Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ги избришала статусите за крвна одмазда можеби МВР реагирале.
     
    На candy.cane, Biny, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Во целава оваа трагедија јас највеќе ги кривам надлежните што го истражуваат случајов.
    И поради тоа што 90% се напикани на функции преку врски и појма си немаат од тоа што се бара од нив да го сработат, ама повеќе поради фактот што не знаат како да се справат со семејствата на жртвите во вакви ситуации.

    Не сакам да верувам дека МВР не работеле на случајов и не може никој од нас да тврди дека се до толку неспособни институцииве низ државава затоа што еве веќе почнува да се одмотува клопчето. Се најде телото, се најдоа докази кои упатуваат на осомничените. Можеби им требало повеќе време додека приберат потребни информации, па побогу не сме ние CSI, Македонија е ова не може да се реши вакво нешто преку ноќ.

    Да, точно е дека мајката се сомневала на Ангела уште на почетокот и им ја пренела таа информација на полицијата и службите, меѓутоа тогаш сеуште не беше најдено тело а со самото тоа убиство не ни постоело за да се приведат осомничените како такви.
    Се собирале докази цело време и можеби потрагата по телото навистина траела толку долго меѓутоа грешката е што не се однесувале коректно и професионално кон мајката.
    Не фамилијата и блиските, туку МВР се оние кои требале да ја смират ситуацијата, да ја предупредат да внимава што постира на социјални мрежи, да ја советуваат да не објавува доверливи информации кои би ја кочеле истрагата и да соработува со нив, како што и самата кажа дека некои од институциите се однесувале фер кон неа и цело време и стоеле на располагање. Во ред е, ќе те информираме меѓутоа имај разбирање кон нас и не ни пречи во работата со постојано мешање на рандом луѓе од страна, хакери и слични ствари.
    Ама пошто кај нас работат такви едни арогантни и крајно безобразни а добар дел и необучени личности во малтене сите битни јавни институции, ќе имаме вакви непријатни ситуации со трескање телефон, игнорирање или потсмев од нивна страна ако не дај Боже пријавиш дека ти украле точак или новчаник.

    Тажно е во какво општество живееме, но ние сме тие кои мораме да го промениме тоа од корен па макар и со интензивни протести. Од коментирања по фејсбук и форуми држава не се оправа.
     
    На Bubish26, Rama, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Епа, ако има совест Али, ако се грижи за неговите, да не им се одмазди ќе се врати и ќе си оде затвор. Можеби тоа е целта на мајката.
     
    На Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Мајката изјави дека инспекторите воопшто не мрднале со прст туку некоја група "крвни деликти" која се занимавала со истражувања на убиства за неколку дена откако ги контактирала го откриле и телото и поврзале дека Ангела и Али се осомничените.
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    А како тоа мајката е толку убедена дека не мрднале со прст?
    Да не испадне дека ја напаѓам, ја разбирам потполно дека пола година ја поминала во агонија чекајќи било каква иформација дека синот и е пронајден жив, ама вака да обвинува цели инситуции дека никој не мрднал со прст...
    Да не го пронајдеа телото и случајов сеуште да се водеше како исчезнат и јас ќе почнев да се сомневам во нив, ама еве испадна дека сепак некој работел и се откриваат детали што и како се случувало.
     
    На Rama, Yowannty, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Мајката мислеше на инспекторите од одделот за крвни деликти т.е. убиства, од нив беше задоволна, а беше изреволтирана од инспекторите за исчезнати лица
     
    На Rama, candy.cane и violetblue им се допаѓа ова.
  7. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа изјави дека инспекторите што се должни за исчезнати воопшто не придонеле за истрагата она на друго место се обратила а инспекториве дури и викале дека Ангела е мирно девојче и дека она не им е сумљива воопшто.
    Еве го видето кај што кажува.
     
    На Rama и Biny им се допаѓа ова.
  8. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Демек не бил овој вистинскиот убиец. А и да е, не е каде што му е местото дома си е со сопругата и децата, близок е со владата.
     
    На Bubish26 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Ама тоа се служби кои работат во тајност, јас не знам како да и се објасни и на мајкава и на сите што напаѓаат. Не може ваква истрага да се одвива јавно со пренос низ медиуми и мајкава да биде инволвирана во се.

    Се сеќавате ли на тричленото семејство од Дебар кое беше убиено на спиење?
    По некоја случајност бев поврзана и се познавав со нив. Не знаете инспекторите и полицијата кои доаѓаа на распит од каква до каква крајност одеа со информации околу истрагата и какви информации им даваа на блиските. Цело време ја водеа во погрешна насока, дека ги убил братот на мажот поради имот, дека било самоубиство, дека биле вмешани мафии... за да на крај испадне дека ги убила ќерка им.

    И погодете што, на крај им кажале дека цело време биле сконцентрирани на неа затоа што од старт имале докази кои посочуваат дека таа ги убила. Ама дадоа простор да се смири ситуацијата, да го тргнат фокусот од неа за да се опушти, да не осеќа опасност и да се врати во Македонија, а во меѓувреме ја следеле цело време кај оди, како се однесува, што прави.
    Па таман работа да кажеа од прв ден на кого се сомневаат. Еве како убиецов на Пино, никогаш немаше да ја најдат.
     
    На snegulkata, Lolipop23, BoaVista и 19 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    180.879
    толку од нашата правна држава
    ДНО
    ПРОПАСТ
    ДИВ ЗАПАД
    затоа правдата во свои раце
    ај сеа тие шо јадат трици суд полиција држава нека одат на родителите на ова дете нека им објаснат зошто не е во затвор коњов
     
    На eli25, Tanjamm, Tea678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Abe realno koa kje razmislam toa sepak e procedura 6 meseci i ne se mnogu za otkrivanje, mozebi i inspektorite namerno ne otkrivale detali zatoa sto ona sve javno objavue a toa ja koci istragata.
     
    На RainbowButterfly, candy.cane, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Не смеат да откриваат детали предвреме.
    Никаде во светов. Ни кај нас, ни нигде.

    Затоа викам, ок, ете полицијата откри кој е.
    Сега да видиме обвинителство и суд што ќе направат.
     
    На cresa-jagoda, fana, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Да се јавиш во државна институција која е задолжена да бара исчезнати лица и да ти велат вработените од таму да не замараш. Јас мислев дека тоа го има по општиниве и по ПИОМ и слични институции ама ова чим го има и во институција која е под надлежност на МВР значи дефинитивно е отидена цела администрација.
     
    На Didi7, Ladybug98, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Машки
    А зошто не се објави пред избори кога веќе знаеле?
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Оти немаа тело.
    Оди докажи дека е некој воопшто умрен без тело.
    Немаат тело, немаат кола, немаат оружје, немаат крв... како ќе докажат дека воопшто некој умрел?

    Едно е да се сомневаш, скроз друго да можеш да докажеш.

    Кога добија резултат од днк одма ја уапсија неа, а за тој Али издадоа потерница.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.077
    Пол:
    Женски
    Уште да беше тој убиецот и се ќе беше во ред
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.899
    Пол:
    Женски
    Баш во МВР не треба да замараш. Можеби од ПИОМ би добил информација за тоа што те интересира но од МВР не. Не оти не сака, не смее. Читнете малку за класифицирани информации па после напаѓајте ја полицијата :|
     
    На kim.k, RainbowButterfly, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Дури и да станува за доверливи информации мора да се покаже човечност и разбирање и да се соопшти тоа на поинаков начин, а не со "да не замараш". Крајно грубо, бесчувствително, нечовечки, и непрофесионално е.
     
    На Rama, cresa-jagoda, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    180.879
    Гледајте код на телма
    емисија за Пино
     
  20. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.134
    Пол:
    Женски
    Ново е или истото ?