Затоа што има многу добри души како мене секако ( се шалам) , што сакаат несебично да го споделат своето искуство, знаење, навики, тајни, радосни и тажни моменти, секогаш спремни да издвојат 2 минути од своето време да дадат добронамерен совет и души на кои им треба совет.
затоа што тука ке читам и ке споделам искуства и ке чујам искрени мислења и коментари за некои работи шо на пример на другарка или блиска личност ке и биде непријатно да ми ги каже ... и негативни коментари не ми пречат сакам да видам и различни мислења од моите секако не во граница на навреда или вулгарност
Факт е дека се е полесно да му го кажеш на непознат, па мислам дека најзаслужна е за тоа интимноста на форумов. Искрено, јас конкретно одредени работи ни на другарките не ги кажувам. Малку и ги има вистински во денешно време за да ја делам целата интима со нив.
Мислам дека повеќе приватни и интимни работи тука сум ги кажала него на другарките. Велам најдобри другарки,но воопшто не споделувам тајни и интимни работи. Бидејки прва работа не им верувам (што ми е многу криво,али сами си прават),а втора работа во денешно време никој не ти мисли добро. Инаку полесно ми е тука некој непознат да ми даде некој совет или пак да сподели некое искуство кое во реалниот живот многу би ми помогнало.
Затоа што овде ми е полесно да ги кажам сите мои проблеми отколку на некој друг. Денес не ти мисли секој добро.
Гледам повеќе мислења од другите, и тоа што ми не непријатно да го прашам некој пријател или да го кажам си го кажувам тука
Јас сум сурово искрена на форумов и со себе ги носам и своите негативни и позитивни работи. Мислам дека е малку сулудо да глумам, лудило и да се претставувам во идеално светло, некаде каде што никој не знае која сум јас всушност. Секако за на улица, со другарки, дома, пред моите си имам маска на фино и културно девојче кое на мравка не гази. Она што го нуди форумов а дел од нас незнаат да го ползуваат е да си ја отворат душата. Форумов нуди една можност да му се покажеш на светот во вистинско лице а всушност да немаш никакви последици. Другата причина е што овде можеш да споделиш многу искуства и да научиш многу нешта, бидејки овде има луге од сите профили. Е сега единствена грешка што некои помали членови ја прават е што ќе се пофалат на другарките дека пишуваат, на форумов и им го ажуваат никот, и потоа ке мора да си ја стават маската и да пишуваат. Исто така овде има можност да запознаеш прекрасни луге со кои можеш да се дружиш разговараш, а притоа да не си ја нарушиш приватноста.
Може зашто е анонимен,ама иако е анонимен јас лично без срам ги изнесувам и позитивностите мои и недостатоците како карактер и личност, и имам забележано повеќе некој ќе те ислуша и помогне овде подобро од другарка ти лично
некои работи кои не сакам да ги кажам никому ги кажувам тука, дознавам и давам супер информации од тие што имаат искуство, го поминале тоа.
Бидејки по природа не сум некој кој бара совети или кој ги искажува своите проблеми на никого па дури ни на најблиските, па затоа форумов е идеално место да си кажам се што ми лежи на срце, а исто како да не сум кажала зошто никој не ме знае и добивам совет секогаш кога ми е потребен, благодарение на верните ФЕМИНКИ.
Mене ме најдоа и анонимно офф.. Ништо кученце се надеваше ке си ги кажи маките тука ке им лелека на феминкиве, но оп цуп.. Нишчо.
Знам дека тука и да направам некоја грешка, тоа нема понатаму во животот да ме мачи. Ко на пример ако ѝ кажам на сестра ми или некој друг како се чувствувам, тие нема да ме разберат. Овде има многу личности кои минале миз тежок период од животот или пак сеуште миниваат низ него и барем некој ќе сфати како се чувствувам. За мене тоа нема врска со анонимноста, туку не можеме на сите да им се довериме. Еве јас лично познавам некои феминки, со други четувам, но сепак се исповедувам токму овде.
Зошто барем тука нема кој на кога да те тужи-бабоса Нема човек на кој можеш во доверба да се искажеш Нема! Макар што и овде интимата не ја споделувам во целост,
....душата можам да ја разголам до крај, да кажам што мислам , да дебатирам со непознати личности со кои би нашла заеднички работи... Форумов ми служи како дневник, другарка на која и верувам .....