Приметувам дека се помалку и помалку луѓево се смеат. Одамна немам слушнато убаво искрено и од срце громогласно смеење, се е некое иронично и подсмевливо, зајадливо насмевнување. Приметувате дека и на форумов нема многу шали, зезанции Каде отиде хуморот кај луѓето Дали колку сме повозрасни толку помалку се смееме!? Дали генерацииве што доаѓаат повеќе сакаат да бистрат политика, да се караат и да се обидуваат да се презентираат сами себе во најдобро можно светло, при тоа заборааваат на насмевките, смеењето кое здравје дава?? Што мислите, која е причината за намалувањето на смеењето кај луѓето?
Оти не ме знаат мене. А озбилно сега, народов има 500 грижи, се мисли како да преживее од ден за ден, болести и несреќи демнат на секој чекор. Колку и да пуштиш душа, макар и на момент, наредниот пак ти текнува на некоја грижа и пак се враќа сериозноста на лице. Исто и пошто оние со најглупа смисла за хумор се секогаш најгласни.
Не. Токму спротивното го приметувам - деновиве се изнасмеав читајќи тука (пинг: легендите од младинско ќоше најмногу ). Инаку се согласувам во потполност со Опи
Да душо, ама деновиве велиш. Јас мислам воопшто, дневната доза на смеење е намалена.На форумов има само неколку ликови(на една рака ќе се избројат) што имаат добар хумор и знаат сите да не расположат.
Заради преоптовареност луѓето забораваат да се смеат, самото опкружување влијае, уклучуваш тв на сите канали политика или лелеци од турски серии, социјални мрежи читаш од порталиве се некои трагедии, влегуваш во бус се такви ликови несреќни и уморни. На работа се гужва, се некој се брза и гледа што побрзо да заврши работа. Таа негативна енергија многу лесно се пренесува и влијае и на нашето расположение. Форумов како за пример премногу лично е сфатен и како да има страв од членовите, како да се плашат да не бидат погрешно сфатени или па да не си ја расипат сликата која си ја градат за себе. Единствен издувен вентил ми се пријателите пред кои сум најслободна и од срце знам да се изнасмеам, знаеме за викенд да се собереме дома, да се опуштеме со алкохол и храна, ни се случува дури и по 10 саати да останеме и да се разделиме во зори
Се намалува? Ма какво намалување, да ме слушнеш мене како од срце се смеам... а што се однесува до форумов, не сакам да изигравам кловн тука.
Затоа што темпото на живот и околностите направија да заборавиме да се смееме... А и на што да се смееш.. Повеќе на плачење е работава
Отсутноста на смеењето (хуморот) како дијагноза може да се свати на два начина, шизофренија и луѓе со биполарно пореметување или познато како манична депресија. Шизофреничарите се соочуваат со проблемот да го распознаат хуморорт или шегата и е потребна стручна помош.Луѓето со шизофренија имаат проблем со поврзувањето на точките и распознавање на асоцијациите. Од друга страна луѓето со манична депресија имаат нормален смисол за хумор.Ако смисолот за хумор е недопрен се работи за биполарно пореметување.Таквите луѓе го разбираат хуморот но не го доживуваат толку емоционално како останатите луѓе.Исто така таквите луѓе со биполарно пореметување имаат зголемени математички и логички способности. Не е точно дека се поретко се смееме.
Дека не можам да едитирам, дојдов да си повлечам мислење.. Имало уште луѓе што се смешкаат.. Фала им на @Aleksandar1212 и @Purelove92 Да не си умрам намќор
Човекот во својот живот најмалку се радува, најмалку се смее..премногу недоволно во споредба со незадоволството кое го манифестира на фацата. Атрофија ќе добиеме на мускулите на лицето. Интересно е што мораме некого да окривиме поради нашиот недостаток на смеење, се некој друг ни е крив за оваа наша празнина во душата..станавме политика, политика и само политика и се разбира, смеења ко хиени на туѓа мака. Незнам што комедија би не насмеала, кој комичар би успеал да ми го врати она смеење од срце АМА до солзи, да се смеам и да плачам....еееееееех, било је то некад, каде ли е сега просто прашање ама нема никој одговор
Да ти кажам право и сама си се смеам понекогаш Ама со сите сум таква позната сум по тоа сакам да шалам и уживам да се смеам Еднаш се живее
Секако дека народот, односно сите ние сме опкружени и преокупирани со најразлични проблеми но никогаш не смееме да престанеме да се смееме, шалиме и радуваме на ситници. Мора да го зачуваме дете во нас. Зарем постои човек без проблеми и маки? - Не. Затоа кога е најтешко ќе ја кренеме главата горе и кога маката ќе натежни, солзите ќе ги претвориме во смеа. Ние сме тие кои одлучуваме како ќе се чувствуваме. Раширете ги рацете за прегратки, отворете го срцето за примање и пружање љубов, радувате им се на ситниците, оставете им простор на оние кои Ве ценат да го покажат тоа и докажувајте им ја љубовта на оние кои ги сакате. И најважно, чувствувајте се удобно во својата кожа. Не плашете се да се смеете, смеење не предизвикува брчки на лицето туку го продолжува животот.
Бабе, не е до толку дојдено, се дружиш со погрешни луѓе изгледа. Не може сам со себе да се смееш, мора со некој да си правиш друштво во смеењето.
Насмевката секогаш ми била најпривлечна особина кај луѓето,особено онаа искрена со запче покажување додека стомак не те заболи. Но, за да насмееш некого треба и ти да си насмеан но и личноста покрај тебе да е расположена и опуштена. Не можам да кажам дека немаме искрени моменти кога се смееме до солзи без разлика дали станува збор за виц некој или за интерен муабет или за стуација смешна што сме ја имале. На работа секој ден се смеам со колегава зошто сами си праиме шали и праиме да ни е интересно. Со другарките исто макар праеле муабет за дешавка од пред 100 год или евоцираме спомени. Но, има мргод луѓе кои се вечити намќори, кои се вечито незадоволни од животот, на кои вечито нешто им фали во животот макар и светот го имале на дланка. Едноставно во нив нема ништо весело и со нивната појава и најсреќниот човек ќе го стужат. Лично избегавам такви луѓе бидејки ми ја зимаат енергијата и не ги сакам во моја близина. Секакви карактери има, едноставно некои од нив се постојано весели и шират позитивна енергија а некои од нив ги следи тмурно невреме над глава и знаат како да го искварат секое човечко расположение. На нас е со кои од тие два типа на луѓе ќе одлучиме да го делиме нашето време. Среќата започнува од нас самите, ако ние не сме среќни, и највеселиот човек на планетава да застане до нас нема да успее да измами насмевка да нашето лице.