1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Бев во многу тешка духовна состојба. Почнав многу да се нервирам и да мислам дека јас сум само една несреќничка, која бадијала се родила, а сите подли и расипани околу мене имаат среќа и животот не е фер кон мене.Отидов кај една пријателка верничка на кафе и таа добро ме процени и ми даде совет и ме охрабри итно да си најдам духовен отец. И се случи така да отидам и да си најдам духовен отец.
    Да ви кажам, немам зборови, како мелем да ми стави на раната, патот тивко ми го покажа , очите и срцето ми ги отвори. Многу нешта се променија кај мене. и сега знам на некои работи поинаку да гледам, знам што од мене зависи... и да не зборам многу - тоа треба да се доживее.
    На секого му препорачувам да има духовен отец. Едно е интересно - не го одбираш по твоја желба, туку Господ ќе те однесе да го сретнеш баш оној кој навистина ти треба, според твојот карактери потреба.
     
    На elisabeta, Orthophill, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што е страдање и мачење?

    Зависи како гледаме на нештата. За некого имањето скромна работа и скромен живот е мачен живот, за некого е луксуз, да не набројувам примери по ред.

    Сите луѓе си имаат свои тежини, свои проблеми. И сите тие луѓе различно се носат со тежините.
    Колку и да е некој насмеан и весел, само тој си знае колку тешкотија се крие зад насмевката.

    Значи, едно страдање за еден поединец, за друг поединец не е страдање. Зависи како ги гледаме и како ги прифаќаме работите.

    Зошто страдаме?

    Јас се водам по тоа: што сме сееле, тоа ќе жнееме.

    Го замислувам светот како голем маркет, внатре купуваме, земам, правиме што сакаме. Ама кога ќе дојдиме на каса, мора да платиме за се. Нема бегање.
    Ништо не е случајно. Се се случува со причина.

    И она најбитното - патењето е понекогаш убаво. Те учи на нешто, затоа !
    Ти го отвора срцето.

    Си бил некој човек кој не си ја сакал жената, не си го ценел животот.
    И доживеал сообраќајна несреќа. Морал подолго време да лежи во болница.
    Жена му секој ден и ноќ била покрај него, го негувала, го пресоблекувала, му носела храна и го хранела.
    Тогаш сфатил колку прекрасна жена има. Колку таа го сака и се грижи за него.
    Тогаш сфатил колку мил му бил животот.
    Го отворил своето срце и откако оздравел почнал да го живее својот нов живот.
    Му бил многу благодарен на Господ што му дал шанса, прилика, кратко патење за да прогледа, што му ги отворил очите. И неговата жена била многу посреќна.

    Се што не не убива, а не прави да патиме, треба да го гледаме како прилика за ново учење. Секое патење има да не научи на нешто.
     
    На DeMelo, vitomir и Libera им се допаѓа ова.
  3. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Тука не се сложувам со тебе.Бог постои.Постои и судбина.Судбината не ја кроеш сам,туку таа е пишана.Да,крадецот имал талент да пее,но тој избрал да краде(пишано му било).Зошто ? Затоа што,што и да избереш сепак на крајот испаѓа така како што требало да биде.Му било пишано да избере да биде крадец.Викаа од пишание(судбината) не се бега.
    Пример:
    Имаш две улици.Едната е пократка за да стигнеш до дома,другата да речеме е подолга.На пократката може нешто да ти се случи лошо ако заминеш,а не подолгата не.Значи кој пат да го избереш,го бираш затоа што така требало да биде,односно така било пишано.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Неколку прашања кон ова...

    Кој ја создал судбината? Бог?

    И во врска со крадецот... ако му било пишано да краде и на пр. украде пари до банка или кола, дали треба законот тој крадец да го брка или не?
     
  5. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Иначе за прашањето на темава...
    Родени сме,испратени на земјата.Секој човек се разликува од друг.Има луѓе кои се скромни,алчни,богати,сиромашни.Сите тие се испратени со една цел.Да се покажат на овој свет со сите свои одлики.Ако му е дадено на богатиот(да има) да се види како/на кој начин ќе го искористи тоа.
    Потоа ако е добар ќе оди на другиот свет(рај),а ако бил лош во пеколот.
    Господ ќе се врати повторно на земјата и ќе ги земе сите праведни,кои страдале,се мачеле,а сепак не посегнале по никакви искушенија кои го хулат Господа.И секако каењето игра значајна улога,доколку се правеле грешки.


    Бог постоел и постои.Судбината сигурна сум дека не ја кроеш сам.
    Еве со истиот пример...Крадецот(човек-суштество со свесен разум,свесен за своите постапки и последици од истите)
    Па доколку крадецот имал талент за пеење тогаш зошто не го одбрал тоа знаејќи дека на тој начин може да заработува,туку одбрал да биде крадец ?
    И да законот ќе го гони,ама тоа е последицата од неговата постапка,а имал талент за пеење,значи му се дало,а тој ја избрал активноста од областа на криминалот.Како што кажав на крајот секогаш испаѓа како што требало да биде.Ако сам ја кроеш судбината тогаш сигурно не би избрал нешто лошо за тебе и при имајќи талент ти би одбрал да те гони закон нели ? :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Нема резон законот да го гони за неговите постапки кои се последица на пишаната судбина. Тој не сакал да украде, или уште полошо да убие... сакал да пее, но што да прави сиромавиот така му било пишано, судбината му одредила така. Зошто тогаш истиот да го бркаат полиција и судови? Нека ја бркаат судбината, таа е виновна што така му пишала на крадецот.

    И останува првото прашање: дали Бог ја создал судбината?

    И каква врска има Бог со судбината? Дали е судбината некое суштество? божество? ако да, значи ли тоа дека има повеќе богови а не еден? Ако постојат и судбината и Бог, тогаш зошто Бог им ги испратил на луѓето преку пророкот Мојсеј своите закони во форма на Десетте Божји Заповеди? Зошто Христос како Исус од Назарет предупредил: што сееш тоа и ќе жнееш! ?

    Ако судбината не си ја кроиме сами, тогаш не ни треба да бидеме самите одговорни за своите постапки.
     
  7. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Еден е Бог.Нема повеќе Богови.Судбината ја одредува истиот.Зашто деца од 1-2-3-4 години умираат ? Па неколку од нив не умреле поради болест туку од природна смрт.

    Ако тој не сакал да украде,а сепак украл тогаш како тој против своја воља украл ? Значи така му било пишано.И да,законот ќе го гони него,а не судбината,бидејќи судбината му е пишана на него како личност,таа не е предмет за да законот ја земе неа во предвид.
    А истиот го бркаат полиција и судови зошто пак така било пишано.Тој може да побегне во друга земја,да се спаси и да не го најдат,а може и да го најдат и да оди во затвор,тој не може да ја крои сам судбината.Ако му било пишано да не го фатат и нема и обратно.Од судбината не се бега.Така да мислам дека бев доволно јасна.Толку од мене :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Aко е така како што ти велиш, тогаш зошто Бог ги дал Десетте Божји Заповеди?
    А каква корист има од тоа Бог да одредува судбини? Нема попаметна работа? Зошто Бог, кој е совршен, би бил таков неправеден мачител?
    Одговор на тоа прашање дава знаењето за повторното раѓање (реинкранација) и законот на сеење и жнеење (законот на акција и реакција). Имено секоја човечка душа има зад себе по неколку човечки животи. Поради сопствените погрешни постапки како човек душата во некоја од претходните егзистенции си натоварила самата себеси грев т.е. посеала лоша сеидба во сопствената нива на животот. Тоа што било посеано со тек на време зреело и во текот на овој сегашен живот созреало и донело соодветни горчливи плодови.
    Доколку сега човек се ориентира според божјите закони (Не Убивај, Не кради, Не сведочи лажно против други и тн.) тогаш со тек на време тоа ќе донесе добри плодови.
    Не. Туку затоа што Бог секому му дал слободна волја да одбере помеѓу доброто и злото. Крадецот се надевал дека нема да го фатат, дека ќе успее да избега од последиците. Меѓутоа порано или подоцна тоа што било посеано, донесува плодови кои на крај си ги жнее повторно оној кој ги посеал - поединецот самиот. Тоа може да се случи во текот на овој или некој следен живот, во некое наредно отелотворување на душата.
    Тогаш тој закон треба да се смени бидејќи е неправеден. Тогаш, според логиката која ја кажа - дека Бог ја одредува судбината - би требало да го уапсат Бог како извор на сите зла, и да му судат нему, а не на криминалците.

    Имено, како ти би се чувствувала некој да те присили нешто лошо да правиш кое ти самата не би сакала, за потоа тебе да те обвинат?
     
  9. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Многу лошо ме сфати.Не реков дека Бог е неправеден мачител,ниту пак дека е извор на сите зла.Тоа го пиша ти.Да се разбереме.
    Знам дека судбината постои,постои и Бог.Што,како,детално не знам многу многу.
    10те Божји заповеди постојат за да се почитуваат.Кој нема да ги почитува следува казна за тоа.
    Значи ова е мое мислење,само кажав дека не се сложувам со феминката над мене.Ниту се трудев да и го сменам мислењето,ниту пак тебе.Ама исто така и мене нема никој да ми го смени мислењето.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Се извинувам во тој случај, не ми беше идејата да наметнам како треба ти или некој друг да размислува - секој има право на свое мислење, но сакав преку тие прашања сите да се поттикнеме на размисла за вакви и други животни прашања.

    Според мене Бог е праведен и полн љубов, тој никогаш не би му наметнал некому судбина бидејќи на луѓето им дал слободна волја, право на избор. Но слободата на избор подразбира и одговорност дека еден ден, порано или подоцна тој избор ќе даде некакви резултати - добри или лоши. Резултатит не се казна или награда, туку едноставно последица од создадената причина. На пр. лекарот нè предупредува како треба или како не треба да се однесуваме ако сакаме да останеме здрави. Ние можеме тоа да го почитуваме или не, ако не го почитуваме здравјето ќе страда. Но загрозеното здравје не е казна која ни ја прави лекарот туку е последица од тоа што советите не сме ги примениле. Така е и со Бог. Тој преку пророците дава опомени и упатства(законитости од вечниот живот), ако ние живееме спротивно на нив самите си одиме во страдање, не е Бог тој кој што ни прави зло - тој едноставно не се вмешува во нашиот избор и последиците кои од тој наш сопствен избор произлегуваат.
     
  11. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    А што со судбината ? Веруваш дека постои ? Или сепак не ?
     
  12. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Сето тоа е искушение кое мора да се помине (не е битно вашето размислување за „поминување“ на искушението) - гледајте го тоа како искуство од кое треба да излезете посилни, подобри и да се „убие“ старото јас кое лошо или недоволно добро го восприемал светот околу себе.
    Многупати вашите страдања и маки за другите се ништо посебно... вие сте причина за вашето страдање и мачење...
    И нема врска тоа со богови и демони... барем не со оние кои се познати на народот.

    Страдаат и се мачат оние кои не можат или не сакаат да ги откријат законите кои ги водат низ животот. Не може да се оди против саиот себе - тоа е лудост и загубена борба која раѓа страдање и маење.
     
  13. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Jaс мислам дека кога би постоела целосно дадена судбина, тогаш зошто би постоел рај и пекол, или би ни се судело за постапките. Сепак судбина е тоа што не ги бираме биолошките родители, што може да ни сеслучи нешто несакано како горенаведените примери каде не зависи од некого дали ќе загине во сообраќајка итн. Но тука е верата за да прифатиме дека треба најетички како верници, со голема вера, надеж и љубов да се однесуваме, да знаеме дека секое страдање, треба да се научиме како да го поднесуваме, доволно е да се подсетиме на Исус, верата дава сила и трпение и ни овозможува поинаку да гледаме на нештата, а наградата ќе стигне полека, можеби не веднаш , но сигурно. можеби, за нас, можеби за нашето поколение. Се се отплаќа, само на различни начини. На некого мисијата му е во добрината, во трпението во упорноста во работата...
     
  14. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Аман само ќе се потсетуваме на Исус? Верата во богови не треба да биде крајната цел на човекот на Земјата. Верување без знаење е бладање. Без резултат исто така трошење време...
    За некои таа еврејска сказна за Исус е дури навредлива и не ја ни користат да опишат обична случка не пак како приказна за некаков си морал или етика...
    Јас не сум христијанин и сепак имам и надеж и љубов кон Човекот... нормално на некои им треба Исус, или Аллах или Анубис или Хорус за да се распламти највнатрешниот оган... Не го споменувајте вашиот бог насекаде, станува досадно и ништо не постигнувате. Општете со боговите на само, исто како сексот!!!
    Секоја будала која што се плетка со духовното само заради награда или страв подобро да не бил роден на Земјата...
    Додека сте на Земјата ќе страдате. Секој здив е страдање само што вие сте навикнати на тоа (не сте ни свесни која сила ја користите за да само се одржувате во живот - и сето тоа е несвесно бидејќи обичниот човек е неспособен и ќе уништи се).
    Бидејќи човекот е неспособен затоа и верува, затоа и страда и се мачи, а сепак - не работи за да стане подобар - само се моли и коленичи пред богови и слики - и ни за влакно не станал нешто повеќе!

    Во врска со судбината - секоја точка е извор на нов бран. Почнете од денес каде сте и одете наназад што ли ве натерало да бидете сега тука и овде. Кога ќе дојдете до моментот да не се сеќавате бидејќи сте мали, прашајте ги своите додека тие се сеќаваат... Судбината е патека полна со точки и само од вас зависи која точка ќе ја достигнете според вашето дејствување.

    Ако мислите дека некој бог ве мачи, гадно сте се зафркнале! Самите си се мачите само што не сакате да си признаете на себе си!
    Излезете од Земјата и погледнете ги ѕвездите, сонцето... секогаш е светло во универзумот, само на оваа проклета планета, постои сенка - која поминува. :)
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Судбината е нешто кое човекот самиот го одредува со своите правилни или погрешни постапки кон себе си, ближните, животните, природата...

    Божјата пророчица на денешницата - Габриеле, даде објаснувања за тие меѓузависности во една од брошурите Пророк - гласот на срцето. Срдечно ја препорачувам за читање, достапна е бесплатно онлајн. Навистина да те стави во мисла :)

    линк: Моја судбина, твоја судбина - чиј животен план? Праведен или неправеден Бог?
     
  16. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Оваа божја пророчица е дел од некоја христијанска секта? Рековме од каде доаѓаат сектите... едно пра- ставено пред името на религијата не ја става сектата пред религијата од која потекнува... Во тој случај, христијанството е секта во однос на јудаизмот... нели?

    Прашања од типот на судбини, бесконечност, време... пробајте да ги барате одговорите преку наука и искуство - не преку религии и верувања. Вашето верување е небитно во однос на реалноста... :)
    Дури и за страдањето и мачењето може да се обратите кон психологијата :!:

    Вашето верување нема врска со моето, а сепак имаме иста реалност, нели...
     
  17. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Да појаснам Луѓето ги делам на големи и мали односно на благородни и неблагородни. Имам пријатели од неколку религии и баш моите пријатели меж и жена муслимани ми се нашле во многу тешки моменти од животот. Свекорот е многу мудар и се воодушевувам да го слушам кога ми збори за законите на правдата, добрината, културата...тој е продуховен човек и ги знае допирните точки на религиите во однос на добриот пат. Имам пријател дервиш и не хули по другите религии Со збор помага на секого, на секоја подадена рака. Во цркви и манастири идат и муслимани за молба кон Богородица, која се споменува и во Куранот како и Исус. Важна е почитта и толеранцијата меѓу нас, па заеднички од сите страниќе ја бараме вистината, и преку науката, и преку религијата. Но да се почитуваме и да го исфрлиме гневот, да бидеме благороднисо слога е се полесно. поздрав
     
    На flame131 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Не. Таа дејствува во духовната заедница која се нарекува Универзален живот. Христос веќе околу 30 год. преку нејзе во бројни објави му дава на човештвото обилие од духовно знаење за разновидните меѓуповрзаности меѓу човекот, душата, природата, космосот и тн. Преку нејзе е објавен Внатрешниот Пат, патот кон космичката свест - едно духовно-мистичко школување кое човек доколку сака може да го употреби за да чекор по чекор се ослободи од страдањето и мачењето. :)

    Многумина пробале и увиделе дека тие даваат само делумни одговори, а неретко дел од нив водат до ќорсокак. Доказ за тоа е светот и човештвото денес. Поради тоа многумина оправдано се свртуваат кон алтернативни патишта.
     
  19. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Но рековме што се секти, знам дека ми ти се допаѓа оваа жена и нејзиното зборување и дела, но сепак не е ништо повеќе од секта штом во нејзините проповеди го споемнува Исус и му ги толкува неговите мудрости и мудростите на евреите на друг начин - надвор од христијанската црква.
    Светот денес е доказ дека луѓето се заглавени во страдање и мачење заради игнорирање на реалноста!
    Забегуваат по секакви патеки, неподготвени, подложни на влијанија, со слаби умови... и наместо да најдат спас за својата состојба одат во тие ќорсокаци што ти ги нарекуваш.

    Се додека на богот му давате име - ќе има страдање и мачење за вас!
    Се додека бркате пророци и верувате дека ќе ви понудат пат - ќе страдате уште повеќе!
    Патот е во вас и за вас, не кај некој пророк! Колку пророци сакате да ви дојдат за да се освестите и прекинете да страдате и вие самите - а и да не мачите нас - другите?
    Сеуште се надевате дека некој друг ќе ве спаси?

    Реков: наука и искуство! Тоа е патот! Вера, надеж и љубов - оставете го тоа за искусните и тие што знаат! Не правете премногу гужва, светот не може да трпи повеќе! Слепото верување си бара стап наречен религија!

    П.С. Треба да се заборави објаснување и давање одговори за врзаноста на човекот како точка со универзумот како целина преку духовни заедници и „пророци“. Доста е со тоа... создава неспособни луѓе, кои иако јазикот им е сладок, душата им смрди на сулфур и погрешни знаци кои доцна се спознаваат! Барајте друг начин да си ги објасните вашите страдања - духовните заедници се замка за неспособните! Колку духовни заедници има во светот? КОја е вистинската? Сите имаат дел од вистината? Сите треба да се следат тогаш? А има толку убава и предобра работа - ЕДНА НАУКА! :D
    Но си бара разбирање, а не тролање и дрдорење...
    Спознај се себе си и помини!
     
  20. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    ОвАА ТЕМА СПАЃА ВО КАТЕГОРИЈА ТА РЕЛИГИЈА и затоа не може да ја исклучиме религијата и верската определба. За некого религијата значи многу, дури и последна сламка за која се фаќа за да опстане. Ако некој верува во рај и пекол, џенет и џенем итн. тогаш нема да посегне така едноставно по својот живот, иако е преразочаран. Сепак верските убедувања и чувства треба да се почитуваат и за тоа нема дискусија. Религијата, верата има многу допирни точки со науката, ако подлабоко се проучува.Сечија борба за подобар, поетички, похуман живот е за почит, а размената на мислења вреди многу, до таа граница, додека не прејде во навреда, поради верска определба и омаловажување. Јас барем многу емотивно реагирам на навредите и со навреда никој не може да убеди никого во нешто, ниту да му помогне, освен што навредува некого, аи самиот себе. За жал треба многу култура, трпение и разбирање за да можеме повеќе да си помогнеме, но како да немаме живци за да слушаме некого друг освен себе си и некој што исто мисли како нас.