Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.272
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
    Како и скоро секој случај. Не верувам дека нешто ќе направат, со време ќе се заборави.
    Жално за Пино нека почива во мир.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ама како 'ништо нема да направат'? Како ви изгледа дека 'се заташкува'?
    Истиот муабет беше и за Саздовски.

    Глеате дека работи МВР, шо сакате да напрат?
    Да прескокнат судење и право да обесат некој на плоштад?

    Мислете тро шо зборате!
     
    На Peperutce1115, JuLleE, SexiLy и 17 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Ајде.
    Во што се кладиме?
    |(
     
    На fificaaa, Tan4ence, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Се изнервирав да ти кажам.
    Отворив на профилот на мајката на Пино, под последниот пост скоро 400 коментари со осуди, псуење, колнење и шо уште не!

    Ај мајкава ја разбирам, ама како размислуваат другите, стварно не ми е јасно?
     
    На Someonespecial, Nausicaa, Tan4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Многу бараш па и ти сега :D

    Се заташкува за "битни" фаци и политичари, за вакви обични смртници како нас... због зашто било кој би правел криминал и би заташкувал? :)

    Тоа што не сме Америка и нема јавни судења на ТВ пренос, не значи дека нема осудени убијци во затворите...

    ама... ако не е доволно по тв давано и по портали не е пишувано, ако не се извади прљавиот веш онака јавно, исто како да не се случило.
     
    На JuLleE, Nausicaa, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Тоа ми беше и мене муабетот.
    Акл од неа не очекувам, ама од останатите очекувам. И срам да им е што се однесуваат како дива багра. Не им треба на нив демократија, им треба комунизам да не смеат да писнат.
     
    На Nausicaa, Animali, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.616
    А и по можност веднаш да се осуди, какви Ојо постапки какви глупости, експресно судење за 1 ден право. Од пошироката јавност секако е пресудено веќе. Не е битно ни мотив, ни докази ниту ништо.
    Чудно како уште никој не се избацил со теоријата на заговор за трговија со органи.
     
    На dayla, Nausicaa, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Жално. Се надевам ќе најдат доволно докази и ќе скапат во затвор кои и да се.

    Таа осомничената 22 годиншна :x
    Кој монструм, човече. Дури и на полиграф успеала да помине без да ја сетат.
    Е тоа е чист пример за социопат. Нема чувства, нема емоции. Помогнала за убиство, мајката плаче, ја моли да и каже каде е синот, а таа мртва ладна.

    И да ја ослободат од затвор таа е опасна за општеството и треба во лудница да ја стават.

    Тешко и на мајката и на цело семејство на Пино.
    Гневна е и нормално плаче, пцуе, колне, ама останатите треба да ја смират топката. Нека ја остават да тагува, а не да и додаваат масло во огнот.

    И аман кога читам што им требало 6 месеци на полицијата :x Стварно не знам дали намерно се правите наудрени, дали намерно мрчите или тепате време.

    Така е ова.

    Детска игра. Плукни залепи.
    Нели читате дека треба доста време за да се утврди ДНК, за анализи, за триста глупости.

    Не е мала играчка убиство.
    Плус тие си работеле, ама јавноста не ја известувале....Голема грешка е и што мајка му секој чекор го кажуваше на фб. Им даваше шанса на монструмите да се скријат.

    На крај народот ќе заборави за три дена, а детето не се враќа.
    Тешко на семејството.
     
    На Justicija, Peperutce1115, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    A postoi moznost i da ne e vmesana da ne izbrzuvame so nasi licni zaklucoci.
     
    На RainbowButterfly, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.841
    Допаѓања:
    77.249
    Пол:
    Женски
    А како заклучивте сите дека е вмешана? Мајката знаела дека ете бил прво со неа, па затоа ја вмешува и неа... Може стварно и премногу му се нафрлила на девојчето, па затоа ја избегнувала. Пино од кога се видел со неа, тргнал се сретнал со сега осомничениот. Може не е она ич вмешана. Оставете да си го решат случајот стручни лица. Па какви погрдни зборови, а поима немате што се случило... како вака набедувате незнам.
     
    На PaLaVa, dayla, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Поминала на полиграф девојката ама затоа не поминува пред феминските стручњаци за сВе.
    Јас не знам зошто постојат толку институции и толку вработени кога државава може да земе неколку членови од овде кои се разбираат од секоја област и тие да се и полиција и суд и доктори и се што треба?

    Нам како јавност ни се сервира една десетина од целиот случај и има еден куп работи кои не ги знаеме ама битно ги осудивме осомничените и така натака...
     
    На Peperutce1115, cvekence123, JuLleE и 14 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Имаа изјава вчера дека е уапсена.
    Е сега, дали била уапсена или само подолго ја задржале на испрашување и ја пуштиле, а нашиве портали спинувале...
     
    На WildMk и Animali им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Значи не си вадете од ракав претпоставки, зашто вака зашто така, си има точно определен тек на постапката.
    Прво он бил исчезнат не може тука никој ни да се приведува ни да се притворува, ете го нашле телото извршиле днк и се докажал идентитетот, си има пријава и ојо има отворено случај што ќе си го води тек сега може и да бара притвор и да испитува сведоци да вади други докази па обвинетиот го дава на суд.
    Мајкава колку и да е гневна и ожалостена не може да им се меша во постапката, да објавува информации и да бара овој или оној да се става на полиграф кога не е стручна, тие органи не за џабе постојат и работат, а секако е многу погрешно што јавно се споделуваат профилите на осомничените, може девојчето не е никако вмешано во убиството а е жигосано, дур нема правосилна судска пресуда никој не смее да биде (ин)директно покажуван со прст.
     
    На JuLleE, Laduena, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.041
    Ја ослободиле Ангела.
    Само зошто мајката мисли дека е виновна зошто не реагирала така како што она сакала и ја пријавила за вознемирување, не значи и дека е виновна.
    Мајкава тенденциозно алудира на девојката, а не го спомнува другиот кој го извршил убиството.
    Станува факд ап ситуацијава.
    Реално да се гледам со некого некое време, да не го знам доволно и да исчезне и јас би се извадила од памет и нема да сакам да се мешам, па уште и да сум последна да сум го видела.

    Должна почит према мајката и се што помина, ама не е во ред ова.
    И други мајки губеле деца, а и оваа Ангела која може не е виновна е нечие дете, ако испадне дека навистина не е, животот и засекогаш запечатен.
    Сите за своите деца мислат дека на мравка не газат, а да не си ги познаваат реално. Но што и да направил, не го заслужил тоа. Кога целосно ќе се расветли случајот јавноста заслужува да го знае мотивот зошто ретко грозна работа е ова што се случила у државава.
     
    На Peperutce1115, JuLleE, RainbowButterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Мене не ми е јасно како тие околу женава, семејство, пријатели, не преземаат нешто да ја приберат.

    Таа не е при себе, ама тие околу?

    Ако испадне девојкава невина, може да ја тужи, а да сум јас и би ја тужела после вакви испади.

    Како што кажав, нејзината болка е неопислива, ама нема право да повредува други. Таа може не е свесна, ама маж, друго дете, брат, сестра... некој сигурно може да ја вразуми малку.
     
    На candy.cane, kim.k, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Мајчински инстинкт никогаш не лаже.
    Познавајќи ја ажурноста на нашите институции жената си постапуваше баш така како што треба. Беше оставена да се снаоѓа како знае и умее. Чудно ви е тоа зошто најчесто луѓето се повлекуваат оти немаат сила или пари за да се справат со такви несреќни околности, не пак да излезат да прозборат во јавност.
    Сочувство за семејството.
     
    На kukla21, AngIv, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав на еден портал дека не само девојката, туку и тој другиот за кого сега викаат дека е убиецот имал поминато на полиграфот. :?:
    Како успеале да поминат на полиграфот? А тој сега е во бегство, зошто избегал ако успеал да помине на полиграфот? :?:
     
    На Abeja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    ^ Полиграфот не секогаш е меродавен.
    Социопати можат без проблем да минат, бидејќи лагата нивниот мозок не ја перцепира како лага и не се јавуваат никакви реакции. Има дури и онлајн видеа и инструкции, трикови како да го превариш полиграфот.

    Инаку, не ја обвинувам воопшто мајката.
    Да ти испари најсакана особа, да знаеш дека не е добро, не е на сигурно, повредена, краен случај убиена, е доволен тригер за полудување. Јас планетата од оска би ја померила во таков случај.
    Друго, кој немал работа со Мвр и инспекторатот, не знае што луѓе се.
    Можеби во повеќето случаи си ја завршуваат работата, евентуално никогаш, ама додека трае процесот душата со памук ти ја вадат, преку недостапност, непрофесионално понашање, неодговорност и ароганција.
     
    На Abeja, Justicija, Chanell* и 18 други им се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    И јас го прочитав истото, а воедно тој истиот портал од збор до збор ги пренесува клетвите и навредите на мајката.
    Многу “професионални” се тие новинари кои јавно објавуваат слики од осомничената и ја нарекуваат ороспија и сл.
    Зошто мајката не плука по тој што е осомничен дека пукал?
    Зошто е толку нафрлена само на девојката?
    Како успева со сета таа болка да седи на фб и да колне?
     
    На candy.cane, RainbowButterfly, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Многу се потресов кога видов, баш имав надеж дека ќе го најдат Пино, нека почива во мир.
    Девојката немам зборови ако е стварно виновна треба да скапи во затвор и да ја мачаат секој ден, за убиецот не ме изненадува што е албанец тоа само докажува дека воопшто не треба ништо да си имаш работа со нив, спремни се на било што, и монструмот сигурно некаде веќе се крие во Косово или Албанија не верувам дека ќе се најде, но се надевам дека ќе го снајде кармата дебело.
    Немојте да и судите на мајката на Пино, жената е под стрес, никој да не и е во кожа, се бореше, се надеваше, се молеше и на крај ја снајде нешто најлошо..
    Јас не сум мајка но сум нечија: ќерќа, сестра, девојка, братучедка и некому од мојите најсакани да им се случи нешто такво јас би разбила се додека не ја дознаам вистината а не па за дете што си го носел девет месеци под срцето, си го растел, чувал , радосно си го гледал додека имало тоа успеси, си плачел кога тоа плачело и сега е возрасно и се гордееш во каков човек ти пораснало детето и оп, некој ти го киднапира и ти го убие. Па како ќе реагираш?? Не е жената при себе и никогаш повеќе нема да биде.
     
    На Abeja, Chanell*, cvekence123 и 7 други им се допаѓа ова.