Се доверуваме бидејќи никој не не знае. Јас во ралниот живот никогаш не би се осмелила да кажам работи кои ги трескам тука, возависност од тоа како сум расположена. Јас сите ги ислушувам, но ретко кога споделувам нешто за себе, скоро никогаш, од страв да не бидам изиграна, или тоа да е употребено против мене. На дечкото му кажувам но до граници, не за сосема се што ме мачи, мразам да се жалам и гледам да бидам најпозитивна што можам. Овдека ми е издувен вентил, се што ме мачи можам да напишам, да споделам, некој во слична ситуација со мене да сподели како се справува, никој нема корист да наштети, туку само да помогни со искуство, знаење и слично. Ете затоа толку му се доверуваме на форумов.
Јас згрешив што неколкумина знаат која сум на форумов. Тука не го вклучувам дечко ми, затоа што се што шлапам овде тој веќе знае. Но некои личности не требаше да дознаат. Ватевр А и за да не се пронајде некоја форумџика да мисли дека на неа се однесува, нема врска Зборам за личности од приватниот живот
Затоа што речиси никој не ме познава, а тие што дознале која сум е затоа што така сум сакала. Сакам да се чувствувам слободна да кажам што сакам и кога сакам и тоа го имам тука.
Па зависи , сите сме си различни, сите наоѓаме нешто различно тука. Јас чисто, не се зачленив на форумот за да се доверувам и да ги испразнивам емоциите тука. За таа намена си имам дневник и си имам сестра. Се зачленив чисто за рекреација и за да добијам одговор на некои прашања. Или за поддршка кога за нешто се двоумам. Тука има многу мили женички што се спремни да помогнат и поддржат. Факт е дека понекогаш и знам да напишам емоционален пост, или да напишам нешто кое не би го кажала во фаца на тие на кои би требало. Сигурно дека ќе напишеме вистина, никој не не познава. Осигурани сме со мистериозноста на нашите аватари и кога имаме потреба, се што ни лежи на срце, завршува како пост на Фемина.
Веќе станав зависна од форумов,едноставно доаѓам дома и права на Фемина, имам чувство на слобода, заштитена сум од разни озборувања од моите пријателки. Добро знам кога ќе и кажам на некоја пријателка нешто-наредниот ден веќе знае нејзиниот маж, и кажала на друга пријателка- и тоа веќе не е ни исповедување ниту пак тајна- тоа е веќе муабет што кружи низ целиот град.А, тука на формуов, кој ме знае- никој можам слободно да се доверам, да си го решам проблемот без никој што ме опкружува во животот да не знае. Така јас се чувствувам убаво
Се доверуваме на форумот поради тоа што никој не познаваме.Понекогаш е тешко да најдеш соодветна личност на која можеш да ги кажеш тајните и маките без притоа да не чуствуваш одредена доза на страв.Како и кај повеќето форумџики така и кај мене бројот на личности на кои може да се доверам и да зборувам за се е сведен на минумум.Имам другарки и пријателки,но со секоја од нив си имам различен муабет,неможам со секоја од нив да разговарам за моите проблеми.Мислам дека од тука,од форумот може да се добие искрен совет и подршка,без сожалување и лажење.А тоа секако дека вреди да се цени.
1. сите сме анонимни - кажуваш, прашуваш што сакаш без да се плашиш/срамиш дека утре ќе дознаат сите 2. + поискрени одговори/совети добиваме од луѓето што не ги познаваме
1. анонимноста е прва причина зошто му се доверуваме 2. проблемите кој секоја од нас ги има на еден или друг начин несакајки да ги знаат сите блиски (и љубоморни особи) ги доверува на личности кој ке и дадат објективно и правилно мислење 3. советите кој се делат се пореални и искрени од оние да му умре козата на комшијата 4. пријателството што се развива и позитивноста што се шири прави да се чуствуваме по смирено и да си ги искажеме нашите дневни фустрации спрема се дури и спрема нашите најблиски без да бидеме откриени
мене ме интересира на кратко, ако може некој одговор да добијам, дали и колку нашите податоци кои ги оставаме при регистрација се чуваат, и колку луѓе имаат пристап до истите??? незнам дали е вистинското место за ова прашање, али би сакала одговор ако може поззззз
Дефинитивно ради анонимноста...нема потреба да ги разубавуваме или ублажуваме ситуациите....можеме да бидеме реални и искрени до коска....немам корист да се фалам или создавам слика невистинита за мене...никој не ме знае, па да рече блазе и на оваа енца или таму којзнае која....или можам да се испожалам, испоплачам....добивам неколку објективни, нефилувани, можеби и строги, сурови некогаш мислења, кои премногу ги ценам....имам две така да ги кажам пријателки од форумов на фб и знам дека со нив не згрешив, напротив многу ми е мило....но јас лично мислам дека има членки тука кои и тоа како внимаваат како ќе се прикажат, па со тоа и не се којзнае колку искрени, целта крајна им е да склопат пријателства и да се испозапознаат со повеќето од тука ( што не велам дека е лошо, тука само малце нескладно со она што за мене претставува форумов) ретко споделуваат проблеми и многу им е битно што другите членки мислат за нив....ништо против нормално, но сепак за мене анонимноста и искрените, објективни мислења и совети од тука се бесценети и не би ги менувала за ништо друго....се друго можеме да најдеме и во ,,реалниот,, живот.........
Секој е пообјективен кога не е субјективно засегнат. А тоа овде се добива-објективност, па макар и сурова. И анонимноста ја осигурува отвореноста и објективноста кон другите. Мене многу ми помогна што овде го исказувам макар и само преку СКД она низ што поминувам - болно раскинување. Кога болката ја претворам во зборови, полесно ја поднесувам...
Па овде сме анонимни можеме слободно да си ја испразниме душата,и да си кажиме тоа што не мачи и сме сигурни дека нема утре другиден некој што ни се правел другар и на кој се сме му се довериле да не озборува по градот и да кажува разни глупости за нас и вистини и невистини
Како и да е,сепак само сакам да кажам,дека да постоеше форумот во времето кога јас бев тинејџерка,многу полесно ќе го поминев тој период.Некогаш другарките не се спремни да те ислушаат до крај за се(освен ако тоа нешто не е пикантно),или ти треба итен совет,мислење,рамо за плачење,на форумот секогаш има одговор од некој непознат,но спремен да помогне.
Искрено многу ми е убаво на форумов во моментот се што мислам си кажам.Сакам од време на време некоја тајна на форумов да си ја кажам. Анонимноста овде е во предност. Се согласувам со сите што имате напишано за доверувањето на форумов па да не се пофтарам. Ми олеснува на душичката кога се овде ке си кажам.
Можеш слободно да си ги кажеш проблемите,да споделиш радост и така,да изнесеш свое мислење без притоа некој да те осудува.Анонимноста е најубавиот дел.