Да сум го чула ова.Но дали според ова испаѓа дека страдаат само оние посилните????????Демек тие можат да поднесат а?А слабичите немораат да се мачат со товари, и онака не се способни да го поднесат тоа.Не ми јасно баш баш.
Јасно е дека секој со својето бреме се мачи, и дека на секој својата мака му е најтешка. Не ми е јасно зошто според горенаведеното испаѓа дека едните се поштедени од тешки товари само затоа што се слаби- така му доаѓа според изрекава нели?
Не верувам во судбина туку верувам дека сами си ја правиме, но Бог е тука во некои ситуации да ни помогне или да не казни за да ни укаже и да може подобро да ги сватиме работите. А има ситуации и кога Бог ни праќа искушенија за да ја види нашата вера во него. Понекогаш страдањата можат да бидат опомена за која Бог сака да не излечи. Токму како што родителите го казнуваат детето за да го задржат на вистинскиот пат, Бог понекогаш може да дозволи несреќи и жалост за да не одврати од погрешната насока. Треба да знаеме дека Бог нерадо го казнува и го ожалостува човекот. Секако, понекогаш се потребни вакви Божји интервенции. Ако некогаш доживееме вакво искуство, треба да сфатиме дека Господ не воспитува " како човекот што го негува своето дете ". Кога Бог укорува, секогаш постојат причини за тоа. " Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи, откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои го сакаат " (Јаков 1,12 ). АМИН!
Sonuvav kako setam po plazata so Gospod a na neboto bleskaa sceni od mojot zivot.Za sekoja scena zabelezav po dva para stapalki na pesokot.Edniot mi pripajgase mene a drugiot na Gospod.Koga blesna i poslednata scena od mojot zivot se zavrtev.Gi poglednav tragite i zabelezav deka mnogupati na patot na mojot zivot imase samo eden par stapalki,isto taka zabelezav deka toa bilo taka vo najteskite momenti od mojot zivot.Go prasav Gospoda za toa, Gospode ti mi rece deka ako odlucam da te sledam celo vreme ke odis pokrajmene no zabelezav deka vo najteskite momenti od mojot zivot ima samo eden par stapalki.Ne razbiram zosto togas koga najmnogu si mi trebal si me napustal?Gospod odgovori: Moe skapoceno cedo nikogas ne bi te napustil ako starads. Тamu kade sto gledas samo eden par stapalki tamu Jas Tebe te nosev vo moite race.
Ме наежи, колку убаво. Ова уште еднаш покажува дека колку и да патиме и страдаме сепак Господ е секогаш со нас и треба да му веруваме и сакаме. Господ не сака сите, тој е нашата водилка, нашата светлина и кога ни е тешко и се ни изгледа црно. Бог е секогаш тука за нас само треба да го побараме.
Никогаш не знаеш каква мака си има другиот... често се случува да си помислиш "уфф да не сум му/и во кожа" ама у исто време и ти поминуваш низ нешто што не му го посакуваш на другиот. Можеби некои се родени под среќна ѕвезда... некои можеби страдале у деството, некои сега.. Некогаш осеќаш дека животот не е фер спрема тебе, а кога ти е убаво забораваш да кажеш фала.. (за мене зборам). Ако спаѓаш у посилните издржи, ќе не огрее и нас сонце еден ден. А одговоров на темава "зошто страдаме и се мачиме" е тоа не знам..ама ќе издржиме. Се што е од Господ, добро е!
Колку повеќе страдаш и ти се случуваат лоши работи толку си појак и поискусен, што од една страна е добро тоа што можеш и поука да си извлечеш од страдањата.
Да а-ј-а секогаш е со нас.А златото не станува злато ако не помине низ оган.според малахија 3-3 огнот се искушенијата кои ке покажат од кој вид материјал ни е верата ,дали картон,цигла дрво или пак камен.А според 1 кор.10-13 не не снаога друго искушение освен она што е вообичаено за човекот.и тоа е истиот стих во продолжеток што некој погоре го нарече поговорка-Бог е верен и нема да дозволи да бидеме искушани повеке од она што можеме да носиме туку заедно со искушението ке направи излез за да можеме да издржиме .
Епа вака .. Имаше мислам во Библијата ( не ме фаќајте за збор ) многу оддамна ј имам прочитано , вели страдај тука за таму да уживаш . Демек овде сирмошен во рајот богат . А мое лично мислење е дека како што има Божја сила и моќ , има и зло. А злото е пак од доброто , затоа што Ѓаволот е најдобриот ангел на Господ , кој прв се побунил против него и бил "избацен " од Рајот . Ова хипотетички кажано... Е сега хмм ако гледаме според ова значи во нас имаме и добро и зло ние одлучуваме што ќе биде.... И како што имам веќе напишано на многу места , верувам во реинкарнирање на душите , така што верувам во долг на кармата ( знам дека е дел на друга регија , јас сум христијанка но мислам дека е поврзано со христијанството т.е јас си го поврзувам ) ако порано си правел лошо сега ќе ти се врати , така што гледам да бидам добра иако сите имаат некакви гревови макар и најмал ( лажење ) па по логика ајде да се помолиме Ѓаволот да е згоден ххаха Значи , страдањето е дел од нас , а сите имаме причина за тоа што сме дел од светот , дали само да бидеме дел он нечиј живот , или да направиме нешто , сепак како дојдоввме на овој свет така ќе отидеме , вербата само ќе ни помогне А она што не успеало да не убие , само ќе не направи посилни ! едит Бре ама ме наежи
Јас мислам дека ние преку животот не страдаме за да ги искупиме гревовите наши.И во самата Библија така пишува дека пред Божјиот суд ке одговараме за гревовите. А страдањето и мачењето е само судбина или не знам што, некој вид сплет на околности од кои голем дел самите сме си виновни. А фала му на Бога за убаво напишаното во Библијата дека ако се мачиш овде во некој друг свет ке си срекен. Дали е вистина не знаеме никој не се вратил од таму за да каже ама овие убаво зборови ми даваат некоја утеха и надеж и сила за да продолжам и покрај тешките усови.
Подобро би било : Зошто живееме ?! - За да страдаме и да се мачиме.. Реално гледано секој во својот живот има претрпено некој пораз, колкав и да е сепак е пораз.. Секој има почувствувано болка, осаменост, потреба за нешто, потреба за некого... Секој има некоја неостварена желба, секој сака барем малку да го подобри својот начин на живот. Денес не секој е среќен со она што го има, не секој е среќно заљубен, не секој живее во бајка, не секој има семејство. На најтежок можен начин животот се претставува, ни носи голема бура од потешкотии и разочарувања, но во истиот момент не потсетува колку сме среќни и ,,богати,, со тоа што го поседуваме. Сепак животот е еден голем кург, денес имаш утре немаш..
Ани во потполност се согласувам со тебе. Ако не ја почуствуваме нокта како ке се радуваме на денот. Ако не ја почуствуваме тагата дали ке ни значи среката. Можеби Бог на некој му одредил да биде богат материјално, но тој човек да има таква душа која ке биде секогаш полна со немир. Можеби друг го одредил да биде сиромав и болестлив арно ама му дал несебично око, чистио срце и духовна благосостојба, направил да се радува тој човек на ситници.
Не се согласувам со тебе, Бог не ги одредува какви ќе бидат луѓето. Секој човек одредува каков ќе биде сам т.е. дали го бира лошто или доброто. Убаво кажал Господ во библијата сум ти дал раце, нозе, мозок што сака да каже на тебе е што ќе правиш и одлучуваш во животот, нема судбина туку сам си ја правиш. Вели почитувајги 10-те божји заповеди, прави добрини за да го заслужиш рајот. Епа тогаш како може да му биде на некој судбина да се дрогира, да краде, да убива.....Зар Бог сака такви работи? а цело време прповеда добро однесувањешто, значи Бог не одредува каква душа ќе имаш. Не значи дека сите што се богати ''немаат душа'' истото важи и кај сиромашните, не значи дека ако е сиромав има ''златна душа''. На пример ако Господ не одредува какви ќе бидеме, тогаш криминалците што се во затвор всушност се најголемите жртви... Па они не се криви за ништо тоа им е судбината. Тогаш зошто постојат 20 митарствата (судовите), кои треба да ги помине душата каде и се суди според делата кои ги правела во животот?
Јас да си кажам, не сум религиозна, но ме интересираат религиите и сум ги проучувала, па оттаму и ме иритира фактот што многу верници кај нас всушност не си ја познаваат верата, повеќе се водат од бабини деветини а продаваат наоколу морал и правила иако и самите не живеат според нив, што е лицемерно. Мислам вистина е дека има некои контроверзи и недоречености во самата Библија, ама барем основите се јасни дури и за еден атеист. Конкретно ако во верата бараме одговор на прашањето зошто страдаме и се мачиме одговорот е задгробниот живот, според христијанството овоземскиот живот е само тест за добрината и издржливоста на човекот, оној кој истрајал во својата добрина ќе го наследи царството небеско, ќе биде рамо до рамо со Бога, другиот ќе биде казнет, рај, пекол и т.н да не должам сега, не разбирам што не им е толку јасно на луѓево, ако велиш дека си верник и христијанин тогаш верувај во тоа, ако не барај си друг одговор и верувај си во тоа што ти е најлогично и готова прича. Јас како што реков не сум религиозна и не кажувам дали христијанското толкување е она правилното, колку е тоа вистинито е веќе друга проблематика, туку само ги искажувам фактите за суштината на христијанството онака како што сум ги разбрала, а гледам дека многу македонци (такви среќавам секој ден) иако за разлика од мене се "големи верници" , не си ја разбираат религијата па си создаваат некоја мешавина на христијанството со паганските обичаи или со некои браманистичко-кармистички верувања. Е сега што се однесува до моето објаснување на прашањето зошто страдаме, јас мислам дека оној што нема среќа во животот ќе пати на жалост, а оној кој ја има ќе си проживее онака како што сака (сепак голема улога тука игра и разумот на човекот, дали ќе знае правилно да постапи за да ја сочува добрата среќа) без разлика дали човекот е добар или лош, е сега ако пак е стварно точно она што не учи верата тогаш убаво секој ќе си го добие ама не овде туку на "оној свет" (само па не знам кој нема да си го добие како што стојат работите ) а пак ако не е вистина, тогаш ко што би рекол Калимеро, нема правда ilent:
Никаде не спомнав дека сиромашните се златни луѓе или нешто во тој стил, разгледав само два профила на луѓе. А тој профил за богат човек не реков дека е лош туку само дека има немир во душата заради Х причини. Како што рековме секој различно ги толкува и ги свака зборовите на Бога. Ете јас баш под тоа мозок ја ставам и менталната свест на човекот и неговите дарби. Кога збориме за религија би ги оставила настрана оние генетики и науки и би кажала дека Бог на нас не ни ја крои судбината ама тој нас не прака на светот со одредени дарби и својства. Од каде му е на некој талентот ако не од Бога, после тој самиот одлучува дали ке го развива или не ама сепак телентот му е дар од Бога. Зошто две деца близнаци уште како мали може да имаат сосема различен карактер? Тоа е пак од Бога. Тој ни дал на нас предиспозиции за нешто а ние како и дали ке ги развиваме е наше. Октавија многу си во право кога велиш дека кај нас останале од дедо прадедо многу пагански обичаи и верувања. Мило ми е што младите денес се едуцираме и повеќето од тие обичаи ги вршиме онака само механички и за традицијата ама знаеме да разликуваме обичај од верување. Во контекст на ова а и да не сум оффтопик оти малце забегав ке дадам еден пример- Курбанот(давање жртва) Значи има луге се разболел и сега за да оздрави да не се мачи и страда ке даде курбан. Друг некој за да си ги искупи гревовите ке однесе јагне за курбан. Курбанот е паганска работа и не смее да се прави. Самиот Исус Христос со своето страдање се жртвувал за нашите гревови. Убивајки ја жртвата за курбан ти правиш уште еден грев, своето мачење или гревови, го пренесуваш на животното. Исус рекол Јас ке бидам жртвата за сите вас.
За талентите си сосема во право и се согласувам дека талентот е дар од бога, а дали ние ќе го развиеме е наше. Но мојот предходен пост беше дека не се согласувам дека бог не одредува какви ќе бидеме, едно е Бог да ти даде талент, а сосема нешто друго да ти одреди каква душа ќе имаш. Бог е секогаш со нас да ни помогне или да не казни но сепак ние сме тие кој ги донесуваме одлуките во нашиот живот. Секој сам си одлучува дали ќе прави добро или лошо. Во библијата вика цела небеса се радува заедно со бог кога некој кој правел лошо се покае и го прифати Бог, што укажува дека не не одредува какви ќе бидеме туку ние одлучуваме. Да не ме сфатиш погрешно не се карам со тебе туку само си дискутираме. Убаво е човек да слушне или прочита различни ставови и гледишта.
Не верувам дека се се случува со причина. На некои луѓе едноставно им е пишано да страдат, да се намачат за нешта за кои други не мрдат ни прст. Сега веќе си правам што сакам да правам, без да очекувам нешто за возврат. Барем не се разочарувам. Спојлер Hope and expectations r deead... Reality killed 'em!