1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Никој не гарантира дека тие монструми некогаш духовно ќе страдаат. Сепак, физички, да, ќе страдаат. Ќе чувствуваат телесна болка, бидејќи на тој начин ќе бидат казнети. Дали затворот ќе придонесе да чувствуваат духовна болка е знак прашалник, бидејќи ние колку-толку сме истренирани да бидеме во затворен простор. И целава планета колку и да ни се чини голема е наш затвор. Ние сме тука заробени, можеби некој ден ќе можеме да ја напуштиме и да одиме подалеку, но планетава е нашиот затвор и колку и да се чувствуваме слободни ние всушност се движиме околу Сонцето, лебдиме во Вселената. Тоа што допираме тло под нозете не е доказ за нашата сигурност, а уште помалку за нашата слобода. Но, да не забегувам од темата, во врска со кучето, тоа не страда психички бидејќи не може да размислува. Точно, осеќа страв и се тоа, но не размислува во врска со тоа. Ете на пример моето куче имаше трева во ушето кое му го повреди ушното тапанче и процесот на вадење на тревата беше ужасно болен. Тоа чувствуваше болка, да, но утредента кога го извадив на прошетка беше радосно и мавташе со опавчето иако се доближувавме до кај ветеринарот. Па, дури и кога стигнавме таму беше весело, не знаеше дека пак ќе го боли. Е, кога веќе почна да го боли, тогаш се измачуваше. А, ние луѓето ќе се плашиме уште пред да отидеме и баш поради тоа што за разлика од животните сме свесни. Ова докажува дека всушност баш спротивно од тоа што ти рече, стравот и свеснота го предизвикуваат нашето страдање и измачување. :)
    Ај, дај некој конкретен пример за тие добри луѓе што толку страдаат и причината за нивното страдање?
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Стравот од одредена болест и грижата за да не се појави истата го чуваат човекот да не страда.Како? На начин што ќе се информира за истата и ќе знае на каков начин би била предизвикана.Во тој случај, нема да боледува од истата.Во случајов не зборам за рак, болест која не може да се има под контрола.Еве пример во врска со исхраната, дадено ни е што чини, а што не чини да јадеме.Доколку човек внимава во однос на препораките, нема да има проблем.На тој начин стравот го чува човекот и свесноста за истите.А болеста, иако е физичка, го предизвикува и духовното страдање.
    За добрите луѓе, цел живот правеле добро некому, за на тој кој помогнале им возврати со лошо.Зошто? Затоа што поинаку размислувал и не ценел тоа што тие направиле за него.Значи ова го кажувам објективно, без детали.
     
  3. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Страдаме и се мачиме за да ги видиме убавините кои постојат.Инаку како ќе ги видиме,без страданје и маченје убавото ке стане монотонија и нема да можеме да го видиме и со тоа стануваме се по сурови барајки се повеќе и повеќе,со што ги преминуваме границите и одиме кон недобрите работи....
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Болеста, колку и да го тера човекот духовно да страда, предизвикува повеќе физичка болка, а покрај физичката болка тешко дека ќе може да го сосредоточиш умот да размислува за нешто. Како и да е, болестите се незанемарлива фаза од нашите животи со кои секако се соочуваш колку и да внимаваш.
    Јас сепак зборував за нешто поинакво страдање од она што го предизвикува физичката болка.
    Инаку, и јас сум добра личност, не сум направила никому нешто лошо, па тоа не значи дека не сум се мачела и страдала во животот. Сепак за да се открие вистинската причина за страдањето на „добрите“ луѓе (која во секој случај постои) мора да се разгледа и проучи детално ситуацијата која ги довела до тоа, да речеме духовно страдање. :)
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ок :) јас тоа со болеста го дадов чисто како пример, исто и со храната, како и се она за кое се вели дека е штетно и може на било каков начин да делува психички врз човекот.Како и да е, човекот страда, нема човек што не се мачел и не страдал, а ниту пак може да се дистанцира од тоа.
     
  6. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Зошто? Е луѓе мои драги да беше животот лесен, ако немаше човекот тешкотии тој немаше да забележи дека живее, ако се е розово во светот дали некогаш ќе знаел што е болка за да може да свати некому да го разбере, сето тоа е љубов, човекот е надарен од Бог да живее живот ете тоа е љубовта, а болката е само за да ги сватиме неговите вредности, нели најчесто велиме кога патиш тогаш најдобро ќе сватиш-Е навистина е така тоа е всушност уште еден дар од Бог за да се повеќе сакаме и себе си и своите блиски.
    ...А и да додадам дека човековото око е ненаситно и колку и да има убаво ќе бара се поубаво и поубаво, затоа за да не гледа се остро човекот постои тагата која ја омекнува душата и ја руши монотонијата.
     
  7. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    А зашто сме среќни и се радуваме? Се е баланс.
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Знам дека има многу зло и страдање по светот,но се што доаѓа и добро и зло,мора да го примиме .Не е возможно да ни се случуваат само убави нешта,Бог има право да не испита и во добро и во зло.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Бог е совршен и нема потреба да нè испитува. Испитите несвесно самите си ги правиме преку законот на сеидба и жетва, т.е. законот на акција и реакција.

    Исус во Неговата Беседа на Гората нè повика нас луѓето да бидеме совршени како Отецот што е на Небото т.е. да се доближиме до нашата изворна божествена природа за така да постепено излеземе од постојаното страдање кое го доживуваме низ кругот на повторното раѓање и умирање.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Еeх, кој како..
     
  11. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Страдањето е дел од животот,нешто што не прави силни.
    Како што Бог дава живот,така и го зема.
    Како што Бог дава среќа,така дава и тага.
    Неможе се да е совршено и за се да го кривиме Бог.
    Ако немаме пари - Господ е крив.Ако немаме среќа - Господ е крив.Ако ни умре близок - Господ е крив.
    Епа одговорете ми - Зашто кога некој ќе се спаси со операција/терапија на докторот нозете му ги бацувате како да е Бог,а кога ќе умре некој тогаш Бог е крив,немало лек?
    Ако немате пари - земете работете,па макар и да чистите канализации.
    Ако немате среќа - побарајте ја во друга околина,можеби луѓето не ви одговараат.Господ да ви ја прати без да ја заслужите нема.
    Ако ви умре близок - кривете ја науката и докторите,тие не измислиле лек.Кривете го шоферот што го удрил тој човек (за сообраќајка),кривете го човекот сам (за самоубиство) а не ГОСПОД!!!!
     
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Зошто страдаме и се мачиме ?
    Сигурно сите сме се запрашале, зошто страдаме и се мачиме, ако бог е бескрајно милостив и има бескрајна љубов кон сите нас. Се има своја цел, ова е само мое мислење и сфаќање, зошто страдаме и се мачиме.
    Секое страдање е допуштено од бог, зошто бог сметал дека така полесно ќе дојдеме до нашето спасение и ќе го сфатиме без да го поставуваме прашањето Зошто?. Многумина од нас до моментот додека не ни се случи нешто што ќе го засегне нашиот интегритет или интегритетот на нашите најблиски и најмили и кога ќе нема друг излезе, ниту еднаш не сме се обратиле на бог, Е тогаш бог не потсетува дека тој е тука и бдее над нас и во најтешките моменти од животот, дека тој ни е единствената надеж и утеха и едиствениот спас од страдањата и маките.
    Зошто едни страдаат а други не ? Бог допушта да страдаме но и со страданието да се спасиме, да сфатиме дека без Бог неможеме да го креираме животот, зошто тој го одредува текот на настаните така како што смета дека е најдобро за нас за да најдеме спасение. Доколку животот би ни се одвивал онака како што ние сакаме и имаме се што ќе посакаме, со сигурност ќе заборавиме на Бог и нема ниту еднаш да му се обратиме и да му се заблагодариме за се што имаме, тогаш со сигурност ќе не обземе чувството на гордост за тоа што го поседуваме, затоа бог не потсетува и несака да го заборавиме можеби на начин што ќе изгубиме се што имаме и животот ќе почне да ни се движи во спротивна насока од посакуваната, но испружената топла и милостива рака на Бог кон нас за спасение секогаш е тука, само доволно е да ја фатиме божјата рака со искрена молитва, без гордост но со огромна скромност и со сигурност ќе го најдеме нашето спасени.
    Не треба да го обвинуваме Бог за нашето страдање зошто тоа е единствениот начин до нашето спасение.
    Кога скромно и смирено ќе прифаќеме се што ни дава Бог и се што допушта да ни се случува, тогаш сигурно нема да страдаме и да се мачиме зошто ќе го достигнеме нашето спасение.
     
    На stylishh, majaa12, Dinnna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Не сакам да бидам оффтопик но морам да те цитирам, баш спротивно е ,кога некој болен ќе се спаси со операција и терапија тогаш сите велат Господ го спасил и слично,а кога ќе почине некој тогаш докторот ќе го колнат и криват.Па искрејно ,кога докторот ќе спаси некого и треба да му ги бацуваш нозете како да е Бог,да спасиш живот не е мала работа,и неможе секој да го стори тоа.И не зборувам само за доктор,туку и за полицаец,пожарникар и што и да е.Поентата ми е,за некои работи не можеме се да препуштиме на Господ,туку ние сами да се бориме за тоа. :) А за страдањето и мачењето мислам дека самиот човек е виновен за тоа,како што има и среќа и радост така и страдање и мачење,неизбежни работи во животот.Како што имаше и некој пред мене пишано,се е баланс.
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Се се случува со причина,така и тоа што страдаме и се мачиме е со причина.Господ не става во искушение како би се снашле во таква ситуација,дали сме доволно силни,но и не припрема за да го живееме цел живот до крај бидејќи животот не е розев и не е се прекрасно во него без грижи.Тој е мрачен,тежок и суров па затоа ние со нашето страдање и мачење живееме и се бориме со сите сили да го живееме достојно.Велиме дека кога ќе изгубиме некој близок го обвинуваме него,го прашуваме зошто баш нас ни ја одзел таа личност.Тој во секој момент ни ги дава одговорите зошто е тоа така,но многу од нас ги гледаат.Тој секој миг се обидува да ни каже дека треба да се сакаме самите себе,нашите ближни и животот во секој миг,да знаеме да го цениме она што го имаме и да се трудиме да го задржиме.Кога сме тажни,кога мислиме дека пропаѓаме и сме безнадежни само Бог е овде со својата виша сила да не извлече од таа ситуација ,тој ни дава храброст,надеж и сила да се бориме против се.Кога страдаме и се мачиме доволно е да кажеме само една молитва кон него за да не слушне,така тој знае дека ние го почитуваме и дека без него не би постоеле,па и тој ги намалува нашата болка и страдање.Тој цел живот се обидува да не научи да го сакаме него,да му се молиме и да не го заборавиме бидејќи тој е еден единствен и вечен.
     
    На Dinnna, stylishh и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Сите на различен начин го доживуваме и искажуваме страдањето и измачувањето.Факт е дека нема ништо идеално колку и да звучи и делува нешто толку добро .Се додека идеме спороти оваа теза сме склони кон страдања .Идеалниот свет е само во нашата глава и треба да се прилагоди .Човек колку и да мисли дека може да направи се едноставно е прекраток животот за да не си се пронајде себеси во своите задоволства и да ужива во нив.Лакомоста е исто голема причина за измачување.Не помирување на реалноста и постојаното незадоволство ...
     
  16. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Темава е тешка, барем за мене, затоа што одговорот не можам да го најдам. Мојата искрена верба , мојата незаслужена тешка судбина, мојата надеж и борба, а од друга страна знам недозволен но сепак присутен гнев зошто на расипаните, дволичните среќа, а мене без моја вина страдања. Јас ќе продолжам да верувам, но ми треба помош, ќе се обидам да најдам духовник-духовен отец.Сепак , имам здравје и неколу други нешта за кои другите сонуваат и затоа сум му благодарна на Господ.Се наоѓам во состојба кога се ми е испомешано и ништо не ми дава убедливо објаснување. но сепак искрата на верата не ја напуштам. Дали некој бил во состојба како мене, ако ме разбравте и како навистина ја надминал
     
  17. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Замислете се само на страдањата на Исус и на останати светци и мачители.
     
  18. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    devojko, me rasplaka. Navistina ne se somnevam vo sevo ova. :)
     
  19. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Не знам колку пати имам размислувано за ова. На сите луѓе им се случуваат лоши работи, добро на некои, многу лоши, а јас да не се жалам до сега ништо страшно лошо што не може да се реши ми се нема случено, ама сепак жал ми е кога гледам дека некој страда и се мачи.. и не знам колку пати сум рекла зошто ова се случи Боже, мораше ли така да биде... ама така размислувајќи кога ќе дојдам до тоа дека Исус умре на крстот за нас, а ништо не беше згрешил, и така страшно бил изма4уван, престанувам да размислувам и се надевам дека еден ден ќе добиеме одговор на сите наши прашања.....
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Кроткиот старец

    Светиот Доротеј раскажува за еден старец кој водел богоугоден живот, во текот на неколку дена тој старец не можел да јаде поради болеста која ја имал на желудникот. Помошникот сакајќи да го поткрепи старецот со храна, намислил да приготви за него вкусна и пријатна храна. Тој од садовите кои личеле еден на друг по грешка за приготвување на храната го зел оној во којшто се чувало старо расипано масло. Така при својата добра желба да му угоди на старецот, во изобилство ставил во неговата храна не мед, туку буквално речено ја ставил „самата смрт“, приготвувајќи му таков оброк кој не би го изел ниту гладен пес. Болниот старец едвај ја пробал храната која му била донесена и во тој миг ја сфатил грешката на својот помошник, но премолчел и јадел на сила. Потоа, кога веќе неговиот желудник не можел повеќе да прима од таа храна, ја оставил лажицата, не велејќи ниту еден лош збор. Но помошникот почнал да го нуди да земе уште од тој прекрасен оброк велејќи: „Го подготвував со труд и срдечност, ќе го поткрепи твоето здравје“. Добриот старец не само што не изговорил ниту еден гневен збор кон помошникот, туку ни во мислите свои не се разгневил на него и ја одбил храната само поради тоа што веќе бил сит и дека не може повеќе да јаде. Тогаш помошникот самиот го пробал оброкот и во истиот миг се фрлил пред нозете на старецот со тага во срцето велејќи му: „Те убив чесен отче, зошто со своето молчење ја сокри мојата непоправлива грешка? – Не јадосувај се сине мој, ако на Бог му беше угодно да јадам слатко, ти ќе ми донесеше слатко“. Притоа светиот Доротеј забележува: старецот ја кажал вистината, дека ако на Бога му било угодно болниот старец да јаде слатка и вкусна храна, тогаш Он не би допуштил помошникот да направи грешка или расипаното масло би го претворил во свежо. Така, слично на старецот постапува оној кој во сè ја признава Божјата Промисла: тој во никого не сака да види злонамерност, но вистински признава дека сè што нему му се случува, му се случува по Божја Промисла и волја.



    Ние како луѓе, грешиме. Иако знаеме дека можеме да бидеме цврсти во своите одлуки и да одлучуваме со од Бог дадената слободна волја, сепак постои нешто повозвишено, а тоа е Бог, кој најдобро промислува за нас.
    Патиме, страдаме, мислиме дека не сме го заслужиле се тоа, но ако само малку проникнеме во себе и малку подуховно се погледнеме, ќе видиме дека и се’ ни се случува со причина, но најважно за наше добро. Верувам дека е многу нејасен тој дел, да имаш слободна волја, да можеш да размислуваш и одлучуваш, а сепак да мислиш дека се ни се случува по Божја промисла. На тој начин едното со другото не оди, туку двете се спротиставуваат и разединуваат.
    Потполно е во право тоа размислување, но разликата е сосем подруга.

    Волјата Божја ќе ја објасниме со самиот факт дека секоја болест, секое дело од другите е за наше добро и по Божјо допуштение. Но тука е и дилемата?
    Сите патиме од некој грев. Кај некој со посилен интензитет, а кај друг со послаб. Токму тука е оној сокриен дел, каде Бог можеби ќе допушти некој да погреши, но сепак на крај да биде тоа со взаемна поука и разбирање. Нажалост ние тоа денес не го сфаќаме така и само ни останува на крај омразата. Но кога едниот би бил малку потрпелив и поразумен, кога би го почувствувал гревот на другиот како свој, тогаш се би било подруго. Тогаш ќе сфатиме дека навистина се е по Божја промисла.
    Како?
    Прво, тој човек кој ни нанел зло, кога би ги пуштил своите отровни стрели кон нас, поголемиот процент од нив се вистина. Тој во нас го гледа гревот, што ние не умееме толку вистински да го видиме. Од тука се извлекува Тајната Божја промисла и поука, да ние го видиме својот грев во целата своја полнота, а потоа со нашата разумна и најдобронамерна постапка, да го спасиме оној кој не повредил. Зашто кога ние ќе му вратиме него со добро, тој во нас ќе види пример на добродетелен човек, кој на тој начин би го сфатил својот грев и од срце би се покаил.

    За крај ќе раскажам еден многу тажен случај, на Тајната Божја промисла, која навистина е за плачење ;( .

    Неодамна слушнав за еден случај на еден човек кој загина во сообраќајна несреќа (минатата година). Човекот бил многу млад, што остави трага на сите од неговото семејство. Можеби додека бил жив, никој не знаеше или свесно се правел дека не гледа, но Бог се гледа.
    Кога го извадиле мртов од колата, назад во колата полицијата пронашла икона. Од истрагата се утврдило дека тоа е украдена икона од еден манастир и што е најчудно е што човекот ја доживеал таа несреќа, баш на тој пат кој оди до тој манастир. Се покажало уште, дека тој човек бил возач на камион во странство и дека тие украдени икони ги продавал.

    Тука можеме сега да ја видиме Божјата промисла. Бог го трпел, чекал на неговото покајание, му простувал и за којзнае колку такви извршени дела, но со Него нема игра. Кога навистина видел дека кај него нема покајание и сигурно свесно го правел тоа, Бог му ја одзел душата за повеќе да не греши.
    Можеби болката на блиските е низмерна, но на Бог е уште поголема. Сите можеби на крај ќе го обвинуваат Него зашто починал млад, но ние како луѓе не можеме да ги видиме тајните духовни падови на луѓето.
    Но и покрај се, од овде можеме да извлечеме повторно поука, но не да осудуваме дека е добро тоа што му се случило на човекот. Во никој случај, да не ме разберете погрешно :!: . Туку треба да се радуваме, што Бог го спасил од гревот, што вечно го зел кај себе, можеби во оној миг кога тој се покаил од срце. Тука треба да бидеме претпазливи, само да не осудуваме. Зашто еден ден ќе се изненадиме колку такви души ќе видиме во рајот, а ние поради нашето осудување ќе бидеме под нив.

    Тука е Тајната Божја промисла зошто страдаме и се мачиме. За нашите гревови и најважно да бидеме луѓе во правата смисла на зборот. Зашто денес се воздигнува неморалноста и треба да бидеш крајно немилосрден кон другите за да можеш да преживееш, наместо да се учиме да живееме и чекориме по Божјиот пат, кој е добар и за сите и за нас.
     
    На Whitecloud95, Majski.Cvet, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.