Можно е да се сите погрешно одбрано друштво....се шалам, јас мислев општо, на цел народ на планетава. Имаше некои анализи, правени некои статистики од стручни лица, па дури баратаа и со минутажа, незнам за колку саати и минути било намалено смеењето од многу години уназад па до сега.
Можеби да, денешниот човек си додава непотребни стресови од премногу или премалку. Порано интензитетот на премногу и премалку бил многу намален. Луѓето живееле многу обичен живот. Затоа поедноставнете си го животот. Одделете се од луѓето кои ве прават тажни, радувајте се на мали нешта. А Бабе ти знаеш ли дека среќата може да се измери?
^Да може. http://psychologytoday.tests.psychtests.com/take_test.php?idRegTest=1320 http://www.pursuit-of-happiness.org/science-of-happiness/happiness-quiz/
Кои петарди ги користеше како цигари? Ми требаат за нова година, сакам да пукам. @Aleksandar1212 Не знам од каде ти е теоријава и дијагноза што си ја поставил за луѓе без хумор и кои не се смеат. Семејни проблеми, лошо опкружување , собирање во себе на негативна енергија и икс стресни стуации произведува празнина, тешкотија. Верувам во такви моменти на никого не му е дојдено до смеење туку до избистрување на мозок за да најде решение на проблемот.
Бидејќи животот се живее брзо и стресно . Некогаш немаш време да се погледнеш во огледало од брзање натаму-наваму . Со новите напредни технологии , интернетот и социјалните мрежи , децата се затворија дома , порано зима-лето имаше детско смеење на улица , но неможам да го кажам истото и за денес . Младите се почесто бегаат од државава . Еве мм остана речиси без маалски другари , деца со кои пораснал . Еден во Кина друг во Америка , трет во Швајцарија ... И кога веќе ќе отиднат во странство , сите гледаат на некој начин таму да останат . И нормално смеењето ќе се намали . Ги нема пријателите со кои си градел сеќавања половина живот , нема деца кои ќе се дружат и ќе создаваат детски џагор и смеење по улиците .. Не е времето тоа што беше некогаш . Сега се живее од денес за утре .
Абе поρано не се смеев и забите немаа воздух и паднаа а за петаρди пази κазна ќе ти пишат немој да пиκаш земи κалаш со тоа смееш
Зашто незнаат луѓето на што прво да мислат-дали на она што ги загрижува или да се смеат.Ја мислам дека е подобро,кога се под такви напнати ситуации,да побараат помош од психолог,зашто подобро е со стручен човек,отколку со пријател,се нема доверба,одма че прекаже пријател на друг и цел муабет се расчул.Разочараност,недоверба,чувство на осаменост и дека никој не ти дава рака,гледаат сеир од твоите маки.И со кого да споделам и радост и тага?И не само ја,туку и за сите,општо,со кого да збориме,ако не сами со себе,баш поради ова?
Зошто на погрешен форум!? Овде е најрелаксирано од другите два на кои бев и не сакам да одам таму повторно оти е зона сумрака(нарчито ЦБ) Има овде супер феминки кои ме смеат доволно, но поентата е што многу малку се смееме во реалниот живот.