па мое мислење во врска со оваа тема е дека никој не го знае нашиот вистински идентитет , и фемина е добро место за кажување на проблемите , секогаш може некој да ни даде совет или да ни помогне. Сето ова не влијае на нашиот како да кажам реален живот во општеството.
не би рекла дека ја споделувам претерано својата интима,од причина што се плашам некој по описот на случките случајно да не ме познаее.кажувам општи работи,и лични ставови кои не сум ги соопштила јавно пред никого,и поради тие работи не постои причина за разоткривање на мојот идентитет.
Супер ми е кога ке пишам на форумов се што ми лежи на душа, ама баш се што мислам и што сакам да го кажам, од било која причина, дали да се испукам, дали ми треба совет итн. Знам дека секогаш ќе добијам искрен совет и мислење, за што и да пишам или да прашам. Едноставно никој не ме знае и нема да се секирам, дали другарка ми ке ме оговара со некој друг ако и се доверам нејзе, дали ке го разгласи на другарки мојот проблем. Од кога се зачленив на фемина, бирам кои работи да им ги кажам на другарките, а другите работи слободно можам да си ги напишам овде и мирно да спијам
Секој се отвора колку што си сака . Ми се допаѓа и тоа што тука можеш да си ја отвориш душата да добиеш совет ИСКРЕН да си кажеш што си мислиш.... Мислам дека никогаш свесно не би го открила мојот идентитет зашто на тој начин би се изгубила и смислата на се се е поинаку бидејќи сме анонимни и како такви би требало да продолжиме да функциониираме . Што се однесува до маил си отворив нов така да не му се мислам
Анонимен е, си прашуваш што сакаш, си бараш совет. Никој не те осудува можеш да пишиш се што ти душа сака.
додека не те гледам супер ми е,се правам да не те дознаам,иако нема многу да се разликувам од тоа што сум тука во живо,но сепак анонимноста има голема улога,затоа е подобро да не се познаваме,да гледаме,читаме и пишуваме размислувања и да си ствараме визија за форумџиките,за некои имам замислено таква слика ,што не сакам да ја уништам доколоку ги запознаам и не се истите,како што ги замислувам....
дефинитивно затоа што се е анонимно и никој утре нема да ми рече ништо...а и одсекогаш сум имала проблем и потешкотии да се отворам и искажам пред некои други
Мене кој ми ги гледа видеата ме знае како се викам, како изгледам, каде учам. Годините се познати, местото на живеење итн. Што значи се отворам како на близок пријател. Но некако имам слобода да го кажам она што го мислам. Искрено сум имала многу лоши искуства со другарки, така што форумов го гледам како замена за тоа. Имам една другарка со која зборувам за се, но ми треба и малку настрана од тоа. Слични интереси, освен со дечко ми, немам со некој друг, така што тука е место да замарам за религии, историја, шминка (ок ова не го интересира) итн. Фемина ја гледам како другарка која ме познава од малечка. Заеднички теми, и некои не толку многу. Кои не ми се допаѓаат ги скокам, во другите коментирам.
зошто кога имаш пороблем треба на некој да се кажи, па дури и на непознат, не за нешто друго туку за да ни олесни!
Не се доверувам безезервно. Си пишувам работи што би ги кажала и онака на скоро секој. Споделувам мислење. Ептен интимни ствари не, тешко се отварам на блиски, а камоли пак на непознати
Се согласувам,ама мислам и дека никој не се доверува целосно и безрезервно.Па,жена не е жена ако не си задрже некоја тајна ексклузивно само за себе,без тоа ќе и се изгуби мистериозноста, . Мене лично некои нешта па ми е полесно да им ги доверам на непознати,понекогаш познатите од пристрасност имаат погрешна перцепција,или па од обзири даваат делумни или делумно лоши совети,ама со добри намери.Не дека секое доверување мора да е по дифолт советодавно,ама понекогаш човек бара да го види одразот на своите зборови и дела низ туѓи сетила и мисли.
Затоа што е анонимно и можеме да се довериме за работи кои во "вистинскиот живот" немаме храброст или немаме кому да ги кажемe...без страв од предрасуди и осудување. Исто така и заради тоа што може да се добијат повеќе и поразновидни совети..и што е најважно реални..бидејќи ..на пример доколку се довериме на другарките кои не познаваат, тие можеби ќе сакаат се да ни претстават на некоја добра, позитивна страна
не му се доверувам толку на форумов, морам да си ја чувам приватноста, нели Но кога имам некој проблем, или нешто ме интересира, секогаш му се обракам на форумов Цел ден сум на Фемина -.-
тука има мн искусни кои можат стварно да ти помогнат за некој работи што те интересират а приватноста ти е зачувана никој не знае која си
П баш и не сме анонимни, зошто таму кај што се најавуваш, посебно кога од дома, на таа линијата ти се појавува името само што ќе ја напишеш првата буква, па некој друг кога ќе отвори, ќе види дека некој друг од дома е член на форумот и ќе го сретне во мислења... Има ли лек за тоа ? Да не ти го дава името како опција?
Тоа веројатно го прави анонимноста! Сепак (мислам дека) никој не знае кој се крие зад ВајтЕјнџел и можам да кажам некои работи иако сите овде се непознати за мене! Но не споделувам ептен интимни работи, работи кои не би ги кажала ни на најблиски! Овде ми е полесно да се отворам, тоа е точно, но поставувам граница: ако нешто ептен ми тежи и сакам да го кажам тоа сигурно не би го кажала тука. Она што мене ми тежи е моја тајна и ако морам да ја кажам некому тоа ќе биде некој кој нема да ја прекаже (а тое би бил некој кој не знае да зборува)! А тајната не е тајна ако ја знаат двајца, а не пак цел форум!