1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да те подсетам само колку беше скептик и не обвинуваше дека ние си правиме филмови во глава дека е убиен.
    Се испадна обратно од тоа ти што тврдеше дека е "невозможно".

    Така да џабе дискутираме тука и не веруваме во нешто.
    Не сме ние Америка, ама испадна дек сме.
    Ако бил среден ќе нашле барем некаков доказ, ама ете не најдоа.
    Џабе е да дискутирам повеќе ;)
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.488
    Допаѓања:
    120.195
    Пол:
    Женски
    Не функционира тоа така :)
    Во полицијата има пресумпција на невиност - секој е невин додека не се докаже спротивното.
    Да задржиш лице за испрашување во станица смееш само 24 часа.
    За притвор да одредиш ти треба основ.
    Нема тело нема пиштол нема нож нема ништо.
    Да ја задржеа девојката дека мајката на Пино кажа таа е виновна?
     
    На candy.cane, PaLaVa, JollyGirl и 16 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Каде тврдам дека е невозможно?
    :)

    Како што и претпоставив:
    1. Не беше закопан, и некој човек го најде
    2. Не го уби рандом "мафија", туку другар му и девојка му

    А коментарите кои ги цитираш надвор од контекст, се однесуваат за наводите за мафијашки убиства ако добро се сеќавам :) за договори од работа ли беше?

    Ај сега пак ако сакаш кажи ми, како ти мислиш дека се спроведува истрага за убиство, како се докажува дека е некој умрен, како се наоѓа тело... ме интересира.
     
    На Peperutce1115, WildMk, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Не можат да и' кажат ако не се сигурни дека е умрениот тој.
    И едниот се бара, девојката е уапсена.
     
    На WildMk и Animali им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.755
    20190601_001623.jpg

    Оваа жена е непрофесионалец, субјективен и растроен јадач на трици.
    Не значи дека ако МВР не коментирала дека не работела по сугестиите на мајката и барала докази.
    Што очекува оваа Јорданка? Па мајка ну на Пино ваљда е у право, ама бараме доказ за да ја притвориме Ангела?
    Оваа жена создава само болка на душата на мајката со вакви срања, а бога ми и кај многумина.
    Глуперда. Тера политички агенди.
    Кутриот уште првите часови по исчезнувањето тој бил убиен, она раскажува ЦСИ приказни. Нездрава.

    Жал ми е за семејството и Пино... монструозно дело. Не можам да разберам какви се тие луше што прават вакви дела...
     
    На Avery, candy.cane, JollyGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.080
    Допаѓања:
    184.214
    телото е најдено по дојава
    неспособни се и да го најдат
     
    На Shmizla94, SelenaGomez, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Полицијата и институциите имаат работа да истражуваат и да испрашуваат осомничени и сведоци...трагата води каде што води додека не дојде до ќорсокак или се најде телото.....а не им е работа да ја ископаат цела држава.
    Скоро сите дојави секогаш за пронајдено тело се од или сторителот или случајни минувачи,полицијата пронаоѓа тела ако доказите и трагите им се добро упатени.
     
    На candy.cane, PaLaVa, Angel06 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Сега видов дека мајката била навремено известена дека е најдено тело и биле повикани да дадат ДНК.
    Така што, дознала вчера, по 1 месец, што не е долго. Најмалку 2 недели требаат за ДНК башка и судска да донесе заклучок како е настаната смртта.

    Според се' што прочитав до сега, не гледам заташкување.

    А вие што се "јачате" што не нашле тело одма, де прочитајте прво нешто, не туку само вадете глупости од ракав.
     
    На blackwave, JuLleE, Avery и 14 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.488
    Допаѓања:
    120.195
    Пол:
    Женски
    Знаете колку време трае подготовка на анализа за днк?
    Знаете колку време трае една анализа за днк?
     
    На Angel06, poenta, ушко и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Абе му се чини криминалците оставаат докази во форма на пишани или снимани изјави зад себе, за полицијата да не се мачи да ги бара |(
     
    На PaLaVa, Tan4ence, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.755
    Да се дополнам, јер ми крахираше мрежата.
    Во Србија со пронајден труп на убиената пејачка (не се сеќавам на името), днк, со убиецот пред очи, па после 3 години го разрешија случајот. Луѓево (гемерално јавноста) очекуваа без ништо, очекуваа од снимките од камерите да заклучат се одма и сега?!
    Ангела не била на полиграф?! Од кај знаеа дека полицијата не е убедена и и остава простор за да не избега и сама да се намести?
    Што ќе се променеше, детето веќе било убиено по самото исчезнување?
    Како да одел притворот?! Ја апсиме Ангела врз цврст доказ на интуицијата на мајката?!
    Има постапка, има начин.
    Не смееле долго да бидат неразрешени?! Као ова е на дугме? Истрагата ја прават обични смртници кои мозгаат во 200 насоки. Јорданка не знае еден текст асален да напише да го докаже своето истражувачко новинарство, јаде трици за тешки случаи. Женава треба да се хоспитализира зошто нејзината обзеденост со себе е болна. Кога отиде на Дрисла и кога "не најде ништо" ... брука. И еден мал милион случаи во кои не погоди во "нагаѓањето".
    Луѓето од МВР си ја завршиле работата и за разбирање е стравот и исчекувањето, агонијата на родителите, но исто така и тие што ја водат истрагата се само луѓе и нема начин да работат 24/7 колку и да е разбирливо и сочувствително. И сепак, случајот е решен, за жал многу лошо. И во рок од 24 часа да беше решен...исходот ќе бил ист.

    МВР не затаила во случајов, а со тоа што ништо не излезе во јавност за текот на истрагата, е професионално. Недостатокот на генерално сите професии во државичево е нерафинираниот однос према засегнатите и лошата комуникација со нив особено за вакви работи (особено во здравството па ич, ти кажуваат дека ќе умреш без око да им трепне како ќе се осеќаш) тоа што мајката не е контактирана со утешни зборови, кога веќе не се даваат информации за текот, а за друго не може да се обвинат.


    Треба да се сменат казните за вакви тешки дела - доживотна или смртна казна...
     
    Последна измена: 1 јуни 2019
    На blackwave, kim.k, calliope и 11 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Абе тоа ти е хпл луѓе :D

    Инспектори не чинат, доктори не чинат, учителки не чинат, сестри не чинат... само НИЕ чиниме :)

    Од вакви глупоштии издвојувам - девојката што ја спомна @Someonespecial која никаде не кажала дека "ја лажат" ама сите скокнаа да колнат живо и диво, "професорка по македонски пораѓала жени" (професорка која е инаку акушерка) ама скокнаа да урлаат...
     
    На blackwave, Yowannty, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Битно е да се јаде малтер.
     
    На RainbowButterfly, PaLaVa, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да ама со истрагата се заклучи дека детето е убиено истиот ден.

    Не знаеја дали е жив или мртов додека не го најдоа телото.

    А што ако е убиен нареден, понареден ден? Како заклучиле од скелет дека е убиен истиот ден? И час да не можат да кажат?

    Сега може да викаме дека исходот ќе бил ист секако и да се нашол по 6часа нема да го вратиме ама со ова рамзилсување тешко на други што прво може некој ќе ги држи негде и нема да бидат веднаш убиени.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Тука го направивте наркоман, должник, дека мајката крие нешто и е сомнителна и дека сигурно избегал од неа оти била строга бла бла бла.
     
    Последна измена: 1 јуни 2019
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.755
    Ама како зборувате вака?
    Објаснете ми како е човечки возможно да се изведе поинаку истрагата?
    Не може да се каже дека се седело со скрстени раце.
    Да, може да се заклучи кога било убиствито од труп/скелет. Не е често, но во случаи кога трупот е во одредени услови и е зачувано, може и час да се одреди.

    Имало случаи на киднапирање кои се решаваат за 24 часа, ама тие не се спомнуваат, зошто се решени веднаш со успех, значи дека се работело на случајот.

    Кое размислување?
    Не паметувам, и не смислувам теории на заговор, поаѓам од простиот факт дека и тој во МВР е човек од крв и месо. Проста логика е, луѓето немаат гпс, како вака изигравате Шерлоци не ве разбирам. Што очекувате? Копче и одма да се реши се? Еве ти што мислиш како изгледа една истрага?

    Не дај боже човек да се најде во ваква ситуација на очај и агонија, ужасно е, ама факт е дека и тие што треба да не најдат работат во рамките на своите човечки можности. Во преблиско семејство пред години ни се случи, и болката е неописива, страшна, не е ни болка уствари, не знам што е, ама страшно е. Заврши со среќен крај за 3 дена, иако последиците не беа убави (исходот можеше исто да биде страшен, се работеше за растроена и агресивна личност, тпа што после беше ослободен те му беше намалена казната,е друга тема на муабет), но сега се е ок. Ама во такви моменти разбираш дека и тоа се само луѓе кои ја водат истрагата и се што се бара е да соработуваш и да бидеш спремен дека си прв на тапет на осомничен и дека е нормално.

    Болката и револтот на мајката го разбирам апсолутно, иако и колнеше, и навредуваше, и се чудеше што и неа ја истражуваат (логично е и многу нормално, значи си ја вршеле работата), иако она и покрај текот истрагата беше замината во Италија кога требало да даде днк, па се лутеше на судска медицина што за време на викенд не се на работа. Сето тоа е кажано во болка и афект, кои се разбирливи и нормални.

    Државава ни е трула, системот исто така, ама во случајов... нема што да се зборува.

    Се надевам семејството барем малку еден ден ќе си ја намали болката и ќе најде барем малку утеха.
     
    На Alanna, Avery, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lilit како зборувам, што кажав грешно?
    Го прогласија за мртов од кога некој си таму го нашол телото и докажале дека е Пино.
    Може работеле ама на дело ништо не се покажа.
    За еден месец најдоа тело, докажаа дека е Пино и имаат и осомничени.
    Еве јас ја примам со резерва информацијата дека е истиот ден убиен. Сепак може да се даде период од-до настанување на смртта ама точен ден?
    И исто ја примам со резерва и информацијата дека другарот и женската се убијците. Со самиот факт дека девојката не ја ставиле на полиграв веднаш по случајов се ми е сомнително.
     
    На Cinderfakinrella и Meckicja им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.755
    Кон што те води сомнението?
     
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не ме води кон ништо посебно. Не ни сакам да размислувам до толку бидејќи има милион опции. А не сакам да си ја замарам до толку главата со црни сценарија бидејки како поединец јас сум немоќна и не можам да сменам нешто.
    Но имам право да се сомневам.

    Ама се примам со резерва бидејќи кај нас освен правда и вистина се друго има.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.