1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Попривлечна е сензацијата дека вонземјани дошле и киндапирале луѓе, а потешко е да се прифати фактот дека депресијата е реална работа и постои меѓу нас.
     
    На Platysma, Chanell*, Lella и 25 други им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Не знам шо народ сме, а се деси нешто одма се вадат теории и сценарија и тоа со најлош исход, емпатија нема веќе, злобата и бездушноста се осеќа во буквите, не дај боже во очи да ве погледнам. Не се знае ништо, ни дали било самоубиство, ама ако се работи за тоа, никој не смее да ја потцени депресијата, опасна болест и ептен потценета, може затоа што секој втор ја меша со мрза и неволност, па кога не ни е ден, па моменти на осаменост, не е тоа депресија и не сме сити ние депреснивни кога не ни е денот и кога не мрзи да станеме од кревет.

    Само тие што се борат со депресија не дај боже, знаат како им е, верувам дека немаат воља за живот и покрај животот што им се случува, навидум изгледаат нормални и може и немаат никакви проблеми, ама којзнае што им се случува во главата и како го гледаат секојдневието и со какви маки преживуваат ден.
    Сочуство до семејството, и поддршка до сите што се осеќаат празно и депресивно, животот е тежок, знам дека е тешко да се сменат мисли, и знам дека болката не поминува со шетање и дружење како што се најчестите совети, ама ете ако можете смогнете сили и побарајте трошка убавина и од лошото има и полошо, споредете го вашето лошо со лошото на другите што продолжиле да живеат и да се борат и нека ви бидат утеха и поддршка и помош и муза и идоли и после секое невреме доаѓа сонце, покрај се лошо на овој свет и во овој живот има и добро, само треба трпение, верба и надеж.

    А сите вие бидете добри луѓе, сочуствувајте со другите, помагајте, бидете достапни, слушајте, ослободете се од предрасудите, не осудувајте, застанете да помогнете а не да озборувате и така почнувајќи од себе ќе се промени светот и ќе стане едно убаво место за живеење без депресии и работи како овие. Се надевам...
     
    На Fancy_Nency 22, Ivan4e04, CoverGirl10 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А кај спомнав дека е смешно да посегнеш по својот живот?
    Смешно е дека на сите ичезнати им препишувате самоубиство.
    Работите се дека надлежните мува не ги лази за расветлување на случаевите.
     
    На candy.cane, Juicy, MonMon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 Јас на никој не препишав самоубиство, само напишав дека надлежните треба да си ја сработат својата задача. Објаснив само дека самоубиството не е нешто несериозно.
    Посмешно ми е да се отвара ваква тема и исчезнувањето на сите да го ставате во еден кош и да го препишувате на нешто поголемо благодарение на бујната фантазија и затоа што ви е досадно.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Имаше еден период години наназад кај што имаше вест за неколкумина исчезнати, различна возраст, различен дел од државата.
    Помислив само дека растам и затоа наеднаш ми дојде, до тогаш се немав интересирано за такви случки.

    Депресија.
    Случајност.
    Астрологија.
    Живот.

    Имам жив пример дека мајка на три деца би се самоубила. Веројатно во тој стадиум умот не перцепира како јас во моментов дека имам три деца.

    Иако е ненормално, нормално е да исчезнуваат луѓе. И не е дека сите се самоубиле. Некои ги убиле. Некои несакајќи. Некои ги киднапирале.
     
    На CameliaMiller, LiliBoz, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014
    Ко прво, што и да е вистината - нема апсолутно ништо смешно околу исчезнувањава; ниту околу самоубиството, кое не е нешто што некому онака из чиста мира „му дошло“ (како што си пишала во претходниот пост).
    Покажи малку почит и смири ја топката.

    Второ, ако на некои од вас ви се живее во страв додавајќи уште и теории на заговор на лошиве вести што ја преплавија државава - на други не ни се, и не сакаме немирен живот во кој родители ќе се мислат дали и колку да ги пуштат децата надвор.
    Не е ништо наивно, ниту пак бесчувствително кон семејствата, да се помислува на логични варијанти додека не излезат информации над ниво на шпекулација.

    Претпазливост, внимание на сопствената безбедност и пријавување сомнителности - никако не е на одмет, но не и сами да си правиме психолошка војна.
     
    На CameliaMiller, Mrs.Styels, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Господе боже махери сте за извртување на зборови.
    Кај викам дека е смешно за самоубиство абе вие се читате ли што зборувате?
    Некој што не следи од твоево ќе помисли стварно дека имам став дека е смешно да извршиш самоубисво.
    Де ве молам вие малце бирајте кога напаѓате и читајте убаво што се пишува само кревате тензија на нормално мислење од мравка слон направивте, стварно без осет сте.
    А јас само искоментирав дека е смешно што мислите дека зад сите ичезнување стојат самоубиства и ве молам не ми ги извртувајте зборовите.
    Толку ли е тешко да приметитефатите ако некој не се согласува со вас?
    И наас ако ни е досадно и измислуваме, вас не ви е досадно што само контрате на тие што имаат различни мислења од вас?
     
    На душленце, iki26, MonMon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Никој не рече дека зад сите исчезнување стојат самоубиства. Ти извртуваш зборови. Досадно ти е?

    Ти сама рече дека ти е смешно размислувањето дека некој би се фрлил во Вардар. Колку се фрлиле и колку допрва ќе се фрлат...
     
    На CameliaMiller и Animali им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Смешно ми е бидејќи за сите ичезнувања им препишувате самоубиство. И да за други што тврдиме дека сите не се велите дека ни е досадно и измислуваме приказни. Кај извртувам зборови?
    Тебе досадно ли ти е па што на секој трет пост нешто ми контраш и цитираш?
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Оуууууукеееееј...
     
    На CameliaMiller, theowndemon и Animali им се допаѓа ова.
  11. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Јас од блиски извори знам дека семејството верува дека е самоубиство, немало знаци на насилство, а таа жената што ја виделе наводно во Битола не била Даниела, многу личела на неа. Толку ќе откријам само.
     
    На Snowflake97 и Animali им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А фактот дека прво беше моето мислење па потоа твоето каде што демантираш не е битен а?
    Ама така нема да е интересно обичен коментар е на кој што демантираш, а вака ти си пишуваш, а јас ти го извртувам мислењето. Погледни погоре некое мислење прво. Оукејјј.
    Смешки си.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сигурна си?
    IMG_20190218_154536.jpg
     
    На Mrs.Styels и Animali им се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
  15. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Еве да, напиша дека ти е смешно, цитирам:
     
    На Amellie13 и DAngel им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ова се однесуваше за сите ичезнати, а не за поединец.
    И да смешно ми е мислењето дека сите што се ичезнати им дошло до фрлање во Вардар.
    Само ме интересира дали предходно пред да испадне Даниела да ја најдат во вардар исто мислевте. Или случајов малку ви даде кураж да мислите дека сите завршиле на тој начин.
    Озбилни сте дека нема нешто друго во позадина?
    Стварно ќе испадне дека или нас ни е досадно или сме параноични алал да ви е на сите што мислите дека живеете во безбедна земја дека нема да дојде Америка кај нас (или дека не е дојдена) ;)
     
    На iki26, MonMon и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Рече некој сите?
    И ти рече "некој", ни ти не рече "сите".
    Мислам озбилно, идете по бајачи сега барајте и прашувајте што се случува, освен тоа остана. Оти ментално здравје излезе дека е непознат поим.
    Одам јас, сВѐ без осет бе...
     
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Алелујаа
     
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    И најжално е кога ќе слушнам за депресија скренал со умот или имаше се, ништо не му фалеше.
    Божем на некој така лесно може да му влезеш во умот и душата.
    Во животот научив дека насмевката е само маска.
     
    На Ицолгудбејбе, sweet-cherry, Chanell* и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    И ти како самата тема, отворена за шпекулации и желна за сензации, со болдираното зборуваш како да се случува нешто апокалиптично во државата, а сите ќутат, подгреваш со предвидувања како ова да е масовно, небаре зомби напаѓаат. И после ние сите во ист кош сме ги ставале, кога ваквите коментари ги поврзаа од никаде на никаде овие случаеви и ги препишаа на нешто трајно и опасно, големо, државна тајна.
    Верувам дека полицијата си ги гони случаите, што сакаш на вестите да кажат? Секој ден да има дека и денес не ги најдоа? Од која полза би било? Доволно е објавено секаде, за да ако некој има важна информација да сподели.
     
    На CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.