Му се доверувам на форумов затоа што имам потреба да кажам на некому кого не гопознавам и да не се плашам дека после тоа че нема да се дружи со мене или слично. Потребна ни е анонимност.
Затоа што секогаш е полесно да му ја отвориш душата на некој непознат а згора на тоа да бидеш и анонимен ако сакаш!можеби и затоа што пристапот на повеќето форумџики е таков прекрасен па самите тие преку нивните постови,совети ти влеваат некаква "доверба" за да се отвориш тотално! бар кај мене е така!
Затоа што е многу многу полесно да му кажеш на некој кој не го познаваш, не те ни познава, анонимен. Но сепак на никој па ни на форумов нема кажано/ пишано работи кои ете треба да ги задржам само за мене, така да мислам дека анонимноста тука играе голема улога.
Па анонимен е. Девојките не ме осудуваат, туку напротив - ме поддржуваат. Поради анонимноста можам да барам совет за секој ама баш секој проблем
Зашто ми е потребно да кажам што и како се осеќам на некому што не го знам нит ме знае. Зашто сакам да помагам на луѓе што не ги знам . Зашто сакам да избегам од некои работи и само тука си го наоѓам катчето. Зашто само овде имам теми кои што ме привлекуваат. Зашто слободно можам да си кажам мислење . Зашто не се многу тие кои се со предрасуди. Поголем дел од фемина се таман и ми одговаарт ко луќе за да можам да споделам мислење и да си го кажам своето.
Па...затоа што секој совет (се што е напишано) е добронамерен, нема лоши намери во никоја од нас... а и да заради анонимноста. Можам да напишам се што ми е на душа, за разлика од фб (незнам колку ке се согласите со мене) каде не е баш така
Човекот никогаш не е толку моќен се за задржи, да акумулира во себе, и да чува само за себе!!! Секогаш е потребен некој со кој ке сподели нешто среќа, радост...убавите моменти со саканите, исполнетите желби.... тагата, болката, . Не сме сите во можност тоа да го споделиме со најблиските, "другарките" (кој за мене се само апстракна именка) и поради тоа полесно, поубаво е сето тоа да го споделиме овде, на форумов, да чуеш разни мислења дадени од Девојчињава наши, за кои знаеш дека се искрени и најреални (гледано според сваќањата на секој). Јас мислам дека поискрено мислење ке довеиеш од некој кој не го знаеш, ниту те знае, отколку од некој кој ти се прави СЕ, за да на крај те СРУШИ. Е јас токму затоа се доверувам на форумов, поставувам најразлични прашања!! И ви благодарам за се досега!!!
Најверојатно затоа што овде повеќето сме со скриен идентитен, не ги кажуваат сите секаде своите лични информации. И никој не не‘ знае и слободно можеме да се довериме, исповедаме, да кажеме што не мачи, а што радува или кога сме осамени девојките од форумот се тука за нас.
Почнав да се доверувам на форумот бидејќи можам да добијам објективни совети и мислења од различен тип на девојки кои секогаш искрено го кажуваат тоа што го мислат.
Се согласувам со ова и да додадам дека ниту една другарка од тие што ги ‘‘имаме‘‘ или ‘‘немаме‘‘ нема да ти го кажат тоа искрено и во фаца Тука не те осудува никој за тоа што си го направил или тоа што планираш да го направиш само даваат свое мислење и совет
Затоа што добиваме искрени совети и мислења без предрасуди и секој од членовите е објективен ,на другарка и да и се довериш сигурно ќе те издаде или само че направи да ти биде уште потешко че ја искористи слабоста што ја имаме кон некои работи
Бидејќи овде има жени кои знаат да дадат навистина добри совети...и ова е само за жени така да можеме овде да се довериме со сигурност!!
Анонимноста, пред се. Објективното мислење кое го добиваме од останатите феминки. И немањето предрасуди за нашите мислења, па колку сака банални нека се, но за тоа баш и не сум сигурна..
Се доверувам бидејќи сум анонимна,нема да влијае негде,и а и плус добивам мислење од девојки и жени со искуство,кажувам свое мислење итн.
За мене конкретно- бидејќи можам да си го кажам мислењето без да ми превртуваат очи или да ме оговараат позади грб иако сум го кажала тоа во доверба. Многу полесно ми е да си ја отворам душата пред некој непознат и да му кажам се што ме мачи или него да го ислушам, отколку тоа да го направам пред некоја другарка која знам дека после 10 мин ќе почне да ме осудува или исмејува.