Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    57.455
    Пол:
    Женски
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Не си прочитала негде, на мајкава е таа изјава.
    Патем, зошто мислиш дека на мајката (која секако била една од осомничените) би и' кажувале детали од истрагата?
    Па со оглед на тоа дека се' живо кажуваше по интернет, просто не е паметно да и' се каже ништо.

    Во светов постојат многу мајки што си ги убиваат децата, а и за сите мајки нивните деца се најдобри.

    Полицијата ни тука, ни никаде на светов, нема обврска ниту да постапува по желбите на семејството, ниту да им кажува доверливи информации за време на истрагата.

    Еве ти прост пример: може полицијата уште рано се сомневала во таа Ангела, ама намерно не кажувала на мајката.

    1. Без докази, девојката не можеш да ја обвиниш.
    2. Со оглед на однесувањето на мајката, веројатно девојката ќе беше нападната - без никаков доказ.
    3. Полицијата секогаш има повеќе осомничени, таман работа во сите да вперува прст. Едно е осомничен (тоа не се кажува, со причина), друго е обвинет што јавно се кажува и кажаа.
    Иако со иницијали, оти се' уште не се осудени.

    4. Никогаш не е паметно да се зборува јавно за активна истрага и да се изнесуваат детали. Нејзиното однесување беше такво што се' што знаеше, изнесуваше јавно. Верувам дека полицијата не и' кажувала се', ама тоа е со причина. Па и навредена беше кога и за неа отвориле досие. Епа нормално, оти рандом луѓе не убиваат други луѓе. Тоа е преретко.
    Најчесто се луѓе што се познаваат меѓу себе, а така испадна и овој пат.

    Се' додека нема тело; нема крв, нема оружје; нема ништо... не можеш да докажеш дека е некој умрен, а не па дека насилно умрел и да бараш убиец.

    Полицијата сосема коректно до сега си ја завршила работата, за понатаму ќе видиме.
     
    На Peperutce1115, JuLleE, SexiLy и 13 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Немојте да ја викате 'несалам', 'ненормална' мајката.
    Не дај Боже да се најди некој во таква ситуација, абе орлови нокти ќе клај чоек и ќе копа очи, а не па да псуе по медиуми и социјални мрежи.
     
    На Ники., Abeja, JuLleE и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    Да објавиш дека некој е осомничен, само ќе му дадеш предност да избега, бидејќи за негово задржување потребни се докази и тело, а не зборови.
     
    На Peperutce1115, SexiLy, Avery и 12 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Зборувам за претходно.
    Нејзиното однесување не беше во ред кон полицијата, а и кон многу луѓе кои пробаа да и' помогнат.
    Ако е мајка, тоа не исклучува автоматски дека не добар човек.

    Јас зборувам за нејзиниот однос општо кон сите. Не случајно на нејзините протести 20 души не се собираа.


    Не е прв родител чие дете исчезнало. Ама нејзиното агресивно однесување, за жал, не одеше во прилог луѓето да посакаат да излезат покрај неа.

    Од луѓе кои лично ги познаваат секакви муабети излегоа, ама ајде тоа нема да го коментирам.

    Само едно: болката никому не дава оправдание да се однесува лошо.
     
    На Peperutce1115, kim.k, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе не дава оправдание, ама чувствата не функционираат логички.
     
    На Abeja, JuLleE и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Епа не, ама едно е да сфатиме дека таа не функционира логички, друго да ја поддржиме или здраво за готово како факт да ги прифатиме нејзините изјави.
     
    На Peperutce1115, JuLleE, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Жално е да го користиме случајов за да се правиме експерти, ова е страшно, колку беше мајката потресена цело време а тек сега... :( Никој не е крив што 6 месеци не се знаеше ништо, МВР немаше докази за да уапси никого, по кој основ, не се знаеше дали е жив или мртов. Кога се дозна, си го направија тоа што треба. Овој Али во бегство е? Се надевам ќе го најдат и заедно со Ангела ќе си ја одлежат казната.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Секако дека не би прифатила нечија изјава, без да ми приложи докази, ама го разбирам нејзиниот револт.
    За чекање на ред за преглед ќе ти вивне главата ако не се реагира веднаш, не пак за исчезнат близок.

    Генерално мислам дека полицијата си сработи онака како што треба. Единствено имам забелешка за нивниот однос кон мајката. Немаат соодветен однос кон жртви. Знаат како со криминалци, ама не знаат како со жртви.

    Во Англија, на пример, има задолжен полицаец кој останува со фамилијата на исчезнато или убиено лице и кој им е достапен 24/7 за секакви информации, практично, линк меѓу полицијата и фамилијата е. Кај нас го нема тоа, и секоја информација треба да ја бараш од различен човек, а тоа е истоштувачки и практично невозможно. Ако секој полицаец за секој случај секојдневно треба да им објаснува за текот на истрагата на засегнатите, цело време ќе им отиде во муабети со блиските на жртвата.

    Има многу работи кои недостасуваат во работата на МВР.
     
    На Harper, lovestoneddd, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Точно.
    Тоа не значи дека не си ја работеле работата.
    Сепак, според мене, и премногу инфо и' даваа. Секој испрашан знаеше дека е испрашан. Тоа не се информации што треба да ги знае.
    Ок што и' кажувале каде ќе пребаруваат како во Смилковско на пример, ама детали не се кажуваат.
    А и нејзиниот потценувачки и агресивен однос кон нив... не и' помогна.

    Еве ќе ти кажам за себе: секој ден гледам вознемирени луѓе, чиј близок е болен. Ако се агресивни и нападни кон мене, мојот однос се лимитира на она што морам да го направам.
    Ако се однесуваат нормално, ќе направам многу повеќе за да им помогнам.

    Разбирам дека им е тешко, ама ни јас нема причина да трпам агресија за нешто што не е моја вина.
     
    На Peperutce1115, kim.k, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е ќе трпиш.
    Замисли да си психолог или психијатар?
    Ќе трпиш и низ нос ќе ти излези.
    Тоа е работата со живи луѓе: трпење.
    Затоа не се нафаќа секој да работи со луѓе, оти е мачно.. Што воедно е и проблемот со МВР. Не знаат психологија на жртва, не знаат како да пристапат.

    Иначе, не мислам дека и' даваа многу информации, ионака за тоа кој е испрашан се информации од јавен карактер, секој може да ги добие.
     
    На Abeja, ocicka2014, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Предобра идеја. И онака има еден куп вработени во МВР. Може да доделат некому ваква задача. Баш линк, ќе им кажува ќе ги смирува ќе биде до нив. А со сетоа тоа народот ке има доверба во МВР. Ама далеку некако е ова од ка нас. Како и во здравството така и во ова нашиот народ нема доверба. А што е најважното за една држава, кога АРМ, МВР образование и здравство би функционирале како што треба народот би бил многу поспокоен. А сета оваа нефункционалност е последица на партиски вработувања на секоја влада наназад. Секоја чест на исклучоци и професионалци. Да не забегувам од темава. Незнам кај нас дали има и колку се користат приватни детективи за вакви работи.
     
    На azelea, Luminary и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Има приватни детективи, ама не секој може да си дозволи да ги плати.
    А и не е тоа поентата, МВР треба да си ја брка работата, тие имаат најмногу ресурси и нивната работна обврска е баш тоа.
    Како што рече и сама, народот нема доверба во функционирањето на институциите, па се остава место за ширење деинформации.
     
    На PaLaVa, supergirlmb, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.614
    Приказната има две страни, едната е од мајката дека МВР си терале одмори и не и давале информации, па сега ако она ги спамирала и им звонела по 10 пати на ден, нормално дека ќе почнат да и спуштаат и да не и се јавуваат. И по нејзиниот однос се гледа дека не 10 по 100 пати на ден им е досадувала. Барала промена на првиот инспектор на случајот пошто и рекол дека не поминале 24 часа и не може да биде заведен како исчезнат бидејќи е возрасен. Па тоа е така секаде во светот. Најпрво за возрасна личност се верува дека своеволно е замината некаде, па дури потоа се разгледува можноста дека е изчезната. А од друга страна како што пиша и @CameliaMiller баш со се беше во тек и споделуваше на фб и ситници. И уште е активна на фб ...
    За тоа што го спомна @WildMk човек за семејството да има, да те известува и слично да, ама и во англија ако почнеш да се однесуваш арогантно и да бараш информации по сто пати на ден исто ќе почнат да те игнорираат.
     
    На Peperutce1115, kim.k, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    А да не заборавиме дека нејзиното дете имаше 26 години, и според неа, никакви проблеми.
    Ако се сеќавате на еден друг случај, 35 годишен маж исчезна, после неколку саати беше пријавено и почнаа да го бараат.
    Ама неговото семејство кажало во полиција какви проблеми има човекот.

    Е сега, еве јас имам 28 години, и не си дојдам ноќеска дома. Нормално дека нема во рок од 2 саати да отворат истрага, не е невообичаено возрасен човек да го "снема" на неколку саати или ден.

    Друго е дете, друго е возрасен човек.

    Едно е семејството да сака нешто, сосема друго дали нивните барања се во склад со закони и протоколи.

    Ние знаеме само за исчезнувањата кои завршуваат со лош исход, ама многу луѓе "исчезнуваат" за по ден-два-пет живи и здрави да си дојдат дома, посебно ако се млади. За нив никаде не пишува оти нема потреба да пишува.
     
    На Peperutce1115, Nausicaa, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Не, не морам да трпам агресија ничија, башка е со закон забранета и можам да пријавам агресивно однесување од кој било. И да се најдам во таква ситуација каде сериозно ќе се загрижам за својата безбедност, нема да се двоумам да пријавам.

    До сега не сум била во толку сериозна ситуација да поднесам пријава, ама неколку пати имам викано обезбедување да го отстранат агресорот.

    Не ми е работа да се занимавам со закани зошто си ја работам работата.
    Накратко, не смеам да зборувам за состојбата на болниот СО НИКОГО, арно родена мајка, жена или дете да му е. Само и само докторот тоа смее. Ни сестра, ни болничар, ни јас, ни никој друг.

    Арно болниот да умре - јас тоа НЕ СМЕАМ да го кажам. Само докторот смее и треба.

    И знаеш колку пати вербално ме нападнале зошто не зборувам за тоа што НЕ СМЕАМ да зборувам? Се обидуваш да ја вразумиш личноста, да објасниш дека не може како тие сакаат, дека има начин... ако не најдам разумност од другата страна, зошто би трпела?

    Па на ден стотици болни има. Таман работа сечие семејство да ме малтретира. Ако се однесуваат нормално, ќе направам се' и надвор од тоа што морам за да ги поврзам со докторот. На пример ќе му се јавам на приватен телефон и ќе го замолам надвор од време за прием да се види со нив.

    Ако се агресивни, не само што нема да се јавам на приватен број, туку ќе им кажам она што морам (кога и каде можат да го најдат) а ако не ме оставаат на мира ќе викнам обезбедување и ќе го предупредам докторот за нивното однесување.

    Никој не заслужува таков однос и нивната болка не им дава за право да ме напаѓаат вербално, а за физички да не зборувам.

    Само еднаш сум била на раб да пријавам некој вистински во полиција, бидејќи не само што не излегуваше од просторијата каде што се обидуваа да помогнат на пациентот, туку почна физички да не' гура и да се заканува.

    Обезбедувањето го отстрани, ама такви работи не морам и нема да трпам.


    Ах, и пациет/семејство да ми се јави 10 пати во 1 ден, 11тиот пат нема ни да кренам. Убава работа ако сите така се однесуваат. Оти тебе твоето да најважно ти е, ама мене сите пациенти ми се исти. И нема никому привилегија да дадам и да дрндам 3 саати со него денес.
     
    На azelea, Peperutce1115, kim.k и 13 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Последното патување на Пино Секондо

    Девојката беше на распит два пати во обвинителството, но за сега основи за сомневање има само за едно лице. Доказите со кои располагаме укажуваат дека убиството го извршил само Ф.А. Не е исклучена можноста да се отвори истрага и за девојката но само доколку се дојде до релевантни докази, соопштуваат од ОЈО.​
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.710
    Допаѓања:
    40.084
    Пол:
    Женски
    Да се кладеме дека случајот ќе се заталашка?
     
    На fana и tessie им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не знам зошто полицијата дозволува да се зборува така против осомничени, кои не се ни обвинети?

    Па замислете вам утре некој, да ве накриви дека сте направиле нешто и цела држава да се сврти против вас, а да нема доказ дека сте воопшто замешани во тој криминал?

    Презумпција на невиност, додека не се докаже вина кај нас не функционира, а е основа на заштита на човековите права.

    Ми се гади од социјалните мрежи.
     
    На Peperutce1115, LovelyGirl3, RainbowButterfly и 8 други им се допаѓа ова.