Зошто почнаа премногу често да исчезнуваат луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake97, 17 февруари 2019.

  1. lawlady

    lawlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    150
    Ама стварно не ми е јасно зошто не апелираја порано чим добиле информации дека после граница слегол од автобусот и се упатил во непознат правец???

    Ми смрди нешто работава.. Сите родители/деца/роднини на исчезнати после неколку часа одма објавуваат по социјални мрежи, цело население на нозе го креваат а на овие им текна по 3 месеци, не ви е малку чудно? Како и да е дај Боже да го најдат

    Овај Димитар е тој што исчезна откако заминал по печурки впланина или друг?

    Добро имаме ние кучиња трагачи? Барем еве во случајов со тоа дете можеа да ги употребат.
     
    На Mrs.Precious, edna_malecka и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  2. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    А која е мајка и да пресуди пред судот да каже било што? А после и вие исто.

    Да, најверојатно другата страна има врски кај Оливер Спасовски па затоа не доби толку големо медиумско внимание случајот ама сигурни сте дека луѓево немаат начин да издејствуваат правда? Знаете каков криминал работат, колку пари имаат и какви коли возат?

    Прежално за Јелена, премлада и преубава ама мајка и многу почна да изиграва жртва, другиве се криминалци, а они ко да немале леб да јадат...
    Дечкото што возел бил наркоман, а они се против дрога? Стварно? А парите од што и се на госпоѓата? Каде работи она?
    Ви се молам без да бидете целосно информирани не зборете многу...

    А и не им се страни ваквите случаи, знаеш? Кумот на Јелена и воедно најдобар пријател на татко и беше исто убиен пред некои си веќе можеби и 15 години, а тоа е истиот човек со кој татко и почнал да заработува. Па сега види си ти колку се тие чисти.
    Да, има неправди ама има и Господ...

    Мајка и очигледно веќе не е во најдобра психичка состојба и тоа што го пишува и не е баш рационално...
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да тој е.
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    И мене. Чудно ми е што се симнал од автобусот после граница и се упатил пеш во непознат правец. :^)

    Вика тоа од извори блиски до него. Како знаат? Со него биле? Зошто не знаат кај одел, зошто се симнал? Што има во близина и дали затоа одел со автобус, а не со авион?
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.050
    Пол:
    Женски
    За овој Александар пишуваше дека немал телефон во себе. Малку чудно
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lawlady

    lawlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    150
    Истото го помислив, зошто не тргнале по него? Како така слегол "сред пустина" а сите други си продолжиле?


    Или пак бега од некој од Германија, можеби бил замешан во нешто па сега го прикажуваат како исчезнат за да го заштитат.
    Втора теорија ми е дека можеби овде доаѓал за да расчисти некои сметки ( дрога/лихва etc) па го убиле.

    Многу гледам true crime изгледа
     
    На Konfetka, cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав во коментарите на објавата за Александар дека е најден.
     
    На cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Можеби си го чекале да се врати, ај денес ај утре и затоа не пријавиле по медиуми.

    @Leat од кај знаеш толку информации? прва комшика ти е?
     
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-05-12-20-47-50.png
    Најден бил..
    Инаку сите што исчезнуваат немаат телефон...
     
    На Mrs.Precious, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Бегал од Германија а во Македонија го нема, за 24 саати го наоѓаат. Пред тоа 3 месеци нигде го нема. Смешки..
     
    На cresa-jagoda, eliesaab и lawlady им се допаѓа ова.
  11. lawlady

    lawlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    150
    Многу ме интерересира како после скоро 3 месеци исчезнат го најдоја во рок од 24часа по објавата, како и да е мило ми е.
     
    На Mrs.Precious, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Како бе за секој што е исчезнат веднаш смислувате теории на заговор, дрога лихвар, вмешан во некои други работи (вметни пример).
    Што народ ќе бевме.
     
    На Stark и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Пошто во нашево државиче само такви опстојуваат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Абе не знам, еве јас ако исчезнам дали значи дека сум била вмешана со дрога, лихварство и слично?
    За Пино се и сешто измислија.
    Се е можно, не велам не, ама само тој си ја знае причината зошто не се појавил.
     
    На eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    15.352
    Пол:
    Женски
    Вака-така поарно некој да се најде еднаш, отколку никогаш.
     
    На Осе, cresa-jagoda, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lawlady

    lawlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    150
    Случаи со исчезнати најчесто се решаваат со елиминација на теории, ако нема никакви други наводи или доказо зошто е исчезнато.

    А ако пратиш true crime документарци ќе видиш дека секогаш се споменуваат можни причини за исчезнување, затоа напишав дека изгледа на тој начин размислувам зошто секој ден гледам нови.
     
    На cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Па сигурно на анонимен форум нема да кажам што ми е ама да, информации од прва рака. :)
     
    На eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Кажи си, од кај ќе знаат ова Лаура го пишала.
     
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Имам изгледано такви безброј емисии ама не значи дека секој исчезнат е вмешан во матни работи.

    За Пино се вртеа муабети дека го следеле мафијаши, па должел пари, па трговија со органи и на крајот испадна сосема трето.

    Инаку да, баш чудно како успеаја да го најдат во рок од 24 часа а го немало 3 месеци.
     
    На Mrs.Precious, lawlady и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. lawlady

    lawlady Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    150
    Ofc, мал милион причини има и не е возможно да се набројат сите. Секогаш тргнувам од лични причини и психичка состојба ама тоа не е нешто што би било океј да се дискутира.

    Во виктимологија баш се спомнуваат теории за ова дека поради стравот од насилен криминал (да станат негови жртви) луѓето прво на тоа помислуваат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.