Ако ова е погрешен форум, тогаш каде да одиме за да се смееме? Плус ако чекате од форумов да се насмеете, I have bad news for you Настрана форумов, општо за животот нормално дека ќе биде намалено смеењето...при олку многу стресови, закани, работа еден тон, илјадници сметки, јадењето и пиењето се се поскапи...како да се смее човек? Плус колку повеќе старееш, толку повеќе сфаќаш дека и не е баш се така смешно и интересно околу тебе. Порано те смееле и најобични ситници, а сега ти дошол паметот и се тоа ти излгеда глупо. Додуша се зависи и до луѓето што ги имаш околу себе...зависи тие како гледаат на животот...и секако најбитното е дека се е до мислите на самиот човек.
Не е точно дека луѓето не се смеат. Ако се смееш ти, и оние околу тебе ќе се смеат. И тоа не поради тоа што имаш смисла за хумор, туку затоа што сличните луѓе се привлекуваат едни со други. Ако вие сте сериозни цело време, немојте да очекувате дека некој ќе дојде од некаде за да ве насмее вас. Велите дека кој прави лошо, со лошо му се враќа. А добрите работи? Сте се научиле сите со она не вреди да бидеш добар. Вреди. Колку насмевки даваш, толку и ќе добиеш. Колку повеќе се смееш, толку повеќе причини имаш да бидеш насмеан. Тоа што го даваш, тоа го добиваш назад. А луѓето кои не се смеат, гледаат црно на животот и случувањата. Кога ќе го сменат погледот, ама кога буквално ќе се потрудат да гледаат на посветлата страна, е тогаш ќе сфатат колку вреди смеењето. Некои луѓе се излечиле од тешки болести смеејќи се. А немало ни да се разболат доколку не се фокусирале на грижите и проблемите во толкава мера. Убава работа е смеењето. Посебно она смеење кога те болат стомачните мускули и не можеш да земеш воздух. Но, луѓето сакаат да се смеат и повторно гледаат вести на ТВ, наместо комедии на пример. Има една мудрост што ја кажал Ајнштајн: "If you always do what you always did, you will always get what you always got".
Ја читам темава и размислувам од кој аспект да напишам некој збор. Али прво што ми падна на памет е следново. За вакви теми веќе не расправам со никој, али си го задржувам правото да мозгам. Зошто бе секогаш сметате дека лугето се сменети на полошо, во случајов не се смеат ? - Да не мислите дека пред 100 години лугето кога оделе на улица се пукале од смеење. И тогаш било нормално и сега си е нормално во зависност од околносите. Ако ти се смее повеќе смеј се ти. НЕ значи дека ако на спротивното седиште во автобус седи некој сериозен тоа тебе ќе ти влијае на животот исто како што ако некој би се смеел нема да ти го подобри. Да не бидам папагал ама вреди да се каже дека сега живееме побрз живот со многу стрест бла бла .. океј може е тоа проблемот а зарем 100% е тоа точно ? - Една од причините што сега се повеќе се поставуваат овие прашања е протокот на информации. Сега се знае за секоја смрт, за секој што добил епилепсија, срцев напад, сообраќајка и сл па само што имаме допир на повеќе информации и се' се знае ги забележуваме тие наводно сегашни негативни промени. Исто така стандардот во очекувата за однесувањето на лугето е преголем. Сега од лугето се очекува да се дружељубиви, да се комуникативни, да се експерти во екстровертност а во НИКОЈ СЛУЧАЈ не смеат да бидат пасивни, повлечени. Не се размислува за лугето кои се интроверти, меланхолици, и сл. Се водиме според некои правила и очекувања кои се наметнати без некоја зрела реалност. Уживајте малце, секој си е одговорен за себе, ако сакате да има промена, променете се себе си Секој што ќе го видиш на улица си има мака. Неположени испити, доцна легнал последната ноќ гледајки серија, може си го удрил малиот прст од ногата на самиот кош од регалот, може некоја роднина има операција на срце, може добил отказ од работа, може го боли глава, може размислува како да искочи од финансиската криза, може извршители му ја исклучиле електричната енергија во домот, може чувствува страв од неуспех, МОЖЕ МИСЛИ ЗА ТОА ШТО ДРУГИТЕ ЛУГЕ МИСЛАТ ЗА НЕГО па не може да се насмее. FUCK IT ! Секој си носи своја приказна. П.С. Ако веќе имате слободно време наместо да гледате како лугето "негативно" се менуваат, анализирајте се себеси колку сте сјебани со тек на време П.С.С. Не редактирав ништо, не поправив ништо али сега гледам дека кратко мислење сум напишач од она што сакав се да кажам. Се надевам ќе ја сфатите поентата. ПозЗ3® ³
Мислам дека си во право до некаде. Секојдневнието стана некако сиво, многу проблеми, многу стресови, повеќе време поминато во работни обврски, помалку со роднини и пријатели. Признавам дека одредено време навистина многу помалку и лажно се смеев. За мене лекот е што посветив внимание на малите работи, на моментите што ми приуштуваат задоволство и си го најдов лекот. Се имам смеено од срце на комплетни мали глупости, затоа што дозволив се друго да биде исклучено и да не мислам на после или утре. И се смеам на глас, да се шири заразата Понекогаш е потребно само еден да започне, затоа што никој не сака намуртени лица. Животот некако брзо вози, тешки мисли, лошо здравје... и покрај понудена рака, и во најтешките моменти свртете на шега, проблемите се решаваат со акција, а не со плачење, па зошто да не се посмееме во меѓувреме
Незнам за другите ама за мене јас си знам дека ако видам некоја смешна слика толку се превртувам Инаку можеби не сум приметила али има денес многу грижи и се нема време за другите човека да помисли
Па самите се криви, сите се намкори, негативни. Не знаат да се смеат, никој друг не им е крив. Се смеам секој ден јас.
Не сум се насмеала онака убаво како што си знам јас, слатко од душата да си се насмеам, од многу одамна, ама си ветувам на самата себе дека од сега секој ден ќе се смеам..
Ме изнасмејавте со петардите и оние без заби на фотката. Не се смееме, затоа што е беспарица, грижи, безработица, неизвесна иднина и просто човек се плаши да се опушти и да биде среќен.
Ја знаеш изреката "Кој по цел ден се смее навечер плаче" -Изгледа се плашат навечер во солзи да не заспијат-
Ако се смееш зашо се смееш, ако плачеш зашо плачеш и ајде де сега..крај не му се наоѓа на луѓево... Бај д веј сакам да кажам дека сите се грижиме за другите такви суштества сме, ама што ако гледаш на вести како неекој загинал или војни итн. Зарем ако гледаме ќе му помогнеме на некој? Не секако дека НЕ. А и тие турските жалопојки од серии се веќе досадни.. Сето тоа влијае на нас и прави да не се чувствуваме убаво и да живееме во страв. Како некои роботи сме што не контролира технологијава..наместо ние да ја контролираме неа. Шетам по улицци и ги гледам сите намуртени како така да се родиле Жалосно..но јас си се смеам нека ме прават за будала преубаво ми е во животот за се можам да ја видам позитивната страна и на тоа сум фокусирана. Едно нешто ме мачи, а тоа е прашањето -> Зошто луѓево не се свестат и не уживаат во животов?
Nema den da ne se nasmeam.. ednostavno nevozmozno.... ne e vozmozno da ne se nasmees koga otvaras vrata i.......... pred istata veselo skokanje,civilenje,mrdanje so opaskata,galenje i neumorno sledenje niz cela kukja se dodeka ne go izgalish i ne mu posvetis vnimanie....ete bas zaradi nego sum sekogas nasmeana....pa makar i mrtva umorna da se vratam doma...
Мое мислење околу оваа тема е тоа дека порано лугето се дружеле ,па имало терен и за смеа а сега сите сме на компјутер едноставно немаме голема комуникација освен виртуелната.Преоптоварени сме со потеребни и не потребни информаци,мене а верувам и на сите многу ме тревожи кога на фб ке прочитам дека некој боледува од нешто или некој починали порано имало и болести и умирачки може не како сега но и тоа што било не сме знаеле ,значи некогаш си велам ке деактивирам профил малку да се оградам од лоши вести.Ете затоа намалена е смеата.
Дајте причина за повеќе смеење... Иначе мене колку и да ми е тешко јас секогаш ќе гледам да тресам зелени оти не можам поинаку да функционирам,ако прекинам да се смеам тогаш на ништо нема да личам...