Bidejki sum budala? Toa ke da e.... Znam deka nekolku ,,personi"me znaat,ama nemam sto da krijam...taa sum....
Немам проблем со тоа да ги споделам своите ставови. Интересен ми е форумов и е супер занимација. И да ме знаат не ми е гајле, моето мислење е тоа. Најголемиот дел од нештата кои ги споделувам и лично би ги кажала на соодветни личности.
Затоа што немаме доволно доверба во некои лица кои ги сметаме за блиски, па тука се издишуваме. Зависи до кој степен е зачувана анонимноста. Тука и не баш многу, иако мислите дека е загарантирана.
Не се доверувам јас. Само го пишувам тоа што сакам другите да го прочитаат. Ни на форум нема доверба.
Затоа што сум многу затворена личност за да можам на некој да му раскажувам што чувствувам. Ни на форумов не пишувам сè што ќе ми дојде. Иако некои работи сум ги пишала, а не требало - too much info дури и за форум.
Секој си има свои причини. Јас лично, еднаш се доверив и направив грешка. Повеќе не му се доверувам. Не го правам тоа од причина што сум свесна дека постојат секаков тип на луѓе кои демнеат по интернетов, а според статистиката на форумов, моментално се присутни 110.122 членови. Па според тоа, форумов повеќе не го гледам како безбедно и нормално место каде можам слободно да го искажам своето мислење или пак да се отворам за нешто. Понекогаш не можам да се доверам на личност од мојот живот, камоли на некој си форум. Сега само давам свои мислења на одредени теми и толку. Приватниот живот си го одржувам како таков.
Бидејќи можеме да си искажиме се што ни лежи на душата а при тоа да бидеме анонимни. Тоа е добро особено за некои со посерозен проблем кои навистина тука бараат совет и поддршка. Дружбата и релаксацијата се друга приказна. Форумот е the best.
Искрено? Затоа што некогаш сме опколени со срање луѓе на кои не можеш да се искажеш бидејќи нема да те сфатат. Луѓе на кои што и да се искажеш ќе те осудат. Луѓе на кои ќе им кажеш нешто што те мачи па веднаш со нивниот контра проблем кој не е и реално проблем. Ќе те трујат со разни совети од типот не се замарај. Понекогаш на непозната личност ако се искажеш постои поголема можност да те ислуша и помогне отколку човек што го гледаш секој ден.
Иста ситуација и кај мене. Неколку членови ме знаат точно која сум, заедно се манијачиме на Фејсбук која нашла нов швалер, која смувала нешто и погоди што ? Јас пак си терам по мое, дури се осеќам и послободно да коментирам она што прво ќе ми падне на ум , па макар да ме сфатат погрешно , а знам често да им идам на нерви Ама ако, јас пак си ги почитувам тие членки и знаат они дека сакам да терам мајтап. I wanna get wild with you
Мене не си ми паднал во очи да те читам, обично читам теми за неверства, растурени бракови, швалерај, магии и слични такви теми каде лесно може да се изнервира некоја. Ете преска те забележав во темата курва ,ама некако мирен си, се плашиш од жените. Поздрав кој и да си
Има многу фини и ок членови, постои релаксирана дружба, може многу да се научи, а во поглед на доверувањето, зависи кој до колкав степен се доверува. Сепак се трудам да си ја зачувам приватноста.