Па којзнае . Лично мене понекогаш ми е место каде што можам да кажам нешто што ми се мота низ глава а немам каде на друго место. Сепак донекаде сум анонимна овде и така, понекогаш како дневник си го доживувам форумот . Па ваљда и другите од истата причина, штознам. Сепак форум е за тоа, да си искажеш што ти лежи на душа или да си искажеш некое мислење.
Јас се доверувам на форумов за некои проблеми-за кои немам лек и решение.И можеби знам,ќе добијам подршка од другите членки па и корисен совет. За некои ептен лични работи не се доверувам,Штом е тајна нека остане тајна до крај.
Не мислам дека му се доверувам. Давам свои мислења од општи тематики. Интимата си ја задржувам за себе.
Едноставно вадам од душата некои работи што се случиле пред некое време..просто се издушувам..го доживувам форумот како дневник.
Затоа што никој не не знае, и неможе да ни суди... овде сите делиме мислења на различни теми, даваме и примаме совети, си го кажуваме своето мислење без никој да не замара и соли памет ... а може некогаш и да се скараме со некоја форумџика хаха , ама нормално си е тоа , не има многу и сите сме различни
Искрено незнам зошто толку многу му се доверувам на форумов,и со тоа мое доверување,многу од членките тука ме открија која сум.И немам повеќе приватност,така да.Сега бидејќи ме знаат која сум морам да внимавам што пишувам.А бидејќи живеам во мало гратче секој за секого знае и после одма муабети се шират. Така да пд денес па понатака ќе се обидувам да нее се доверувам толку многу тука.
Не мислам дека му се доверувам, само споделувам нешто што неможам со пријателите и семејството. А и зошто да не се доверуваме, бидејќи знаеме дека овде никој не не' знае, и нема кој да ни суди за нашето мислење?
Па не би рекла доверување туку споделување на некој проблем целокупно гледано сите на феминава сме виртуелни пријателки разменуваме мислења,проблеми кои не тиштат,се тешиме кога ќе прочитаме некој пост и сфаќаме дека не сме единствени се пронаоѓаме себеси во некој пост,како и да е супер е.......
Затоа што е анонимен и ни дозволува да си пишеме што сакаме. Трпи се. И маки и радости. Олеснува многу откако ќе напишеш нешто. Напишани нашите проблеми изгледаат помалечки,освен тоа секогаш можеме да најдеме објективен совет. Затоа што никој не не познава. Освен тоа мислењето пишано тука никого не повредува,а скроз друго е искажано во реалноста. Форумов е еден вид онлине дневник. Сведок на нашето растење и созревање.
Според мене тоа е поради две причини: 1.Дека на форумов сме анонимни! Никој не знае кои сме и може да прашаме и да се посоветуваме со каква било работа да сакаме, дали е нешто со домот, нашето здравје, лице, кожа, и сл. работи за кои не би можеле да се отвориме на луѓето во нашиот живот. 2.Во нашите животи и понекогаш нема на кој ди му ги кажеме сите работи за нас, како се чувствуваме, или пак можеби едноставно немаме доверба во нашите пријатели епа тука имаме можност... Понекогаш на форумов се чувствуваме како да не сме само ние со тие проблеми... има некој др, таму некаде кој не разбира, зар не е така?
... ...одсекогаш сум преферирала чет и го сакам ,а на форум не се имав пробано ич.... ... .фемина онлине ја читам последните 3 год,откако отидов да работам во странство,каде сум меѓу таканаречени туѓи луѓе,...приметив дека има рубрика форум и ајде да зирнам шо значи форум на женско списание,разгледав,прочитав,и видов дека е толку едноставно и просто,содржи полно интересни теми кај шо се пронаоѓам,и се зачленив....посебно мило ми беше дека тука можиш да си кажеш се што ти лежи на душа,да добиеш совет,поделиш свое и туѓо мислење,а мене токму тоа ми требаше...се зачленив,полека почнав да си ја отворам душата,да си вадам од мене и шо ме мачи и шо ме прави среќна,и пресреќна сум....никогаш не сум имала прилика вака целосно да зборувам за мене,одсекогаш длабоко сум ги чувала работите и случките од мојот живот,од страв за поделување со некој,затоа што денес нема вистински пријатели,а фамилијата може да те свати за нешто а за нешто и да те осуди... .. . нешто слично се случува,и тука,има личности кои си земаат право да судат за нечии постапки,живот и случувања,ама полесно се поднесува кога е напишаното од непознати или до непознати..... форумот ми стана дел од моето секојдневие и не се покајав што зачленив.....
Хм знаеме дека овде сме сите анонимни Но сте се запрашале ли некогаш дека некоја што ви го дава советотот е можеби вашата комшивка вашата душманка непријателка другарка јас често си се прашувам за тоа
..Никогаш нема да не изневери,сите најискрено даваат совети..едноставно,само тука нема завист,љубомора,лоши чувства-барем јас така мислам.
Затоа што е подобро да се довериш овде, пред непознати, отколку пред другарка што при првата можна прилика ќе те издаде.
Затоа што овде создаваме нови пријателства. Затоа што овде секој ќе ти каже искрено без да ти мота одоколу и да ти мачка очи. Затоа што овде секој има право да си каже она што му лежи на душата, се разбира во граници на нормала. Затоа што овде сме сите еднакви, сите почнуваме од нула и градиме имиџ. Затоа што овде и само овде можеме да се пожалиме од дечковците, мажулињата, свекрвите и сите домашни `животни` без притоа тие и да посомневаат дека ја утнале работата. Затоа што овде ПМС има секогаш исто значење. Затоа што овде сите сме важни. Заради темата СДК. Заради сите теми кои можеби и не сум помислила ама ме извадиле од калта во најбитните моменти. И на крај заради сите овие смајлиња кои на ФБ ужасно ми недостигаат (особено ова)
Едноставно затоа што му верувам на форумов и осеќам олеснување кога ќе си ја кажам макат и ќе се доверам и исто така ги читам мислењата и коментарите од другите феминки и се обидувам да помогнамако можам но и барам помош.
Затоа што сме брливи и треба да олабавиме малку. Премногу доверување не е на арно. Но од друга страна, 10 пати повеќе тука би се доверил отколку на некој/а “другар(ка)“. Такви се времињата, кога можеме да пишуваме на ѕид на Фејсбук, зошто да не може да се доверуваме на форумов, кој се' знае за нас, само мудро си молчи.
Фамилијата колку да сака да те ислуша и да ти помогни не е доволно барем за мене да се искажам и испразнам а и несакам да споделувам со нив и со пријателите..Секој со својата планина-тежина,вака си варам кафенце,си седнувам и си пишам и што е најважно јас бе си сакам да си пишам и на чет си сакам (само еднаш да стигнам и до тој чет и сакам одредени теми да ги читам и феминки ,едноставно е полесно кога ќе видиш дека не си сам на овај свет..