Се намали бидејќи не убива полека политиката , трката по пари , губењето на морал и достоинство , се намали среќата и смеењето бидејќи човечноста умира полека ама сигурно, не внимaваме на малите но сепак големи работи кои ја оживуваат насмевката во нас но ќе се среди полека полека се во свое време само надеж да има и добра мисла
јас во последно време повеќе плачам отколку што се смеам. Никогаш не сум се смеела иронично и многу ме нервираат луѓе кои така се смеат. А ако сакате вистинско и од срце смеење ќе го видите најчесто кај деца. Спојлер: факт Факт: Луѓето се смеат просечно 13 пати дневно.
Се намали насмевката поради тоа што станавме зајадлив,љубоморен,себичен народ секој за себе си гледа,кога тоа ке се намали барем малку поинаку ке биде. Секој гледа што има комшијата,кој повеќе заработува и многу други причини.
одамна оваа тема сум ја отворила, но ништо до ден денес не се променило...смеењето стана поскапо од злато..еххх, сум заборавила како изгледа добра насмевка од душа, смеење до зајдување или помочување што велат
Луѓе одамна слатко не ме насмеале, ме смее некој смешен пост на фб, к-15 некој стар скеч, Фчерашни, Зевзекманија и слично.
покрај сите овие коментари за политика, врзување крај со крај и слично, сакам да кажам дека е присутна во најголем случај депресијата. бидејќи таа едноставно те држи заробен и не ти дозволува да го правиш она што порано си го сакал. колку и тоа да ти е смешно и забавно, ќе покажеш насмевка, ама звук нема да излезе. и ова претставува еден сериозен проблем во денешницата, меѓу тоа малкумина ги интересира или пак го имаат мислењето ‘тоа е глупост’.
А на што да се смејам кога нема ништо смешно..се ми е на плачење работава.... Инаку уживам во јадењето
Имаше некои истражувања дека сме биле најнесреќна нација у Европа, ете ти го одговорот на прашањето Бабе