1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зошто мислите дека не е самоубиство? Со вниманието кое се посветува на менталното здравје во државата...
     
    На Angel06, Ivan4e04, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Самоубиство е.
    Доста измислици се пишуваа за Даниела, време е да се престане.
     
    На Angel06, Ivan4e04, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Ај добро сите што ичезнуваат се самоубиства само телата не се најдени уште.
    Таман е сега?
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.118
    Нееее, туку сериски убиец е шо убива и мужи и жени, без разлика на годините, и тоа од цела Македонија... |(

    Ај шо зборите нешто само колку да утепате време, барем да се разбиравте нешто од нешто...

    Не оти ве заболе за луѓево...
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Добро а ако и другите ги најдат во Вардар и тогаш ли ќе биде самоубиство?
    Сеуште немам видено објава, но вчера во еден пост прочитав дека и некоја 22 годишна девојка била исчезната. Премногу е за да биде случајно сите во толку краток временски период да исчезнат.
     
    На ocicka2014, Amellie13, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Депресијата има ведар лик.
    Верувам и женава ја снашло тоа.
    Уште кога имаше вест дека е пронајдено тело знаев дека е она.
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Само јас ли поверував дека се работи за убиство? Врз основа на трагите од насилство што ги споменаа.
    Не ми изгледаше дека ќе остави три малолетни деца. Но како што рековте не знаеме што се крие позади насмевката.
    Плус и оние фините се посклони на такви работи оти ќутат и трпат.
    Лесна и земја.
     
    На Ники., Lolipop23, esperansa777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Никаде не реков дека сите се самоубиле. Убаво се знаеше за кој случај се однесува тоа.
    Сепак мислам дека ви е досаден животот па си правите теории на заговор, дека објаснувањето е многу поедноставно од што сте си го нацртале во главите.
    Киднапирања кај што те држат во подрум и бараат откуп од родителите за сега само во амерички филмови ќе гледаме. Што ќе му дадеш за откуп? Искинат пар долна облека?

    Или ви е теоријата дека некој собира рандом луѓе од улица за да ги фрла во Вардар?
    Обично ваквите исчезнување имаат многу едноставно објаснување, ама приказните се секако поинтересни.
     
    На CameliaMiller, Victorian, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за трговија со луѓе ниту трговија со органи, така да не гледам поврзаност во исчезнувањава. Секое исчезнување своја приказна има. Ете некој заминал во странство, друг, за жал, се самоубил. Зачестија, ама да не шириме паники дека нешто организирано стои позади тоа.
     
    На AnnabelLee, DAngel, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.562
    Пол:
    Женски
    Мене ми се премногу "случајни" толку исчезнувања одеднаш. Имаше и за 12 годишно девојче дека исчезнало. А и колку теории ќе почнат да се создаваат за некој исчезнат... Што знам, сакам да не сум во право, да не е ова организирано..

    Сепак, внимавајте луѓе. Особено навечер. Јас што не сум од голем град освен до блискиот маркет понекогаш никаде не одам сама навечер. Језиво ми е.
     
    На sj *O*, Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. MonMon

    MonMon Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Вака прочитав на интернет за Пино дека од Телеком извадиле дека се допишувал со некоја девојка од Тетово со скриен профил пред да исчезне, за Даниела дека била малтретирана и убиена. И последно што ми излезе на Фб е ова 22F27D35-5FE5-4E79-AAFA-F068F2D30897.jpeg Пазете се луѓе. Незнам колку е точно ова, но страшно е! Даниела нека почива во мир, а другите да ги најдат што побрзо живи и здрави
     
    На sj *O*, Alisa22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Очигледно им е досадно на луѓето па си смислуваат теории на заговор и веднаш излегуваат вакви некои фб постови. За жената верувам дека е самоубиство, имаше пред скоро време уште една жена што беше исчезната па исто испадна самоубиство, не ми текнуваат детали точно. И за постариот човек или се е загубил некаде, како што прочитав без документи бил или му се е слошило на пример ако е отиден на викендица. За младиот дечко што го бараат уште пред нова година, мајката многу се бламираше по фб со објави, па демек некој и барал пари за информации, па бришење постови, па коментирање цело време. Верувам дека или дечкото сам има заминато некаде, дека и колата е исчезната, или е бил замешан во нешто нелегално, па мора да бега и да се крие. Тоа со лажниот профил ми е тотална глупост, сигурно некој ќе си пишува со месеци ќе дреме на фб само и само да го киднапираат.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што и ние не знаеме што се случило со исчезнативе лица, фино би било да не погодуваме.
    Не знаеме дали се работело за депресија кај едната личност, или за бегство кај друга личност, или за нешто сосема трето. Ама не е одвишок ако се внимава малку повеќе, затоа што живееме во држава каде што ништо не функционира како што треба, па ако не си внимаваш сам/а на никој нема ни да му е грижа за твојата безбедност.

    Не е дека треба да се затвораме сега дома и да преземаме драстични мерки, ниту пак да си правиме сценарија кои само би не исплашиле, туку едноставно да не се верува на секој што ќе те сретне и ќе ти почне муабет од нигде-никаде.
     
    На Ivan4e04, Luminary, Lolipop23 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Не го негирам постоењето на трговија со луѓе, на трговија со органи, секти и сл, но конкретно за споменатите луѓе јас лично не гледам таква позадина ниту поврзаност. Темата сама по себе, да бевме во Америка ќе беше солиден материјал за вести, но тука не.
    Воедно има надлежни институции кои треба да си ја сработат своја работа и од корист би бил секој што има валидна информација да даде. Сопствените претпоставки и ширењето паника не е е валидна информација, а темата ми е морничава, бидејќи едноставно мислам дека не припаѓа во одделот за толкаво разглобување, бидејќи сметам дека овде секој случај е поединечен, сам за себе и ние ништо нема да решиме со оваа тема.
    А во однос на претпазливоста, сите сме доволно свесни да се пазиме и да бидеме претпазливи :)
     
    На 1209, mariz, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека во последно време премногу личности исчезнуваат.
    Некои за среќа ги пронаоѓат и се враќаат живи, некои за жал се пронајдени мртви, дали убиство, дали самоубиство.
    Мене ме интересира многу случајот со Пино, мајката и ден денес пишува статуси за синот и доколку навистина е виден во Германија ( во што не верувам баш бидејќи секогаш се наоѓаат луѓе кои даваат лажни информации) зошто не оди баш таму кај што е виден, со полиција, со детективи, зошто не се обраќа на телевизија да објави нешто околу тоа, освен по порталите се сеќавам кога исчезна детево само една програма на телевизија објави за неговото исчезнување.
    Доколку е вистина дека бил жртва на семејно насилство многу е веројатно дека еден ден ќе избега од дома колку и да мајката објавува по нет колку бил мирен и тивок, личност која не сакала да се кара бла бла стории.
    А и допишувањето со девојката која е сомнителна е исто така чудно.

    Верувајте што сакате, ама не е секогаш депресијата во прашање за пронаоѓање на тело и да се води како самоубиство.
     
    На karak, RosettaStone и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Се ви е глупости вас ама не дај Боже вакво нешто на близок да се случи, па дали ќе викате изгубен е или ќе ви се свртат 300 филмови во глава.
    За Пино и мене ми е сомнително ама зошто тогаш мвр не испадна јавно и да каже дека мајката лаже и да престане да шири страв кај населението?
    Било која вистина ќе беше по не болна за нас од оваа што ја шири мајката.

    @DAngel мислиш дека некој само за пари за откуп ќе те чува во подрум? Смешно ми е размислувањето дека наа некој му дошло до фрлање во Вардар. Ти знаеш какви психички случаеви се кријат позади насмевка наивна и не можеш да замислиш што им представува сатисфакција.
    Секакви не има затоа подобро да си ќутиме и не се теории на заговор, животот е таков се може да се случи ќе дојде и кај нас се што сме се чуделе кога гледавме само на филмови или на вести во Америка.
     
    На buba4e89, iki26, Juicy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 Ако некој бил во депресија или бил подложен на тешко семејно насилство, а сепак не гледал излез или бил поемотивен карактер, воопшто не е смешен ставот дека посегнал по својот живот. Само жртвата знае низ што поминувала, а задача е на надлежните да го расветлат случајот.
    Не ми е јасен твојот коментар, што сакаш да постигнеш? Никој не негира дека во Македонија киднапирањето е непознато или трговијата со луѓе, ама зошто да се крева општа паника пред било какви докази? Ниту случаите се поврзани, а најдена е само жената.
     
    На CameliaMiller, RosettaStone, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.236
    Пол:
    Женски
    Ајде вас душегрижници да ве прашам кога последен пат сте седнале да разговарате со блиските дали нешто ги мачи и да не им речете А бе ајде ништо не ти е? Кога последен пат сте се изнасмеале дека некој оди на психијатар, туку сте го праќале по цркви. џамии и гатачки? Знаете ли вие колку е опасна болест депресијата? И не онаа кога ти се лежи и ти се гледа филмови, туку онаа кога животот ти е мачен за живеење. Има фукционална и дисфункционална депресија. Поопасна е првата. Затоа што никој не може да примети дека некој има мака!! Секогаш насмеани, секогаш весели на изглед а внатре во нив на милион парчиња се кршат. Научно е докажано дека депресивни луѓе спас бараат во смртта и тоа најчесто во река се фрлаат затоа што реката ги влече.. Побарајте на нет ќе видите.
    Доста со тие теории на заговор и глупости.
     
    На tessie, Platysma, Tajnaotrovna и 46 други им се допаѓа ова.
  19. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Амин.
    Колку пати сакам да го кажам ова, не можам да ги најдам правите зборови.
    Секогаш кога слушам проблеми - дали љубовни дали финансиски дали од фамилијарни секогаш ми кажуваат какви совети им кажале од типот - не се замарај, ќе ти помине, абе ти луд си да одиш на психолог/психијатар, па што ќе кажеле комшиите, па ќути си, ќе ти дојдат петте минути.
    После некој период кога имаш такви проблеми, може многу лесно да се случи да западнеш во депресија а да не ти помине така лесно.

    Неколку пати во мојот град се случувало некој да си го одземе животот и успевале за жал, и сето тоа поради немање подршка или занемарување на членот кој се наоѓа во ваква ситуација
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, mariz и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    :bow:
     
    На mariz, Animali и nena2010 им се допаѓа ова.