1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Затоа што животот не би бил живот ако нема страдање,а за човекот па да не размислувам :) Бог се мачел поради нас луѓето,а познато ни е дека секоја грешка има казна,секој од нас е грешен секој грешел во животот,признајте дека имаме секој од нас некоја грешка направено поради која некој страдал,така да јас страдањето и маката ги гледам како резултат на грешки и казни :sweat:
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Ако на пр. некој те предупреди да не ставаш рака во оган, а ти сепак ја ставиш и почувствуваш болка, дали болката е казна од оној кој те опоменал, или е едноставно последица од твојата постапка на ставање рака во оган?

    Бог никогаш никого не казнува. Казната е концепт кој го создале луѓето кои се оддалечиле од Бога-вечно струечката Љубов и Милосрдие. Бог само опоменува на разни начини(на пример преку божјите пророци) за можните последици од играњето со „оган„. Но тој не се вмешува во последиците кои доаѓаат како реакција на причините кои луѓето самите си ги создале.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јас мислам дека страдаме и се мачиме зошто премногу веруваме во Бог.
    Немам пари зошто Бог така сакал.
    Маж ми е алкохоличар и ме малтретира зошто Бог така сакал.
     
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Заради сопствените грешки.
     
    На emanuela.5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Добро со уште поголемо добро се враќа, а лошо со уште поголемо лошо. Затоа.

    Ако некого излажавте вчера, го навредивте, исмејувавте, па дури и да се тоа само два збора, утре ќе ви се вратат во поголема количина од некој трет.
    Ако сте направиле добрина, утре кога најмалку очекувате ќе бидете позитивно израдувани со нешто убаво што ќе ви се случи и што ќе добиете.

    Многумина се прашуваат: Што сум згрешил, ништо не сум направил!, поради тоа што не сакаат да си ги признаат своите грешки и мислат дека лесно ќе бидат заборавени.

    Господ никого не казнува. Зошто би казнил некого? Самите луѓе со нашите постапки си ја кроиме судбината. Зошто тогаш утре Бог да ни биде крив за нешто?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Зошто неутешно и беспомошно страдаме?

    Секогаш кога страдаме неутешно и беспомошно, страдаме заради една и единствена причина – останати сме без благодатта Божја, а не заради нешто друго. Се поставува клучното прашање – зошто остануваме без благодатта Божја? Остануваме без благодат, главно, затоа што тоа што ни се случува однадвор не го примаме како дар Божји и не Му благодариме на Бог. Затоа, деца, сѐ што ви се случува примајте го како дар Божји и за сѐ благодарете Му Нему. Тоа е патот до Царството Небесно, пред сѐ внатре во нас. Тоа е патот до Оној Кој вистински нѐ љуби.

    Замислете ги сега погубните последици од прелесната мисла дека страдаме заради нешто што ни се случува однадвор, а не заради тоа што сме отстапиле од благодатта Божја, или таа од нас. Двете различни мисли се два различни пата. Прифаќањето на едната од двете мисли е прифаќање на соодветниот пат. Немаме многу време и немаме многу прилики во овој живот, та да можеме да си дозволиме да го одбираме погрешниот пат.

    Прво, ако остануваме без благодат, затоа што тоа што ни се случува однадвор не го примаме како дар Божји и не Му благодариме на Бог, тогаш вината никогаш не можеме да ја бараме во некој или нешто што е надвор од нас, туку секогаш само во самите себе – заради погрешниот начин на кој функционираме. Знам дека зборовите 'никогаш' и 'секогаш' треба ретко да се користат, но во дадениов случај нивната употреба има апсолутна оправданост. Сетете се само што значеше барање на човечка а што на Божја правда и сè ќе ви биде јасно. (Се двоумам во овој момент дали уште еднаш да ја објаснам разликата помеѓу човечката и Божјата правда, и тоа ме жалости – ве молам, напишете нешто за таа разлика, да проверам дека знаете и да се утешам.) Битно е да запамтите дека оној што ја бара човечката правда се откажува од Божјата благодат.

    Второ, зошто велам: секогаш кога страдаме неутешно и беспомошно? Клучните зборови се неутешно и беспомошно. Ние во овој живот не можеме да ги одбегнеме страдањата, заради тоа што ги наследивме последиците од Адамовиот пад. Но, едно е да страдаш без утеха, а друго – со утеха; едно е да страдаш без помош, а друго е со помош; едно е да страдаш без надеж, а друго – со надеж; едно е да страдаш бесцелно, а друго – со цел; едно е да страдаш бесмислено, а друго – со смисла; едно е да страдаш непромислено, а друго – со Промисла; едно е да страдаш од самољубие, а друго – од љубов и едно е да страдаш заради себе, а друго – заради Богочовекот Исус Христос.

    Трето, 'одењето во Црква' (популарно кажано) не е заради нешто... туку заради Некого. Веќе имам напишано: Ние во Црквата не влегуваме заради здравје, заради успех во работата или заради власт и пари, па дури ни заради спасение, туку – заради Него. Затоа што секогаш кога во Црквата одиме заради нешто а не заради Него, и секогаш кога во Црквата бараме нешто (па макар и спасение) а не Него – ние всушност градиме со Бог наемнички а не слободен, љубовен и синовски (личносен) однос. Болеста или здравјето, успехот или неуспехот, животот или смртта – децата Божји со подеднаква благодарност ги примаат од Бог и на тој начин ја задржуваат Божјата благодат со себе, го задржуваат своето восиновување и своето наследство.

    Една од пројавите на погрешниот начин на кој функционираме е и кога не им простуваме на нашите ближни, вклучувајќи ги тука и 'непријателите'

    Видете, деца, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе; а оној што нема да му прости и само на еден човек, па бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Истото важи и за барањето прошка. Значи, оние што се на вториот степен од духовниот развој, просветлувањето на умот, и да „сакаат“ не можат да не простат или да побараат прошка. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умносрдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен, чистењето на срцето од страстите, водат борба со самите себе аскетски (да се принудат) на дело да простуваат и да бараат прошка, иако тоа не го чувствуваат.

    И зборовите од Евангелието „ако ли не ги простите грешките на луѓето, ни вашиот Отец Небесен нема да ви ги прости вашите“ (Матеј 6, 15), не треба да се сфатат така како што буквално ги читаме, туку овие зборови значат дека ако не им ги простуваме грешките на луѓето, не дека Бог пак не ни простува (чувај, Боже, од таква хула!), туку ние самите се одделуваме од Божјата благодат и самите себе се осудуваме и одделуваме од Бог. Ние самите на себе не си простуваме. А од вакво нешто нека нѐ сочува Господ.

    Митрополит Струмички Наум
     
    На mamita и JingYang им се допаѓа ова.
  7. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Зошто страдаме??? Поради нашите грешки.
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Страдаме..
    Страдаме затоа што дозволуваме да не натераат да страдаме, дозволуваме да не повредат, а со тоа ние страдаме.
    Страдаме затоа што правиме грешки, а кога ги правеме не размислуваме дека со тоа ќе страдаме.
    Страдаме затоа што секогаш очекуваме нешто убаво, нешто подобро, а кога животот ќе ни даде нешто полошо од тоа што сме го очекувале, се разочаруваме и тогаш страдаме.
    Но сепак, да не е страдањето ние нема да ја знаеме смислата на животот. Бог ни го дава тоа страдање за да не научи да живееме, да сакаме, да бидеме среќни затоа што чувствуваме. Оние кои не страдаат немаат никакви чувства, тие се безчуствителни и тие никогаш нема да го осетат животот. Тие никогаш нема да го осетат чувството на љубов, среќа, тага..
     
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Зошто ако не страдаме,не би можеле да ја почувствуваме убавината на нестрадањето.
     
  10. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Страдаме поради влијанието на злобниот околу нас, бидејки подпагаме под негово влијание.Бог не сака да страдаме, тој само допушта да ни се случуваат лоши работи за да ние избереме по кој пат ке тргнеме дали ке бидеме со него или не.Бог не сака, сака ние да сме среќни, сето тоа зависи од нас самите.Прочитајте,итражете, ке ви биде појасно.Барем на мене почнаа некои работи да ми стануваат јасни.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Страдањето и мачењето се составен дел од животот.
    И Исус бил измачуван и страдал, па поради тоа за да не спаси нас страдајќи умрел.
    Да не беа маките и страдењето немаше да можеме да го почувствуваме уживањето после нив.
    Тие ни се борба за да дојдеме до уживанцијата. Па и животот без страдања би бил досаден.
    Ова е само мое размислување, не е поткрепено ни со религиски, ни со научни факти. :)
     
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Најпрво од се да кажам дека нема „пишана“ судбина, дека не страдаме и се мачиме бидејќи едноставно така треба или пак поради Ева или не знам што друго.
    Не ви е вас зацртано дека во животот треба да се мачите и страдате, ниту пак тоа мора да се случи, но е речиси неизбежно бидејќи тоа е резултат на нашето размислување.
    Не знам зошто во се замешувате религија, за нашите маки и страдања сме си одговорни ние самите, луѓето. Да биде јасно, зборувам за психичко страдање и мачење.
    Невини луѓе страдаат и се мачат во многу војни ширум светот баш поради нас луѓето, ние самите страдаме донесувајќи погрешни или избрзани заклучоци, правејќи бизарни чекори, што како и да вртиме е резултат на нешто за што претходно (не) сме размислувале.
    Е сега, глобалното страдање и мачење во светот е исто така последица на (не)размислувањето.
    Акција и реакција. Некој не размислува, а други страдаат.
    Сепак, се се сведува на тоа дека страдањето и мачењето се ништо друго освен личен избор. Никој не може да те повреди против твоја волја. Никој не може да ти наметне страдање, но поради нашата ранливост, многуте воведени правила кои ни кажуваат што е добро, што е лошо, способноста да чувствуваме и размислуваме, ние луѓето страдаме и постојано се мачиме.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе сосем друго, ако намерно и свесно човек се уништува, па поради тоа да страда.Но во глобала никој не сака да страда.Кој е тој човек што би сакал да се мачи?
     
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не реков дека ние сакаме да страдаме и да се мачиме, туку дека ние сме одговорни за тоа, не е Господ, ниту било кој друг. Ние не сакаме ни да умреме, па умираме на крај, зарем не? Причинители за многу несакани работи што ни се случуваат во животот сме си ние самите. Не мора да значи дека свесно се уништуваме, туку напротив, сите ние несвесно се уништуваме и најмали ситници влијаат на нашата психичка состојба кои предизвикуваат духовно страдање.
     
  15. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Страдаме и се мачиме само доколку сме несигурни во себе,стегнати,затворени,неискрени и лошо проценуваме личности кои ги примаме во нашиот најтесен круг..

    Страдаме и се мачиме бидејќи е тоа полесно,кукавички но сепак поисплатливо е да се глуми жртва отколку да се биде храбар,да се преземат некои чекори и да се продолжи понатаму..

    Има многу причини,но најчесто страдаме кога немаме самодоверба,позитивна мисла,широко отворени очи,непристрасност...кога немаме чист разум,туку емоции кои ја заташкуваат работата...

    СЕБИЧНОСТА и САМОЉУБИЕТО се најголем фактор за страдање,а до нив може да си застане и НАИВНОСТА на оние од "другата" страна..
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не, не зборам дека ти рече, велам за тоа што рече дека сме одговорни за тоа.Ок, за умирањето, но и за тоа не сме одговорни, освен ако не станува збор за убиство, самоубиство, а во контекст на ова, мислев за свесно и намерно уништување.Добрите луѓе страдаат, а ништо немаат направено за тоа да им се случува.Зарем и во тој случај тие би биле одговорни за нивните страдања?
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Точно, добрите луѓе страдаат иако немаат направено ништо лошо. Под лошо се мисли на општоприфатената дефиниција за што е лошо, а тоа е да извршиле убиство, силување, краделе, биле криминалци или на било каков начин да го прекршиле законот, или пак од друга страна, нешто поблаго, но не помалку лошо како лажеле, завидувале, повредувале луѓе итн. Може некој да не направил ништо од ова, а сепак да страда. Може не направил нешто што би повредило некој друг, туку направил нешто што би го повредило самиот него, ако ме сфаќаш што сакам да кажам. Мислам на лош избор, избрзана одлука и сл. Секоја најмала ситница како што напоменав погоре несвесно придонесува за нашето страдање. Нема светци. Колку и да си добар, сигурно си направил нешто „лошо“ во животот. А, самото негирање на тоа би било обид истото да се скрие или заборави што би значело дека влијаело негативно на тебе како личност т.е придонело за твое страдање. Најпросто кажано - страдаме и се мачиме поради нашата ранливост. :)
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, де најнормално е што значи лошо.Тоа што велиш несвесно придонесува, а е наметната од друг, за тој што не направил лошо да страда.Има луѓе кои не направиле никому зло но страдаат.Такви познавам, значи со други зборови ни криви, ни должни страдаат.Човек ако е свесен за своето однесување, не може да направи обид за да сокрие нешто што направил, што би значело дека е потполно искрен пред себе си и знае дека тоа нешто доколку го сокрие, не би било во ред, а во сооднос на тоа би знаел и кои би биле последиците од тоа.Свесноста и стравот се тие кои го чуваат човекот од страдање, но дури и во таква ситуација, повторно страда од нешто што тој самиот не поттикнал ниту свесно, а ниту несвесно.Сепак страдањето и мачењето како што кажав порано е нешто неминовно, а се случува некогаш и без човек да е одговорен за тоа.
     
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Тоа што го болдирав во мојот претходен пост, ти е одговор и на ова. Значи, тие луѓе можеби не направиле ништо лошо од тоа што глобално се смета за лошо, но си направиле нешто лошо самите себеси. Се разбира, не постојат никакви казни доколку еден човек си наштети себеси, освен можеби она страдање и мачење кое е неминовно. Уште еднаш напоменувам дека зборувам за духовно страдање, а не мачење од типот „цел живот се мачат, немаат пари, па добри луѓе се, што не им даде Господ“!
    Ако веќе дискутираме за добри луѓе што се мачат и страдаат, има и убијци кои и покрај таа етикета биле добри луѓе т.е ете на пример војници. Убиле луѓе за целите на својата држава. Тоа сите го оправдуваме, нели? Никој не ги осудува. Тогаш зошто е толку голема стапката на самоубиства кај истиве војници? Значи тие духовно страдале и се мачеле, иако ете биле добри луѓе, го жртвувале својот приватен живот за целите на земјата во која живеат.
    Ете тоа го земам за пример од реалност живот. Па, и Раскољников бил добар човек според мене, па ете се мачел и страдал.
    Од тука доаѓам до заклучок дека баш свесноста и стравот се тие кои го прават човекот да страда. Ако ние не сме свесни за нашите постапки и дела, нема ни да страдаме. Најчесто оние лоши луѓе кои вршат лоши дела воопшто не ни страдаат, ниту се каат за тоа. Ете тој Брејвик што убил 77 луѓе, воопшто не се кае за тоа. Дали тој страда?! Не. Страдаат ли животните? Се измачуваат ли тие психички кога ќе убијат некое животно за да преживеат? Не. Е, јас се измачувам и една бубачка кога ќе убијам иако нели според повеќето тоа е смешно. Значи, тоа страдањето си е индивидуално. Според тебе, може тие луѓе не направиле ништо лошо, но според нивните сфаќања придонеле за нивното страдање.
    А, тоа за сокривањето, грешка си ме разбрала. Пробуваат да сокриваат нешто од самите себеси на тој начин што избегнуваат да мислат за тоа или да го спомнуваат. Тоа не мора да значи дека не биле свесни и дека не знаеле кои се последиците од тоа, туку напротив дека се доста свесни дека тоа што го направиле не е во ред, проработила совеста, придонела тие да страдаат, потоа исто проработила и потребата да се биде добар човек за да се оди во „рајот“, а не во „пеколот“, па мислат дека со негирање и сокривање на свои постапки од самите себеси ќе придонесат за нивното исчезнување.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И јас де зборам за духовно :) Иначе нормално дека ако човек не работи, нема да заработи пари.То си е веќе сосем друго.За војниците, сепак и тие неминовно страдале, бидејки убиле, како што рече за целите на својата држава, без разлика каква и да била причината, пак психички страдале, биле под притисок.Тие и да сакале и да не сакале, пак го направиле тоа, иако знаеле која би била последицата од тоа.А секако дека никој не ги осудува.Затоа и напоменав погоре за она свесното.Брејвик не страда, бидејки мисли дека тоа што го направил е правилно, а во суштина страда со тоа што тој ќе си ги трпи последиците од тоа што го направил,порано или подоцна, впрочем и било кој злосторник навидум може не страда, а всушност си отплаќа за тоа што направил.И зарем тоа што го направил, значи дека е сосем нормален и потполно психички здрав човек? Тој не гледа дека сопствениот живот си го уништува и страда.И ќе страда духовно, откако тоа што го направил ќе му стане кошмар.Човек кој има душевен мир, нема што други да ремети.Иако повеќе ми беше муабетот за луѓе кои се добри, а страдаат, не за лошите кои и тие духовно страдаат, поради што тоа им е доволна причина за да наштетуваат некому уште повеќе.Секое живо суштество страда и едно куче кое човек ќе го повреди, страда психички на тој начин што чувствува болка, а не е ни криво, ни должно.Болката е болка, се чувствува без разлика која е причината за истата.