Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Што се случи со Пино?
    Веќе долго време помина, а не е најден...
    Од МВР никој не излезе со нова информација.
     
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Има некој информации во кои Скопски населби се случиле ваквите исчезнувања?

    Инаку, според некои извори дел од ваквите киднапирања се вршат за вадење органи.
    Некои едноставно сами се губат..

    Језиво е до крајни граници. Родители имам кои се приближни години со исчезнативе, се мислам која апликација е најсоодветна за нивните мобилни, да ги "следи" во случај на ваква несреќа.
     
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    https://24info.mk/се-надевам-дека-моето-дете-не-е-убиен/

    Стварно, што е работа со детево? Зошто ниеден медиум не извести за неговото исчезнување, никаде никакво соопштение, а го нема од пред нова година како памтам.

    Ало новинари, полиција? Срамота, одвратно станало се во државава. Во секоја барем малку нормална држава, кога полицијата и институциите не си ја вршат работата, новинарите се најгласни, а кај нас е дојдено до тоа да ти е срам да си новинар.
     
    На candy.cane и MonMon им се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Приказни имало и ќе има илјадници за исчезнување.
    И мајка ми ќе ја киднапирале за малку ко мало дете (значи збориме за пред 50 години), среќа баба ми се нашла во близина, па ништо од тоа не се случило.
    Ама, не може секој случај да го припишуваме на црни сценарија. Памтам по Куманово пред може 10ина години, имаше некаква приказна за некаков црн џип што собира деца за органи, абе фуфкање. :D Нема врска, никој не исчезна и стана тема на потсмев. Поентата ми е дека е прелесно може да се пушти таква приказна.

    Верувам дека исчезнувањава сите се со многу јасни позадини. Депресија, несогласувања, малтретирања, склероза и деменција кај постариве лица... Знам баба ми кога почна во свои 80ти да го губи умот, одела по комшии и лажела дека нема леб јадено, често ќе застане во соба и не знае кај пошла, меша дати и приказни, се расправа за нешто што умислила дека различно се случило и после не сме ја сакале, не сме ја слушале, а имаше од пиле млеко, што се вика, и лекарска нега кога и да посака. Доволно е на минута да изгубиш така стар човек од видик и да се деси катастрофа.

    Единствено ми е заплеткан случајов со Пино, не у смисла да е рандом киднапиран за нешто, туку дека се ставаат работи под тепих и од двете страни. Секако, ова се само нагаѓања од досега прочитаното.
    Ко прво, мајката делува ем чудно, ем наивно. Од една страна ко да знаела отсекогаш дека син ѝ е вмешан во некое... да го кажеме бизнисче, од друга страна па премногу наивно ѝ е она „Он секогаш кажува кај е“, пошто сите сме излажале дека сме на едно место, а сме отишле на друго, чисто да се поштедиме од низа лекции што ни изгледаат непотребно трошење време. Зборот никогаш не е гаранција. Напротив, ако нешто сум научила, тоа е дека секогаш матната страна намерно се расфрла со алиби, just in case.
    Секој родител си го знае добро детето, но не и толку добро колку што мисли. Сите знаеме луѓе што за дома се светци, а надвор е сосема друга приказна (и обратно), што не мора да е случајот, но секогаш треба да се држи ко опција, за жал или среќа, во вакви случаи. Одењето со глава у ѕид дека синчето мое е златно и нема шанси да е до него, е погубно да се види некоја поголема слика.
    Нејсе, МВР пак или се сосема мороните што се (неписмени, нетренирани, нафукани со врски), па не знаат од кај да почнат; или еве, што излезе по најново, штитат синчиња на некој т.н. богат баџо.
    Крајно, дури и да е дечкото некаков пијаница (уби ме Боже со поимов, секој трет сега е пијаница според нечии свети стандарди), и тежок наркоман да е, тоа не го прави случајот олеснителен, па ај, што ќе се занимаваме со пропалитет. Дури и најлош некој да е (што смешно е да си речеш оти дечково е картел бос или не знам што), нивна работа е да го решат случајот, не да го мачкаат и тоа неумешно и провидно.
     
    На Chanell*, Ivan4e04, Annora и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.349
    Пол:
    Женски
    Од исчезнатите никој немал склероза.
    Друга работа и претходно пишав за ова, пред еден месец во мојот град дете беше киднапирано и оставено на рид, јас пред неколку дена дознав за оваа случка и денеска пак кога поминував покрај училиштето додека родителите ги чекаа децата, видов една другарка што ја чекаше внука и, и ја прашав зошто ја чека кога живеат премногу блиску до училиштето и она ми го потврди случајот.
    Само не знам зошто никој не објави за тоа, зошто ниту родителите не излезат на тв да кажат за случајот, ни училиштето ниту од мвр.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    И кај баба ми никогаш не беше констатирана склероза, но тоа не значи дека мозокот функционира сосема правилно. Мене ми се случува да застанам сред соба и да се вртам во круг, не па на постаро лице.
    Освен сомнежот, за тоа се потребни и крвни слики, MRI скенови, психијатриско пратење... што верувам е реткост овде, освен кај преизразени случаи. Вака е прифатено „Абе ај, стари, ветви во мозокот.“
    А, зошто мислиш дека родителите би молчеле? Единствено ми идат сценарија со потплаќање или закана по живот, што пак, ко родител, не знам колку би ме замолчиле.
    Можеби се случило киднапирањето од страна на роднина (разведени родители, нерасчистени сметки), па превладал разумот и сега сакаат да си зачуваат приватност, да не бруи цела држава за нив. Претпазливоста на другиве родители е што секој би направил при најмал сомнеж.
    Навистина не мислам дека сме на тоа ниво, каде трговија со луѓе и/или органи може да помине незабележана. Сепак сме шака народ и секој знае (сега, ова е дискутабилно) свашта за секого, вклучувајќи и ѕиркање од шпиунка да видат што носи комшијата во кеса во 1 наутро. :D
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    јас немам никаде слушнато ни прочитано дека нешто се расветлува со него
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    има случаи каде после 30 годино се расветлува случај. За жал тоа е во странство. Овде со прст не мрднуваат и се е ако некој случајно наиде на некој труп или слично.
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Mислев се расветлува дека не е баш туку така рандом, туку мајката во статијата што е на претходната страна си објаснува таму за син на незнам кој, машини, тендери од 200.000, зделки. Значи има некоја позадини, не е баш туку така исчезнат.
     
    На marchi-cool, Petra777 и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам и мене нешто така ми заличе ама не сакав да кажам пред време.
    Едино она не истапи со името на синот на газда на некој ресторан.
     
    На candy.cane и violetblue им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.315
    Допаѓања:
    179.214
    Да не ми пише Господ грев ама Пино е убиен и закопан некаде затоа и неможат да го најдат
    Кешки да сум грешка и да го пронајдат
     
    На Ники., Snowflake97, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Делам исто мислење.
    Дај Боже да не е така
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    И јас, дај Боже да грешиме .
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.315
    Допаѓања:
    179.214
    Незнам логички 3 месеци го нема
    Кој го хране,кај спие,кај се бања колата ја снемува,телефоните се гасат во исто време
    Да ги притисне полицијата тињ две деца може ке се дознае ама тие се деца на некои големи глави па од тука е јасно зошто се заташкува се
     
    На cresa-jagoda и violetblue им се допаѓа ова.
  15. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Мајката на овој Пино ептен сериозни обвинувања има на база на претпоставки. Според неа, другарката Ангела го намамила Пино да оди кај неа за да може синот на газдата на ресторанот да му направи нешто и ептен невина приказнава и шок како ја пријавиле во полиција со такви обвинувања спрема девојчето. Ок, болка е и свашта помислува и сценарија си прави, ама ова што го прави и зборува ако е вистина тогаш само лошо прави и смета на истрагата ако ја има. Полицијата ништо не прави затоа што не го поддржува она што таа го кажува, т.е не и оди по волтите да истражува и обвинува по нејзин ќеиф. Никој не обвинувам нит бранам, ама мене мајкава не ми се свиѓа, ептен информации открива, неповрзани работи, обвинува, брза со заклучоци, тврдоглава и своеглава се гледа дека е, ова не се кажува пред јавност, ама изгледа толку и имаме стручни лица да и помогнат и да ја подучат за се... А со вакви изјави и обвинувања на своја рака ништо нема да направи на добро.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.633
    Допаѓања:
    121.820
    Пол:
    Женски
    Да се надврзам на мој претходен пост

    https://www.fakulteti.mk/news/20022...epresija-za-koja-lugjeto-ne-zboruvaat-dovolno

    Ова е таа најопасната депресија.

    За Пино мислам дека се има малиот заплеткано во некој тежок криминал и сега може е и избеган и не сака да биде најден , или што вика @ALISA0000 не дај боже го средиле.
     
    На Harper, violetblue, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.795
    Допаѓања:
    274.644
    Па ако го средиле до сега ќе се најдеше НЕКАКОВ доказ за истото.
    Башка што цела кола е со него. Другата кола што ја возел - спортска е, мислам Хонда, паркирана е во Капитол, ама постојано, а бесплатно сигурно не ја чуваат таму.

    Поверојатно ми е и мене да се крие, и намерно ни по дома да не се јавува кај е, оти дечки, за бизнис од 200 000 евра, просто не им се исплати да ве убијат.
    Не се до толку големи пари, оние што убиваат за бизниси, прво не убиваат "никој и ништо" вработен во фирма, а второ треба да се "прљави" милионски суми, да има ќар убиецот од убиството.

    Затоа мислам дека се крие, а ако е стварно убиен, не верувам дека е тоа поради работата и договорот за кој зборува мајката.
     
    На DAngel, irrelevant и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.315
    Допаѓања:
    179.214
    Оооо камелија колата се растура на делови за 15 минути немаш појма какви професионалци има цел камион за 2 саати е растурен на делови
    А за тоа ако е убиен ке има доказ грешка си убиен закопан и толку нема тело нема убиство нема доказ-никој не одговара
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.795
    Допаѓања:
    274.644
    Не е ова Америка па да имаш стотици километри пространства и шуми, па ај ќе си закопам некој.

    А и за да те убие некој треба да има причина нели?

    Колку што до сега прочитав од мајка му, освен тие 200 000 кои за убивање се смешна сума, на некој небитен во некоја фирма пилиштарец, друго не прочитав.

    Што значи НЕ ЗНАЕМЕ (и со право) работи кои полицијата веројатно ги знае.

    Во Македонија секој цм2 е познат и достапен за секого, нема баш места кај што можеш лабаво да закопаш труп и никој да не примети.
     
    На crimson и irrelevant им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.315
    Допаѓања:
    179.214
    Ооооо и те како има
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.