1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    A-J-A Овдека се согласуваме. Значи Бог нас не прака на земјата со некои карактеристики ама не ни кажува какви ке сме сепак судбината сами си ја правиме. Може и на некој крадец Бог му дал талент за пеење но тој сепак одлучил да биде крадец. А за мачењето во животот има луге навистина цел живот се мачат но има и такви кои не се трудат да ја подобрат состојбата. Бог рекол ’’Прво помогни си сам а после и јас ке ти помогнам’’. Ако сам не превземеш ништо против тешкотиите во животот како Бог да превземе.

    Не сватив дека сакаш да се караш или слично. И самата реков дека секој различно си ги толкува Божјите зборови и убаво е што на вакви теми можеме да ги видиме мислењата на другите па и да се предомислиме за нешто или да научиме нешто ново. Инаку во секојдневниот живот ретко кој разговара со семејството или пријателите на вакви теми.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adonai

    Adonai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Ќе ме извините што постов ќе биде малку подолг и во принцип ќе се однесува на дел од ставовите кои се изнесени. Не прочитав се од почеток што било напишано и не знам дали има некој напишано нешто слично. Ништо од она што ќе го напишам не е лично и ве молам да не го сметате за навреда, единствено сакам да го изнесам мојот став.Најпрво ќе го кажам мојот став во однос на тоа зошто страдаме, а подоцна и ќе коментирам на мислењата изнесени претходно.

    Многу често луѓето веруваат дека постои Бог, но не веруваат дека постои ѓавол или пак ако веруваат дека постои ѓавол тогаш веруваат дека Господ и ѓаволот се најдобри другари и се си прават заедно дека одат рака за рака. Е па не е така! Постои Бог, но постои и ѓавол. Постои рај, а постои и пекол. Многу често луѓето веруваат дека Господ се контролира и добро и зло што ни се случува - као тоа е „судбина“ или не знам што. Ако е така тогаш Бог е неправеден. Тој создал некои луѓе и одредил да завршат во пекол. Ова не е точно. Бог е добар, а од друга страна ѓаволот е лош и тие војуваат еден против друг.
    Накратко ќе дадам опис на она што се случувало многу одамна.
    Луцифер бил најубавиот и најславниот Божји ангел. Тој заради тоа што бил најубавиот ангел и најславниот помеѓу сите ангели станал горд и сакал ангелите да му одаваат нему слава. За да го направи тоа ги покренал дел од ангелите против Бог. Тој успеал да излаже 1/3 од ангелите и покренал бунт против Бог. Тој во тој бунт изгубил и Бог го протерал на земјата заедно со останатите ангели кои се побуниле со него.
    Бог го создаде човекот на свој лик и имаше прекрасен план за човекот, но човекот згреши. Гревот на човекот беше непослушноста на Бог. Бог му рече да не јаде од едно од дрвата во градината, а човекот не го послуша. Со тоа човекот беше избркан од рајот и пратен на земјата. Тоа е така затоа што Бог е праведен и затоа што грев не може да опстои во Неговото присуство. Сепак заради тоа што Бог многу го сака човекот одлучил да направи пат за луѓето да можат да дојдат до Него и да бидат со Него во рајот. Патот е Исус. Исус плати за сите наши гревови, така да оние кои веруваат во Него се исчистени од гревовите со неговата крв која Тој ја пролеа на крстот на Голгота пред повеќе од 2000 години и на тој начин оние кои веруваат во Него можат да бидат со Бог во рајот.
    Е сега тргнувајќи од ова може да се заклучи дека и ѓаволот и луѓето се на земјата. Од друга страна знаеме дека Бог и ѓаволот се во битка еден против друг и логично е дека ѓаволот се што Бог сака, сака да го уништи. Така да ова и гревот се главната причина заради која луѓето страдаат.
     
  3. Adonai

    Adonai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Е сега во однос на тоа што MonnaSi вели дека во библијата пишува „страдај тука за таму да уживаш “ не е вистина. Можеби тоа го имаш прочитано на друго место, но не во библијата.
    Во библијата пишува дека ќе се случи да страдаме, но кога страдаме да не страдаме заради тоа што сме грешеле. Ако страдаме затоа што го сакаме Бог и сакаме да живееме според неговата волја тогаш треба да се радуваме зашто Бог ќе не награди.
    Ова го пишува во првото послание на Петар :
    1 Петар 4:15 Имено, никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној, кој се меша во туѓи работи;
    Да појаснам во кој смисол го кажувам ова. Да претпоставиме дека си праведен и не сакаш да искористиш нешто а имаш можност и да речеме си на позиција, а оние кои што се во твоја околина го знаат тоа и те исмеваат и со постапките прават „будала – според нивните критериуми“ од тебе или пак ако заради тоа што ти не ја користиш позицијата на која што си оние кои се околу тебе не можат да го прават тоа затоа што ти не си им соучесник, па зборуваат секакви работи и те обвинуваат или дури и ако успеат да ти ја одземат позицијата.
    Во однос на реинкарнирањетоа не ми е јасно на кој начин го поврзуваш со христијанството? Мене искрено ми е тешка глупост тоа реинкарнацијата. Ај да претпоставиме дека има реинкарнација. Ако некој греши во следниот живот ќе се реинкарнира во нешто не знам полошо од тоа што бил во претходниот живот, и во следниот исто ако продолжи да греши во нешто усше полошо, па после ќе се реинкарнира во животно, па во растение...
    Или обратно ако живее подобро ќе биде унапреден во наредниот живот. И сега ај едно прашање: Ако некој грешел и во следниот живот станал животно со што тоа животно ќе се знае наредниот живот дали ќе се реинкарнира во нешто подобро или полошо? По што ќе се одреди дали едно зајче било добро или лошо во текот на неговиот живот? По тоа дали крадело од некоја нива зелки и моркови? Па зајаците не знаат за такви ограничувања. :rofl: Треба да си признаеме дека е и смешно и глупо.

    Kikikikirika точно е дека во библијата пишува дека пред Божјиот суд секој ќе одговара за своите гревови, но работата е тоа што имаме шанса да го прифатиме тоа што некој друг (Исус) одлучил да плати за нашите гревови и на тој начин кога ќе дојдеме пред Бог на судниот ден да ги немаме гревовите. А од друга страна ако одлучиме да не го прифатиме тој подарок сами ќе си платиме за нашите гревови со тоа што не сме се покајале и не сме побарале да ни бидат простени. Тука на земјата имаме шанса да одлучиме да го прифатиме подарокот кој ни е даден, а не да со страдање да си ги искупуваме гревовите. Дали ако некој кој што убил и е доживотно во затвор ќе заврши во рај? Тој ете страда. Не се согласувам за тоа дека со страдањето нешто ќе промениме во однос на тоа кај ќе бидеме после. И никаде во библијата не е напишано дека „ако се мачиш овде во некој друг свет ке си срекен“.
    Исто така за тоа со богатството и немирот и сиромаштвото и мирот нема врска. Сите кои не го имаат Бог во нивните срца имаат немир, а сите кои Го имаат го имаат и Божјиот мир без разлика дали се богати или сиромашни. А за тоа дека Бог одредил да е некој сиромав или богат и тоа не е точно. Ќе се повторам Бог не е неправеден. Тој нема да даде за едни а за други да нема. Се согласувам со А-ј-а дека Бог ни дал способности и на нас е да ги развуваме и искористуваме. А во однос на мислењето на А-ј-а дека со правење на добрини ќе го заслужиме рајот во библијата не пишува така туку дека ЕДИНСТВЕН начин да се стигне во рајот е преку верба во Исус. И Бог сигурно не сака да не казнува. Ако беше така тогаш немаше потреба да доаѓа Исус и да умира за да плаќа за нашите гревови. И самата пишуваш дека целата небеса заедно со Бог се радува кога некој грешник, односно некој кој правел лошо се покае и го прифати Бог. Па зарем Бог ќе се радува за вакво нешто ако имал план да го казни пред тоа кога не се покајал? Не Бог е трпелив Бог. Тој чека на нас да се покаеме и да го прифатиме за свој Господ и Спасител. И се додека не умреме имаме шанса да се покаеме. Но секој еден треба да знае дека не се знае колку ќе живее така да оваа одлука нека си ја донесе што поскоро, по можност уште веднаш. За казната сами си ја одредуваме и таа ќе се случи откако ќе умреме ако не сме се покајале. И немој да мислите дека Бог ќе се радува за тоа. Не! Но сепак со љубов ќе ни дозволи да си го добиеме она што сме си го избрале. А за 20 митарства не знам кај имаш прочитано, но во библијата никаде не пишува такво нешто.
    Oktavija не сите кои се нарекуваат христијани се христијани, т.е верници. Кај нас за жал христијанството е станато како нешто што го добиваш со раѓање. А тоа нема врска. И во суштина христијанството нема ништо заедничко со обреди и ритуали. Мој став е дека нашите животи проповедаат повеќе од било кој збор.
     
    На DeVoJkaTa999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Бог нема никаква врска со нашето срадање во библијата пишува дека сето тоа иди од лошите духови
    односно ѓаволото
    и дека госпот никогаш на никој не би му направил лошо :) ама јас мислам дека за сите наши страдања и мачења сме си самите виновни со некои нешта што ги правиме или некои одлуки што сме ги донесле ама ние луѓево секогаш некој друг обвинуваме за нешто што ни се случува :!: а кога ќе размислиме подлабоко ќе сватиме дека тоа самите сме си го направиле :|
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    кој е виновен? Кармата е виновна за сите наши страдања и мачења! :)
     
  6. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Прочитај го цел овој текст и мислам дека ќе добиеш одговор на прашањата, а се она што се случува е Божја милост, несакам да кажам дека Бог го прави сето тоа (туку Сатаната), а Тој дозволува сето тоа да се случи, поради Негова правда, а зошто е тоа така, секој еден од нас ќе си добие одговор од Духот Свети...


    Ако е Бог добар, ако е љубов, тогаш зошто на светот има толку многу страдања?
    Ова прашање е мошне старо; старо колку и болката, несреќата и смртта. Луѓето одсекогаш го поставувале и ќе го поставуваат до крајот на историјата. Веројатно нема да пронајдеме целосен одговор, се додека не ни го изнесе Бог во своето царство; сепак, во Библијата можеме да најдеме некои објаснувања што можат да не охрабрат.
    Во 1. Мојсеева 3,16 прв пат во Библијата се спомнува човечкото страдање. Тогаш Бог и укажува на Ева на последиците на нејзината непослушност. Ева потклекнала на заводничкото ласкање на сатаната - бунтовникот против Божјата љубов и непријателот на човештвото., за кого човечките страдања и болки представуваат најголемо задоволство ( 1. Мојсеева 3,1-7). Со право можеме да заклучиме дека, изворот на сите неволји се наоѓа токму во таа прва непослушност. Но тоа не е се. Како што постојат многу видови страдања и неволји, има повеќе причини за нив.
    Некои страдања доаѓаат токму поради непочитување на основните закони. Ова се однесува и на духовната и на телесната стварност, зошто се е подложено на законот и на причината и на последицата: " Она што човекот ќе го посее, тоа ќе го пожнее. " ( Галатите 6,7).
    Ако некој го прекрши државниот закон, може да очекува казна. Ако ги прекрши здравствените закони , јасно е дека ќе се разболи. Ако го прекрши моралниот закон, дали последиците би требало да бидат слични? ( Стих 8 ).
    Страдањата можат да бидат резултат на некоја несреќа или со пригодна непогода. Исус три пати напомеувал дека страдањата ги погаѓаа и недолжниле: кога го известиле за Пилатовата непогодна смртна казна што ја изрекол над некои Галилејци ( Лука 13,2.3), кога ја коментирал погибелта и осумнаесеттемина врз кои паднала кулата ( Лука 13,4.5) и кога со учениците разговарал за еден слеп човек крај патот ( Јован 9,2.3). Во секој наведен случај Исус решително ја отфрлал помислата дека таквите несреќи се случуваат поради личните гревови на оној што страда. Сите што страдаат во земјотреси, во експлозии, на море, во авионски или сообраќајни незгоди, не се казнети со тие несреќи поради својата кривица.
    Страдањата често ги предизвикуваат лошите луѓе со своите дела на насилство. Пророкот Авакум непоменува дека Бог негодува кога " базбожникот го уништува поправедниот од себе " ( Авакум 1,13 ). За секого од нас тешко е разбирлив животниот факт дека " безбожниците живеат добро " ( Псалм 73,3 и натаму). Во овој псалм се насликани злосторниците и уценувачите, кои на нечовечки начин се пробиваат на високи опшествени положби, не водејќи сметка за луѓето на кои им нанеле жалост и штета.
    Понекогаш страдањата можат да бидат опомена за која Бог сака да не излечи. Токму како што родителите го казнуваат детето за да го задржат на вистинскиот пат, Бог понекогаш може да дозволи несреќи и жалост за да не одврати од погрешната насока. Треба да знаеме дека Бог нерадо го казнува и го ожалостува човекот ( Плачот на Еремија 3,31-33). Секако, понекогаш се потребни потребни вакви Божји интервенции. Ако некогаш доживееме вакво искуство, треба да сфатиме дека Господ не воспитува " како човекот што го негува своето дете " ( 5.Мојсеева 8,5 ). Кога Бог укорува, секогаш постојат причини за тоа. Споредувајќи го родителското укорување со Божјото, апостолот Павле нагласува дека ова, последново, помага да станеме учесници во Неговата светост ( Евреите 12,10 ). Во својата Библија можеме да пронајдеме неколку примери од животот на одделени луѓе на ваков начин се вратиле кај Бога. Јона го одбил Божјиот повик да ги опомени Нинавејците. Се качил на брод што патувал за Тарсис, потоа се нашол на разбранетото море, за на крај да го проголта голема риба. Престојубајќи три дена и ноќи во нејзината утроба, се обратил кон Господ и Тој го избавил ( Јона 2,1-11 ). Поради своите големи гревови, царот Манасија се нашол во Вавилонското ропство. " И Господ ја прими неговата молба " ( 2.Дневник 33,12.13 ). На сличен начин и славниот Набукодоносор Му пркосел на Бога. Затоа за седум години го загубил разумот. Кога ги подигнал " очите кон небото " му се вратил разумот, и затоа Го фалел и Го славел Вечниот Бог ( Даниел 4,34 ). Во Стариот Завет Бог на неколку места е спореден топилничар ој во висока печка ги изделувал троскотот и нечистотијата од драгоцениот метал - својот народ ( Малахија 3,3; За Јов 23,10 ). " Ете, те пречистив... те испитав во печка на страдања... Јас сум Господ, Бог твој, кој те уци на добро, кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О да беше ги слишнал Мои Заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојаѕа правда како морски бранови " ( Исија 48,10.17.18). Со својата послушност и исправност Израил може да ги избегне скоро сите свои неволји. Но тие често биле неопходни за Бог повторно да ги врати на вистинскиот пат.
    Постојат неволји што се резултат на нашето посветување на Исуса Христа. Сам Исус не предупрадил: " Ако ме гонеа мене ќе ве гонат и вас " ( Јовен 15,20 ). Ова го искусил и големиот апостол Павле, кого често го малтретирале поради неговото неустрашиво сведочење за Господ. Во своето најголемо страдање тој го храбрел својот ученик Тимотеј: " А сите што сакаат да живета побожно во Исуса Христа, ќе бидат гонети " ( 2.Тимотеј 3,12 ). По вреќењето во Листра, во која порано го каменувале, на верниците им рекол " дека треба преку многу неволји да влезат во Божјето царство " ( Дела 14,22 ).
    Значи, има повеќе видови страдања и понекогаш тешко можат да се одделат едни од други и да се одредат. Сепак, јасно ни е дека страдањата почесто човекот го приближуваат кон Бога, отколку што го оддалечуваат од Него. Крајниот резултат е позитивен.
    Ако увидите дека вашите неволји и страдања се резултат на непосушност кон некои од основните закони, молете се на Бога да ви помогне да ја исправите грешката. Ако страдате поради некоја несреќа, за која во никој случај не сте виновни, молете се на Бога застрпливост во поднесувањето, за мудрост во разбирањето и љубов - за да можете да им простите на виновниците ( За Јов 1,21; Јаков 1,3; 5,11 ). Ако трпите поради расипаноста на лошите луѓе, молете се на Бога да ги одврати од злосторствата ( Римјаните 12,12 ). Ако верувате дека вашите неволји се Божествени мерки, ипитувајте го своето срце. Откријте ги причините поради кои Господ е незадоволен од вас. Потоа побарајте проштевање и предајте Му се ( Евреите 12,11; 1.Петрово 5,10 ). Можеби страдате поради Христа. Тогаш: " Радивајте се и веселете се, зошто е голема платата на небесата ", ( Матеј 5,12 ). Запомнете: " Ако трпиме, со Него и ќе царуваме " ( 2.Тимотеј 2,12 ).
    Без сомнение, на сите нас ни е потребнапоголема духовност - духовност каква што покажал апостол Павле, неохрабрувајќи се со неволји ( Дела 20,24 ). " Останувам со добра волја во слабостоте ", напишал тој, " Во навредите, ви неволјите, во прогонствата, во тагите за Христа; зошто кога сум слаб тогаш сум силен " ( 2.Коринтјаните 12,10 ). Него, и сите оние што ќе претрпат до крајот, ги чека славна награда: " Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи, откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои го сакаат " (Јаков 1,12 ). АМИН!
     
  7. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Јаков 1:13-16
    " Ниеден, кога е во искушение да не вели: " Бог ме искушува ", бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата похота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете, се браќа мои возљубени. "
     
  8. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
    На ист начин од Божјата Промисла зависи и начинот на исцелување на тегобата. Тој го вразумува лекарот и укажува на средствата, или се спротивставува на сè, бидејќи и доброто и лошото, животот и смртта, сиромаштијата и богатството се од Господа (Сирах. 11, 14). На ист начин за сè што ни се случува, за сите настани, треба да расудуваме дека се предвидени и допуштени од Бога. Непријателот те навредува и проколнува – знај дека сите негови хули и зборови кои ги говори со злобната уста, ставени се на вагата на Божјата Промисла уште пред вековите: колку што му е дозволено толку и ќе каже, и ниеден збор повеќе од тоа. Зошто ти залудно се противиш и гневиш? Така исто размислувај и за сите други твои неволји чие што случување, број, траење и крај ги одредува Бог. Затоа покори ì се на Божјата Промисла говорејќи како во псалмите: „станав како нем – кој не ја отворам устата своја“ (Псал. 37, 14).
    Нека биде волјата Твоја, Боже мој! По Твоја Промисла и допуштање сè се случува. А доколку Ти си го уредил тоа, тогаш јас би бил несреќен беззаконик доколку би ти се спротивставил. Значи, на Твојата света волја, Боже мој, се предавам во сè и со благодарност ќе примам од Тебе сè што ми праќаш и со трпение ќе го поднесам.

    Августин вели: „Се бранува животното море, и Ти Господи, гледаш дека злобните напредуваат, а добрите се угнетувани: ете искушенија, ете бура. Господи Боже! Во тоа ли е Твојата вистина злобните да бидат во благосостојба, а добрите да страдаат? – И Бог ти одговара: Дали е тоа твојата вера? Дали Јас ти ветив благосостојба? Или ти затоа се нарекуваш христијанин за да се насладуваш со земските успеси? (бл. Августин, Толкување на 55-ти псалм). Да се смириме пред Бога и да ги смириме нашите срца со вера во Божјата Промисла кога гледаме дека нечесните владеат, а благочестивите страдаат. Ништо од тоа не би било ако Бог не би го допуштил, Он навистина не би го допуштил, доколку би немал доволно причини, поради кои смета дека е подобро да ги допушти отколку да ги спречи. Ќе речеш: Од тоа допуштање настануваат многубројните неволји и најголемите бунтови. Може да се жали за тоа, ама трезвено: бидејќи според многу праведни причини така Му било угодно на Бог, Кој од најголемото зло може да направи прекрасно добро, толку лесно, како што лесно се вади меч од футрола
     
    На stylishh и Serafima им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Мислам дека...страдат тие што знаат од срце да сакаат...тие што чувствуват...тие што се трудат за се,,,љубов,,,среќа,,насмевка..здравје....тие страдаат.... :|
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Најверојатно зошто така треба, никој не сака да страда или да се мачи, но сепак мора да помине човек низ тоа, за да знае што значи токму спортивното од страдање, мачење, лекција која би требало да ја научи, а која никогаш не завршува, кај некого повеќе, а кај други помалку.Доколку би го немало тоа во животот, би било совршено, а можеби и досадно, впорчем како се што му се случува на човекот.Човек треба да знае само како да го преживее тој процес, истовремено од друга страна да се помири, знаејки дека е нешто што е невозможно да го избегне, па останува да се соочи со тоа.Поинаку немало и нема да биде.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Едноставно животот не би бил интересен без проблеми. Тој е секојдневна борба, тест на издржливост. Мора да ја почувствуваме тагата, и солзите инаку како би ја ценеле радоста, среќата !
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Затоа што ако не страдаш и не се мачиш, и се во животот добиваш со леснотии нема ништо да ти биде интересно, нема никогаш да го извадиш максимумот од себеси и најважното, нема никогаш да бидеш благодарен за тоа што го имаш ..
    Јас тргнувам од себе и гледам дека многу ретко се потсеќам на тоа што го имам и на тоа колку вреди. Нови страдања, нови подвизи и цели. Нови потешкотии..слатка победа. :)
     
  13. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Точно,истото мислење и јас го имам,и да споделам една реченица ја прочитав низ форумов, „Господ и кога руши,гради“ !!
     
    На Kicky, A-j-a, Page и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Затоа што самите сме посеале погрешна сеидба во нивата на сопствениот живот. Исус ги предупредил сите луѓе: „Што сеете, тоа и ќе жнеете!„. Не може да никне јаболкница ако си садел трње и обратно.
    Но ова добива во целост на смисла само ако се вклучи знаењето за повторното раѓање (реинкарнација). Но тоа значи исто така дека можеме да ги свртиме и работи кон то да не страдаме повеќе, така што ќе сееме позитивна седиба во нивата на животот. Но и во тој случај потребно е трпение, зашто како што на пр. засаденото убаво цвеќе не никнува преку ноќ така и на за промената понекогаш е потребно време. Во секој случај судбината во крајна линија лежи секогаш во нашите сопствени раце!
     
  15. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ова страдање го гледам само ко тест на издржливост .... И моментот дека се е за причина... Се ни е лекција за едно подобро утре.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Еднаш, кога веќе имавме мало братство овде во Бостон, контактираше со нас една страдална мајка од внатрешноста на Америка, оддалечена повеќе од две илјади милји. Таа имаше едно мало тригодишно дете, кое боледуваше од рак. Некогаш ни телефонираше, некогаш ни пишуваше. Некој и беше кажал за нашиот манастир и таа бараше помош – да се молиме за да оздрави нејзиното дете. Понекогаш ни испраќаше облека од детето или марамчиња за да ги ставиме врз светите мошти и да читаме молитви и да и ги вратиме назад, па можеби ќе се случи некое чудо. Ние и испративме масло од кандилото на свети Нектариј и од свети Јован Руски, и, колку што можевме, ја утешувавме. Жената беше Гркинка, но родена во Америка и не знаеше добро грчки. Честопати нè прашуваше по телефон, зошто и се родило детето со рак, и со што згрешило тоа, па така да страда. Зошто Бог допушта да се измачува едно невино создание; Ние и одговоривме дека тоа се судови Божји, а ние не сме Бог па да ја знаеме Неговата премудрост. Но таа пак ни велеше: „Зарем не постои човек Божји за да ми одговори?“ Ние и одговоривме дека сме грешни луѓе, и не познаваме таков човек. Многу пати нè прашуваше, па еднаш и реков: Немој залудно да се трошиш, зашто ни се јавуваш од толку далеку. Постојано се молиме, но Бог не нè слуша. Овде во Америка не познаваме таков човек кој би можел да ти одговори на прашањето. Во Грција постои еден старец, на истиот остров каде што е свети Нектариј, но е многу далеку од твојот дом, над осум илјади милји, а и освен тоа, не знае англиски“.

    Толку требаше. Не губеше време, толкава беше нејзината болка, така што се качи во авион и отиде во Грција. Стигна во Егина. Најде еден таксист кој знаеше едвај англиски, а и таа едвај знаеше грчки и отиде во тихувалницата на старецот. Не го најде таму. Беше слегол во центарот, на пазар. Се врати и таа во центарот и конечно го најде старецот по патот. Почна преку таксистот да му кажува за нејзината мака, и дека од нас слушнала за него.

    Старецот и рече:

    - Ти си виновна за болеста на детето, затоа што го остави законскиот маж и си најде друг. Твојот маж не го поништи бракот, туку ти се заљуби во друг. Сега зошто плачеш? Твоето детенце е невино. Тоа секако ќе се спаси. Ќе биде со ангелите. Но и ти ако сакаш, спасувај се. Бог ги љуби сите и сака сите да ги спаси. Дадена ти е прилика да се покаеш и да се спасиш. Пред да ти се разболи детето, си спомнуваше ли за Бога? Одеше ли во црква? Се прекрстуваше ли? А сега постојано се молиш. Дури и авион фати и толкав пат помина за да дојдеш и да му се поклониш на свети Нектариј, да побараш помош, да си ги кажеш страданијата. Ако немаше страдања, немаше да се сетиш на Бога. Да, ако сакаш сега, поправи се, стани добра христијанка. Детето твое на Бога Му припаѓа, нема да остане повеќе во овој лажен свет. Немој да жалиш. На Бога секогаш да Му благодариш, да Го славиш.

    Кога се врати, самата таа ми се јави и ми кажа за нејзината средба со старецот. По малку време нејзиното дете се упокои, како што и кажа старецот. Од каде да го знам јас животот на оваа жена! Во мојот живот запознав шестмина свети луѓе, прозорливи, но дарот на прозорливост и видовитост на старец Јероним беше посилен од сите.

    Премин портал
    ________________


    Ете зошто страдаме и се мачиме ;( .
    Заради нашите гревови за кои не се каеме, заради гревовите на нашите родители и прародители. И се тоа ни е дадено само за да се покаеме.
    Господ да помогне и да стави рака и сите да се покаеме од срце. Зашто покрај секојдневните гревови што ги правиме и не ги гледаме, неминовно ќе ни се случуваат уште повеќе болести, таги, измачувања, предвремена разделба со најблиските и најсаканите...

    Господ допира до она што најмногу боли. Прво не допира нас преку болестите, но ако и понатаму не се покаеме, знае да допри и до нешто друго што знае силно да не заболи.
    Дај Боже никој тоа да не го дочека. Никој ;( !

    Убава е народната која постарите ја кажале со многу разумност:
    Што сееш, тоа ќе жнееш!
     
    На JingYang и Libera им се допаѓа ова.
  18. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Колку да се дешава нешто.. :yawn:
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636

    Аха...
    Мајката е грешник што го оставила сопругот и Господ и го зема чедото... и ???? ќе и одржи лекција на тој начин? ќе му се врати на сопругот и Господ ќе биде спокоен ? задоволен?
    Кој присуствувал на тоа судење и дали ги земал сите докази или искази на мајката ( ако имала каде и пред кого да ги каже) за своите чекори?

    Јосиф и верувал на Марија и покрај тоа што неговата сопруга била трудна, а тој не бил таткото.
    Зошто еден обичен смртник и простил на жената или подобро да кажам и верувал, а Господ не и верува на МАЈКАТА дека нејзината одлука за нејзиниот живот е правилна и поддржана од нејзе познати причини, па и го зема детето?

    Каде е вината на детето? ( барам друг одговор, не оној дека мајката плаќа за своите “гревови“ ... во наводници затоа што не се докажани.... детето не е платежно средство)

    Тоа дете, секое дете има право на живот.

    Да се разбереме, не плукам по Господ туку по оние кои наместо да се научат да ја прифатат реалноста најлесно им е Господ да биде дежурен кривец.
    Плукам што не е најден лек за ракот.
    Плукам што уште на светов има гладни и болни.
    Плукам што таму некоја мајка можеби и го продала своето тело за да купи леб за своето дете.
    Плукам што има родители кои работоспособни седат дома ... не дека сакаат.

    СДК не го мешајте Господ секаде. ( или не споменувајте го името Господово залудно)
    Страдаме и се мачиме затоа што трнлив е патот кон успехот.
    Затоа што за да се стигне до негде треба да се оди ... долго.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    И едно прашање плус, а што имало детето да каже кога се најде пред таквиот Бог, кој наводно дозволува невините да страдаат ради туѓи гревови? :devil: :@

    Ова се тие работи на кои црквата немала и нема одговор па нуди јалови изговори од типот божја тајна било тоа, затоа што застранила од Христовото учење кое пак даваше и дава одговор на вакви нешта низ знаењето за законот на сетва и жетва(во некои култури зборат за карма) но и за излезот од стегите на истиот - живот според Исус Христовата Беседа на Гората.