура, не е само извади го органот и шлапни го кому било. Не може било кој да вади органи, тоа си подразбира цел протокол на вадење за да може органот да се искористи. Башка што компатибилност треба да се испита со донорот, и тоа е процедура. Освен тоа, и органот не може да се чува надвор од телото долго време, мора во одреден рок да се пресади. Не е плукни залепи.
    А за судска, жалосно е да не им верувате, барем знаат што прават таму, со свои очи имам видено колку е обдукцијата детална, не зборам на памет, се открива сè. Буквално сè, по состојбата на органите и составот на крвта. Секоја модрица, гребнатинка, секоја дамка има значење. Не е дека гледаме ЦСИ, едноставно протоколот е таков.
     
    На sparklie, Peperutce1115, Waverly Raven и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Ние ја пријавувавме комшивката што ка кршеше од ќотек сопствената неподвижна мајка, правше пробеми низ зграда, се закануваше, колне кого стигне.
    Сирота мајка и нека и е лесна земја како пискаше.
    Пријавено кај не, полиција, социјално, општина, инспектори доаѓаа.
    Никому ништо , не и можеле ништо, не можеле да се справат со неа, изофреничар била.
    Еве не е од рекла казала муаветов, женава и дома ми доаѓаше и ја малтретираше мајка ми, како тоа цела зграда кова заговори против неа.
    Ма не врски фаќање, да ја заштитиме јадната мајка, ништо не помогна.
    Зошто, не знам.
    Мајка ми нападната у сред бел ден, ќе ја задавеше типот. Им дава опис и огрлица, која патем тој ја грабнал и искинал, не успеал да ја земе, командирот ми вика не може да се земат отпечатоци зошто паднала на земја!? Вика знам кои се, домците. Толку...знаат кои се не ги фатија.
    Кола запалија у катна гаража, можеше недај боже пола населба у воздух да биде крената. Сведоци еден куп, виделе се како се случило, кажуваат и регистрација и се, пак ги знаат кои се, 4 та кола веќе им било како ја палат, ама не можат да ги фатат....
    Ме лаже мене полицаецов изгледа, рекла казала ми праи.....
    Пијандури седат у пролаз фрлаат со предмети луѓе, полиција(сообаќајна) казнува пешаци, ама коа ќе ги пријавиш овие треба да дадеш цел извештај прво за себе, а ако не живееш тука, едноставно не поминувај.
    Ама тоа е... секој со свое искуство и мислење.
    Сообраајка, полиција проаѓа, место да викне колеги(сметам дека им е должност кога веќе се нашле на местото на настанот) тие се расправаат зошто прават овие гужва...
    Глупо е да се каже, дај боже да се самоубиства(премногу грдо ми звучи), ама се надевам искрено дека грешам што се плашам.
    Башка никаде не кажав, или докажував дека се убиени, дека им се вадени органи.
    А ми кажаа за тоа уште пред да прочитам на нет, ама никаде не кажав. За да не е рекла казала.
    Ама дека има мафија, дали за органи, дрога, пари и слично, има.
    Дали и во ова е нешто такво вмешано, не знам.
    Страв ми е многу. И од ова и од терористички напад.
    А само кај нас, се е теорија на заговор и некој нешто лаже и измислува.
    Него, нека биде измислување, не знам што да кажам.
     
    На Didi7, WildMk и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Мафија за наркотици и проституција се подразбира дека има, не само кај нас, туку баш секаде на светов.

    А органи не се ни проста, ни едноставна работа за крадење, Анат објасни накратко зошто.
    Имено, за да пресадиш органи е повеќенеделна, некогаш и повеќемесечна процедура, за да се докаже компатибилност.
    Не им вреди бубрег од рандом човек просто. Не можат никому да го “вградат“.
    А на изваден бубрег доправа да испитуваш дали одговара, пак нема резон.
    Ќе “умре“ органот, тоа мора одма и сега да се направи, а не да се чека два, три, пет дена... а тек па ако допрва испитуваш дали одговара.

    И шансите да одговара се еден на ... милијарда?

    Зар милијарда луѓе ќе утепаат за еден бубрег?

    Логика малку е во прашање.
     
    На crimson, thequeen95, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Па и случаите со самоубиства/убиства на филмовите не се сите измислени, многу се по вистински случаи правени или околностите личат на постоечки предмети. Многу работи се претпоставува дека не се, па после можат да испаднат дека се. Затоа не е убаво да ја вреѓате другата страна ако во нешто се посомнева, ниту вие сте патолози, ниту тие. Ама како што едните сакаат да се изјаснат така и другите. Никој го немаме видено обдукцискиот наод од мртвите па за да тврдиме точно. Можеби нема ни да дознаеме, само ќе ни останат зборовите сервирани за јавноста.
    Како им текна на сите одеднаш да се самоубиваат, до воздухот да не е, којзнае што гасови ни пуштаат за да имаме суицидни намери. Или сите сега ја имаат депресијата како изговор.
    Можеби се убиле сами, можеби некој друг им помогнал или трет ги убил. Но секогаш постои можност за подлабоко гледање на работиве и поврзување со теории на заговор. Нема да биде нешто непознато ако е некој силуван па убиен, или ако е исчезнато дете да е продадено, или да се работи со трговија на органи.
    Овие настани влеваат голем страв кај народот и секој се става себеси или негов близок во улога на жртва, што кога тоа би му се случило нему. Да не можеш слободно да се движиш по улица, да не можеш дете до продавница да пратиш, да не можеш само до школо да го пуштиш или да излезе со друштво навечер. Око да не можеш да затвориш додека да дојде.

    Кравче спомна дека ова се актуелизирало и затоа сите станале стручњаци а во меѓувреме има случаи со силување. И тоа е дело со подеднаква тежина, згрозена сум што се случува и што властите дозволуваат да дојде до тоа. Дали народов е толку животно исцицан, во крајна бедотија и сиромаштија што му го испила мозокот што помислува на силување на дете, стварно не знам. Политикава и сиромаштијата ги мрднаа луѓето и создадоа психопати.

    И сите овие случувања ми изгледаат далеку од нормални. Не е нормално да исчезнуваат луѓе па да ги пронајдат во река. Не е нормално и да не ги пронајдат исчезнатите. Не е нормално да се силуваат деца, жени, мажи. А ете се случува. Колку човекот може да биде ненормален.

    А ова со терористичкиве напади е чиста глупост. Во држава која се им даде, која и државата им ја даде, да се саморазнесуваат? Па пола нивни ќе убијат ако е така. Туку идат избори, мора да се тргне вниманието на народот од политиката, да им се испере мозокот со наводен тероризам. Па и САД и Бугарија предупредувале на тероризам, САД која со сила ни ја зема државата и Бугарија која ни ја украде историјата. Нациите кои не избришаа како народ.
     
    На Alanna, Snowflake97, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Зошто мислиш дека не е нормално?
    Девијации во човечкото однесување секогаш постоеле, тоа не значи дека се прифатливи или добри, едноставно нормални се.
    Нормално е да постојат и самоубиства и убиства и несреќни случаи, и поради природна селекција и млади да се разболуваат и умираат.
    Ние како човештво се трудиме да ги минимизираме ваквите појави, ама не се “ненормални“ или пак нешто ново.

    Всушност, статистички, добро котираме со убиства/самоубиства.
    Сосема да исчезнат, за сега, не е познат начин.
     
    На Animali, Yowannty, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    нас вакво нешто ни се случи кога бевме мали. јас и братучед ми слагаме до продавница на улица застанува црна кола со затемнети стакла и отвара возачот прозор не прашува за една спортска сала. Јас објаснувам тој вело влезете вкола да ми покажете и тогаш братучед ми одговори да бе за да не излажеш. И со трчање дома. Никогаш никому не сме кажале за случајов. брзо изумивме. Сега сваќам колку била сериозна работата.
    па нормално како ќе речат да вистина е? Ни на мвр не може да им се верува
     
    На Didi7 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Покажав статистика, години веќе непроменета. Македонија има самоубиство на секои 2-3 дена, што ја става на ранг на земји со НИСКА стапка на самоубиства. Значи во повеќето земји е многу, многу полоша ситуацијата отколку во Македонија. И на крај тука луѓе ти кажуваат дека не веруваат во самоубиства, ама веруваат во извадени органи без траги од насилство? Некоја нова технологија е тоа? И да не им се смееш? Штета што немаме закон за ширење на страв и паника, во Србија до 5 години затвор се оди за тоа.
    Додај на овие самоубиства и природна смрт, и убиства, и исчезнати од многу други причини...
    Никој не рече дека сите се самоубиле, ама не, не им се извадени органите БЕЗ ТРАГИ НА НАСИЛСТВО.
    И сега сите ќе си гледаат околу нив работи што ги нема. Па сумљиво ќе ти биде дека се удрил некој во тебе во Сити Мол. Ќе изчезе дека ја чипирал со ударањето на крај.
    Или утрово кога влегов сама во еден пролаз, еден дечко цело време зад мене одеше. Сигурно сакаше да ме киднапира. Ама јас кога свртев лево излегоа двајца во работнички одела, и сигурно се предомисли па продолжи право, многу сумљив беше.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Не може да биде нормално да сакаш да се изживуваш врз дете , да го силуваш, тепаш и убиеш. Значи тоа спаѓа во ненормални работи, кои за жал се случуваат.

    А и кој може да тврди дека некој не е бутнат во река од страна на друг (на кој му верувал) , не очекувал и немал време да пружи отпор, па затоа и нема траги на насилство (тоа е убиство, не е самоубиство).
    Или можеби му дал некое апче да го зашемети го однел на мост и го бутнал. Или еве во кафуле му става дрога во пијалокот, го заведува и бутка да се удави. Пак без знаци на насилство. Не мора секогаш жртвата да биде со модрици, скршеници, кожа и влакна под ноктите, искубана коса и сл за да се каже дека има траги на насилство. Ама најлесно и најбрзо е тоа, нема траги на насилство, жртвата се самоубила. И после ајдеее у депресија била, дечкото ја остаил, ова и било она и било.
     
    На Didi7 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    На Мвр не верувате ама затоа на фб статуси...:x

    Доволно е да погледнете еден документарен филм за csi па се ќе ви биде јасно.

    Ако мислите дека некој шета со кујнски нож и вади органи туку така... тогаш е смешно.

    Мене повеќе ме загрижува тоа што седите зад компјутери и анализирате случки на рекла кажала.
    "И мене ми се случи..."

    Абе на мене што ми се има случено језда ќе ве фати да раскажувам а најмалку е потребна паника.

    Еве ја мајка ми од утрово ми урла и ја фаќа паниката нигде да не одам, и почнува со сценаријата кои воопшто ги нема.

    Ги поврзувате исчезнувањата со случајов на младата девојка која не е пријавена како исчезната, може нема никаква поврзаност.

    Ако ви е полесно да си верувате и правите сценарија како одговор на многубројните прашања, океј.
     
    На crimson и Animali им се допаѓа ова.
  20. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.