1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не, не е ништо сериозно ти уживкај си што се замараш не ти дошло на близок твој да се случи па затоа не ти е нешто вау информација.
    Од кај знаеш дека некој од ичезнативе не ми е близок па затоа реагирам така?
    А мвр се знае колку работи, да беше некоја нормална институција до сега ќе ги решеа сите случаеви.

    Ама ај ние ќе се правиме слепи и глуви коо демек мобилен е изгубен и пријавено, а не човек.
     
    На Nigredo Odor, LollySky, iki26 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Да не е масовно, само 4 лица се исчезнати за месец ипол што е тоа ништо нели, се работи за човечки животи не се работи за играчка побогу.
    И да сметам дека треба да има на вести, луѓето треба да се информирани доколку постој некоја опасност, а и медиумите се тие што први треба да ја споделат веста за исчезнато лице така многу полесно ќе се пронајде.
    Што треба 10 души да исчезнат па тогаш да почне да се размислува и да се прават 'сценарија'?

    Никој да не им е во кожата на семејствата на исчезнатите не знаат ни дали се живи ни дали се мртви.
     
    На LollySky, iki26, lost123 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 Ми се случи и мене и моето семејство. И? На форум според тебе треба да бидам драматична како тебе, за да видат сите дека сочувствувам?
    Си дозволувам работите да ги согледам од пореален аспект, за разлика од тебе. Треба 'вау' ли да биде информацијата, велиш, за да биде релевантно?
    "Вау" е се што сакаш ти да биде изгледа вака коментирајќи, бидејќи очигледно ти е досадно, а и да, смешно ти фрлањето во Вардар.

    Сакате сценарија, бидејќи сте жедни за пишување и ширење паника без докази, како и секоја публика. Па и продолжете, јас нема веќе што да коментирам на оваа тема.
     
    На CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.
  4. MonMon

    MonMon Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    17E0F373-2460-45B9-9037-E3A30E8A778D.png
    Дали вие паметните мислите дека не треба уште да се загрижуваме???
     
    На душленце, mariz, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не е решение ако пишам на форум, ама не е решение и што ги бараат и на фб ичезнатите и цело време се споделува па испаднало најефикасно средсво колку само изгубени старци најдоа така.
    Да ќутеа тие и да не реагираа веднаш со споделување и ако чекаа на мвр да ги најде... "најдени ќе беа".

    Од такви "што ја гледаат реалната слика" со скрстени раце и затворена уста си патиме, луѓе ичезнуваат сите и семејствата најмногу треба да бидат најгласни и да бараат одговори бидејќи за тоа ги плаќаме институциите од мој и твој џеб за да бидеме безбедни во државава.
    И ова "досадно ви е" некоја нова фора да не ви е за некои што имаат поразлично видување на работите од вас?
    Како што коментирам јас така коментираш и ти, како што сум јас на овој форум така си и ти на овој форум, значи ако мене ми е досадно и тебе ти е.
    Толку од мене за тебе.
     
    На душленце, Snowflake97 и MonMon им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Околу 300 лица биле пријавени за исчезнати лани, од јануари до ноември, значи по 3 секој месец. Разликата е во тоа што лани многу помалку се бараа по социјалните мрежи. Нема забегување во статистиката, нема зголемен број на исчезнати лица, само поголема организираност од граѓаните за наоѓање на тие лица. Нешто што е за пофалба, а не за плашење.
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Причината за зголемениот број на исчезнувања најверојатно лежи во нашите портали и квази-новинари, кои со clickbait и бомбастични наслови се обидуваат да привлечат публика на секој можен начин - и тоа е нешто што прилично добро го прават. Од друга страна, она што не го прават ни приближно толку добро е follow-up на некоја претходно изнесена вест, особено ако разврската е обична и недоволно шокантна. На пример, исчезнат човек е најден, се вратил дома, жив и здрав. Кој сака да чита за тоа? :D

    Од друга страна, може да е едноставно статистичка аномалија во рамките на нормалата - просечниот број
    на исчезнати лица мора некогаш да се зголеми, а некогаш да опадне - нема ништо чудно во тоа.

    Ние како нација генерално сме љубители за теории на заговори, мистерии и црна хроника, па затоа и во минатото бевме бомбардирани со наслови за припадници на Црна Ружа присилени на самоубиство, сатанисти како крадат бебиња и ги жртвуваат на окултни ритуали, млади на кои им „ставиле дрога во пијачката“ па се разбудиле во мотелска када со еден бубрег и слично - што не значи дека некои од работиве воопшто некогаш и се случиле. Што исто така не значи дека имало луѓе кои поверувале во ова, па веруваат и ден-денес. :)

    И до мене стигнале разни муабети за исчезнатите луѓе спомнати во темава ама мене ми е невкусно коментирање на случаиве, особено бидејќи немам поим што е вистина, а што рекла-казала и чаршиски муабет.

    Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе? Не, не почнаа. Почнаа само почесто нивните приказни да стигнуваат до пошироката јавност.
     
    На sweet-cherry, sparklie, Ivan4e04 и 28 други им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Па сестро ако не се замараме малце и да мрднеме со прст утре можат да те фанат од работа и да те стават во комбе и никој да не се замара како ке ти биде?
     
    На Snowflake97 и MonMon им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    На buba4e89, violetblue, *Bridget Jones* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    значи исчезнуваат ги наоѓаат мртви а расветлување на случаите нема. Причина сторотел обдукција.... Ништо
     
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Овие случаи не се нешто ново ни пак се нешто зачестени во последно време. Тоа се должи на социјалните мрежи и брзото дознавање на истите па затоа имаме таков впечаток.
     
    На CameliaMiller и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Значи за кревање паника сме експерти. Аман бре, сериски убиец, продавање органи? Полека малце еј!
    Сериозно верувате во секоја изјава на блиските дека се е нај ок?
    И да изјави дека имале расправии, што тоа ќе помогне? Битно е да се објави и да се бара веќе исчезнатиот.
    Не живееме во стресно време, туку поголем дел од стресот сами
    си го правиме при што доаѓа до нарушување на менталното здравје, па оттука анксиозност, депресија и еве до најлошото.
     
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Аиии чил аут жене! :)
    Многу паника на темава.

    Јас фаќам на вести и по фејсбук од време на време по некое известување за исчезнати луѓе, ама па за пола од нив е наведено дека се постари личности со склероза, алцхајмер и такви заболувања па логично е од невнимание на домашните да им промакнале од дома и највероватно лутаат некаде по улици.
    Пре би помогнал во такви случаи обичен народ што се движи насекаде отколку да се ангажира цела бригада да чешла градови на секое. Секако има полициски патроли по улици кои пратат, ако наидат на таков случај го пријавуваат.

    Од друга страна случаи кај кои е вклучено семејно насилство не знам колку е етички и исправно да се објавуваат јавно. Пример, ако Даниела претходно пријавувала дека маж и ја тепал во МВР сигурно е тој случај веќе познат и регистриран, и ако одлучила да избега од дома нема сигурно од полиција да излезат со вакви приватни информации на телевизија туку ќе се обидат да ја пронајдат без многу галама наоколу затоа што претпоставуваат причини и можни сценарија.
    Исто и со луѓе кои патат од депресија. Ако се испостави случајот да се реши и личноста да се врати дома што сме направиле? Штета. Сме ја избламирале личноста да дознае цела јавност со каков проблем се соочува.

    Јас разбирам дека не сме на некое CIA ниво, за многу работи полицијава не се замара и поради тоа револтирани се семејствата на исчезнатите, ама па не треба ни да креваме паники, има стучни лица што прават профил и знаат да проценат дали е во прашање личен проблем, болест, или мафија и киднапирање.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Еве и за Пино почна да се расветлува случајот. Значи не е нешто рандом, си имал позадина и тој.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Да, ама три месеци да не можат да го најдат не е ли малку чудно?
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и MonMon им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    ^ Толку и го бараат. Трула е и полицијата и инспекторатот, неспособност и апатија на максимално ниво.
    Само да се надеваш да не те снајде нешто..
     
    На sparklie, Harper, Ники. и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Од нашето МВР чудно? Па ништо не работат. Ако ти украдат нешто 100 пати ќе те прашаат да не си го изгубила случајно, ако покажеш и најмало сомневање ќе притиснат на тоа, ќе пробаат да те натераат да признаеш дека си го изгубила за да не мора ништо да прават.
    Со Пино исти случај, наместо да го бараат тие притискаат луѓе да кажат дека се дрогирал или бил алкохоличар, евентуално дека имал домашни проблеми и побегнал од дома.
    Не е чудно што кај нас ништо не се решава, чудно би било да се реши.
     
    На Harper, dayla, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Ќе си земам за право да раскажам еден случај кој ми го кажа мајка ми што се случил додека одела во средно училиште.
    Значи сигурно има околу 3 40 години, не може да се сети кога точно било.

    Се враќале од училиште, втора смена, имала соученици од село кои често патувале дали со автобус, дали со комбе, кој како се организирал.
    Имала една соученичка, не знам како ја нарече, доаѓала од скромна фамилија, била мирна и повлечена, . Имало сведоци кои виделе дека се качува во автобусот за да се врати дома, плус имало многу деца тој ден во тој автобус.
    Од тогаш - ниту трага не и се наоѓа, никој не знаел каде исчезнала, на која станица се симнала и каде се упатила, ко земја да ја голтнала.
    Колку полиција ја барале не знам, знам дека мајка ми ми кажа дека имаше извесен период потрага по нејзе, дечко немала, имала само мал круг на друштво.
    По неполна година мајка и и татко и починале од мака и жал по неа.
    Се зборело едно време дека била убиена за органи, фрлена кој знае каде...
    Чудно е што и ден денес ништо не се знае околу тоа.
     
    На Snowflake97 и MonMon им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Се враќаме пред 30-40 години. На толку напредна технологија да не се заангажира мвр барем да пробаат да го побараат. Они ги претискаат луѓето да кажуваат дека е пијаница и наркоман. Да не даде Господ нив на им се десе слично. Дали така мирни ќе бидат не знам. Жал ми е за мајка му на Пино. Никој не заслужува вакво нешто
     
    На Girly90, Snowflake97, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што е понапредна технологијата од пред толку години баш затоа е чудно што некогаш не се наоѓаат луѓето.
    Дали не се замарат или е нешто друго во прашање не знам.
     
    На Didi7, Snowflake97, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.