1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто толку му се доверуваме на форумов?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barbie-mwa, 11 декември 2010.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Што е тоа во нас што толку се отвараме на форумов пред многу луѓе дури и некои личности одат во детали од својата интимност...? :)
     
  2. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    тука никој не не знај и се што кажуваме т.е. пишуваме нема да влијае врз нашиот т.н. статус или положба во опшеството или средината во која живееме и + знаејќи дека нема другарство за жал, мн повеќе ни одговара да си ја отвориме душата пред некој шо не знај кој сме и шо сме позз
     
    На FallenAngell, Machkata, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Можеби фактот што тука сме анонимни (па од таа причина и не сум баш за Фемина собиранка). Секако дека постои љубопитност кај мене за тоа кој се крие позади аватарот на форумџиките. Дури некогаш кога ќе се шетам низ град и видам девојка која според описот одговара на некоја членка, помислувам дека можеби навистина е таа :lol:
    Анонимноста не прави некако поотворени, да кажеме што мислиме, па дури и во детали да го откриеме својот сексуален живот. Член сум била и на други форуми, но сум се претставувала со лични информации, а како последица на тоа секогаш сум размислувала убаво пред да го напишам постот со цел да не откријам премногу детали од мојот живот.
    Ми одговара тоа што сум анонимна на форумов и мислам дека подобро е така затоа што тогаш сме некако најискрени.
     
    На Whitecloud95 и SashaFierce им се допаѓа ова.
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Па се разбира бидејки тука сме анонимни!!!Советите кој што ги добиваме од другите форумџики, секако не се со задњи намери бидејки никој ништо не добива со неискрени мислења, едноставно нема никаква корист од тоа, за разлика од реалниот живот каде што советот од некои луѓе би можеле да бидат и не така добронамерни од некоја лична причина.
     
    На Justinna и unique123 им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Бидејќи тешко е да се довериш во приватниот живот.
    Луѓето на коишто јас можам да се доверам и со сигурност да знам дека ќе ме советуваат како што треба, нема да ми помислат лошо, се сведени на дечко ми.
    Во друг никој немам доверба. Тука е анонимно, што и да си пишам нема да излезе од тука.
     
    На unique123 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Кратко и јасно:затоа што сме анонимни.
    Јас на форумов се зачленив кога не можев да им најдам крај на некои мои проблеми и помислив дека на овој начин можам да ги решам.
    И така ми стана интересно да ги читам мислењата на форумџиките бидејќи можам да научам нешто поучно и попаметно од нив,а и да добијам корисен совет.
    Некогаш си помислувам дека може да се дознае мојот идентитет,но тоа не е можно освен ако сама јас не го сторам тоа те.да кажам некои мои лични податоци.
    Верувам дека многу од форумџиките си имаат разменето фб и си ги знаат своите идентитети.
    Секој си има свое право.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Јас мислам дека и сите што ќе пишуваат ќе напишат дека се доверуваме бидејќи е анонимно, а инаку не можеш слободно да се довериш приватно.
    Не гледам посебна дискусија :?:
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Некам да провоцирам заканувам или било какво лошо влијание да создадам

    чисто добронамерно да ти појаснам


    постојат хакерски опции кој може да ти го хакнат профилот т.е да ти ја дознаат твојата e-mail aдреса
    со тоа ке пробат на фб да те најдат спрема таа e-mail адреса
    со тоа ке откријат твој фб профил , и која си :)

    само тоа не верувам дека има некој толку напредни програми (во област Македонија) или пак им е гајле .... :lol:


    (не мислев нишо лошо али да си знаеш за сите опции )
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Па добро секогаш можеш да направиш меил со лажни податоци, од некое интернет кафе...
    Инаку да, мислам темава нема некаква иднина.
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Убаво,во ред тоа што ми го кажа и во право си дека можат преку маил адресата да ме пронајдат,не само мене туку и секој.
    Среќа еве јас што пред да се зачленувам,а и одсекогаш си имав сосем друга маил адреса непостоечка.
     
    На Woman.4.love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    А зошто да го прават сето тоа?
    Затоа што си напишал во темата Секс дека имаш големо искуство? :^) :rofl: :rofl: (има и такви де)
    Но јас мислам дека овде разменуваме мислења, читаме нови работи и не е се во анонимноста. Добиваме корисни совети за некои наши проблеми.
    Некогаш е полесно да ги кажиш своите проблеми а исто така и својата интима на некој што не го знаеш.
    Искрено мене ми е полесно ако кога сум изнервирана да земам и да испишам неколку реда на темата Испукајте се и после тоа некако ми олесенува. Исто тоа е и со темите за љубовните проблеми и слично. Понекогаш ми се чини дека вие знаете повеќе за мојот живот и интима од некои личности кои се секој ден покрај мене! :)
    Понекогаш е премногу тешко и ''опасно'' да ги кажеш своите проблеми, чувства и стравови на личности со кои комуницираш секојдневно па форумот е одлично место каде можеш да напишеш се што чувствуваш во моментот, да добиеш добар совет и работите да почнеш да ги гледаш од посветлата страна...
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Зошто се бакнуваме? Зошто ни е убаво... Зошто слушаме музика? Зошто ни е убаво. Фала Богу дека тука пишуваме оти се чувствуваме убаво и пријатно. Има и анонимноста удел да, но сепак мислам дека форумов е убаво склопено место каде што секој може да си праша за сешто и да си каже се што му лежи на душа.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Денес ми тргнало да се согласувам со тебе :) Јас во приватниот живот освен на дечко ми на никој друг неможам да се доверам, затоа што стравувам дека ете можеби НЕКОГАШ скапо ќе ме чини тоа. А додека овде е сосема друго. Освен општо на форумов, Сесилија е таа која знае доста работи за мене и сметам дека секогаш би можела да и се доверам, знам дека ќе ме советува најдобро, без лицемерие и не стравувам дека ќе ми биде изиграна довербата, затоа што не се ни познаваме и затоа што реално гледано, таа нема да извлече корист од мене како што тоа би го направиле луѓе кои лично ги познавам. :)
     
  14. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^^ Сосем се согласувам. Дечко ми е единствениот човек на којшто можам да му се доверам. Имам и една другарка на која и се доверувам, но се' е сведено во некоја мера која што не ја надминувам. Тоа се некако полабави и помалку сериозни теми од животов, додека пак за исповед на сериозни теми, секогаш ТОЈ е на прво место. На форумов се доверувам затоа што, прво, никој не ме познава. Можам да си кажам се' што ми лежи на душава, а да не ме злоупотреби никој. Можам да си побарам совет на кој ќе добијам минимум 5-6 индивидуални и независни мислења...
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Нема ништо лошо што се отвараме толку на форумов и што одиме во детали од нашата интимност, на човек му е полесно кога ќе си изнакаже се до најмал детаљ, кога ќе си каже што му лежи на душичката а во денешно време сите знаеме дека вистински пријатели се реткост а и анонимни сме па можеме да си кажеме се без срам, фрустрација дека некој после ќе ни се смее или пак тој муабет ќе се прошири.. Го сакам форумов и феминките! :inlove: :*
     
  16. Iv-Sara

    Iv-Sara Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    22
    Затоа што на сите ни треба психијатар, а ова е доста поевтин и попрактичен начин :)
     
    На Espadrila, Trnche, Galla и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^ Баш убав одговор, ми се допадна... Можеби психијатар не, ама ни треба прибежиште каде што ќе се скриеме од реалноста и ќе веруваме во другарство макар и виртуелно и совети што некој од срце ти ги дал. Такви совети во реалноста никој неможе да ти даде како што може да се добијат овде.
     
    На Espadrila, Barbie-mwa и Iv-Sara им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Па сите сме анонимни :) И јас сум многу против тоа да разменам фб со некој од членовите на форумот, да откријам која сум или пак многу да се зближам.Тоа е во крајни случаи. Ми се има случено, да запознаам девојче од форум и тоа да ми стане една од најдобрите пријателки, али во многу екстремни случаеви.
    Форумот е еден од најретките места каде што можеме да бидеме отворени, да раскажуваме за нашите искуства, да разменуваме мислења и да дознаваме многу нови работи кои и како некогаш ќе ни бидат потребни.
    Мислам дека тука многу повеќе си го прикажуваме вистинското јас, отколку пред нашите познаници.
     
    На Iv-Sara му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Сите овде сме искрени, барем така мислам :D , бидејќи станува збор за анонимност нели. Секогаш можеме да прашаме што не интересира или кога имаме проблем и секогаш добиваме најдобронамерен совет, бидејќи никој не те познава и не би ти пишувал со лоша намера.
     
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    па најмногу затоа што никој не ме знае, ама буквално никој. Другарка ми знае дека сум зачленета на форумов ама нема појма која сум. Сакам тука да се испукам кога ќе ме изнервира, не мора само она било кој друг
    Тука може да се најдат многу добри другарки без да се знаат нивните имиња, анонимноста е многу добра работа само ме плаши едно нешто? Што ако најголемата непријателка ми е многу добра другарка на форум?? Аууу не
    Тука може да се пожалиме за било што, за побараме помош за што и да ни треба, да се здобиеме со поголемо искуство
    мене тука ми се допаѓа многу и планирам да си комуницираме уште долгооооо време :P
    :* :*