Затоа што секој е тука анонимен. Подобро е да се доверам на форумов отколку на некоја пријателка која што еден ден ако се скараш со нејзе веднаш ќе ти ги каже сите тајни на секој.
Се доверуваме на форумов, воедно си ги кажуваме и нашите стравови, маки, си олеснуваме на душата шо се вика, највеќе за тоа што форумов е претежно посетен од нас, девојки, жени. Некако се пронаоѓаме една во друга, си помагаме со совети. Поради тоа што форумов е анонимен имаме поголема слобода да имаме блиска меѓусебна комуникација, притоа не наведувајќи некои лични имиња, не навредувајќи некого. Со еден збор можност да помогнеме на некого што и не го познаваме. Според мене овој форум е навистина добро осмислен. Наместо да инвестираме во материјални добра (сепак не ги исклучувам), добро е да инвестираме и во духовни добра, помагајќи си меѓусебно, макар тоа да би бил и совет. Секоја чест за идејата да се основа ваков форум.
Па понекогаш барам некој совет, гледам да дадам правилен совет. Можеби полесно е да си ја кажеш маката на некој кој не те знае... А и можеш да слушнеш совети од повеќе глави што во реалниот живот можеби и ги немаш, па на крај да одлучиш кој совет вреди.
Се согласувам со Isabel потполно. Понекогаш подобар совет ќе добиеш од некој што не го знаеш, некој што веќе има искуство, што ќе ти пружи морална поддршка. За разлика од поблиските, кои не во секоја ситуација можат правилно да расудуваат. И подобро проблемите и маките да си ги кажам овде на форумов, отколку да ги раскажувам по другарки, па си се доверила на една, таа кажала на друга, на трета... Едноставно, не сакам другарките да ги мешам во приватниот живот, не сакам да знаат за сите мои проблеми, А и реално, немам некој толку близок со кој можам да разговарам на било која тема.
Некогаш ти е страв и проблемот да го кажеш на глас пред некој па се премислуваш сто пати...вака напиши го
Едноставно кога имаме проблем мислиме дека е најголем и најнерешлив ,но кога ќе прочитаме дека има и друг како нашиот проблем, кај некој поголем од нашиот или речиси ист но успеал да го реши некако земаме сила можеби не на глас да си ги кажеме маките туку едноставно да го споделиме со останатите форумџики и некако и се спротиставуваме на нашата мака и успешно гледаме дека ќе има крај на тој наш проблем...или пак доколку станува збор за срека повторно ја споделуваме со феминките кои секогаш се тука за нас ....
За да им овозможиме полесен пат на оние кои се дојдени на форумов за да дознаат кои се всушност членовите на фемина
АКо ни треба информација побрзо и полесно ќе ја добијам на фемина отколку на фб, од луѓе кои лично ги знам. Луѓето се се позатворени, лицемерни, совет доборнамерен не очекувај од пријатели со кои се дружиш. Овдека сме анонимни, нема љубомора бидејќи не се знаеме и супер е.
ПОДОБРО ТУКА ДА СЕ ДОВЕРАМ НА НЕКОЈ КОЈ ШТО НЕ МЕ ЗНАЕ А 100 % КЕ МИ ПОМОГНЕ ОДКОЛКУ НА НЕКОЈ КОЈ ШТО ГО ЗНАМ ШО НЕМА ДА МИ ПОМОГНЕ НЕМА САМО ПРОБЛЕМОТ КЕ ГО ДОЗНАЕ ЦЕЛ ГРАД И КЕ СЕ ПОТРУДИ ДА МИ ПОМОГНЕ ДА НЕ МИ УСПЕЕ ТОА.. !
Јас толку му се доверувам на форумот затоа што е анонимен,никој не ме знае по име и презиме,ниту како изгледам! Се разбира дека човек сум,грешам,сум добивала лоши коментари за моите постови,но позитивна работа е тоа што тие истите злобни мислења сум ги пријавила на администраторите и истите биле тргнати,значи не може секој што сака да пишува,што е уште една позитивна работа! Ќе гледам да внимавам во иднина што постирам! И ќе продолжам да му се доверувам на форумот!
навистина интересно прашање,чудна работа се што имаме си кажуваме како за најблиска пријателка-а куп непознати луѓе го читаат ова најверојартно зашто имаме скриен идентитет
Форумов за мене преставува огледало на човечките души.Овде првин се запознав себе, а потоа сите вас. Сите сте посебни на свој начин.Научив многу од вас.Прочитав многу убави мисли.Се изненадив колку убаво пишувате сите, па и јас . Верувајте, плачам со вас ,се смеам со вас, се е полесно со вас......
крајно небитен факт. никоаш не сум сакал да слушам или да барам мислења од луѓе што не ги познавам и не ме познаваат.
Всушност многу битен факт е, затоа што има работи кои не би ги довериле на оние кои не познаваат, ткзв другарки и слично. Тука веќе никој нема предрасуди и нема потреба лошо да ти мисли и ќе ти даде искрен совет ако ти затреба.
Делумно согласувам со smigool, барам мислења на одредени теми (козметика, шминка, мода, филмови) ама не барам совети од вас за некои лични работи, такви муабети правам во четири очи со луѓе кои ги знам и им верувам. Не ми е проблем да споделам некое искуство, ама сепак тоа е мал дел од мојата интима...